Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.399
    Допаѓања:
    19.774
    Пол:
    Женски
    Ке се јавам у нептун за попуст :rofl:
    Од делимано ми рикна ѓезвето некња и сеа варам турско на шпорет после 5 години му думка одозгора, а детево до мене "детскооо кафее диме сакаа мамооо" епа ај синко ке дуваме побрзо да биде.
    Имаме кафемат од тие првите одлично не служи веќе 6та година по ред ама се дупна излеа негде па сеа тече вода, брат ми има од поновите ич не е задоволен. Па гледавме кафмат на Филипс и ѓезве и сеа кој ке му кажам на мм дека и мултикукер ке купиме ке спијам во подрум со мултикукерот :rofl:
    Нема да има ни с од секс вечерва :tmi:


    Земав хемиско на креветиве да им правам, исправ завеси и си дремам на едниот кревет а другиот воден ме чека да го усисам, а ја мултикукери глеам. Место сеа фома да го имав и тој да готви ја ке му ја мислам што за ручек :rofl:
     
    На Калатеа, LadyR, LiquidLuna и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Izzy_0504

    Izzy_0504 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.539
    Допаѓања:
    4.297
    Пол:
    Женски
    Со што им правиш хемиско? Каква машина имаш?
     
  3. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.399
    Допаѓања:
    19.774
    Пол:
    Женски

    Брат ми прави хемиско на коли. Ми дава од среството, а мм има усисивач што собира вода. Рибам со средството усисувам и тоа е тоа.
     
    На Трагедијаупмм и Izzy_0504 им се допаѓа ова.
  4. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    17.711
    На Филипс се многу убави кафематите ама се доста скапички (барем мене ми се како за дома). Јас да го пофалам мојов баџет френдли од Беко, ептен сум задоволна. Сега мојов помалце опции има, ама јас секако само еспресо пијам :D
     
    На kozuf му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.702
    Допаѓања:
    2.341
    Пол:
    Женски
    Што убаво си правите муабет за апарати, да имав место во мојава кујна може и ќе земев нешто. Немам место една даска за сечење да ставам, одмилено ми е и ручек правење и се. Едвај чекам да најдеме некој стан во оваа лудница од цени да имам барем малце поголемо кујниче. И плотна никогаш веќе со очи не сакам да видам. Само решетка и плин :swear:
    Денес првото кафе дури сега го пијам :sun: Утре одам во Охрид со бебето и со моите, ќе пијам раат кафе во двор они нека ја чуваат заедно со прабаба и и прадедо и. Малце да здивнам и јас
     
    На merriel0, Aleks.mar, Carolin. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    7.813
    Допаѓања:
    12.725
    Пол:
    Женски
    Една утеха, на мојата во 5ти скок, Охрид ептен и пријаше за ноќно спиење.:D
     
    На Dodo1, Carolin. и pamelche им се допаѓа ова.
  7. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.399
    Допаѓања:
    19.774
    Пол:
    Женски

    Епа и маж ми пие само еспресо ама сакал кафето да му го мелел тогаш, може ке се убедиме и за нешто поефтино ако не се аздисува многу.
     
  8. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.402
    Допаѓања:
    13.291
    Пол:
    Женски
    @Carolin. Да си земеш кафемат на филипс. Веќе 5та година го имаме, душата му ја извадивме. На цело зрно е, со вградена мелница, со пареа за пена правење, со се. Ние по над 1 кг кафе месечно пиеме, на секое го пуштаме. Гледам и уште држат иста цена.
     
    На kozuf, Carolin. и pamelche им се допаѓа ова.
  9. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    2.777
    Пол:
    Женски
    Мамички се породив ,сношти прва вечер дома... хаос. Големата побегна кај баба и ќе спиела да не и плачело бебето. Бебето плаче сака до мене да спие.
    Јас мислам ќе се онесвестам а страв ми е да спие до мене ,таман си реков тоа е нека спие па господ нека не чува преморена шо од пораѓајот шо од се. И ете ја големата сакам до тебе стави го бебето во креветче викам дојди од другата страна не сакам тука почна да плаче. Ајде ја ставив малата во креветче чекам големава да заспие од страв да не и направи нешто. Таман таа заспа ова заплака. Ајде се премести малата цица големата ме влече да сум ја гушнела. Хаос.
    Дали заспавме од 5 до кај 8 тоа беше.
    Еве сеа они се излезени јас со малата дома ама психа ме тепа како ќе биде ноќеска... и не можам да искористам момент да заспијам...
     
