Ќе ви се убацам во муабетот. Точно е се ова погоре напишаното, се слагам од збор до збор. За мене и врапците знаеја дека не сакам второ дете, со годините веќе и престанаа да ми зборуваат најблиските на темата. Иако синко беше бебе/тодлер/дете по книга, и навистина немав мака со него, мене лично ми требаше многу време да се вратам пак на старата себе, со своите желби и хобија, да читам книги, да гледам серии, да вежбам, да шетам.. Верувајте дека после 3 година на детето се станува полесно, колку и да звучи како клише тоа. После 3 година на синко, пак се зближивме со мм, кога почнавме повторно да излегуваме, да се дружиме со луѓе, па и сами често знаевме да си направиме мезе за на балкон, синко и тој со нас, едноставно пак уживавме во се. Кога беше 4 и 5 години најголем раат бевме, самостојно дете за се, како со голем човек да разговараме. Се што сме му зборувале, како сме го воспитувале - излезе на површина од неговата умна глава И тогаш кога ми беше најлесно и најубаво, мене ми се појави желба да имаме уште едно бебе, синко да стане батко. Еве ја сега ика до мене, а тој и се смее. Имаме секакви денови, повторно се од почеток после 6.5 години не е лесно, нема да лажам. Транзицијата од едно на две деца ни беше многу потешка отколку од ич на едно дете. Сега дури немам време за ништо, ни да одам до тоалет. Синко иако е голем и многу ми помага, сепак мене чекаат алиштата, да средам по дома, да испеглам, да зготвам. Речиси и да не го гледам големиот, многу почесто си игра со мм. Пак ги ставивме на пауза излегувањата, вечерите, мезето на тераса. Пак сме во хаос дома, со пелени, доење и се што си оди со новороденче. Некогаш си велам што ми требаше оваа работа пак, се сеќавам каков мир и раат имавме сите тројца пред неа. Некогаш пак се смеам на хаосот во кој сме, оти знам дека се ќе помине и таа ќе порасне како батко и исто, и пак ќе читам и вежбам и излегувам, само трпение. На крајот на денот, секогаш сум благодарна за нив двајцата, и не ми е криво што се толкава разлика, баш напротив. Мило ми е што имавме толку време само за синко, само за мм и мене пак да се зближиме. Оти да не беше така, да не се вратеше близината меѓу нас, ни таа денеска немаше да биде на овој свет. Така што, се ќе си дојде на свое место и кај вас само треба време. Се ќе стане полесно, и пак ќе ги сакате вашите мажи, пак ќе ви се врати желбата за секс, либидото ќе се покачи Знам како ви е, бев на ваше место, како мртов коњ, само механички функционирав, всушност еве по втор пат се вратив на тоа. Со синко од премореност одев и на инфузии, од што не можев да издржам. Ама помина, се поминува.
Незнам дали јас сум хормонално изместена или па ме иритира све ама се јавувам кај свекрва ај да ја слушнам да не зборат на мм ме немало и воедно да и кажам имаат на село овошки па ако има нешто пример кајсија едно кило да вакумирам да ставам во фрижидер за кога ќе почнеме здравје за два ипол месеци со вкусови да е тоа што можам домашно непрскано. И ми вика ајде здравје нека е како што треба детето па ќе средиме. А какво е тоа како што треба или какво е сега.... И цревава ми се превртуваат. Мм не е дојден од раб и сега да му кажам и одма нервоза. А што чини да рече Важи снао не е проблем што имаме ќе оделам по пола кило кило. Одма иде на нешто простотилук да кажам, така и претходниот пат оо што прави вака му вика на мм, зошто кенкала после јадење демек требала да е мирна и среќна, и викам па стомачеето уште ја мачи, зошто пауза додека јаде демек од јатвава одма го пиеле млекото. И Така нека ми даде Господ живци да не отерам све у пм.
