Оваа мајка почна на работа од вторникот )))) И 3 дена ништо не работеше, па сега ќе работи за викенд, таман татко и да ја чува. Денес мм е од дома и е слободен, па си игра со неа ја занимава, јас сум само кравата Милка за да можам да сработам. А јас, седам на лаптоп и плачам зошто не сум јас таа што ја игра и на која и се смее. (Нормално сакам да го прави тоа со мм не ме сфаќајте погрешно, цело време си се дружат, ама јас моментално сум ПРИНУДЕНА да не бидам). И така... Алал нека им е на мајки што работат доста брзо после пораѓај. Ако не се лажам @LadyR мислам дека ти работиш веќе? Како!? А отказ не ми се дава не од финансиски аспект, туку знам дека тешко ќе најдам пак ваква работа..... оффффффф, се било тешко кога си мајка, не само чувањето дете...
Си шета другарка ви денес по цело Скопје со неразмачкан фактор на чело и се чуди зошто и упатуваат чудни погледи, толку ли е секси. Се додека маж не кажа Абе имаш нешо на чело, самодовербата ми беше катаљон у небо крената Толку е постот. Смејте се @lala15 Прибра нешто за машкиве? Јас вечер ќе носам за женските облека и обувки. @baguf4e Не се брзај ти, јас уште 7-8 пати ќе идам до кај нив сигурно. Денес ќе одам да "опипам" од домашни производи шо им фали да докупиме сите шо се понудивте
Ќе почнам да збирам и малиов ѓавол ќе викне да плаче по мене… ќе соберам викендов дур е маж дома и ќе ти пишам на вибер.
Кажете што да правам со килажава, качи се на вага све потешка... 72 сум. Дома дојдов со 70.5... и еве во овој месец ипол сум качила а да кажеш јадам нешто редовно или многу количински... прво јадење во 12-1 до тогаш со кафе. Ама физичка активност нула. Шетав кога беше поладно, сега ова спие до 9 и јас тогаш станувам, мм ја превзема сабајле ја храни пред раб и ја успива ми ја остава во креветче во спална и она ме буди кај 9... Претпоставувам и неспиењево делува еве денеска од 5 ипол сум будна а еве го 1.. се бањав се средував некако време за мене они спијат. И во 4 кога станува за јадење се будам, они запиваат јас неможам, ако заспијам кај 6 кога ќе ја земе ќе поспијам до 9 ако не еве вака како денеска гроги. Дајте ми некоја насока, некоја програма... и да почнам да вежам неможам да се трпам, дека и лежев мн цела бременост коленава болат све боли.
Тоа е грешката што не јадеш редовно. И јас мислев дека ако јадам еднаш, два пати ќе ослабам ама тоа е заблуда. Многу касно ти е доручекот. Треба да се јаде редовно знаци доручек, ручек, вечера по можност со ужина измеѓу. И јас некогаш не доручкував и дури претпладне ќе јадам. Почнав сабајле да јадам овесни каши, има различни со ванила, малини, рибизли само топлиш вода и мешаш, толку. И ме држи до некое време. Кога ќе ми се пријаде земам некое овошје и така малава почна со вкусови па покрај неа ќе јадам и јас. За ручек тоа што ќе има дента. Вечерата само не ми е редовна пошто се научив откако се породив да не вечерале пошто во тој хаос на почетокот не ми ни текнуваше на јадење и гледав само да легнам. И сега понекогаш вечерам. Почни вака light прво па можеш да видиш и режим некој. Прво да се навикнеш на редовни оброци што малку е потешко заради немање време знам
Можеш да пратиш внес на калории и да јадеш се или да внимаваш на комбинирање на јаглехидрати, скроб, протеини такви работи
Ќе се мериш наасабајле, не навечер. Си јадела, задршка на вода дури до две кила може да имаш разлика со сабајлечко мерење кое е најверодостојно, на гладно. Нејадење прави контра ефект, само полошо и ќе направиш, ќе си ја ослабеш крвта.
