Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. cocopuff

    cocopuff Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.088
    Пол:
    Женски
    А мојов син па од дома нејќе да искочи па и да сакам да се дружам со некој не може да се погодиме. Ти му викаш ајде надвор на лулашки пример ко да си му рекол на колење го носиш одма тантрум, па као му се спие па млекце бара и церемонииве траат 45 мин во најмала рака веќе не ти се ни искача сите можно фази на лутина и депресија си ги поминал и почнуваш да се соблакаш и ќе рече ајде одиме? Тебе скршен филмот ама јбг одиш.

    Со луге што не ги гледа често никако не комуницира, еве и со сестра ми пример ќе дојдат или ќе отодеме и ќе му рече да пукне тој гледа и ништо не мрда. А дома е 300 на саат не може да земеме здив ни минутка. Со баба и дедо е опуштен и во градинка. Све остало јок. Плажа нејке, роденден а му спомнеш торта свеќи боже сачувај. Што дете се погоди не знам. Нерви кинам со него што е ваков.
    Затоа сестра му сегде ќе ја пикам и кај секој ќе ја оставам да ја чепка држи што и да е.

    А за интимата тешко е реално првите години. И ние само нешто викаме све што се збори е поврзано за децата. Секој муабет со некој одбранбен став ко да се напаѓаме многу ми е смешно и тажно истовремено.
    Со денови може да се погоди да не се ни бациме ни гушнеме од што сме преморени. Еднаш ја скрати брадата поише од обично, инску со брада е 15 год, не го приметив до следниот ден :$:D
    Ама мислам станува полесно кога ќе спијат цели ноќи без будење, кога се заигруваат сами децата, па ќе има време човек да се посвети и на себеси и на партнерот.
     
    На Baby warrior, Carolin. и 1209 им се допаѓа ова.
  2. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    7.450
    Допаѓања:
    12.143
    Пол:
    Женски
    Успеавме од 10та:rofl: Со едно 100 пати разведување измеѓу и закани дека ќе летал од тераса шаторот.:rofl:
     
    На strelec231992, Трагедијаупмм, Noemi и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    4.076
    @1209 ќе се вратат заљубените погледи, дури и многу поинтензивни од што биле претходно. Стрпете се уште малку. До третата година на малово бев сигурна дека ќе се разведеме со маж ми :D После тоа, кога стана полесно со дете, прво најдовме повеќе време за нас, второ кога гледате посмирено какво прекрасно човече растете и воспитувате и дека целиот ваш заеднички труд и умор вродува со плод, не може да не порасне љубовта помеѓу вас. Вашата врска станува уште посилна, верувај.
     
    На Giiirl23, Izzy_0504, strelec231992 и 19 други им се допаѓа ова.
  4. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.727
    Допаѓања:
    17.686
    Мојава многу сака деца, ама во последно време ја приметувам дека се срами и и е непријатно ако некое дете ја одбие за игра. Таа оди сама, јас ептен ја мотивирам да оди да праша како се вика детето, дали сака да си играат заедно (зашто сум интроверт јас и ептен ми е криво што не можам да разговарам со други) и ептен ми е криво кога децата не сакаат да ја примаат во друштвото, па обично трчка како кутре позади нив и игра сама. Си има моменти, ама обично змае да си игра и да биде разбрана во група кога е. Кај баба ѝ за викендите кое доаѓаме си најде другарчиња ептен погодени темпераментни и кога се тука цел ден е игра. Инаку бројче нема врска машко-женско, мојава ептен сака бесни игри :rofl: си има и смирена и безбедносна жичка де, ама повеќе сака да беснее.

    За страста дефинитивно се враќа откако дете ќе почне да преспива зашто и вие поодморени се осеќате, ама ете тогаш се случува нова бременост, ново бебе и така пак се губи :rofl:
     
    На kozuf, Трагедијаупмм, Autumn Love и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Lady Maria

    Lady Maria Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2020
    Пораки:
    905
    Допаѓања:
    861
    Пол:
    Женски
    Уфф на маж не ми текнува .... некогаш си велам требаше да не се мажам дете преку ин витро со донор и рајат ....ова хормониве на зло ме тераат ...ужас ужас бе не можам ни телово да си го гледам ;(;(;(
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.534
    Допаѓања:
    7.312
    Пол:
    Женски
    Јас не купив шатор ама го изнамеркав овој од видеото, склопувачот тоа :$

    @1209 , тек пред месец ќерка почна повеќе да се заигрува со деца. Уште не и е сеисто за да даде играчка ама барем бркање, лизгалки, чуда се вклопува.
    А за пентерење рамен и нема. Пред некој ден во нова игротека, демек вработена ќе ги чува, ние раат да седиме.
    По 5 минути имаш, ај мајка дојди и внимавај на детево. Срцев удар добивам вика кога ќе видам кај е качена.
    И толку од мојот раат
     
    На strelec231992, Трагедијаупмм, Mother of 2boys и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.950
    Допаѓања:
    12.946
    Пол:
    Женски
    Да и ќе дојдат подобри времиња. Не е до родителството мислам туку до трката за финансии, успех, гледаш да му обезбедиш ништо да не му фали, трчај да завршиш домашни обврски, трчај на работа…како и да се осеќаш е во ред, нормално и разбирливо. Само гледајте да најдете барем 5мин во денот да се гушнете и да си кажете по еден убав збор.
     