Да се убацам и јас. Мене ми дојде душата кога го одбив и почна да преспива цела ноќ, дремката му е 2 саати стандарт и мене денот испланиран. Имам време за себе, имам време за него, имам време за мм. Неговата дремка ја користам за ручек да му направам ако не јаде со нас иначе тие два саати за мене значат кафе и мозокот на пасење искрено гледам серија, вежбам,читам книга, дремам на телефон се она што би ме опуштило и би мо помогнало да се чуствувам убаво. Тешко е, не дека не е. Сега 2 години ќе прави тантруми, плачи сегде да се качи ама далеку полесно од лани ова време или од зимава. Мене многу ми влијае да не сум наспана, а не бев. Со црни кругови под очи шетав, немав воља за ништо а камоло за мм. И 90% од времето се каравме па и некој од страна кога ке ми спомнеше 2ро дете коса ми се креваше. Сега ми е убаво и со дете и со мм имаме време за нас, да се посветиме еден на друг. Дури и мм ми има искоментирано сега осеќам ко да сме во врска на почеток без карања и викања. Може не излегуваме толку често и ми фали тоа чуство да се дотерам и да си излеземе на вечера или пијачка, но знам сабајлето дека ке ми фали сон па ке почекам за тоа уште малку ама многу често знае мм да нареди некоја даска додека јас го заспивам бебо, ке пивнеме па да ни биде уште поубаво. На другарка мажот седиме и си збориме нешто дојде темата кого сакаме повеќе партнерот или децата изјавава ми остана врежана во глава вели "жена ми, да не беше жена ми немаше да дојдат децата, децава ке пораснат ке имаат свој дом како што е редот јас и она пак ке си останеме ние двајца во станов како што влеговме." И буквално е така, љубовта ке се размножи на деца денес, утре на внуци ама љубовта меѓу партнерите и почитувањето треба да остане, така се ке се преброди. Со почит, љубов и малооо потсетување како се започнало и до каде сте стасале, се ке надминеме.
Јас имам исто. Ме нервира за прозори, поубаво ми е со рака кога ќе си фатам. Ова некако знае линија да остави. Ама во вц, после чистење, подот обавезно со ова го минам, и сув е. Инаку ќе се рашлапа се' насекаде.
Јас цела бременост ја истерав со: ,,Ти породи се па ќе средиме све" Ич да не и се замараш. Глуперда. Глеј со мажот ти да си на иста бранова должина и да си се разбирате. А за терање у ПМ, ич да не ти чуе. Ако ти се тера, терај.
И маж ми си кажува дека мене најмногу ме сака. Не образложува ништо, само тоа, а мене многу ми е криво што без проблем на глас си кажува.
Има камчиња и си носиме кофички и лопатки, многу деца си играат во песокот. И да на пример некогаш се менуваме ако ние имаме кофички, некој има камион, се менуваат и заедно си играат. Не гледам тука проблем. Или топка не гледам што е проблем да се носи кога одиш на игралиште.. проблемот настанува кога некое дете не го учат од дома: прво прашај дали може. Моето го совлада тој дел инаку.
Не знам искрено како им функционира мозкот на маживе за какви глупи работи се нервира, еве денес пример бевме на вакцина и 3 жени го држевме пошо не можев да го додржам сама да му стават вакцина, а пред тоа им се смееше муабет им правеше кога ја виде иглата зеде да пишти и мм морало ли толку жени да се навртат да го исплашат па тоа толку болело ли цел пат до дома главав ми ја дупна. А предходната недела кога му кажав дека на скалата се качил до над гаража се изнасмеа и отиде да го баци му вели "кај си се качил бе тате" така за некој рандом работи ке се испонервира, за тоа што треба у лер е..
Normalno deka go ima sovladano, ne se ni somnevav. Ne znam samo zoshto go meshash so nevospitani deca. Da ne go unazadat, ne za drugo...
А сокчиња, храна може ли да се носи И за тоа плачат децата. Всушност може и да плаче затоа што камчето во паркот било 45 степена навалено наместо 90. Ние си носиме играчки за во песок. Што да праиме во песок без играчки. Не зема од туѓи деца, а секогаш на секаде има расфрлано играчки. Еднаш моево си играше со туѓа играчка, ама не знаевме дека е на некое дете, мислевме дека е од паркот и родителот си дојде ја побара. Моево нервен слом доживеа. Ама тоа е, животот не е фер. Нека си се научи што се граници и што е свое што е туѓо. Ти и да не носиш играчки, ќе најдат стапче па може да се караат кој да го земе. Никаква логика ти немаат муабетиве. Јас викам, прашај дали може, ако ти го даде, супер, ако не, тоа е, не е наше. Е не ќе трчам по газот, само за да не ми плаче. Нека си плаче, нека се научи дека животот не е праведен и никој ништо не ти должи.