    На Izzy_0504, sani99, Yowannty и 9 други им се допаѓа ова.
  10. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.402
    Допаѓања:
    13.291
    Пол:
    Женски
    Големата ти е околу 5 години, така? Не е мала, разбира се.
    Мора многу да и зборите, вклучувај ја во се, дури и во алишта бирање за бебето.
    Јас не би дозволила кај баба да оди, ние сите на купче си бевме. Така може да се осети отфрлена, дека веќе бебето ви е побитно. Кажувај и колку бебето ништо не разбира и не може ништо само. Не може да каже што го боли, за разлика од неа. Нека се осети важна, поголема сестра.
    За бебе си знаеш дека сега си бара топлина кај тебе, само тебе те знае.
    Јас и правев филмови на мојава дека само мене и неа не знае бебе, затоа што она највеќе му збореше во стомак кога беше. Жими се бебево како да ја осеќаше и со неа се смируваше.
    Сака да спиете сите на куп, спијте тогаш. Сама за кратко ќе посака пак да е сама. Мојата посака во креветче да легнела со бебето. И легна. Па една вечер посака да спие во креветчето. И дозволив, па се разбуди цела укочена и веќе не го ни погледна.
    За некој месец ќе биде полесно, издржи. Сега бебе од 3 ипол месеци е заљубено во големава, колку и се радува, само прета и се смее кога ќе ја види.
     
    На Izzy_0504, Калатеа, jungle и 6 други им се допаѓа ова.
  11. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    17.711
    Честитки, да ви е живо и здраво :l:

    Многу е тешко првите денови :(
    Гушкај ја големата колку можеш повеќе, малото надој го и нека го држи татко и. Ние така правевме првите вечери, бебе спиеше во раце во татко и во дневна, ми ја носеше во спална за цицање и пак со него. После постепено почнав во креветче да ја оставам, сега да не се заречам, скоро 2 месеци е бебе па фативме ред и разбирање сите, ние тројца на спална, бебе во раце и после го оставаме во креветче.
    Мораш да издржиш, првите 2-3 недели хаос е, полека ќе де привикнувате.
     
    На Калатеа, thinkerbell и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  12. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    2.777
    Пол:
    Женски
    За бабата во заедница сме и оди и доаѓа кога сака ист спрат. Сама побегна.
    Баш и тоа ми беше жал,ама се врати кога се врати па остави го бебето гушни ме мене а малата баш тогаш плачеше за цице... престимулирано се осеќам емотивно...
     
  13. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    2.777
    Пол:
    Женски
    Епа кога спие малата па големата не сака да се гушкаме... чим се разбуди за цицање она од другата страна ми стои.. а уште во стоење ја дојдам не можам да седнам од епизиотомија па ми е страв да не не бутне....
     
  14. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.402
    Допаѓања:
    13.291
    Пол:
    Женски
    И да поплаче малата ништо нема да и биде за неколку минути, нека ја земе маж ти нека ја шетка по соби. Сега ти е побитно големата да не се осети дека вие не ја сакате веќе, во нејзиното мозоче свашта се случува сега. Веќе не е вашето внимание само кон неа, а сепак е дете и не може да се справи со таквите емоции.
    Пример ја гушкав неколку минути, ова вришталово веќе кога се корнеше и ништо не го смируваше и викав ај сега да ми помогнеш да го најадеме бебево за да можеме на раат да си седиме.
    Мојава не покажа љубомора за ништо, само еден ден го седна татко и и му кажа дека не се осеќа убаво затоа што веќе немал толку време да го збори Кен кога играат со кукли.
    Еве 3 ипол месеци е бебе, сега го бара насабајле за гушкање, како кукла некоја и е. И реди играчки како кули, и покажува сликовници, барбики. И цело време вика не се лутете, ама јас бебево го сакам неколку бројки повеќе од вас.
     
