Почнати сте мила. Таков е богами. Еве дури денеска не вриштеше на 2 дремки, веќе при крај сме. Буквално цел скок плаче кога го успивам мислиш кој знае што му правам. Тоа дури плачење до зајдување, па со крокодилски солзи, мајкоо мила. Ајде може подруго ќе биди кај вас, имај надеж малку.
Муабет со "другарка" Таа: Ќе одите на одмор Јас: Да, таму и таму, тогаш и тогаш. Таа: Да бараме ние во близина место Јас: Ок, не ни е нас проблем Муабет унапред - Таа: ќе носите количка Јас: Да, потребна ни е за навечер да може раат да си шетаме, плус дете не е преголемо (2,5 години е) Таа: Леле, тешко вас, да мислите и за количката простор По некој ден Таа: ја одвикнавте Х од пелени Јас: не, не е спремна Таа: леле, тешко вас, да носите и куп памперси, да мислите и за тоа. Добро човече, не ми носиш и купуваш ти... Значи сите имаме право на мислење ама не може за се што е споменам коментарот да е негативен. Не е моето дете совршено, далеку од тоа, ама си е нормален две годишник и кога е за моето дете ама ништо не ми е тешко. Ова да се испукам испадна.
Јас ќе ти препорачам нас што ни помогна. Кога после трескање и врескање цел саат (а има спиено вкупно факинг 2саати преку ден) конечно ќе заспие стајте си по една пијачка со маж ти, пола саат ладење глава оти кај и да е пак ќе стане. Препорачувам пиво, ради млеко нели
Аууу вакви особи, што се вртат на негатива и што имањето дете го прават како најстрашно и најтешко нешто на светов ми се ужас. Имав едн таква во близина, што уште непородена , само ми коментираше секој божји ден. Ќе видиш колку е тешко, ќе видиш ова, ќе видиш она. Викам аман жено доста веќе. Незнам што си мислела дека е имање дете, дека е кукла што ќе стои здрвена и ќе ќути. Таквите ги решавам одма.
Клинови лк се клинови, бебешки маки големи. Стани си бебе порано, Легни си вечер покасно. Ах пуст да е, пуст да би останал тој клин кучешки. Имам кажано колку обожавам клинови и се поврзано со нив Како бе како во ова време уште носат бебе по бајачи за да МУ ИЗВАДИ КЛИНОВИ. И види молим те, бебе никако не спиело на страна свртено, па како што бајачката со млеко го протрлала, клиновите паднале и бебе сега спие на страна со перниче И се трудам, објаснувам дека тоа што мадам бајачка извадила се лануго влакна, па гугл слики наоѓам да објаснам, ама што знам бе јас од човечка биологија и анатомија. Само факултет 6 години. И тука не можеш да објасниш дека бебе треба да спие на грб, нешо повраќање па гушење не дај боже слабо разбирање. Бебе буце ќе сум го урочела не сум рекла машала и зошто побогу не ставам машна на глава на мое бебе за урокливите очи таму да отиделе, а не кај бебе. А може една уроклива клоца? И овој утре ќе става бебе во вера, со крштевки чуда. Емиии црква и бајач не оди ама ај.
Сеа баш мислев да пишам негде ,моево бебе никако не сака на грб ,јас ја легнувам она се врти строго на лево... Чаре ?
Ај со среќа деноот, утрото, месецот син ми преспа кај моите од прва, на свадба бевме и рачунав да го земам у 12ипол или си мислев дека у 10 ке ме викаат дома, туку ете ти мајка у 22:00 порака "заспа, не се секирај" а бе тоа чашата џин ми лизнаа ко вода Сабајле сум станала у 9 се наспав еднаш, сеа може ако сака и 6 да стане ич нема да се лутам. Иначе денеска падна од кревет и се фати на наткасната од страна на бузата има резенка, ова од што е мирен му е. Сака да скока ваљда и само се качува по кревети и демек скока а он де со едно ноџе де со друга. Ама ми падна додека се свртев секунда беше во прашање, кога го видов полн крв во устата реков без заби остана детево. Добар е веќе заборавил дека паднал прееска пак скокаше господ да го дочува само зошо јас што правам у денот само се борам да не се утепа Добрааа нооќ
Мене ми имаат кажано и педијатри и ортопед дека ако се врти само го оставаш. Битно ти го легнуваш на грб, ама ако се сврти само тоа е тоа. Син ми исто само така спиеше, т.е првите недели никако не лежеше он на грб ко ќе ми текне.