    На WhiteCat33, Izzy_0504, strelec231992 и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.784
    Допаѓања:
    98.958
    Во парк не се влечат играчки, во парк се носи дете да се истрча, да се лула, лизга на лизгалка...
    Јас сум од тие што одат со РАЦЕТЕ ВО ЏЕБ и не, не ми е мака да однесам играчки, оти замисли сите имаме играчки, ама баш заради тоа плачење од страна на други деца за играчките не носам.
    Оти колку и играчки да однесам, туѓите се секогаш поинтересни и секогаш ќе има плачки.
    Кога нема вака некои паметници што понеле се што нашле од дома, мир е во паркот. За еден никаков балон еднаш настана хаос, не па за друго.
     
    На Viktorijaaa5, strelec231992, Pocahontas.93 и 9 други им се допаѓа ова.
  9. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.065
    Допаѓања:
    9.374
    Пол:
    Женски
    Шала настрана, ама се надевам дека е вистина ова. Ние исто немаме време за нас. Оти малата и меѓу НАС спие. Навечер сме изморени, јас особено ради неспиењето со малата. Мене еве ноќе кога одиме да спиеме, буквално ми е како трета смена да почнува. Се буди често, ме фаќа да презаспие, некогаш је мачи нешто, некогаш е жедна, ќе побара вода, млеко, цуце... Некогаш не може да заспие одма, па трае со саати.
    До 9ПМ денот после е мноогу долг. Кај и да идеме со неа, јас трчам по неа нормално. И на игралиште, и во јавен транспорт и во продавница, она сегде бара внимание. На крај сум да не можам коските да си ги кренам од креветот. Изгледам многу изморено и неодржано. Со темни кругови под очите, неенергична.

    Сега почнав со нешто, демек сама себе да си се пронајдам повтроно, сакам да видам за работа и жими тоа за мене.

    Посакувам стврано со маж ми да имаме пак муабет нешто, нешто друго освен малата. Кај мене се е толку монотоно, што ми иде сама од себе да се разведам.
    Сакам пак заедно да се прошетаме и три, само три минути да пуштиме безгрижно мозок на пасење. Да се напиеме по едно пиво и да си кажеме по некој убав збор.
    А уште ми е љубов, најсакана личност на светот, ама како да сме отуѓени некако.


    Децата да не делат и да не си играат едно со друго, е скроз нормална фаза. До 3 години и не можат којзнае колку да се заигруваат, повеќе се набљудуваат едно со друго. Моето сака со поголеми деца, од нив има што да научи, малите и се досадни.
    Да земат играчки од другите е исто нормално. На секое одење во песок кај што има многу деца, некое лопатче се губи, друго се донесува на дома и така е.
    Моата имаше фаза кога стануваше нервозна и удараше дури дете кога ќе и земе играчка. Сега ја пазам и и зборам постојано, дека ќе и ја вратат и дека ако сакаат заедно може да си играат или она нешто друго да прави, да се лула, да се лизга или со топка. Зема исто од други деца играчки и на нив објаснувам исто дека
    ќе ги врати, само да ги види сака.
    Периодов е таков, ама додека се осамостојат веројатно, тоа е тоа.
     
    На Maxima987, strelec231992, Liza38 и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Em4e711

    Em4e711 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    403
    Скроз се согласувам со ова. Па уште во парк пред зграда кога ќе донесат чипсови, соленки, гумени бонбони ми се темни. Јас разбирам деца се, ама мн се нервирам со тие работи, пред зграда си излегол на 1 саат не си отишол во градски парк па сите грицки да ги земеш...
     
