Еве Мариз што ја стави таа е. Убава е, не е лоша. Па како тестенини без јајца што се, исто и ова е. Секое зрнце посебно е.
Се согласувам, ама пак може наративот да биде позитивен. "Еј, чекај ќе видиш, ќе има грчеви, ќе плаче, нема да спиеш, ама не се грижи, се ќе помине, мајка е спремна за се..." и сл. Секогаш, барем во моите ситуации е Чекај сега ќе видиш со мрдање глава, скоро злокобно демек нема да знаеш што те снајде. Може не знам се што ќе ме снајде и како ќе се осеќам, ама сум сакала бебе, што значи сум спремна за тоа што доаѓа. Еве на пример ја сум спанка голема, на мои 30 години пред да се породам спиев по 10-12 саати. Додека бев трудна не станував да мочам дури не се подмочам во гаќи од што не можев да станам. Ама сега кога ќе ме праша некој за станувањето на бебе, особено ако е идна мајка, секогаш викам дека не е страшно, кога човек како мене може да прифати, и да стане, верувам дека сите можеме. Никогаш не сум кажала дека првите недели плачев кога требаше да станам да и дадам шише млеко зошто сама не стануваше, па после плачев кога се навикна сама да станува, а искрено очекував дека моето бебе ќе преспива по цели вечери, бог знае зошто така си замислив. Мене едноставно не ми е јасно зошто, на трудница која реално знаеме сите дека е под стрес има потреба да и се прави дополнителен за нешто што едвај го чека. Има жени што со години чекаат да станат мајки, што со душа чекаат да стануваат и по 75 пати, и да нишкаат, и да друмкаат. И зошто мора да е негативно кога зборуваме за бебе - најголемото богатство за секоја мајка па дури и да вриска по цел ден
Како ги средивте стомаците после породување? Еве скоро 6 месеци поминаа мене ми е уште како да сум трудна 6 ти месец и мек е, се тресе не можам да го гледам. Со царски сум, не знам да си проверам дали имам дијастаза за да почнам со некои вежби, не знам веќе ни јас.
Среда е, да си кажам го меркам тефал мултикукер. Бил на попуст во нептун пред две-три недели. Ама ке го чекам пак. Купувам готвено, ама искрено јас си сакам мое готвено, па ке видам што ке испадне со Тефал. Се спремаме за 1ви роденден. Кога помина времево? Кога беше залче леб, кога стана човече мало? Исто, кога ке престане да се буди ноќе? Веќе некое време се буди околу 3 и лази, се превртува, де на една, де на друга страна. Еднаш се буди, ама 11 месеци така. Мама сака да спие. И тоа мнг.
Бебе ноќеска спиеше 8 саати без да се разбуди Во 10 ја успав, сабајле гледам 6 саат кога стана цицаше и си продолжи уште саат ипол. Спанка убава Мајка одспана во 6, зема и извежба дури Испративме дада во градинка, маж на работа, да пијам едно кафе и по жешкото треба да одам некои работи да завршам уз пат и на пазар по лубеница таман Убава среда мајки
Само да се пофалам дека денес го постигнавме врвот во будност од сабајле. И на скоро 5 месеци она во првиот буден прозор едвај саат, саат и 15 издржува, денес издржа цели 25 минути
ех тие инстант стално и давам , таа со банана и бисквити толку и купечки кашички и давам , тоа е сакам да и сменам искрено колку време треба да се вари и со што комбинираш највеќе?
Надвор 25 степени и рандом дедо не гледа со малава и: “Лелеее зашто е босо”… Требаше чизми да и облечам
Еее супер. Не сум знаела дека има. Од колку месеци може да се дава? Мајка ми, ми донесе домашна, не знаев дека децава толку ќе ја бендисаат ептен ми е криво што не ми донесе поише, оти овде не можам да најдам. Сеа ќе одиме за Грција ќе си земам од таму за нив, па ваљда имаат и тие посна да земам за бебе. Имаш убави прецизни видеа на јутјуб да си провериш дијастаз ич не е тешко, прво да легнеш во правилна позиција, па да ги напипаш убаво странично мускулите и да пробаш дали и колку прсти ќе влезат измеѓу. Иначе голем стомак не значи под дифолт и дијастаз, еве јас баш вчера ми текна да проверам едвај 2 прста имам, што не е ништо особено, а стомакот ми остана. Имам 3 царски и 3 различни искуства. По првиот пораѓај немав никаков проблем, се породив вечерта во 8, следниот ден веќе немав воопшто стомак, ми беше собран дури и повеќе од што ми беше пред да останам трудна. По вториот пораѓај имав голем стомак и голем дијастаз, 4 можда 4ипол прсти и го средив со вежби дома го донесов на 2 прста и после останав трудна пак, и еве сега гледам по третиов пораѓај сеуште е исто. За стомак само вежби, ама мораш прво да си провериш дијастаз оти не секои вежби се добри ако постои дијастаз, за да не си направиш дополнителен проблем. Јас следам една на инста со нејзини вежби вежбав дома и дијастаз средив. И со неа пак мислам, ќе и барам видеа да правам некои вежби, само да ми се ослободи време децава кога ќе почнат во градинка се надевам и ќе трчам надвор со количката ако дозволи времето и нема многу дождови.
Мислам дека нема правилно да проверам. Гинеколог може да ми провери? И така планирам да одам па ќе прашам.
Како воведеш глутен можеш да ја даваш.. 7+ 8+ зависи секој различно го воведува. Иначе со урда, грчки јогурт, кисело млекце, така знам неа да и ја дадам. Ја јаде неблендирана, не и е проблем парчиња. Незнам блендирана каква би испаднала.. @sani99 се вари 5мин некаде.. Позади пишува 100г тестенини во 1л вода дека треба, ама не варам така јас Од око вода, да дојде над тестенините 2,3 прста. За бебе некогаш и во големо гезве па варам, исто се од око..
Легнуваш на грб и се креваш како стомачни кога правиш да се стегнеш. Нема да утнеш, апла се приметува како и колку се раздвоени мускулите. Јас па со рамен стомак сум, три родени.. ама дијастаз 3,4цм имам, плус папочна кила и од време на време отекувам, ми се испакнуваат црева и ми мрдаат како марсовец да имам во стомак Плус болки на сето тоа... Ми се случува ако повеќе се заморам и мн време ако ја држам малава...Плус не можам да јадам големи оброци, па си јадам по малку на неколку пати и така сум поарна.. Незнам дали е пишано тоа, неам време да прочитам све... Ама доктор мене ми рече со дијастаз никако правење секакви вежби, ниту стомачни. Само специјални вежби за тоа.. инаку поголем проблем само може да се направи.
fitwithdea Гинекологот би требало да знае. Ама ти секако провери си дома, за да знаеш потоа да следиш ако има потреба.
Јас не знам одамна како изгледаат мускули хаха И пред да бидам трудна имав стомак ама сега уште поголем. Ќе пробам ќе проверам
Преубо Ние на два месеци денес 3 саати е будна со цепкање заспивање кратко, грчеви на макс, не можи да заспие од нив + во ск ми се чини ќе се струполам од што немам спиено
Денеска примивме прва вакцина, рота и 6 валентна. Се препотив од 9 до сега кенка плаче сега дури ја заспав... Со песни на јутуб на гласно течат српски, наши песнички... и седнав да земам ваздухда испијам кафето од сабајле . Ќе биде интересен ден и ноќ. Пријатно кафе кој пие