Јас да се придружам во барањето. Се изнагледав, мерачам еден на Филипс, ама немам ривју дали брзо се готви, мене најбитно ми е тоа уствари. Грав, месо за пола саат и тако то. @LiquidLuna ко да имаше некоја Љубица таква, или грешка сум?
Да не звучам скромно, ама кога се болни, не ми е ништо посебно стресно. Пред две недели, ми се јавуваат од градинка да одам големата паднала од лулашка. Оние кругови како и да се викаат, за поише деца. Епа седат по две станати на нозе карши и се џвекаат со сета сила и мојава… летнала. Не знаев како се облакам, како ги облакам другиве двајца, не знам како стасав до градинка. Таму се сретнавме со маж ми на влез му јавиле и нему, трчаме двајцата, учителите исплашени, а ќерка ми разочарана што сме дошле да ја земеме, таа уште сакала да седи. Милион сценарија ми пројдоа низ глава. Дома видов дека на детево маицата сум ја облекла наопаку во таа паника. Седиме со маж дома цели издишени. Истото попладне ова дете мое (средното) кое е толку гадливо и ништо не става во уста, се дочепало кај што никогаш не би помислила и стаило во уста што стаило.. да не должам детали доволно е да се каже дека трчавме избезумени на клиника и контактиравме с.о.с. линија за отрови во Фрајбург. Мислам милион сценарија ми се свртеа во глава тој ден. Некој ден подоцна, ќерка ми се вртела во круг дур не и се свртело па паѓајќи се акнала со кичма на радијатор, пола кичма модра. Сега веќе е жолто. По некој ден решив ќе пијам кафе дур е топло. Ќе го чувам бебе на цицка да спие, само за да не морам да мрдам никаде и ќе му даам диносауруси да гледа на средното на јутјуб само да го шмркнам кафето топло. Не знае дете на гз да седи и не знае, до софата беше неговото мало столче и гледа тв и во меѓувреме се лизга од софа на столчето, столчето се преврти и тој директно го акна увото од работ на масичката. Среќа не го попарив бебето со кафето. Бебули пред задремување го легнав, нормално се разбуди почна да вреска.. другиов вреска.. не знаев кого да смирувам попрво. Вчера мирно е од кај нив во соба. Чим е мирно.. не е арно. Одам да ги видам што праат. Имаме еден огромен јуникорн таков плишан ама поголем од човек е, го легнале долу, и двајцата скокаат од кревет на него. Божем многу стабилните. Ќе се онесвестев кога ги видов. Не знам кај им дотекнува само. И застанаа и ме гледаат, седам на врата и ги гледам и така некое време се гледаме не се сигурни што мислам, што ќе им речам.. и ќерка го крши мразот и ми вика ти сеа зошто дојде, да не сликаш или да не караш. И така. Кога се болни се пеин ин ди есс, само кенкаат и јачаат и е напорно и тажно, ама не ми е ни малку стресно ко глупостите што ми ги приредуваат кога не се болни. Дома ги лечам, не трчам на лекар одма… а најчесто ни воопшто. Со секое одење на лекар се враќам дома со по нови 2 вируси што си ги подаваат меѓу себе па и на нас на крај. Гледам по природни методи да вклучам и така ќе терам дур функционира. Не им се треси многу, вируси и настинки пролазни се и најмалку страшни. Се истишив на твоето мислење, имав долги две недели.
И јас ко Јованти, не ни носам на доктор најчесто. Се јавувам на второ ден температура ако крене и се договараме дали да одам да ја слушнат или не. Најчесто е не, оти после трети ден се подобрува. Еднаш до сега само крвна слика има направено. Два пати антибиотик ради инфекција на средно уво. Од почетокот на зимово до сега, рекорд бил 2 недели во градинка. Нон стоп со секрет од нос.
Кај нас не постојат такви работиНикогаш немаме брис правено. Крвна слика, еднаш, и тоа не поради болест. А се разболува. Сега не толку често, ама во зима и на есен, тоа е ужас. Секоја втора недела. Што знам, ништо не сфаќаат сериозно. Веројатно зошто не е, поголемиот дел од времето. Антибиотик дали три пати ни дале и тоа што јас инсистирав, а со тешко срце препишаа. Кога кажав за инхалации, ме гледаа бледо. Као, шта ти је Балканац, што си се усрао. Нека е живо и здраво, што да кажам.
Majki od koi instruktori za zdrava ishrana imate iskustvo i ste zadovolni da mi predlozite za plan da mi napravi? IvaKrasiva…? Nekoj drugi?
