Несакам да го мачам ми е жал,кенка вриска,плаче а и докторката ми кажа да дадам така да парацетамолот не е само за температура.А да се надоврзам за недавање лек за да се бори организам,тоа секое дете си е различно знам на братучетка моја малата на 38.5 и детето фати грч.Од тогаш имам страв во коски
И да не ги мачиш, Незнам дали беше вакцинирана во ковидот, јас бев. Рака болење една недела, првите два дена како згазена бев. Исто и бебињата, значи ги омалаксува. На некој начин блага форма на болеста поминуваат и создаваат антитела. Така да парацетамол ќе ги опушти, ќе намали болка, ќе се посмирени и нема да го намали ефектот на вакцината. 38 и да се дава парацетамол, тоа тестирање на дете, посебно ако има генетски предиспозиции за фибрилни конвулзии од родители.. мн брзо може да ескалира температура кај бебе, тодлер итн. Нема штета од антипиретик може еднаш е доволно да се даде. Мн ми е интересно против се за парацетамол а кортико инхалации како алва нудат на родителите. На сите им викаат ааа пулмикорт или кортаид обавезно да имате дома.
Не знам за Солун, ама еве ја мојата. https://lococroco.mk/produkt/hranilka-tiny-lisica/ Многу е убава и цврста. Ќе ја користеме за брзо па ќе ти кажам дополнително ако сакаш.
Порврдувам за оваа хранилка. Од 6 месеци до точно 3 години седеше во неа, не дека не ја собира уште, ама сака на голем стол да си седи. Ептен е праткична зашто можеш да си ја шеташ кај ти одговара со тркалцата, послужавникот се вади цел за миење, и може да се користи без послужавник на трпезариска маса. Навлаката лесно се чисти. 10/10 од мене
Помина и викендов, ама конечно одморив малце психички некако. Еден ден кај неговите, еден кај моите, па дури успеав и нокти да направам Во саботата и излеговме на пијачка, со деца де ама се рачуна. Зашто моево дете мора да биде центар пажња секогаш, мора да прави глупости за да и се смеат, да биде интересна Се прејаде, се препи и на крај повраќаше на столицата Фино, лепо спаковав и транспортирав кај баба ѝ, и како госпожа со исфлекани алишта си се вратив да си допијам пијачка. Бебе како ја внесовме, спиеше, количката исто како празна да беше Сабајле ајде понеделнички, едвај да ја разбудиме за во градинка, па не сакам ова да носам, не сакам тоа па едвај да се измиеме со која четка обична или ел., притисокот ми го кажува мислам секое сабајле. Гледам да не викам, ама после 6 пати ајде, ајде, ајде едноставно само излегува викањето од мене. Ми фали мм Во последно време комуникацијата ни е ставена само на карање мислам Јас цел ден дома со бебе, ќе дојдат они од работа и градинка, обавезно тантруми ја маваат, се не и е погодено дали ручек дали мене ме брка, и обавезно се напнуваме и двајцата и ние ќе се скараме на крај ради нејзе шо не можеме да и погодеме. После надвор еден со поголемото еден вози бебе во количка, дома туп и кома сме сите. Како да не се гледаме ич. Кога почнавте да оставате дете кај баби на спиење? Јас ја оставам кога сме таму, ама ние сме на другиот спрат, сепак тука сме. Она си ги сака, денски кога сме таму не не погледнува, ноче си спие со нив без проблем, освен неколку пати во сред ноќ не има побарано да ја земеме со нас горе. Мислам дека ќе спие, дека и во сред ноќ ако и се објасни дека не сме таму нема да биде нешто страшно, ама јас не сум спремна Сабајле ќе вежбав де, ама после прва серија бебе се разбуди почна да кинка и ништо баталив. Каша попара мислењево, ама ајде кафе да пијам да тргне неделата
Јас прв пат го оставив кај моите на спиење без мене кога имаше 3 месеци. Он полнеше 3 месеци а јас 30 години и сакав дома со друштво да си направам журка. Се тоа океј, вечерта не заспав а баш викав оо како ќе се изнаспијам Ама само тогаш не спиев, од тогаш речиси секој втор викенд е кај моите и баш мирно си спијам А за оставање на неколку саати а после и јас да се вратам им го оставив на моите на месец ипол. Идев по тоа, дете се учи додека е мало Сега има скоро 15 месеци и седи и по 3 дена кај бабите без проблем
Треба да се процени кога да се даде сируп. Моите некогаш со 39 трчаат, некогаш со 38 се легнати во кревет и не јадат со денови. Веќе не ни мерам со топломер, гледам по нив дали им треба. Конвулзии можат да настанат и од нагло спуштање, а и ретка појава се, не се плаши од тоа, плус не се страшни туку баш се случуваат за да го заштитат мозокот. И јас не давам сируп без потреба, многу често сами спуштаат освен ако е некој јак вирус или бактериска инфекција. Секако подобро е ако може да помине без сируп.
