Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. LeNora

    LeNora Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2024
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.533
    Пол:
    Женски
    Јас да ти кажам кога се породив хормоните хаос и сега ми се така уште де ама тогаш катастрофа. И свекрва ми прв ден идење дома од болница почна со адети со се, вака требало онака требало, немој млеко ќе снемаш не ти знам што, баш знам се жалев овде од неа ама по два дена маж ми и рече нејзе и на золва ми фатете ја вратата и да не доаѓате веќе. Од тогаш свекрва ми збор нема речено, золва ми беше лута два дена ама и помина и она ништо повеќе не рече.
     
    На pamelche и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  2. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    6.806
    Допаѓања:
    11.138
    Пол:
    Женски
    IMG_6894.jpeg



    Ај добро утро. Бебе доено, па и доручек јадено и сега спие со татко и, не знам кој повеќе, зашто синоќа господинот на славје беше, на другар му се роди ќерка. Јас пуштив машини, сега пијам кафе и се легачам. На темава будење, и мојава нешто сабајле во 5 се размрда ама ја фатив за рака и продолжи. Ми се оди на одмор, ама помислата дека се ближи одморот е исто помисла и дека после тоа се враќам на работа. И сакам и не сакам, малку ко измешани емоции. Вчера го однесов маж ми до кафаната, леле што не кажете бе дека убаво било надвор после 8 и пол…:tmi: сум заборавила како изгледа животот после 8 и пол навечер надвор.:rofl:
    Почна да се слабее, се вежба активно, некако млеково пак ми е ко намалено, ама сеа па не знам дали е дека веќе има доручек и еве воведувам и ручек. Раат да се нема со ова мое млеко.:whew:
    Сума сумарум, сакам кажам не знам речам ми е постов и така. Убав викенд мајки.:sun:
     
    На Noemi, An43, pamelche и 6 други им се допаѓа ова.
  3. cocopuff

    cocopuff Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    835
    Допаѓања:
    943
    Пол:
    Женски
    11 дена како сме дома со бебе и тодлер (дечко од 3 год) и на моменти ми е неподоносливо. Првите денови големово беше ок ама последните неколку е толку љубоморен штп е неппднослив. Маж ми зема одмор до крај на јуни, играме двајцата со него, одиме надвор се супер не е запоставен воопшто ама душа ни извади последниве денови.
    Јас дојам тој се пентари позади мене, ме шутира во грб. Пробуваме со убаво да му објасниме со зборење дека така не е добро, дека сестричката е мала итн ама те гледа и ти се потсмева.
    Во промцип е многу мирен, не е од тие деца штп се чапаат промер ама си има испади дома така ќе му швркне нешто и се губи, класични тантруми сма ништо вон нормала.

    Последниве денови од што сме преморени и што тој стана прељубоморен веќе не се препознавам себеси. Ќе му кажам еднаш два пати со убаво и третиот веќе се дерам ко луда. Вчера ме налути многу дури и го ишлапав по газ па после си плачев.

    Не оди во градинка веќе трета недела и е скроз збеснат. Демек да не одел барем уште 3 не советуваше педијатарот ама ќе се полудам. Уште утре би го пуштила.
     
    На LizzyGrant, pamelche и Carolin. им се допаѓа ова.
  4. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.756
    Допаѓања:
    10.716
    Пол:
    Женски
    Дали може да ти дадам некое дете на поседок кај вас ( ако сакаш и сите 3) та и јас да си правам муабет за сексови а? Шо викаш?
     
    На Miss_S, Tea SK, Carolin. и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.199
    Допаѓања:
    19.122
    Пол:
    Женски
    Моево дете сака дада ама "тета Х" да ја роди, мама никако. Ке спие на малиот кревет он на големиот ке и го дал неговото перниче значи се е испланирано ама он не испланирал ако е тоа бебе како него сите троја заедно ке ми доаѓаат во посета во Бардовци :drunk:

    Многу е умен кога сака АМА КОГА САКА. Меден, премеден е со сите им се смешка збори, па се срами.... ама луѓеее мене душата ми ја вади по цел ден есинствена допирачка ми е еве сеа жими саат ипол што ке спие.
    Кажав колку е добар сеа колку ме тероризира да видите...
    Од 7 саат сме во двор, како мајмунче некое е само скока, се качува некаде поглед да не тргнеш од него. Земал пред некој ден мм ја оставил скалата за работа пуштена и потпрена на гаража он до горе се качил над гаража срце ми застана ако верувате. Јас со чачкалица вчера чистам заби тој со една пластична играчка ме имитира кога му залетна кога се исповрати, коски ми замрзнаа, денеска цел ден каки анализирам да не голтнал некој дел. Машината врти празна пошо се научил кое дугме се стиска за да почне да врти, ке ја сврти ке ја пушти. Шиба со тротинетон кај му го купив кај се излажав, кај нас удолница е кога ке се залета не знае да допре трчам ко на маратон со него секој ден.
    Иии како ме штипе луѓе не можам да ви опишам и тоа само мене ме штипе и ме каса, сеа му враќам вчера на пладне плачејки заспа, после ја поплакав зошо го шлапнав и му се извинував ама ме боли и цела сум модрици по раце од него. Тантруми на најако му се пуштени за се нешто рика само рика, сабајле се изнаплака пазете сеа зошо не може портокалот да го закачи позади на трактортот и тоа да биде мешалица. Гледа мешалици на јутуб цртани не, и има еден трактор со мешалица и сеа он ке правел на неговиот трактор тоа.

    300 тракатанци му нарачав од тему со надееж дека нешто ке го заинтересира.

    И така.. имајте убав викенд.
     
    На Noemi и LizzyGrant им се допаѓа ова.
  6. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.403
    Допаѓања:
    7.050
    Пол:
    Женски
    Јако ми е вака ко ќе прочитам си бараат децата даде, бате.
    Моево абер нема од тоа. Го бара бате Х, ако претходно си или дада А исто ако биле тие кај нас или ние кај нив.
    Ама тема бебе, ни сме споменале, ни знае нешто за тоа, апсолутно абер нема на темата.
     
    На LizzyGrant му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.891
    Допаѓања:
    12.719
    Пол:
    Женски
    Моите сабајле до 9 спиеја тројцата :lol: Јас и маж ми се шуткавме низ дома, не знаевме што со себе :D Он отиде да испазари, буквално ништо немавме дома, јас си дремнав уште малку. Мрзливо станавме и викам ајде спремајте се, одиме некаде надвор на доручек, од оваа мајка денеска оброк не добивате. Се истрчаа, изгребаа колена, прасиња се направија и еве ги спијат пак :D Маж на работа, јас пак кулирам :D Е ова ми е совршен ден у моменталниот живот ама сигурно ќе ме стрефи нешто, не е можно мене да ми е лесно.

    Кафемат исти имам како @LadyR, преубаво кафе прави, сите мислат млеко им ставам, а тоа кајмакот е уствари. Сега ми е одвратно секое еспресо во кафич.

    Која мајка имаше детенце што вадеше крајници во Ремедика? На есен ги вадиме, па ми треба рамо за плачење.
     
    На LizzyGrant му/ѝ се допаѓа ова.