Ако не доиш пробај со фастинг. Јас после пораѓај ослабев 27 кила. Сега веќе е 1 год поминато ама на пораѓај имав 84 кила, после 7 месеци 57. Се уште практикувам и не сум мрдната од 57.
Јадам од 11 до 8. Сега веќе за викенд не сум на фастинг, само преку недела, на почетокот секој ден. Е битно е и што јадеш. Јас живеам на галети, салати и овесни од сабајле. Друго ништо не јадам за доручек. За ручек знам да си каснам пица некогаш. Благо исто после ручек знам да си каснам. Со тек на време си се навикнав вака. Пред колку време си породена? Јас почнав негде после 2 месеци.
@Ladyme фастинг е одлична работа но само ако не доиш. Јас пред бременоста ослабев некое килце за 2-3 месеци. Прво почнав со не толку строг фаст па си го кратев прозорот кога јадам. 8 саати прозор е одлично ако можеш, а ти ќе си видиш од колку до колку саат ти е најдобро. Кај мене и со 10 саати имаше резултат пошо јас сум ептен голем грицкач. Може да јадам оброци ко врапче ама со грицкање да внесам повеќе калории него со оброците.
маж ми ми вика не се слабее со јадење (јадам 3 пати гледам да е поздраво) му викам а како се слабее? Одговара - СО НЕЈАДЕЊЕ. @Ladyme мораш да воведеш физичка активност за почеток пешачење после недела дена лесни вежби. Не за друго туку за општо здравје. Доручекот мора да ти е во првиот сат одкако ќе станеш. Добар ден женички. Дојдов да поздравам накратко додека пијам кафе. Викенд лето обично е пола за домашни обврски пола за одмор/шетање. Овој викенд изгледа ќе го понинеме во домашни обврски. не стасувам преку недела се да сработам па мора вака
на 11ти 3месеци одкако се породив, не дојам... и јас така кај 12 овесна каша со аронија брусница малини јогурт и путер кикирки или салата и после ручек кај 5-6 (месо парче или риба со ориз, компир, манџа или тестенини со печурки) и вечерта ми се јаде кај 9-10 више... тоа е маката дека касно почнувам и три кафиња пијам... вода многу. Ама физичка активност нула. Ајде пробав со намалување калории... пишува треба да јадам 1200-1500... а сум мерела јадам 1900-2000. Шеќеров да го отфрлам... хранава ми е јаглехидрати мн, едно месо само што внесувам.
Јас за 4 недели симнав 5кг.Почнав пак со протеинска исхрана од сабајле јајца,јогурт,овесни снегулки,протеинсли палачинки.Ручек секад ми е стек,телешко месо ,риба некад комбинирам со ориз и компир и салати.Вечера јајца,јогурт ,протеин.Вежбам дома 3 пати неделно по 40мин и пешачење.Леб не ,благо само некое здраво ако направам е сега дека жешко знам некад сладоледче едно зан да изедам сепак имам душа.Сокови само цеден лимон ,вода многу и овошки по една на ден.
Движење, само движење е мајката. Почни со ептен бегинер френдли вежби по 15-20мин имаш од MadFit јас од тие не се не ни изморував. Барем 3 пати неделно после накачувај, иначе секој ден пешачење му е мајката. Јас знам и јаже да скокам ако ме мрзи сеа нешто вежби да комбинирам. Од јадење скрати леб, газирано и благо. Ти пишале погоре одприлика што како. Овесни со јогурт мене не ме држат гладна сум после 30мин, јадам јајца најчесто омлет со сирење и маслинки/спанаќ или со тортиља знам дека нема да сум гладна. Јас 4 пати јадам јајца неделно 3 пати јадам овесна каша оваа е со вода: - од вечер ставаш 3 суви сливи во вода да се киснат. Сабајлето - 3 лажици овес се потпуваат со топла вода и една лажица мед оставаш да ја упијат водата - во блендер ги ставаш сливите, едно големо или две мали рендани јаболка, една лажица ленено семе и лажица цимет, ставаш од водата од сливите малку и блендираш да добиеш смеса како каша, додаваш вода ако е суво. Го ставаш ова над овесот и една лажици ореви одозгора, мене ми е превкусно. Ручекот нека ти е месо/манџа било што што јадете дома и многу салата. Вечрта пак салата ако мислиш дека нема да те држи само салата додади едно варено јајце или парче месо ама помало. Да видиш како ке почнеш поубаво да се чуствуваш. И задај си предизвик на пример денес да испија 2,5л вода или 2л вода и 500мл чај некој. Јас варам чај и на ова време го пијам ладен. Да испешачам 7000 чекори, наредна недела 10000. Почни со едно нешто со мали работи што знаеш дека ке ги оствариш и ке се почуствуваш горда на себе и ке имаш мотивација да продолжиш.
