Среќа шо не имаш нас зашо јас не знаев дека ми треба се додека не и го присвоив на мајка ми, ама старата верзија. На таа кабелот ми рикна и 1 месец готвев на шпорет и го мразев шпоретот и се напнав и си го купив овој и скоро година дена секојдневно го користам.
И јас би го сменила Делиманото со поквалитетно нешто, у секунда без размислување. Особено што гледам дека Филипсов е обложен со керамика, тоа е кул. Мислев на типс енд трикс еве ко месово Луна што го спомна Рецепти, секој у момент на инспирацијата нормално xD Имаш опција за запржување со отворен капак, па си продолжуваш со варење под притисок. @thinkerbell
Мојот има 25 програми...тра,ла ла.. плус сам можеш да си бидеш шеф кухиње. Не можам без него,еве сега се спремам грав во него да правам,да биде и одох у шетња јер до 15ч сум слободна.
Види ги бе, сега грав ми се пријаде од мултикукер. Уште некој муабет и ставам бебе во кенгур и одам во Нептун. Филипсов викате поквалитетен од Делимано? Додуша се што имам дома на филипс од мали апарати смрт нема.
Ќе се згураме таму кај мултикукерите. И ја запнав за грав мислиш секој ден тоа јадеме. Единица мерка за време, варење грав. Маж ми ме изигнорира на пораките, абе иди боље купи си нешто за тебе муабет му е секад. А дома газ преку глава коа ќе дое време за готвење. Каков живот тужен домаќински, гледавме грамофон и плоча да купиме, ќе искочи мултикукер.
А деловите/садот идат во машина за садови? Мене тоа ми е болката да не треба да мијам на рака сто дела. Готвам речиси секојден, стално и нешто за доручек/вечера за од нога има, освен кога се породив што имав нешто meal prep и после 2 месеца бевме на достава додека минат грчевите пошо бев скапана. @LadyR дај кажи што готвите во него гледам има и bake опција ептен ме привлече. Нептун со рипната побарувачка на мултикукери
Тоа и јас се вратив да прашувам, се пече ли во чуденцево? На лепчиња мислам, ама не стандард, туку мучканици од семки со јајца и такви работи. @Калатеа јас имам грамофон од татко ми и цела колекција плочи од квин, битлси, па до бјело дугме. Ама иглицата нешто е зафркната и се ќе се заангажирам да најдам и толку, отиде паметот во други нешта како мултикукер Ја спамам темава од прееска, ама еве му го покажав на маж ми и он па одма да купиме ако не, штом тооолку ќе олесни.
Леле каде влегов во темава каде се запустив. Уште мултикукер ми фалеше да купам. Викате неможите без него? Му пуштам одма линк на маж. Ќе го изнервирам до 100ка кога ќе си дојди од работа, уште ова фалеше. Ми е гајле.
Идам да видам да не сте почнале муабет за петочки секс ама уште за готвење се збори и си бегам одма како од ѓавол.
Според упатството, dishwasher safe и садот и капакот ги пишуваше. Ама јас на рака ги мијам. И на Филипсот се вадат засебно и садот, и капакот. А на Делиманото капакот е за кукерот прицврстен, и преглупо за миење. Мораш цел кукер да го држиш за капакот да го измиеш, па да пазиш да не го натопиш... Инаку садот на Филипсот е нелеплив. и лесно се мие. Инаку готвиме се' што е со варење и пржење. Од печење, само леб имам печено во него. Имам друго на тераса за bake and airfryer. Ова на кукерот е кружно. Не е згодно за риба цела да печеш и сл. А манџи само во кукер правиме, чорби, под притисок готвење, за на пареа има додаток, ориз (многу добар излегува). Маж ми како му го фати редот на гравот, прсти да излижеш како е густ без запршка и за брзо време. Месо опставам да динста преку ноќ 2кг, после го делам и ставам во замрзнувач и готово е за неколку манџи. Месото се дели на кончиња. Секој ден ни е вклучен на нас. Или ако печам во другото за печење мусака, полнети пиперки и др, на кукерот запржувам се' што треба и само после за печење го ставам во другиот апарат.
40-60мин у овој на Делимано јесте јесте. Ова го имам гледано по рецепти ама јас за печење секогаш преферирам фурна Многу домаќинки се по темава сестро Јас испратив дете у Штип и вечер ќе правам ново а и утре. И задутре од сабајле rofl: А да ти кажам дека вечер Зиз ќе ме носи на баклава И многу те поздравија. Знам дека уште ти доаѓаат на гости... Од јануари Постот го прогласувам за умрено
Дааа, презадоволна сум И прејаки луѓе се. Фала ти многу, вечно ќе ти бидам благодарна Ќе му кажам и тебе да ти прати баклава
Само јас изгледа не можам да го фатам редот на мултикукерот Од мајка ми го земав пред 2 години, таа постарата верзија од Делимано и додека идев на работа го користев чат-пат, ама ептен ретко. Некако не мимсе погодуваше, не ми е тој вкус како на шпорЕ кога ќе си наоравам. Со ер фраерот душички, си стојат во кутии врз кујна и си фаќаат прашина Ве читам за поубав модел, и го замислувсм мм да му предложам нов да земеме зашо овој не се погодилќе ме врати кај ѓоите со мултикукерот у комплет Битно, оваа домаќинка си купи и кујнски робот, таман горе за уште една кутија имав место
Е кај мене кујниот робот така стои хаха. Мајка ми некогаш кога доаѓа и маж ми ќе и побара трилече или некое друго благо, само она тогаш го користи. Секој човек со различни преференци. И купив мултикукер на мајка ми на поклон, 5 пати дали го има вклучено. А јас многу го користам. Мини шпоретот во летната кујна и бил попрактичен. И купив и кујнски робот (на мојот се радуваше хаха), секој ден нешто прави. Не знам како не е цркнат до сега роботот нејзин. А мојот робот ќе се расипе од стоење.