Еве само дека не си сама … мене свекрва ми денес ми пиша, што прави мојата убавица денес… пошто ве нема дс се јавите еве јас ќе пишам му викам на маж ми да и пишам За која убавица сакаш да ти пишам, за мене или за ќерка ми Ова пошто од кога се породив само за бњбњто ќе и текне да се јави дс праша за некој 4-5дена … абе еднаш не рече, здраво како си ти, како се снаоѓаш, еј епизиотомија имаше бе, како е зараснува ли? Нешто да не ти треба помош преку ден додека син ми е на работа сахахаха, исти се сите како мајка нема друга.. а иначе онака колоритно опишано за 20дена има дојдено еднаш на кафе на 45 мин и рече малечка е мннгу да не сметам јас ај го испив кафето ќе одам хахаха На гости кај син и со бебе она кафе дпјде испи и отиде, недај боже да праша нешто да помогне
А да и кажеш пример дека сакаш помош Може си е културна жената па не сака да ти се меша да не се налутиш, шознам. Зашто мене па ме нервираше дека ми се нудат и мајка и свекрва и ми помагаат без да побарам и се тоа го зборам ако сакам помош ќе ви кажам, кога доаѓате на гости на гости сте. И баш кога ми треба помош им кажувам Да бидеме искрени, не дека и нас е лесно да ни погодиш
Не бе оваа мојава уште додека бев бремена рече јас некако таа улога на мајка мн ми беше во животот захтевна и ич нејкам да се сеќавам на тие први години… за баба па уште помалку ама ајде тука сме ќе помагаме баш со слични зборови
Во глобала викаат дека внуче е уште помило и од сопствено дете, АМА, оваа твојава изгледа ептен се истрауматизирала од поимот родител хахахахах. На муабетот, за мојата имам да кажам само пофални зборови, маж ми и е единец, и жената е стварно предобра, освен што е радознала хахаха, се сака да знае хахах, немам никаква замерка. Ќере е заљубена во нејзе, значи еве деновиве ни штрајкува со јадење, а дојде баба и она со нејзе одма јаде си игра, ја обожава. Препосветена е со внуката.
5 месеци сме, нема престанато со негативизмот. Еве завчера им направивме кејф, беа на одмор на 30 мин од кај што бевме ние, и запаливме кола на 36 степени отидовме. И седиме бебка им се смее се клешти си гука, и ги става рацете во уста и оваа Што е баба сега, каква мака имаш? Кога и се пуштивме двајцата со мм дека ја претерува, да видиш ќутење после. Ама јас секогаш прво чекам мм, па после може да го поддржам, сепак не сакам да го доведам во ситуација да биде во средина. Знам дека ќе застане на моја стара, ама освен ако не е нешто преку што не може да се помине, еве вежбам да ги игнорирам коментарите. Тешко иде, ама секој ден ќе биде се полесно, верувај...
Ние што ги имаме обратните, што не можеш да се измочаш без да знаат, се молиме пак за вакви како твојата
Малку сурово што нема да те тешам ама не е кај сите исто и нема да е исто. Кај сите е различно, само исти се моментите околу раст и развој на детето. Читајќи ги сите тука сфатив едно: Тие што ви е тешко, имате кризи во други полиња итн. и јас спаѓам тука, немате поделено добри карти, најбитен coping механизам е: преживување ден за ден со лабавото у мозокот. Ништо друго не е битно и вака до 3та година. Најбитно е да излезете од џунглава здрави, без фрустрации и слаб имунитет. Луѓе поминуваат часови на тикток или во секакви време губечки работи. Барем правите многу поважна работа од тоа. Нека оди ако треба се удолу, три години не се ништо, се се гради од почеток.
Кажи си само фала богу, културна свекрва ми се погоди, не е сплеткарка, си го пие кафето и си оди. Пошо денеска кујна ќе ти среди, утре ручек ќе направи, еднаш гаќите ќе ви ги здипли и дур трепнеш со бебето ќе ти легне на спална и чао интима. Следно уз кафе ќе те испраша се можно и нема да можеш да се вратиш на првичниот однос со граници освен ако се скараш. Не ти треба таква помош, подобро 2-3 години во хаос да живееш, од искуство. Мојата вика подобро да не го зимам бебето да не му правам топло 10 месеци направи, дали 5-6 пати го има видено. Вришти бебево од неа кога ќе ја види, неа мува не ја лази, а бога ми ни мене