Ваљда јас дека не сум дечар некој, многу малце работи од мајчинствово ми се магични. Кјут ми се на моменти, многу си ги сакам ама претешко ми е, мислам некад со затвореници да работам поокеј ќе се осеќам. Доста голема работа е одговорноста, тоа е тоа што не тишти психички - за си си ти одговорен, за неговата исхрана, сон, однесување, болести…а твои си се, и тоа е еден зачаран круг. Уствари ова порано (а и сега) било најстрог вид на тортура, на затвореници/криминалци/воени заробеници да не им се дозволи да спијат, секое заспивање - шлак водата. Така и ние… сакам да си поспијам - шлаак вриштење, секое дете со своите причини.
ахсхахха ме насмеа со вториот дел епа наместо вода, на нив може да им се носи по едно бебе - ем мајката наспиена, ем они истортурирани а за одговрноста ептен си во право! јас па како сум неодлучна за ситници, за ништо не можам да се решам - дали да се облече или соблече зошто било топло или ладно, дали да ја бањам во море, дали да и дадам од овој или оној пробиотик... тешко било стварно....
И јас не сум ич дечар. Пред моите, бебе во раце немав земено И таква сум и јас си мислам леле а сега кога ова, кога она. Еве ноќеска ми спиеше цела вечер без да се разбуди, јас од сабајле место да си мислам дека ќе си биде спанка, јас одма леле ама кога ќе фатат скоковите кај ќе ми е крајот со плачење и неспиење
Јас успевам и да сварам палента на Dr. Oetker за 2 мин е готова па мешам со урда,јогурт или кисело млеко, гриз со банана, овесни со овошје.. и дома да сум пак тоа исто вртиме..
Хахахахаххахаххахаха каков опис на мајчинството, алал нека ти е. Апсолутно се пронајдов. Јас кога сме во населба и кога ќе ги видам некои од другиве мајки, татковци како ги занимаваат 10 деца, им се чудам. Јас моиве едвај ги занимавам. Има еден татко абе ги збира, игри им измислува, децава прејако им е. Стално му се чудиме ние недечарите од кај ми е волјата.
Каков страв јадев денес жени малово падна од креветче, не знам како се прекачил преку оградата, само слушнав ТУП и плачење одма, се вртам го гледам на ламинат на стомак цел. Живееме со каскадер изгледа не знам што да кажам. Го однесовме на преглед вака ок е само му излезе на чело модрица, нема повраќање до сега нормален си е сега го заспав па ќе го следам до утре. Ми требаше вино/пиво или нешто жестоко искрено после стресот ама за жал со пепси си седам сега кога не купувам на време
Мм е тој, хахха сто посто. Идам седнувам негде он со децата јас сама седам... другиве мажи седнати зборат мојов со децата игра ги занимава... јас немам живци за деца ни да ги играм, сталин систем,најмногу што сум ја играла е внуками и тоа еден сат и седнувам ај и викам терај толку од мене иди кај мајкати, сестрами ја игра мн , хахха сега шетавме и едно од пријтелка моја машко дете и се дере дома да иделе она сака да ме види збори и му викам вака да ми направи, да се дере пред луѓе, ја влече и дисциплинска.. оно ќе ме контролира мене. Сакам ред и почитување несакам разлаени деца... посебно не второ одделение разбира све, може да те продаде да не се разбира од збор. Моево ќе незнае главата кај му е небо земја сме со мм.
Дојде и роденденот не ми се верува помина цела година. Лежам и плачам до него. Не ми се верува каква љубов чувствувам сега , колку го сакам тоа мало нешто што спие до мене. Сите викаат кога ќе го земеш прв пат во раце ќе осетиш што е мајчинството но не јас осетив денес , денес срцето ми се преполнува со убави моменти и спомени сите тие непроспиени ноќи, солзи за осаменоста, насмевки и прегратки сфаќам дека секаде сум заменлива освен тука. Кога прв пат го земав не осетив љубов осетив страв , одговорност, секој ден беше преживување страв да не погрешам моменти на слабост како јас не бев спремна за ова, ова не ми требаше и си го сакам стариот живот назад. Но сега разбирам дека се се случува со причина и он мене ме спаси од тогаш сум станата подобра личност, веќе не сум себична веќе не сум јас на 1во место , се би дала за неговата среќа за таа искрена насмевка, станата сум многу продуктивна и организирана се успевам да постигнам. Јас ти дадов живот но ти го спаси мојот најсреќен нека е син на мама.
