Го видов па го превидов веќе, ми се стужи тепихот шо го имав дома, земав и него го извадив зашо ме потсеќаше на Наумче
ИМАМ МАШИНА ЗА ШИЕЊЕ! Од свекрвата на свекрва ми. Елајтр си ке зашиеме што треба и ке се подружиме У животив не памтам да имам конец у игла убодено Ние се вративме од одмор и одма се фрливме на работа таму сите тројца во една соба дете меѓу нас спиеше, а какви бевме и уморни секој божји ден само кревет пред очи глеав. Ама затоа сеаааа
Жити се знаеш да шиеш на машина?!?!? Дика шнајдеркава во Лептокарија од мене живее од што и носам за шиење. Еднаш од жал за копче прешивање не ми наплати
Да ти ја пратам шопинг листата од Тему, 1200ден за Стич работи за другарка на синко голем, го обожава Стич и не знае ни сама колку работи со Стич има, лани и купивме обетки, годинава Ранец, торбичка, несесер, такво за ситни парички новчаниче, кутија за очила, шише за вода, ташниче за телефон гумено и четка за коса, се ова за 1175ден.
Не знам. Ми викаше на мм баба му додека беше жива да ме поднаучи, јас викав ако, ако и така на ако останавме. Ене ја у летна кујна цела машина. Свекрва ми знае колку за дома нешто да фати ама и таа отиде Шпанија така да сеа немам од кој да научам и да сакам (нејќам)
Вчера пробавме така, мене супер ми беше но се плашам дека баш е легната, нема некој пад за да се спушта млекото. Кога ја дојам малку на косо е всушност. @Noemi не се откажувам, ќе ме читате како се жалам повремено…
Не се плаши, тоа е една од препорачаните пози за доење од експертите за доење така да пад секако има. Јас така се научив да дојам и немаше проблем 2г и 3м е уште го дојам.
Доста ми се гангстери мене и ја имам душа. Отиде четвртото низ лавабо денеска. Праќам вајбс накај вас сеа што пробувате за први втори трети и на сите ви посакувам мали гангстери. Чим ја немам мирно, никоја да нема! Муахахахаха ивл леф.
Ќе го свртиш во телце на страна да стои, не да е легнато на грбче. И јас така дојам. Со голтањето се создава притисок и млекото има соодветен пад. На грб има ризик од давење. И кога доиш во раце треба да е свртено на страна. Не се секирај. Сите сме се жалеле, ниедна не сме знаеле што како, па сме научиле.
Леле жено во иста заблуда бев. Нели првото ако е вака така второто бајче, ќе заспива и спие само, ќе цица само од глад и под саат, ќе лежи и гуга на играчки, а не само во раце да не тортурира да ја шетаме по дома и надвор, ќе се вози во количка и спие, а ја книга ќе читам во парк и ќе пијам кафе. Јас добив копија од брат и, ама дека навикната сум од него па не ми паѓа толку тешко. Со него само фрустрации бев, ми се чинеше само моето бебе е такво. Еве и оваа два пати за месец ипол е прошетана со количка од кои еднаш 15 мин. Исто и велам на мајка ми “се бебиња со карактер раѓам”, таа ме теши “види се ти каква си, какви очекуваш да бидат”. И така.
Јас никогаш ја немав оваа заблуда. Знаев дека ќе е бесен како сестра му. Само што исто ич не се нервирам сега, навикната сум си. Мајка ми вика треба да со среќна, интелегентно дете не може да е мирно, се го интересира. И така си тешам дека се немирни зашто се паметни.
Луѓе имам една идеја, ама не знам колку е паметна. Ми требаат практични совети од некои поискусни. Сакам сега на одморов во Јули да одиме јас, мм и бебето, и плус да ги земам првите братучеди мои (7 год и 12 год). Поради тешка здравствена состојба кај блиска личност на вујна ми, не може да ги носат на одмор годинава... Дали ќе го преживеам тој одмор? Или ич да не си правам екскурзија на мозокот. Се мислам само колку време од денот ќе поминат да ги мачкам сите и сенка да барам... Не знам какво места да барам за да букирам. Под две лежалки на плажа не би можеле сигурно. Сега во Јуни на одморот бевме цел ден на плажа со бебе, ос сабајле до кај 19 ч. Со деца ваљда дома треба да се оди на најжешкото? Навистина сакам да ги земам, ама логистички не знам како би изгледал тој одмор.
Имав 10 години кога вујко ми го направи истото како ти сега што планираш. Најубав одмор што сум била ми е.
Големи се самостални се. Со бебе е најлесно на одмор. Така даа го грл. Хотел со полн пансион и уживајте
Супер ќе ти биде, и ќе ти помагаат. Еве јас сум во камп со моите и 3 годишниот внук, он најмногу ми помага со беба
Од тебе многу добра и многу племенита работа, но имај на ум дека 12 годишното е во пубертет и нема да можеш лесно да се разбереш. Односно ти си ги знаеш, ако мислиш дека ќе те слушаат слободно. Нас во детство тетка ми не носеше во Дојран на плажа, само тоа памтам од детството во лето, ништо друго.