Не не строго дојде да и свариме кафе… бебето почна да плаче беше во гнездо и јас станав да ја земам и рипна и маж ми во исто време и вика леле леле како рипнавте двајцата ај сама ќе го допијам кафево нема муабет за средување кујна, алишта или нешто слично си беше дојдена по бела свилена кошула мајка ми жива и здрав нека ми е … она доаѓа ќе исчисти ќе среди дури и ручек ќе ми донесе за 2-3дена од неделата и така поминуваме. Иначе јас бев од тие што викаше сами ќе го чуваме детето никој не ми треба додека бев бремена и си стојам на тоа сеуште … ама онака понекогаш осет треба да се има инсче се снаоѓаме како за со толку мало бебе прво мислам дека одиме во добра насока двајцата сами
Да ти кажам најубаво сама со ММ.Мојата свекрва е бизнисменка нема време да дојде кога го пуштија од болница и тоа се мислеше дали да дојде ,па золва ми и рече како да не доаѓаш внуче ти е прво од син ти толку чекано.Дојде поседе на каучот другиот ден си отиде дека од друг град е.На почетокот ќе се јавеше да го види на камера,онлине она сака да комуницира.Сега не се ни јавува кај ММ некад да го види.Кај мене преку два дена да не и кажам дојди да поседиш малце имам работа ќе и пропадне биснисот.На почетокот имаше коментари ама јас и кажав ти си баба нема потреба да коментираш што како му е кога требало да јаде зашто гладно било или зашто така направило ,мое дете е јас си го знам редот така да нема потреба .За нејзе мал бил сега детето со мајка требало дс си седи и само мајката да си го гледа.Мајка ми доаѓа ќе помогне се јавува да праша како е,свекор ми го бањаше многу му е мерак да може секој ден ќе биде тука со него ама не сака да смета исто и татко ми.Кај нас се покажаа дедовците ко прави дедовци.На почетокот со коментарите се нервирав сега ММ се нервира јас не се ни замарам.Неколку пати и е кажано ама она си продолжува така да од едно уво ќе влезе од друго ќе излезе.
На тема свекрва мојата е добра, знае да преќути кога треба и да се тргне настрана. Многу ни се има најдено за се до сега, го изначува поголемкото, го зимаше од градинка цела година се додека не се вратија во градот од кај што потекнуваат пошо се пензионираа. Ама пак мајка си е мајка пошо свекрва ми пак повеќе за син и (маж ми) се секира, дали јадел дали спиел, витамини да пиел итн. Ќе семе да направи нешто пример ѓубре да фрли одма срипува она да го фрлела. Се надевам нема и јас да сум ваква свекрва хаха. А мене кој ме прашува и 10 пати до сега слабо да не ти е млекото ме праша Како да објаснам дека нема такво нешто како слабо млеко ??? Се е супер ама овие вакви комемтари не мо жам. Јас па ко што сум избувлива и сегде правдина барам одма да се искажам треба па сега и нервозна од хормоните Најдобро е игнор и ајт, слабо млекото нека е слабо мое си е. Инаку врска нема топ напредува бебе. Првата недела беше успана од жолтицата само ама сега е машинче.
Мојата свекрва само договара средби за запознавање на малава, во моја куќа Изнакупила 100 фустанчиња за нон стоп да била дотерана. И викам остај тоа бебе е, по боди најкомотно и е за дома, но не, требало да си е дотерано детето Среќа не живееме заедно. Иначе доаѓа да ја гледа, корне на парфем, викам те молам следен пат не ставај. Се налути
За свекрва - ако стварно имам потреба ама стварно, помага со дете. Од друга страна ако маж ми (синот) чува дете по случајност е секогаш тука само тој да не се мачи. За купување работи за дете, од ретките пати кога купила, најчесто е промашена големината. Ако е кнап, облекувам еднаш, двапати чисто од култура и после пакувам. Ако е поголемо кога ќе стаса да го облече дете, тогаш. - На детски роденден, средба со рандом свекрва. Се изнаслушав колку добра баба била и свекрва, како не сметала на децата итн. За по 15 минути да и стасаат слики од синот, снаата и внучето на одмор. И одма следуваа коментари - еве како безвеза го облекле детето на одма. Една торба со преубави алишта пратив, се во тон, како принцеза да биде, тие во шаренила го облекле... Е тука ми стана јасно колку е часот и дека свекрвата не е баш таква како што се кажува.
За тема свекрва, добра е, не ми смета во ништо - почината е. Малку црн хумор. Од секојдневие: Големата во градинка,близнаците дома. Денеска примаа мрп и дома ќе си бидат,сега нанат, јас кафе па во план мусака имам за ручек за денес. Немам ништо посебно за кажување. Убав ден на сите.