Е готви брзо, како не. Ставаш капак и си прави притисок тоа. Дури језиво е... Чисто еден тајмлапс, на програма 5 динстам кромид, лук, ѓумбир, додавам грашак, томато, малку вода, одгоре ставам 2 камен замрзнати ребра, сол, бибер. Затварам капак. Пола час на медиум прешр. Чао роџаци. Ребрата се делеа на парченца дури. Што поише. Наут набабрен т.е. отстоен у вода некој час, за пола саат иам сварено исто така. Пченица за 10 минути е готова. Ова времево одкоа ќе затварам капак кажувам. Секако комбинирам со топла вода од бокал. Па побрзо е. Највеќе пазење у испуштање пареа и притисок треба. Ама ќе си научиш чим е готов ручекот да оставиш да отстои малку па да го испуштиш воздухот.
Халоу Љубица ми е душиче мое најубаво Свинско за 40мин, пилешко за 20, грав за 40-60 - тоа зависи од гравот. Полнети пиперки, ориз за 18мин Спиди Гонзалес мадафака Јас не памтам кога ја имам однесено последен пат на доктор. Лани еднаш, годинава ниеднаш мислам Тт ако качи, после 4ти ден ја носам Само за мрсули оддамна не ја носам ако нема други симптоми зашо сфатив дека на детево све од нога му проаѓа а јас џабе ја мкнам насекаде Брисеви последен пат у '23та имаме направено
Царска работа е, мене на поклон ми го дадоа коа се породив, инаку незнаев дека ми треба. А има многу интересни рецепти... Лупам унатре зеленчук, макарони, вода, зачини. Топ. Варење риба исто... Јас се просветлив. Нека споделат @LiquidLuna и @DELFINA81 некој рецепт Тука едно време се жалев дека не ми иде готвење со него ама после тоа се уходав... Башка не мириса кога готви. Испушташ воздухот под аспиратор и готово. Имаш и опција за на пареа за беба да готвиш... Што е мн олеснително зошо знам дека си со бебка сеа ти.. а и @Калатеа исто.
Јас прво го имав на Делимано, ама не ми се допаѓаше искрено. Ниту како готви, ниту квалитетот на изработка и материјалот на садот. Го баталив брзо, и зедов Филипс. Две години некаде го имаме, маста му е извадена. Секој ден нешто готвиме со него.
Е тоа заборавив да кажам со Делимано шо ми фали, таа книгата со рецепти. И книгата со програмите не е баш баш нешо најсјајно објаснето. Ама има една група на фб Готвиме со мултикукер кај шо има цареви од домаќини и домаќинки и праќаат прејаки рецепти.
За доктори, редовни сме. Малку помалку од лани ама сепак тука сме. Вика братучеда, првото дете како мало понеделник има проѕирен секрет, среда температура, четврток веќе бронхит. Второто како е родено е со секрет и без никаква компликација. Доктор нема видено. Е моево прво е како нејзиното прво. Од нигде никаде знае компликации да си направи. Ме заинтересиравте за мултикукерот. Во некоја следна прилика ќе направиме место низ кујна и за нешто вакво.
На памет не знам рецепт,кога готвам тогаш смислам - машта ради свашта ја знаеш таа нели? На уou tupe гледам исто има многу рецепти. Во главно корисна работа ептен,посебно јас дека 3 мали деца правењето јадење не ми одзема многу време да морам да висам на шпоретот. И то..
А и класичните манџи ги правите без проблем? Пример грашок манџа како? Јас прцо динстам кромид и месо, па додавам патлиџан, морков, и грашокот на крај веќе кога месото е готово. Во мултикукеров како? Нели под притисок е, нема отворање? Се заедно нема ли да се развари многу грашокот? Како од Марс падната со прашањава сум. Вака бев и за еир фраер па сега во љубов сме.
Јас манџи со месо правам на 1 - Програмата за месо. Ко ќе заврши таа и месото е готово, испуштам притисок и на крај има една програма, Steam од 10 минути со затворен капак и е сосема доволно за грашокот да се среди Башка и се згуснува со Steam да не биде гола манџа, а да не ставаш запршки и такви чуда.
Делимано ми е мојот , на Делфи и е на Тефал - таму има ваљда различни програми кој го знае. Таа 2рата програма што е баш за пилешко ако му ставиш малку вода ти го прави распаднато за во тортиљи спремно. Типс&трикс.