    На Mother of 2boys, Калатеа, MariaBouli и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    2.777
    Пол:
    Женски
    Значи ќе биде подобро ,тоа ми требаше.
    Фала
     
  16. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.715
    Допаѓања:
    7.702
    Пол:
    Женски
    @Трагедијаупмм , само внимавај и на бабата да не и го полни мозочето дека веќе не ја сакате или смета бебето.

    Колку и да е тешко, не гледај ни чистење деновиве, ручек ако треба земајте готов, и колку што можеш повеќе со големото.
    Пример додека цица малото, со големото стои и нека црта. Демек ја гледаш неа кај што црта, попатно малото ќе се најаде.
    Или каде што игра.
     
    На pamelche и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  17. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.402
    Допаѓања:
    13.291
    Пол:
    Женски
    Ќе биде, ќе се смири и хаосот од хормони кај тебе и поинаку ќе гледаш.
    Првиот месец се откорнав од плачење, сакав да ме нема.
    Мене повеќе ми беше што се осеќав дека му земав нешто на големото, не знам како да опишам.
    На моменти уште ми е тешко што од вришталово мало немам толку време да правам работи со неа. Она обожава експерименти научни, цели книги имаме, па крадеме моменти кога прцлево спие и деновиве правевме лава од сода и оцет, садевме моркови, чуда...
    Ќе биде ок, дај си време. Маж ти нека се уклучи максимално.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.208
    Допаѓања:
    10.661
    Пол:
    Женски
    Дур се уходате е хаос. После е полесно.
    Твојата е поголема, ќерка ми беше 2 г и 10 мес кога се роди синко. Прво и купив фустан и реков од бато ти е поклон, жива радосна не го соблакаше. Цело време ја вклучував дај ми пелена, дај ми влажни, чекај да го нараниме бато.
    Јас си признавам грешка направив ја оставив сама во соба. Никако двоење. Се жалеше по другарки дека сака со мајка и да спие, не само бебето да спие со мама. Откако ја вратив во спална, одма прекина револтот кон нас. Зашто така ја искажуваше љубомората. Бебе го сакаше, го галеше, со нас непослушна, се обратно правеше што ќе и кажеме.
    Многу ми помогна марама мене. Ќе го врзам бебе за мене, премногу грчеви имаше и само во раце сакаше и он ќе се смири, ќе заспие и си играм со нејзе, боиме, пееме, надвор така одевне цело време.
    Сега веќе ми е полесно двајцата кога се дома, она го занимава, си играат ептен.
     
    На sani99, Калатеа, pamelche и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    2.777
    Пол:
    Женски
    Епа јас се осеќам како да и одземам нешто уште откако забременив...
    Проблем ми е што кога спие малата не ми обрнува внимание. А кога е будна се натпреварува дали тестира дали ќе ја карам јас гледам и тогаш да ја гушнам или галам со другата рака. А додека спие беба и објаснувам дека може што сака да правиме кога е будна за цица да ме остави да ја нахранам. Ама се паѓа во вода чим ја земам бебушка.
    @Tea SK немам ни спба за неа ама и да имам сега не би ја одделила. Бабаи и збори да оди кај неа за да не и плаче бебето на уши , верувам дека ради тоа избега синоќа ама не знам ни дали заспала воопшто таму ,знам дека се врати и се гушнавме и се ,само се грижам и за неа се будеше секогаш кога ќе заплаче малото. Тоа па прва вечер на цице гак ноќе ги зимаа и се нервираше додека да пушти млеко... малку и хормоните мои хаос и болки имам се на куп...
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  20. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    17.711
    Дефинитивно ќе биде. Мора да биде :hug:
    Како што пишаа погоре, така маж ми фати тактика, цело време пред нејзе збореше на бебето 'види дада како убаво реди коцки' 'види дада како црта' 'ај да ни покаже дада ова, она како треба'. Значи и бебето во раце, и родителот вклучен во играта, и она голема и важна дека знае сѐ.
    Не ја дели во посебна соба, и кажи на бабата отворено дека ако детето изрази желба да спие со нејзе таа да и збори како треба да биде со мама, тато, бебето, дека бебето ќе ја бара и слично.
    Голема гушка ти испраќам :hug:
     
    На merriel0, Tea SK, thinkerbell и 2 други им се допаѓа ова.