Мене пак искрено не ми е јасно како не сакаат да се порадуваат на внукот, искрено мајка ми да се понаша така криво ќе ми е. Можам да замислам како им е на синовите кога гледаат дека сопстевните мајки не им се радуваат на внуците…
На тема свекрва. Не знам дали мене ме спопадуваат хормони ама дали е можно баба да ги дели внуците од различни деца? Еве мојава свекрва ќе ја причува ќерка ми ако ја викнам, не дека не, ама сама ни се јавила да ме праша како е ниту се заинтересирала. Ја гледа 3-4 пати месечно во наше присуство или ептен ако имам зорт нешто работа ќе дојде на закажано чување од-до со време, со ден, со термин. Од друга страна има внуки од ќерка и што ги чува цело време, кога сме сите заедно им се радува, се слика со нив. Некако друг вајб ми дава, не знам дали дека се поголеми па се осеќа покомотна, дали дека и е ќерка мајката на децава па е послободна да и рече било што без да осеќа дека се меша или да се навреди. Мајка ми кога ја чува јас гајле немам, значи 200% доверба дека ќе биде завршено, ама мајка ми живее во друг град плус оди на работа и тешко оди чувањето освен ако не е унапред испланирано и за викенд. Инаку исто како @Baby warrior, свекрва ми е во пензија и си тера лаган живот, разведена е со свекорот, си оди по кафиња, кафанчиња со другарки, викенди до Охрид, сама си кажува дека не сака многу да чува деца и го прави некогаш од што мора. Пред некој ден сакавме да излеземе со маж ми сами малку да купуваме некои ствари, ја викнавме и не одби дека требало да оди во кафана. Во принцип, ќе даде некогаш некој непобаран совет ама ретко, не се меша ама не ја ни чува. Јас сум по цели денови сама и фала богу за маж ми кој е прекрасен татко и покрај тоа што оди на работа никогаш не е уморен да ја земе за да имам и јас некое хоби и да обавам основни потреби како депилација, нокти и слично.
Здраво На тема свекрва, јас викам само да сум свекрва ко мојата. Бољи комплимент нема од тоа. Од деца чување кога требало, до ручеци да донесат "успатно", до чистење додека сме на одмор за да се вратиме на средено. Ептен ни се имаат најдено, за било што и да треба знам имам баба сервис во секое време за децава. На тема летно спојување на деца во градинка ми остана цел ден во мисла големиот. Ги спојуваат во салата музичко кај што свират. Големи деца плачат нејќат да влезат. Ни играчки немаат таму, ништо. Што прават цел ден внатре еден Господ ги знае. Премногу ми падна жал, од среќно дете во градинка, ноќеска со липање заспа дека нејќе да оди. А тек сме почеток на јули, кај е септември Малото у јасли горе имам чувство ко да се помалку, ама доле спремни за митинг. Да досработам и да фаќам патот да ги земам, ги премислив цел ден.
На тема свекрва - Немам На друга тема - Има едно семејство, 4 дечиња од најмало до најголемо. Да дознаам до после возраст на дечињата ако има потреба мајката ( самохрана е, таткото починат ) да собереме нешто од форумов од облека што имате користено а употребливо, да однесеме? Низ Скопје само би се нафатила да ги соберам работите Нека пише кој може и има, 4-5 да се собереме ќе биде доволно Фала ви женски, знам дека можам да сметам на вас
На темата свекрва и јас немам, почината е. Како што гледам бабите од страната на мајката повеќе се ангажирани и ги гледаат а може и повеќе да ги сакаат од своите деца. Од мајка ми на ред не можеме да дојдеме за беба, кога е кај нас или сме кај неа јас цел ден сум по креветите с може и да излезам на кафе пошто од раце не ја испушта и мене никој не ми обрнува внимание хаха
Да ни дојдете на гости и да ве испратиме со пакетче? Пиши кога ќе имаш повеќе инфо, па ако треба ти праќам по карго.
Имам нешто од мекици поголемо, пишии ни само големина на децава Да помогнеме на мајка, па и ќе купам.
Јас мајка ми не можам да ја убедам. Кога сум била јас мала не сум качувала килажа и некоја си и рекла да се измолзи да остави во чаша и да види кога ќе се оддели густината нели колку и е вода а колку млеко. И ете оттогаш она знае слабо млеко дека постои и ела убеди се. Јас па не можам да се опраам дека и е жешко со долги На тема свекрва ,имам пишувано и во други теми среќа казниво е инаку ќе ја задавев до сеа На тема мајка ,2020 кога се породив со големата и беше во болница ,кога ми требаше мајчина утеха она не дојде... ниту кога ја пуштија од болница.. дури на 4 месеци дојде Сеа уште немаше една недела бебето да дојделе со брат ми и братучедка ми а можеби и сестра ми со зетот и малото. Јас на газ не можев да седнам од епизитомија таа гости ќе тераше па и уште зошто (и се јавив и и кажав ако сакаат со зет и во кафана да одат нека дојдат.Дома или јас со бебето да одам не можам ) 10 пати сум и нагласила дека така ќе е Нормално ќе нагласам за да не биде после дошле оддалеку само ручек зетот да ги части . И така им завидувам на сите сами шо си живеат
Детска козметика и средства, да. Девојчињата се 10 и 11 години, обувки 37-38. Облека за нив стокмив една ќеса ( и за мајката, скоро исто носат ) Машките 14 и 17 години Гелови за туширање, шампони ако имате вишок ќе им спремаме убаво пакетче
Јас имам облека за машко бебе/дете од годинка до две. Баш вчера ги допакував облеките од синко и се чудев што ли ќе им правам. Можам да одвојам една голема кеса сигурно. Од скопје сум само не можам многу да акам јас. Евентуално маж ми да го пратам до негде да ги донесе. Едит: Damn сега гледам дека се поголеми деца.