    На Giiirl23, Viktorijaaa5, happygirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.259
    Допаѓања:
    67.816
    Пол:
    Женски
    Летово не ми се свиѓа само зашто многу се поместува редот за спиење. Значи заспива до десет, десет ипол.|( Не можам од надвор да ја приберам, играта никогаш нема крај и никогаш не се доиграле. Зима златна до осум ипол кома.:smirk:
    И викам пред некој ден за Дедалус и Икарус дали слушнала, во фаза на грчки митови е, а она ми вика, како се викаше тоа што ми го кажа, Дикарус?
    Дикарус:D:D До солзи се изнасмеав.
    Летово нема што да се прави по жештините, па купивме принтер. И сега само принтам, глави за шминкање и фризури, лавиринти, за боење, за сечење и лепење, ама добра занимација испадна барем, уште се нервирам ако гледа цртани повеќе од два саати летово. За екран не ми се попушта и не. Единствено телефон доби, ама со строги контроли и има една игра по избор и пола саат играње. Дрнда со другарките на телефон по сто саати исто така. Мене толку лош период ме фати што немам зборови. И, ко вчера да сум се родила, мислев е нема полошо. И после, нормално, уште нешто полошо. Ужас. Ама, поминува.
    Зависи од паркот, ако е онаков со камчиња тогаш да, се носат колички или нешто што ќе се претура, ако нема ништо такво за играње тогаш нема смисла. Наша работа како родители е да ги научиме што смее што не смее и играчките тука спаѓаат. Или ако не и во градинка да немаат играчки, да не се караат и тепаат таму.:wasntme:
    Плус, кога се мали и не знаат уште да користат лулашки тогаш се игра со камчињата. Ако ги има.
    Крајно е дека на јавна површина не можете да кажувате што да се носи, може да се нервирате, ама секој за себе си е одговорен. Ако јас сакам да носам, ќе носам. И беше процес учењето, што се дава, што не се дава, кога другите не даваат да се прифати, лулашките се исто дел од социјализација и учење. Колку пати со плачки сме си отишле, па другиот ден било подобро и така.
    Сакам да ви кажам место да се нервирате што другите правеле гледајте за себе и за вашите граници да си ги поставите.
    И, ќе помине.:D
     
    На Giiirl23, anngelique, strelec231992 и 10 други им се допаѓа ова.
  12. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    4.076
    Таков хроничен умор чувствував со детево мое, што бев на лекар да ми земат крв и бев убедена дека нешто не е во ред со мене. Кога ова доаѓа од човек како мене, што воопшто не е паничар или хипоходрик, значи уморот навистина беше страшен. Не можев да се поднесам себеси, од тоа будење по цела ноќ, сабајле не можев да станам од кревет. Не можев да верувам дека немам никаква болест и дијагноза, а се чувствувам така како што се чувствувам. Матичниот ме убедуваше дека е нормално кога имам мало дете, јас мислев дека не е можно. Така да, знам како се чувствуваш и знам што значи магичен круг. До ден денес се буди моево, а не па твоето толку мало. Јас можам да избројам на прсти колку пати ја преспал цела ноќ, еве синоќа се разбудил и сам отишол во дневна, отворил фрижидер, сакал ладно млекце да се напие. Му ги слушнав чекорчињата низ ходник и скокнав од кревет. Крвта ми се смрзна од помислата - што ако фати накај балкон (иако имаме осигурувачи на бравите) или не дај Боже, заборавиме клуч на влезна врата и не го слушнеме :x Со децава цело време си како на игли, нема тајм аут.

    Ама, никогаш немаше да се одлучам за второ дете, доколку не се пронајдевме повторно со маж ми, верувај ми. Имав кажано дека додека не поминам макар еден одмор каде што барем делумно ќе почувствувам дека сум на одмор и доколку не почувствувам дека сум се пронашла повторно себеси и љубовта со маж, никогаш нема да кажам - спремна сум за второ. Имаше денови каде што го гледав маж и не можев да поверувам дека тоа е истиот човек со кого сум заедно 15 год и кој толку знаеше да ме насмее порано и секоја тежина од мене со еден збор да ја превземе и да ми ја олесни…едноставно не ми беше јасно кој е тој човек до мене, со кога имаме само формални разговори за дете, кои 80% преминуваат во кавги :x

    И детуле потпорасна :inlove: Се намалија тантрумите, почнавме да гледаме дека сето зборување, учење, труд, било складирано некаде во неговото мало главче и чекало само момент да ни покаже дека се е слушнато и научено. И ќе си седнеме со маж навечер, така длабоко ќе си вдишеме и ќе си кажеме - Господе Боже колку е прекрасен :inlove: И ќе си раскажеме што направил, со што не оставил подзинати и што сме научиле јас и маж еден од друг, ќе си кажеме на кого му се очите, на кого носето и на кого личи и како му се менува фацулето и ќе си издишеме длабоко исполнети со благодарност и благослов за ова што го имаме, за се што сме постигнале во животот, за сите одлуки што сме ги донеле. Што се имаме еден со друг, што го имаме него, што го чекаме бебе :inlove: И љубовта е тука, посилна, попрекрасна од претходно. Исполнета со мир, со други цели и амбиции, со други желби.