Како е сега големата? Мојот е неподнослив веќе, секој ден му се дерам па и тоа што најмногу мразам е да плеснам ама неподносливо е веќе, ја гњави малата, не и дава играчки, се дере, некогаш ја гушка ама повеќе ја гњави, ја удира, ја мава демек да седнат да си играат заедно нема шанси, се преморив веќе... а и нас не тепа, стално ни вика не ве сакам ама таква нервозна фаца си има секој ден, се повлече и се затвори не знам ни каде грешам јас ....
такви мажи кои ги нарекуваат алфа мужјак за жал ги има многу. И јас некогаш сум размислувала онака дали е можно родител да сака едно дете повеќе од друго ама од таткото не би ме изненадило јер тие некако не се поврзуваат со децата како ние мајките. Мене искрено ме погоди твојата да речам исповед,абе не е лесно мајка за детето да чуе такво нешто. Исто се согласувам со коментарот на @Ladyme вака само си го покажува своето лице. Не е ни чудно што има еден пропаднат брак зад себе. Инаку добар ден мамаситас. Пијам "утринско кафе" и тоа сакам да си го уживам. Не сум наспана иако имав викенд зад себе јер обични викендите се најпрво за да се наспиеш а после и се друго. Ама па одморив. Вчера утршавме цел ден на плажа во св Наум. Јас искрено сакам од пладне до приквечер мм ми вика ти се наопаку. ама не можам од сабајле водата камен ладна децата на 50 степени во најжешкото изложени на сонце јас повеќе нервозна одколку одморена. Вчера баш си уживавме. Кога дојдовме дома брзо си легнаа
Секое дете си е различно само по себе,има што поминуваат и така лесно без сируп има и што поминуваат потешко некои ги збам што од јака температура како бебиња од грч имаат изгубено слух.Најскоро сега на маж ми од братучед дете сега има5 годинки од 3 пати што има добиено грч сега има оштетување на црниот дроб.Се жалеше дете мешето ја боли ја носеана испитувања во систина и им кажаа дека токму од грчеви што имала(дете добивање грч до онесвестување) и се имаалучено ова.Така да секогаш според детето,јас сум за боље спречити него лечити.
Што нѐ кажете колку било мирно и спокојно да го заспиваш денски без вриштење на цел глас?! После месец дена врескање, денеска еве втората дремка го заспав без плачење, без кенкање. Само си ја стави главата на раката и кома, го снема. Дај Боже вака да биде од сега па натаму. Ајде не се радувам пред време ама морав да споделам. Од 4ти скок ми пишува дека имаме уште 7 дена, па можеби е заради тоа? Еден куп нови вештини научил. Сега најново ни е брмчење со устата, и да еден тон лиги надоле. Се научил сега цел ден само туку брмчи, муцка не затвара ова дете мое.
Da koska e hranilkava jas mozam sa potvrdam kako beton e (mala sala) dve godini ja koristam skoro, a nema kazano.
Мајки ми треба препорака за кеси за вакумирање облека, ми се собраа многу алишта од малава што и се веќе мали. Не сум користела до сега текви кеси, битен ли е квалитетот ?
@pamelche не си сама. И кај нас исто, нели на 3 години ќе беа поразбрани?! Абе цркнав луѓе, толку сум престимулирана, стварно сакам да избегам. Заборавам зборови, почнувам да дткам, не ми текнува на имиња, што треба да сработам… и се е тоа од замор. Малиов божем мирен беше, сега ни да цица, ни во раце, ни на земја, ни во количка, само вреска. Не знам кога станува полесно ама ја читава до тогаш нема да останам.
Ние имаме запче. По една маргаритка за сите. Случајно забележав, се надевам сите вака без мака ќе ги извади.
Денес 14та недела по термин, цел ден со вриштење заспива. Кога почнува 4ти скок? На wonder weeks вика дека сме сеуште трет, ама јас мислам одамна е поминат тој.