Среќен роденден на синко Секаде сум заменлива освен овде..кај децата ,што убаво кажано мајка,колку е само точно тоа.
@dead.flower23 Нека му е среќен роденденот голем да расте Мајка на одмор,пред мене еден куп работа а уште од сабајле ми е претопло, пуштив клима и чекам да разлади па да ставам ручек и да смислувам активности за мојот тодлер. Како ќе издржиме дома до вечер тоа се прашувам, нема таква активност што му задржува долго внимание, освен многу сака да се шлапка со вода па се мислам да му земам од тие како масички со вода и играчки ама може па и е голем за нив... Имајте убав ден мајки
Мајки што сте на породилно со второ бебе, дали првото го праќате во градинка сега летен период? Јас ја најавив дека ќе оди цело лето, а сега сум на мисла дали барем јули да ја оставам дома Дома знае да е неподнослива ама си викам навечер покасно ќе поседуваме надвор секако не сака рамо да се качува дома, сабајле покасно ќе поспие, базен на тераса, игри и некако ќе ни поминуваат деновите. Од друга страна да не се одвикне па после да не сака да оди во градинка , и да не досаѓа премногу да не можам малото да го земам. Никако не сум. Она си сака градинка ептен, убаво и е таму. Ама па сега 3 групи ќе ги спојат во салата за вежбање ќе бидат, некако сега и е прилика да поседи дома, 2 лета ги изоди цели, од следно пак сакала-нејќела ќе мора да оди. Може сега е и шанса да пробаме да преспие кај баба @Калатеа @Autumn Love знам дека тука некаде се и вашите
Јас лани бев на породилно , малата се роди на 21 јуни и од прв ден идеше големото во градинка се до ден кога отидоа со моите на одмор.
Moeto samo 1 den otkako dojdovme od bolnica sedese doma . Ne sakam da mu rusam rutina, obozava gradinka i nema da se dosaduva niz doma. Sega denovive koga apla ke e toplo moze eden dva dena da posedi doma i potoa pak nazad.
Се мешам ама иста ситуација и решивме да не ја носиме барем првиот месец ,со тоа шо мојава не ни сака нешто многу да оди. И така еве дома сме заспива накај 22-3 часот станува околу 8:30 малку надвор со баба и ,малку екрани малку некои активности и правам и поминал дено. Љубомората ја пука кога цица малата ми се беси од другата страна. Ама издржливо е. Баба и само ја напиња за градинка ама па мене ми е страв да не ми донесе нешто дома бидејќи ги мешаат . Од друга страна во нејзина група има уште две дечиња со бебиња едното од прв ден си оди а другото мислам две недели го запреа. Ама првата година бронхопневмонија ми фати од таму на сред јули и се плашам да ја пуштам дека тогаш лежевме во болница една недела.
Цело породилно си одеше. Второто ми е поголемо, и дома сум со него, и пак си оди во градинка. Сега веќе отидена е во камп со баба и дедо, ама додека е дома, си оди во градинка, без разлика дали е лето или зима. Дома со бебе нон стоп само и викам чекај сега да јаде, чекај сега да спие, не сакам да биде дека желбите и потребите на малото се пред нејзините. Вака си има другарки таму, пола ден ќе биде анимирана, попладне секако е со нас дома.
Мене ми беше дека некои деца се пријавија дека цело лето ќе седат дома, зашо мешани 3 групи, 60 деца во сала заедно по цел ден. Инаку два месеци ми е бебето, си оди она редовно во градинка до сега, не мислев ради бебето да седи дома туку за овие 2 месеци во жешкото ми беше. Моево нема проблем со градинка, има проблем кога ќе си дојде дома, (9 саати скоро фаќа сабајле откако излегуваат додека да се вратат) ми се лути и ми покажува нервоза кога ќе ме види, па претпоставувам дека тоа е од што знае дека сум цел ден со бебето дома. Дома сме малце време заедно, веќе во 9 почнувам да се нервирам ако не сме дома, а 9ипол во кревет зашто сабајле не можеме да се разбудиме
Надвор пекол јас пеглам алишта, планина. Таман едни си срефил други се наполнило. Собирав алишта толку 0-3 заминаа во заборав до друго ако се роди женско(дајбоже) и така. Ми расте детево, дали дека мн мало ми беше па ми се гледа сега мн големо хаха како и да е... Се стопив ако не ослабам вака, ништо не правиме.