Што убаво, вака е голем мерак да ги гледаш како си играат... не знам кај грешиме ние, се нервирам секој ден
Никаде не грешите, и јас и сестра ми се тепавме ко мали закачавме, ама никогаш не давав никој да ја пипне, па дури ни моите и од нив ја бранев. Едноставно различни карактери, ќе има денови ќе си играат, ама и ќе се караат. Нормално е, никаде не грешите.
Споредба со нивно дете е аууу Х: се врти? Лежи на стомак? ( ова пред месец два негде). Јас: Не, ја оставам кога сака тогаш. Х: Амааа мораш да ја ставаш, на брат ми малото од одма го ставаа.
Леле да, обавезно имаш муабет за внука ми/внук ми од брат/сестра, а најчесто од луѓе што немаат уште дете. Btw утре сигурно нема да е 25 години и да не се рола од грб на стомак и од стомак на грб и да не знае да џвака храна и да држи лажиче. Мене ова ми е мантра за сите milestones на бебето и уопште не се замарам што прави и што не прави и дали на таа возраст бебето на сестрата на комшиката веќе почнало да чита. Битно да е здрава и жива. Ништо не форсирам со сила.
Еве ја сама си почна се. 9 ипол месеци, како црви во газот да има. Се врти, превртува, се држи за моја маица и се дига. Џвака , пие , се сама кога и дојде почна да прави. Е на стомак да лежи уште несака и тоа е.
Ете и за мало бебе било. Го гледаа и Систина и Антоније, бидејќи ми беше страв нон стоп им потенцирав на прегледи. Се роди со голема глава, а со мала килажа и ко ќе ја свртеше глава на страна и кренеше нозе сами паѓаа и се вртеше на страна. Јас логично дека не можев да спијам и да го оставам така, еден месец му дежуравме со маж ми по цела ноќ на смени. Што е за право тој и многу рано почна сам да се врти на меше, на два месеци. Сега ко ја носев малата кај Антоније пак истото ми го кажа - бебе се остава на грб за спиење дури само не се сврти на бок. Ама нека си се консултира членката јас мое искуство кажувам бидејќи знам како ги поминав тие два месеци во неспиење. Е после тоа почнав и на стомак да го наоѓам заспан . Не на меше, збориме на страна ако се сврти само. На меше и јас кога го наоѓав свртен го враќав на грб.
Леле со тоа меше еј, мојава хорор и е мислам тоа. Абе никако, сеа па не сака ни да лежи на грб, само на страна.
На меше само во спиење знае да биде и со раце нозе раширена цела ххахахха И имаш 7162615271 позиции на спиење и тркалање низ цела спална. Спие, се дига и се фрла.
Мојава ни така, еве ќе се сврти и урла, а сама се врти на меше за да закачи некоја играчка и одма имаш дерење
Зошто де... Еве вчера пред спиење ми вика ,,Мама нели ти не си болна " Викам не ,зошто болна ? Па бабати така ми кажа... Викам не сум остави она нешто се помешала . Не знаев што да и кажам.
Кога сакаат де. Мојава и се поткрева како во лазечка позиција да земе тоа што наумила. И трга дури. А да лази лази несака уште. Ќе биде и тоа, кога ќе е спремна и кога ќе сака.
Јас мислев за на меше да се сврти збориме. Знаат да се успијат цврсто, ќе го бодне главчето во душек, не е наивна ситуација. @Трагедијаупмм Види и душечето дали е рамно, да не е накосено на левата страна, а можеш и од обратната страна да го ставаш бебето да му бидеш на десна страна за да се врти исто на двете страни. Или светлина да не имаш од лева страна.
Рамно е дури и на десно ако ја оставам на лево се врти сама ,баш и на гарнитура пробав за да видам дали е нешто до креветчето ама не истото го прави. Не можам од другата страна спие принцезата ритач на спална ми е страв да не заспијам да ја изрита... не е една беља Па и тоа мочле бе се открива ритајки
Абе седни и подбери ја, ако нејќе со фино со погрубо. Нема што да му ја полни главата на детето, ако не знае начин да помогне, ич нишо нека не прави зашо само одмага. Какви се бе, леле