По улица не дозволувам да трча на сите страни пред се ради сообраќај. Или во гужви каде што немам комплетно контрола каде е и што прави. Во парк веќе знае и по реквизити да се качува внимателно и се останато, барем во паркот во кој сме често, така да се повеќе ја оставам да игра со другите деца и да набљудувам од страна. 2,5 години е
Тек сега пред 2-3 месеци ја оставам сама. После втор роденден. Претходно и јас трчав, така да таман си е.
Оооо жени, мајки, божици како сте ме просветлиле за перењево во машина на кујнски додадоци, god bless u all. 33 години не ми текна на ова. Дајте уште некој тип за прозори, се скаравме со жената што ми чостеше, еве ги 5 месеци небришени се. Маж ми е болен цела недела, викендов од С само секира може да му акнам што кука цело време од температура 37.5. Вечер планирам сама да си седам, да си гледам серија и да си пијам вино
Има роботи за чистење прозори И не се нешто скапи, може да се најадат и за 50 - 100 евра, е сега како си ја вршат работата, не знам баш, не сум земала сеуште, а во план сум. Имам огромни прозори малтене од под до плафон низ цел стан и три стаклени врати за на тераса Последно свекрва ми кога ми беше на гости ги избриша…во април
Мојот робот за прозори е маж ми На телефон е од 6 сабајле до вечер и најчесто збори, па нема многу слободно време да чисти низ дома затоа сме договорени додека збори на тел да чисти прозори, кујна, огледала, се што може да се чисти низ дома со една рака. И само што ми дојде идеја bluetooth слушалката од кола да си ја земе, па може и вц ќе исчисти
Имам чистач на пара го немам пробано на прозори, ми рекоа дека чисти и прозори. Ке го пробам деновиве па ке ви кажам Иначе измишљотина на маж ми, четка една ми стави на штрафилицата негова и со неа рибам плочки и камчиња у вц поточно сама риба и далеку полесно е. Ако имате пробајте
Мојот да ги види количките во кал има нервен слом да добие и да вришти до онесвестување. Педантерија невидена е, на татко му де . Како можеше само и во тоа да личи на него. Неговата перална е еден сад со вода и пена, еден сад со чиста вода и сунѓерче да ги риба, се тоа сместено на тераса. Ги пере седнат на столче (немој случајно на под да седне). Заборавам дека имам дете минимум еден саат од што се занесува во играта. И со гумени животни вака игра, ги бања
За прозори (и туш кабина после секое бањање за да не се таложи бигор, многу поретко ја чистам откако го имам) ова ми е спасот веќе втора година го користам кај стасам https://klintek.com.mk/производ/wv-5-plus-n/
Јас ставам дополнително сјај и сол во машината ако се капсулите 5 во 1 и добри се сите садови, а мислам дека имаме најтврда вода во цел град.
Немам вакво, ама со обично squeegee после секое туширање проаѓаме со маж ми и свети, значително се намалува потребата од чистење.
Мислиш на плочките? со што чистите , и какво средство ставате? имаме мат стакла и крш се , не знам ни со што да ги исчистам а плочките како ги поминувате??
Е вакво имам и јас, ама ми остава линии на прозорите и си стои, не го користам. Не ти остава линии? Или јас не знам како да чистам со него
Четки кружни од Тему маж ми нарача, прикачени на бурмашина (ако се викаше така оној електричен алат за бушење дупки или инсталирање шајки), само не на кабел туку на батерии. Нема трзање, нема уморни раце и да те болат плус. Тушот никогаш почист не ми бил. Башка што чисти фуги далеку подобро од рачно што можеш да истрзаш. Негова работа е тушот и нормално чим тој треба нешто да работи, мора да е практично, ефективно и да не одзема време. Јас со истото плочките во кујна ги поминував, ама тој презема чистење плочка низ дома. Дефинитивно најдобар “изум” за чистење плочки.
Не плочките, стаклото од туш кабината со шина со гума ја буткаме водата до доле. Плочките сум пробала се и неагресивни како фрош и оцет и соди и чуда, ништо не ми чисти како пулирапид.