Кај имам пишано дека сакам второ дете да избрише модератор сместа. Ќе се фрлам од тераса овие денови не издржувам веќе. Кога беа грчевите не бев толку измалтретирана се надевам дека се заби и ќе искочат оти не можам да издржам. Прво почна со вртењето на двете страни и не можам да ја оставам ни секунда вчера зема стигна до трпезарија се фати за ногарката на столот и лиже После почна да плаче кога не ме гледа, значи јас да седам до неа ќе си игра ама не дај боже да станам. И врвот веќе трет ден вришти, плаче, се корне, спокојна е само 10минути после спиење. Вчера заспа во 22ч првпат после 3 месеци. Нормално ние двајца се испокаравме изморени и нервозни. И викенд имавме букирано, откажав. Ставам гел ама не знам како може да има ефект кога она секундарно го лиже. Сега дадов далерон пола доза, се смири. Rant over.
И јас сакам да се фрлам веќе некое време Како позна дека е од заби? Јас само ја чепкам ама не ми изгледа така, а исто доста кенкава е
Дојди да се гушнеме. Сѐ ова што наброја плус уста не отвара за јадење ни солид ни млеко. На педијатар во понеделникот ни кажаа дека нема на повидок заби уште вака надворешно. Ние сме во 5 скок, 25 недела онаа со громчето. Ми се иде од тераса да се џитнам ама на први спрат живеам и ништо нема да постигнам.
Немам поима дали е од заби, не боцка, белки се горе на милиметар од непцето, ама глодалките ги гризе до чкрипење, кога цица мене ме гризе, цуцлите ги гризе, прстот си го мести таму. @baguf4e Ела си, на 4ти сум, сигурна работа цицањето е историја, имам замрзнато земав извадив сега и дадов од шише ќе ја скинеше цуцлата од тегнење. Нервоза страшна. Само повторувам Господи дај ми сили зашто ќе скренам со паметот.
И кај мојата немаше ништо на изглед и утрето заб имаше. Во меѓувреме лиги еден тон, и гризеше се што стигнеше, значи гризење насилничко, ко да сака парче да откине.
Ние сме на сам почеток ама веќе некое време како да сме во најжустрото, кујзнае што ќе биде во громчето Исто сме на приземје, ама ај може психички ќе ни помогне Леле се исто, знаеш дека може и така ќе е? Еве сеа земав ептен детално д аја испитувам има како белко. А за цицките да не зборам, толку не ме болеа кога не знаеше да фати како новороденче плус што сака да дреме на нив како на цуцла, навечер по 2 саати си дреме гопожа, ни цуцла сака ни ништо, само цицка Повеќе лиги имаше пред еден месец отколку сеа, да видиш чудо. Ама се се лиже се се гризе. Играчки, прсти, цицки, кога нема да погоди раката да си ја пикне зглобот си го јаде луѓееее
Јас сум со сличен проблем Ајде средив терен долу и решив да го изненадам мм со секси тајмс. Малава заспана во дневна. Почна се ок и ми светна дека таа сака спие и толку беше. Му викам извини не можам, со трчање во дневна кај неа. Среќа мм е разбран па само ме гушна и се договоривме следен пат да продолжиме смотана нели? П.С. Драм ролс- сме немале односи од септември.
Леле, браво за мт ама мм да ми го напраи ова го убив на лице сместа Се шалам @baguf4e Тоа шо живеам на приземје ме оддржа жива, џабе ќе скокам. Нема ни да се сокршам па барем у болница да одморам. Абе памтите кога реков ќе му купам на маж ми робот за да не се мачи? Епа сам си купи За секси тајм прва сум Договарам со моите вечер да џиткосам дете зашо збеснавме у стан. Шо да праеме освен да се сексаме Јебем ти лето. Ќе ја носам у Маврово нареден викенд ( ваљда )
3 години веќе го правам тоа. 2 години откако едвај чекам да заспијат и кога ќе заспијат ми фалат да се будни после саат време.
Ние се силиме преку ден, па кога ќе дојде времето почнуваме леле нозе не ме држат, ме боли глава, грб ај утре. И така скоро секој ден хаха
Одморот закажан, ручекот при крај, бебе заспано, мама може да се напие кафенце. Многу сум среќна што кога ќе одеме на одмор ќе биде скоро 7 месеци, сѐ надевам ќе седи. Кашички готови ќе земам тогаш здравје. Уште блендер и намирници само за него ми фали да носам, како не. И одмор ми е, не мислам да готвам. Немајка . На тема секс, исто како што кажавте. Преку ден само зборуваме за тоа а кога ќе заспие синко, штурци. Ама глава ме боли, раце ме болат, не сум спиена. И на крај заспивам доцна гледајќи го како спие и вртејќи тикток. Сабајле сите ми се криви. За чудо овој пат успеав да начекам некои интересни парчиња за бебе од попустот на Зара. Веќе не отварам онлајн страните, мислам сѐ ќе нарачам. Сѐ ми е слатко. Господ ми дади син и пак некако се контролирам заради shit облека што да имаат, ама да имав ќеркаааа, мислам ќе банкротирав на алиштенца до сега.
А само ли јас таква не желба за с*кс имам ли? Уште од бременоста, либидо во - бесконечност. Си викав ајде трудна, страв ми беше не знам што, на крај па на мм му беше страв, ама очекував да ми се врати кога ќе се породам. Ама не бе, абе едно време серија кога гледавме ако имаше некоја секси сцена ќе ми залеташе мозокот таму, сеа мртов коњ сум Мм пустиот се погоди со големо разбирање, ама па го жалам по малце
Што правите ноќе??? Абе не сте нормални, спијте таму додека ви спијат децата. Од сексови и ние само се договараме за секс Обично се дешава откако ќе ги однесеме во градинка ама во последно маж ми цело време продолжува во канцеларија, па така нервозни сме со денови. Вечер касно доаѓа ама ќе го почекам да се смириме
Хахахаха и јас читам си викам море само нека спиееее ќе чекам 8на насабајле да ме разбуди, ќе си ја гледам преку ден. Ама не спие мојава поише од саат ипол. Шмрц