Јас имам соберено за женско бебе, од 0 м до 12 м. Се'е ново. Нешто со етикети, нешто само исперено. Ќе ги дадам, и ќе докупам ако треба пелени, храна нешто. Само кажи ни каде, како, што - да се договориме. Во Скопје сум.
Охххх сега гледам... Од Скопје се? Ако може адреса и бројче нешто, ќе им пратам преку ананас со достава работи некои, ќе купам.
Криво им е. Еве татко ми е таков, не го интересираат едноставно, ќе им презбори и толку. Ниту седи, ниту игра, само знае да се јави како е, добра е, добро. Таму кога сме, ништо. И криво ми е, се нервирав и плачев цело време, ама веќе се помирив и тоа е.
@baguf4e Може срц Ај да видам шо ќе собереме, да не им трупам само работи. Зашо јас планирам да идам еднаш до кај нив и да им докупам/докупиме после. Фала ви на сите. Знаев дека сте најјаки бе
И јас се пријавувам да помогнам. Имам женска облека s/m големина што сега после бременоста ми е мала, можам да купам и за машките нешто, плус и од брат ми да земам нешто што му е мало, он е малку поголем од нив.
Можно е. Еве мојата секој ден ја чува внуката, ништо не и е проблем, за моите спондилоза има, невработена е бтв Што ќе фали пиши ми и мене, ќе нарачам и јас онлајн пошо одам на одмор.
На тема свекрва а и свекор, многу ни помагаат. Живееме во Скопје они се во друг град, секогаш кога ни требале дошле без збор. Дете чуваат, му готват го играат му зборат и пеат песнички, мм е единец и него мн го тинтраат секако, мене како ќерка ме гледаат. Ми помага свекрвата и за готвење и за чистење кога треба и за совети, секој ден се јавуваат малиот на камера да го видат. Ретки се знам и многу си ги сакам Знаат дека неќам многу да ни се мешаат иако си живееме супер и секогаш се одмерени во муабети и си знаат граница.
Ќе ти пишам Важии Од понеделник тоа, а на Лала ќе и пишам до петок ако испратам дете у Штип за да завршам се у еден ден Надежна мач
Ај ќе видиш што ќе фали. Имам јакни, капути ( за мајкава), облека што само зафаќа простор, а не се сеќавам да е носена. Само да се средат моиве, дека се е во пакети и кеси веќе.
Одма нема да можам ама 15-16ти Август ќе сум Мк можам до Скопје да донесам имам и за мајката нешто и за деца до 2 години. Ај пиши ми во порака ако може тогаш да се донира и нешто адреса или тел број кој да исконтактирам кога ќе доаѓам. Едит: сега видов дека се поголеми ама можам да издвојам нешто од мене и мм и плус козметика да докупам сепак пиши ми
Тргнав да си се пожалам па се предомислив.Секое мислење само кукање ми е.Ненаспана сум да,небањата и тоа да.Јадам 1 на ден како на маратон во стоење,не се сеќавам кога косата ми беше пуштена последен пат,ама и доека сум ваква како гомно некое,кога ќе ме погледне очи му светат.И ми спие само во раце да,и навика ќе му стане и тоа знам,ама па сега ли да се секирам и за тоа,отом потом.ММ за се ме разбира,за се ми помага дури и кога одмага ама дава се од себе.Остало фамилија не бих ни отварала муабет,за кафана да викав сите ќе можат,вака за помош сите чекаат кога ќе пораснел.Ама и тоа е во ред,памет е и тоа,лекција.И така еве го гушнат во мене утре прави 4 месеци.
Ми искочи приказнава па да споделам да помогнеме колку можеме зошто сите сме мајки https://ecrowd.mk/projects/1c5e6094...SSspIzcAb6sH0VWEgQ_aem_JdZrd99gxhYr9Sdo_1EUlQ
Правев чистка и пред и по породување и се дадов во Црвен крст. Имам од детето некои работи што не сме користеле и тоа пакувам во кеси, ама е за бебе. Нешто подарив што побара некоја членка. Ама се се токмам во другана група да пишам и тоа да подарам кому треба. Никако да стасам са сликам. Ако знаете некој да му треба за машко бебе нешто, тука сум.
Добро утро мајки, ми доаѓаат така мисли некогаш, и знам да влезам на профилот на Др Марија Бунда, ако ја познавате неа и нејзината приказна. Да ве охрабрам сите што доите или сте завршиле со доење да си направите еднаш годишно ехо на дојка и мамографија ако има потреба. Не штедите за тоа, идете кај најдобар доктор што знаете. Знаеме дека се чека за термин по два три месеци ама еве со сестрами секогаш закажуваме однапред, пример мојот термин е за август, сестрами најде за подоцна малку. Важно е да се оди еднаш годишно. Правам редовни конторли ехо на дојка од 26 години, немам историја, но живееме во мн лошо време. Убав ден се надевам дека неколку од вас ќе си закажат преглед.
Луѓе, дали е можно бебето да ми фали додека спиеме? Се будам потсвестно бидејќи ми фали... Го светнувам телефонот како ненормална во 3,4 сабајле и си ја гледам како спие во креветче до мене. Така некој спокој ми дава, па ќе се расплачам од среќа и ќе си заспијам пак. Јас сум од мајките што бебето ич не се буди воопшто, ама јас сум ненаспана од што ја гледам како спие.
Моето бебе се буди и пак штом завршам некоја работа набрзинка, си ја гледам како спие и чекам да се разбуди. Некогаш и слики си гледам од неа додека спие
Иста сум хахахаха. Се будам да ја видам. Ќе си ја видам ќе си речам во себе само ти да си жива, здрава, друго небитно. И ќе продолжам да спијам.
Спиеше кај моите една вечер и пукнав. Ама немаше избор, мораше таа вечер да спие. И ми викаат што спие со вас сите околу, али мене ми е убаво. Пробувам да ја вратам во креветче, ама да ми плаче дете неможам бее.