Мајка да оставеш тоа пеглата,да удареш еден туш и одмор подобро ќе е нели? Несакам пегли,мегли ич,ама ич..не пак сега на 100 степени
Многу ќе е добро хаха му викам на мм затоа плаќаат помошнички, кој за чистењето, кој за чување дете. Он зеде одмор чува бебе рскенкано е од вакцините јас да средам малку барем. Како џвакани се не ми оставаат така, а ова една даска за пеглање од карес што зедов колку мене тешка... не ми се отвара на секое излагање да пеглам, барем нејзините, мои не пеглам.
Јас сега си мислам, со кој памет сум пеглала на 40 степени за првото. До девет ѓесеци ја пеглав Сега до кај месец ипол ја пеглав, после фати жешко и баталив. Може дека второ, па да е живо и здраво
Јас ја оставив дома претходните две недели, ај као да поиграме надвор повеќе ама завршивме две недели само со цртани. Неподнослива беше, и ја пуштив пак. Она сака заедно да играме ама невозможно е, малиов не може да спие од неа плус едвај постигам да ги намирам двајцата, кој за јадење кој за спиење, цицање… Мојава па ич нејќе да оди, катастрофа е цела градинка и мене затоа ми е криво ама па и дома не можеме да се нагодиме. Јас им пишав дека август ќе одмара ради одмор, да не закачи нешто…ама не знам колку ќе успееме. Сега и сипаници чекаме, тоа ќе биде хорор.
Пеглам, претходно мн ги тинтрав сега да не се џвакани ама мн се собрале, све од повраќанци и мочки нејзини, соблечија тогаш прави егзибиции. ама и ми се гужваат ептен дека седат пола ден во машина за сушење... не стигам ништо да завршам. Некогаш и ги заборавам дека сум пуштила машина.
Хаха може... исто со сестрами збориме вика до кај 6 месеци и пеглав после не. Ама јас мн и помагав, мајка, и она пеглаше јас ако и ја причував еее прво дете у фамилија сите пеглавме, сега сите со обврски тешко се постигнува сам.
Од сам старт ништо и неам испеглано и гајле нема, перам се со фрош и наши и нејзини мешано и директ цела машина во сушара. Не е темава за совети ама сепак совет искористи си го времето за нешто друго батали пеглање. Мене и педијатар ми кажа чим ги сушам во сушара не треба да се замарам со пеглање и животов ми е стварно полесен
Патем спас е да ги вадиш одма од сушара за да не се гужвани. Мојава има мод уште 3 саати да ги врти на празно и да ги чува топли и така некако успевам да ги извадам на време и да не се гужваници цели. Исто и на перење да не е преполна машината и на малку вртежи. Порано на 1200 перев сеа над 800 нема шанси и стварно се помалку гужвани
За бебе пеглам само тетри и фустанчиња пошо не можам да ги облечам цели стуткани, тоа е ептен малце, ама за нас е проблемот, затоа мразам лето кога дојде. Се се облака по еднаш и се пере и стално има за пеглање кошули, фустани, поло маици. Ме чека трупот и само одлагам не на оваа на другата дремка. Од неделава почнав да читам барем на една дремка на бебе и многу подобро се осеќам дека правам нешто за себе. Многу читав предтходно, ама како се породив се навлеков на серии дека и контактни дремки, а имам еден куп книги купени во бременоста што не стасав да ги прочитам. Мали чекори, како минаа грчевите почнавме да се нормализираме, еве цел месец сме на готвење без достава. Да средиме уште нешто па да се вратам и на вежбањето. За сала немам услови до септември најмалце ама ќе тераме од дома.
Кој има алишта за пеглање нека дава, тоа ми е најрелаксирачка работа по дома. 3 саати можам да пеглам со слушалки.
@Ladyme, прематурче беше твоето, така? Колку сум се радувала кога ги прибрав првите 50ки алишта веќе да не и чинат, а тоа бебе од скоро 2 месеци беше. После веќе се нервирав оти куп останале неизносени или сме купиле/добиле повеќе од што треба. За пеглање 2+ години пеглам уште. Само за градинка/надвор алиштата додуша ама пеглам.
Леле како успеваш, мене кичмата ме кине и воведов правило по дома да се купуваат работи што не се гужваат. Му реков на мм кошули ќе пеглам ок ама маици и останати ствари строго да ги бира да не се гужваат инаку сам ќе си ги пегла
Не знам мене куќни обврски во глобала ме релаксираат, нема нешто по дома што не сакам да го правам освен готвење, тоа мразам из дубина душе. Пред спиење си пеглам пола саат, пола саат си бришам прашина и кујна и како дијазепам да сум се напила.
Мразам да пеглам и да мијам садови. Затоа се пегла само ептееен нешто ШТО МОРА. Само редам машина со садови ако верувате, ај чинии и чаши некако ама тави и тенџерињааа Моментално најиграна работа му њ следново: - Базентот во сред ходник празен, во едно пластично брашно,какао и вода демек кал и внатре сите ситни коли. Друго пластично чиста вода и он ги пере, 30-40може да си игра. Моето сака коли багери трактори и такви работи. - Сега гледам сака да состава сложувалки па му извадив од тему едни што имав нарачано со по 2 дела се, ги состава и нив насабајле обавезно, а јас пијам кафе. Има фигури во јајца па јас ги растурам секоја вечер на масичката со тие за составање за насабајле да се занимава - читаме, цртаме, боиме, редиме животни, фарма правиме - гледа блипи или пепа прасе 3 пати во денов, бира што обично сака изгледува едно и им вели " чао бипи/пепа диме игра сега, после гледа пак" И во 18:00 сме надвор со се колица идеме на лулашки, знае сам кажува "диме игра, мама пие кафе" И така поминува денот некако
Да хаха ние сега 2ипол месеци и ги тргнав тие од 0-3, ретко некое што е поголемко. Ах мн останаа не облечени, дома бевме, само гледав удобно да и облакам. На мекици све донесоа од удобно до најкич. Па незнам не ми остава уште да не и пеглам... колку толку ќе дезинфекцира барем аливчињата, тетри тоа диплам само, чаршавчињата ги пеглам ме нервираат така.
Садови немам измиено со години, се иде во машина. Ако нешто е hand wash, бог да го прости. Инаку прејака играва перална за коли, женско имам ама ќе ти ја украдам за иднина. Маж ми беше воодушевен, како него не му текнало да си игра ова кога бил мал.
Или тука ја имам прочитано или на тикток не сум толку креативна јас Ги перев стаклата и пластиките од фрижидерот во машина вчера и ме глеа и ми вика мм ако се искршат? Ке купиме нов фрижидер де тие перени до сеа сто пати ке се искршеле
Повели дојди кај мене Алишта од 10г, 7г и од бебе, колку сакаш. Секојдневно има за перење и за пеглање, она баш во Infinity loop сум влезена. Од бебево имам најмалку за перење, а од најголемиот највеќе Порано си мислев како растат, помалку ќе се прљаат и сл, ама незнам во мојов случај не е така Пред некој ден му викам на маж ми, абе знам што ми треба за да не перам често... поголеми корпи за алишта ми требаат... демек така ќе се спасам И јас мн сакам да пеглам иначе.. само уште време да имав хаха