    Само треба време и се си доаѓа на место. Нема да биде како што било пред дете, тоа не е можно, ама ќе биде на друг начин убаво :inlove: Разговорите за дете ќе се провлекуваат во секој друг разговор, на било која тема, ама тоа е таа нова реалност. Време за вас ќе наоѓате секој ден, дали со некоја серија, пиво на балкон или трач муабет за некој небитен, ќе ве зближи и опушти. Нема да бидете толку исцрпени и под стрес. Тоа што си почнала да наоѓаш време за себе, ќе донесе за брзо позитивни резултати :nod: :f:
     
    На WhiteCat33, Hinebrra, Tulip023 и 27 други им се допаѓа ова.
  13. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.784
    Допаѓања:
    98.958
    За во градинка дали да имаат или немаат играчки оставам ти да кажеш, гледам дека ептен го имаш ПРОУЧЕНО родителството. Јас лаички терам:(, во темно така бутам и гледам во пракса како е, реално. Граници не знам ни што се, не па да ги поставам;(
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    1.518
    Допаѓања:
    3.169
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден кога сврза прв пат 3саати дремка вечерта од 9 до полноќ, баш вака прв пат се осетив после 2ипол недели со прво новороденче за кое мислевме дека сме толку многу спремни ама искочи дека немаме поима :D ама ете така скоро три недели спиеме во дневна на гарнитура искривени … и кога заспа подолго си се гушнавме и почнавме да си збориме колку е убава и колку сме среќни и уморни овие 2ипол недели а сеуште сме само на почеток и којзнае што не чека а се осеќаме како секогаш да била тука… јас сум хаос со хормони па емотивно си се испорасплакувам секоја вечер и барем еднаш преку ден додека сум сама со неа а мм е на работа … и тскс поминуваат деновите … сабајле станав во 5 ја нацицав и она си продолжи до 8јас седнав на гарнитура до неа и така блеев пошто не можев да презаспијам зошто она беше легната и раширена на пола гарнитура и така си ги гледав и нејзе и маж ми како си спијат и си останав без спиење :makeup:
     
    На pamelche, Carolin., Трагедијаупмм и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.259
    Допаѓања:
    67.816
    Пол:
    Женски
    Гледам. :D
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.784
    Допаѓања:
    98.958
    Којзнае шо гледаш:yawn:
     
  17. Change.

    Change. Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2015
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    508
    Пол:
    Женски
    Те цитирам зошто потполно се согласувам со тебе од збор до збор.
    Плус им треба иновација од никаква играчка да смислат нешто да си играат ете не мора ни лулашки, од едно стапче ливче и камче можат цела игра да направат иако најчесто се бркаат и лизгаат.
    Градинка и дома се сосема други приказни и нема врска со одење во парк.
     
    На Pocahontas.93, Carolin., happygirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.534
    Допаѓања:
    7.312
    Пол:
    Женски
    Моево е од тие што сакаат да пофатат туѓи играчки, да допрат, да видат. Неуморно скроз. Најчесто другото дете што сме пофатиле играчка е тоа што плаче, па убедување дека само ја гледаме, што и е така, па се учиме мојава да враќа и да не фаќа без да праша ама дела на 2,5 години тој концепт и е јасен, тешко тоа.
    Инаку стварно не ми се носи торба со играчки во парк ама воопшто.

    @Emy867 , почнавте со градинка?
     
    На Emy867 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.784
    Допаѓања:
    98.958
    Почнавме :)
    Арна е таму, ама дома додека да тргнеме:x
    Сакам, нејќам, плачки...
     
    На Miss_S му/ѝ се допаѓа ова.
  20. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.972
    Допаѓања:
    45.673
    Пол:
    Женски
    @jolene @Marge да еве и јас сум убедена дека сум болна, толку немам енергија и се осеќам како телото да ми е константно исцрпено, здрвено и неенергично, плус сега на топлово дека сум со хипотироидизам многи ми е мачно.
    Првиот проблем е дека и моето сеуште се буди по 4-5 пати ноќта, бара вода, цице, нози го болат…и одма да презаспие јас веќе сум се разбудила, ефективен сон повеќе од 4 саата немам веќе 2.5 г и веројатно е нормално да се осеќаме вака ради тоа ама морам да одам на доктор сепак.

    Малце ми олесна штом велите дека кај сите е исто во бракот, мислев јас сум само проблемот. Со мм сме заедно скоро 20г, тој ми е и најдобар другар не само партнер и не сакам да се осеќа лошо ради мене.

    Во парк и јас не носам играчки најчесто, некогаш ако излезе од дома со кола или топка да шутираме, ако има камчиња носам кофичка. Не гледам проблем да одат децата со играчки, кој што сака нека носи, јас не сум сопственик на јавен простор, ако сакаат храна нека носат.
    Ако ме нервира ќе седам дома.

    Децата секако треба да научат и да делат и да се караат за играчки и да прифаќаат дека не може се да земат. Тоа е тоа.
     
    Последна измена: 30 јуни 2025
    На јolene, Amelia., strelec231992 и 6 други им се допаѓа ова.