Вака барај ги, ако ти пратам линк нема да ти го отвора оти сум во различна земја. Каков чистач на пареа само за тоа, земај четкиве за се и сешто ќе ти служат после, маживе сите имаат онаков алат. Кај нас чистењето мора да не одзема многу време оти 3 деца и многу обврски.
За вас незнам, али денес испраќам мајка дома и журката ќе почне. Плус утре ќе оставам на спиење беба, дека задутре рано сум по шминка фризура за свадба, па утре се извинувам ако ве стресе земјотрес
За арно за убаво Бибо, па да кажиш како сте си поминале хахахах. Ќе си имаме на ум за земјотресот. Лошо ако уште некоја членка пријави земјотрес, тогаш шо правиме. Ќе нѐ дават на вести.
Ја за С дојдов овие за четки зборат абе ај Ја последниов месец барам жена што ќе доаѓа алишта да ми средува. Уште не сум нашла, некои што ги прашував беа ааа тоа не не. Све имам за чистење, ништо не можам да исчистам, а и мм не е нешто фанатик. Ве читам со четки рибате, ја едвај со Пулирапид прскам (уз бањање строго, да не се губи време), па тек да вртам четки ова она, шанса нема. Плочките ги мијам со Доместос, имало или немало флеки тоа му е, бактериите да цркнат, со флеки се живее. Ептен за низ дома ми се од помош марамиците за плочки/подови од ДМ и на Глос, робот проаѓа јас после него и сија. До наредно отварање на галети и крекери. Уствари и една кокошка добро ќе ни дојде, да не пуштам ни робот.
За парочистач прашуваш? Во него само вода. Мојот е на Карчер и тие парочистачи користат вода од чешма, а претходно имав друг кој користеше дестилирана. Зависи каков бренд е. Функционира врз база на пареа на висока температура која чисти и дезинфицира. Лично мене ми е супер за подови особено оти децава ми се нон стоп доле.
Тогаш ќе се бараат епицентари на земјотресите хахахаххххахаха Туку да не искочи некој позитивен тест за две недели само ххахах
Какви четки сестро, јас полевам Пулирапид во туш кабина и прскам со тушот, решен проблем. Ова роботиве за прозори врска немаат, стакло не ми е мака да избришам, пластиките, ролетните, венецијанерот, е тоа е сексот. Од цел форум, само Биби ќе тресе вечер
Јас еднаш со доместос така ќе чистам туш на бањање, и си го изгорев стапалото, цела кожа ми се смени, ноктите уште не можам да ги опоравам и топло-ладно се сум во чизми патики поради тоа. Од тогаш, строго со папучи чистам
Кај мене свекрва се понуди да миела ролетни и чистела прозори. Олд ме ќе речев остај не мора сама се ќе си сработам. Сегашната јас, викам повели. И вака и така ќе си имам коментари и оговарање. Бар чисто ќе ми е заедно со коментарите На темата за С, ќе си ќутам.