Мене напротив, сите ми кажаа никако оставање на меше толку мало, дежурав да не се сврти, а да не ја осетам. Кога пркна малку со неа спиев, она свртена накај мене. И тоа не беше спиење саглам безбедно ама морав да најдам начин.
Јас ја враќав, ќе подзаспие и ќе ја вратам. Сега спие како ѕвезда раширена. Ама ако е океј, ако има мака со стомачето се грчи се врти бара подобра позиција, преку ден ми спие нз стомак некогаш кога е нервозна и сточаето ја боли и кога ќе подзаспие ја вртам. Сега заспива и на Јастукот за Доење, ја ставам после јадење дека додека одмори да средам и сработам нешто и заспива на него. Почетокот е тежок и затоа сакаат во раце, дека на грб болката во стомачето им се појачува. Јас бев упорна ја зспивав на страна или на стомак па ја вртев или на мене како коала па ја ставав во кревет. И спиеше секогаш во креветче. Ќе се среди.
Чоек не знае на кого да верува, золва ми скоро се породи па бебето и беше во инкубатор и уште таму сестрите го ставале на меше. Не верував ама има слика, кога пошла бебето на меше сестра си седела таму и и рекла дека мн добро е. Уште во инкубатор немав слушнато.
Ах ве жено, жал ме е за тебе. Кај прочитав кај се изнервирав сега. Жал ми е и за детето, се осеќа отфрлено уште како бебе…душа. Трудна не трудна јас не знам каква иднина очекуваш со ваков човек. Ќе си ги уништи децата. И самото тоа цело време што вика син ти, а не син ни, кажува што мисли за вашето дете. Жално.
И јас од раѓање ги ставав на меше, едното и дневните дремки некогаш ги спиеше на меше ама строго да сум до него и да го проверувам цело време. А ноќно спиење додека и јас спијам нема шанси, малку фали за да се случи беља.
И моето во инкубатор беше на меше, ама во инкубатор се под мониторинг цело време. Само што ич не спиеше ниту дома ако не беше на меше и од прв ден така спие. Ама и главата сам ја мрда од прв ден. Многу е цврст. Па не ми беше ни страв. Момциве од одма имаа многу подобро држење, за разлика од ќерка ми која беше клапната првиот месец. И двете ситуации се нормални. Ама и ради тоа мислам дека имаат одлично формирана глава. @Трагедијаупмм ќе го чуваш онака како нему му е удобно. Уште е многу мало, сролај пешкир и стави го позади грбче, стави бебе на страна и благо само навали ја наназад на пешкирот, пешкирот околу/меѓу/под нозе и нагоре под рачето што е на долната страна. Така им е најудобно и така ги чуваа во инкубатор овде бебињата кога не беа на меше. Ниедно не спиеше баш на грб, а мали се и нема опасност самото да се заврти на меше од таа позиција. Ќерка ми исто, на 3 години ја расцепи долната усна обидувајќи се да се качи на количката за кукли, а таа имаше метална конструкција. И јас кога ја видов во крв ќе се онесвестев башка кога видов колкава дупка има на устата, мислам цела расцепена беше. Ја стиснав и се поврза одма самата усна, поради што има доста нервни завршетоци таму немаше потреба од шиење. Си носи белег сеуште, бела линија да ја потсетува колку била мирна. И цел живот ќе си го носи. Негде читав дека најголемите срања ги прават во момент кога ги гледаме. Не кога се сами во соба да си играат, туку баш кога ние ги гледаме и баш во оној момент од дел од секундата кога ќе завртиме глава. Пишуваше дека до 7 години децата ги чуваат - 20% родителите, 80% Господ. А по 7 години 100% Господ. Се пресмеав. Господ на помош кај сите.
Да денес 1 недела прави. Ама буквално сама се врти не ми се верува ни мене толку мала е а колку подвижна за разлика од првата. Абе на десно ја оставам свртена да видам како ќе се понаша и за 5 мин таа е на лево свртена.... Баш памтам и другото така правеше и го прашував Видоевски рече ти на која страна и си викам на лева ,па што ќе гледа на десно.... Ама поголема беше тогаш она сигурно над месец имаше.