Што да ја подбере, болна е жената, треба сопругот да ја фати мајка му е и на лекар, терапија, ако више живи тука со децата и жената. Незнам како ја истера бременоста со неа нервози. И да викаш на болен човек нема фајде. Само терапија, па ако одбива и да се смеести на некој период. Тоа е одговорност негова, зошто ипак му е мајка, неможе да ја остави скроз да изгуби памет.
Епа баш ради овие глупи муабети прекинав контакт со некои луѓе Демек они се најмајки - се знаат и се што прават мајкиве/бебињата е најисправно и само така е, никако поинаку. Реалноста е всушност далеку од тоа.. Нејсе, и ако кажеш нешто позитивно и убаво, ДА АМА ЌЕ ВИДИШ ПОНАТАКА КОГА **блаблабла** Буквално криво им е ако ти е убаво и лечат фрустрации на тој начин.. среќа 2% не се замарам за никој у животов, ама изгубив живци да реплицирам, стварно неам време више
аауууу ЌЕ ВИДИШ ШТО ТЕ ЧЕКА беше единствениот муабет што го слушав кога бев трудна. мислам дека 1 човек не ми направи асален, позитивен муабет
Лелее истооо. Дури да се замислиш, дали е толку тешко и напорно? Па како ќе издржам јас. Цела бременост црнила муабети ми беа само.
Јас ич не се замислив, зошто сум дечкар, сум помагала во гледање бебиња и на сестра ми и на комшиите и јасно ми било што е како е. Да, друго е кога треба да го гледаш 24/7 ама тоа е, никој од нас не прави бебе па да очекува дека ќе му биде кукла. Него сфатив дека многу се луѓето негативни, и се фокусираат само на лошите моменти. Еден да ми кажеше Леле кога ќе потпорасне кога ќе почне да ти се смее, или кога ќе почне да пушта раце по тебе замисли како би било. Ама не, муабетите се како плачело од грчеви, како ќе сум станувала по 100 пати навечер...
Ај додека сте размуабетени, дајте предлози за вечера? Мислам дека гриз, палента и попара, па и по некоја хип ноќна ги вртам во круг. Сум заборавила што им давав на батковците.
Никој не ја споделува убавината да имаш дете. Како јас да незнаев дека ќе имам немоќ за грчеви, на почеток непреспиени ноќи, се во раце до пред месец.
Колкави сте? Тарана, јуфки со јогурт и сирење, овесни со јогурт, банана палачинки со грчки јогурт, проја...
Кекси, млеко, какао. Овесни со грчки, гриз млеко банана. Моево не е по кашите, ама додека се трудев околи тоа, ова давав отприлика.
9 ипол месеци. Палачинки му давам, тарана каква купуваш? Кекси какви? И проја одамна не сум правела, тенкс
Кога стигате да правите тарана , јуфки? со малава надвор цело време и нема шанси да стасам да варам , ќе заспие одма а овесни ситни или давате како брашно?
Додека ми беа децава мали да ви кажам најлесно ми беше за исхрана. Си правев план неделно и се си јадеа. Како растат се позаникаде се сега ептен пребирливи а за големиот ич да не правам муабет
Ги заборавив Лино скроз, со претходните деца не давав пошо само healthy да биде Тарана од маркет купуваш? Порано баба ми правеше ама сега не може веќе. Јајце последен пат кога му дадов имаше пролив, дали многу му дојде цело не знам ама ќе го паузирам.
Кекси јас зимав од ДМ без шеќер едни, тарана од свекрва ми да е жива и здрава инаку купечка убава во кам има со јајца е. @sani99 од надвор додека едниот ја тушира/бања, другиот вари Овесни снегулки од маркет ситни купувам и за нас и за дете.
Ти шо даваш за вечера? И јас вака се чудам, еве го спие втора дремка, да стане ужинка нешто и излегуваме, се враќаме околу 8ипол набрзина нешто ќе смучкам од инстант кашиве, капење и 9ипол најкасно заспива.. А овесни снегулки давам јас, од маркет.
Посна е од Кам, мн е убава.. секое зрнце се двои, не се залепува. Јас на сите 3ца им правам, бебево од скоро. Ја обожаваат Составот е само брашно и вода.. Сори што случајно се убацив ама дека ја имам, викам чек и слика ќе ти прикачам
Секоја идна мајка чека да и се насмее бебето, да гуга, да каже првпат мама... Ама реално ниедна не е спремна колку е тешко. Од таму идат муабетиве. Јас сум дечар невиден, преспремна се осеќав за двете деца, од многу мала сум имала бебиња околу мене, чување пресоблакање ранење... и плачење сум видела, и думкање до несвест. И не дека убавите работи не се нај нај најубави. Ама силата која ти треба милијардитиот пат да станеш да доиш, нишкаш, земеш бебе во раце сред ноќ, или што и да те боли или мачи да мора да најдеш сила за тоа бебе, тоа никој никогаш не е спремен додека ти се деси. Затоа мислам на многу луѓе фокусот им е на "лошите" работи. Не сетие толку лоши колку што е вчудоневидувачки за што сме ние мајките способни. Баш е чекај тек тоа кога ќе ти се деси.