на тој начин крвта се ослабнува а не килажата сегде кај и да погледнам во програми за исхрана има 3 оброци плус 2 ужинки. И луѓето си слабеат. Си викам како бе така со 5 јадења а јас со 2 до 3 ко стока сум се направила
12 дена сум со калориски дефицит до 1300 калории на ден и сум ослабена 2 кг. Плус вежбам 3-4 пати неделно, ама и само со дефицит се слабее. Не само што слабеам, се чувствувам полесно и не сум подувана 24/7. Многу е замарање дефицитот, јас мерам намирница по намирница на кујнска вага што јадам и внесувам во апликација точно до грам од се, дури и кога готвам само со маслиново и тоа го внесувам колку сум конзумирала. И ручек кога правам за дома до грам мерам и во апп креирам мој рецепт и додавам намирници да ми каже колку е цела тава/тенџере и сл. Јадам од 9 доручек до најкасно 9 вечера. Немам многу време да експериментирам со храна и да готвам којзнае што, најчесто сабајле е варени јајца, тонус, хумус, кајгана без масло, житарки не јадам никакви ама може и тоа, овошна салата без банани. За ручек најчесто печено пилешко, интегрална тортиља со урда, печурки, маслинки, манџи со месо со макс 2 лажици маслиново, компир и ориз на минимум ми се, зеленчук многу, вечера пак исто ко доручек слично… благо и леб исфрлив скроз, само тонус по две кришки на ден јадам, тоа е околу 120 калории. Измачување невидено е, гладна сум и нема да лажам дека 1300 калории ме заситуваат и дека цутам од среќа ама морам да ослабам бидејќи не се трпам сама себе. Може не сум ептен сита, ама се чувствувам поубаво внатрешно. Ако ме прашаш како имам време со бебе да мерам до грам, немам многу време и затоа исхраната ми е доста еднолична и јадам додека спие (фала богу почна да спие сама и со подолги дремки).
Да да, тргнав на работа 2 ипол месеци после пораѓај. И хибридно работам, некогаш од дома - некогаш од канцеларија. Како ми е - не прашувај. Поради работната позиција, можам сама да си го правам распоредот, и тоа ми е олеснително. Ама има денови кога морам да одам во канцеларија и се враќам во 9,10 навечер и она веќе треба да спие. Има денови кога знам дека ќе ми биде полабаво и си ја зимам со мене на работа. Се' на се', ролеркоуст со емоции хаха. Сега на градинка кога ќе тргне, кој знае како ќе биде... Ми помина низ глава да баталам работа неколку пати... Ама стискам заби, примањата ми се многу високи, пари требаат сѐ повеќе во ова време. И така, си минат месеците. П.с. тераме втор одмор летово. Прв пат сме во Јерисос, и дефинитивно нема да е последно. За бебе, за мирен одмор - перфектно ми е. Вода пречиста, мирна плажата топ. Ако некој се мисли каде со бебенце, топла препорака.
Епа брат ми е Охрид, јас му спомнав за ова, го чекам да се врати па да селектира, ако е можно да почекаме уште малку, ако треба и јас ќе однесам да не се малтретираш ти.