Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    7.174
    Допаѓања:
    11.785
    Пол:
    Женски
    Едната ја смешале во болница.:rofl:
     
    На Lady Miami, Ladyme и baguf4e им се допаѓа ова.
  2. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.721
    Допаѓања:
    17.666
    И јас сум од тие што се опседнати со храна, само јадам и пак сум гладна.
    На пораѓај отидов со 75, еве 2ипол месеци скоро подоцна сум 71. Јадам како дупната и дојам. Веќе втора недела вежбам 4-5 пати, по 20тина минути, пола саат тренинг, и гледам повеќе протеини да внесувам иако грицкам и јадам благо уште :|
    Сега пробувам да ставам ред со вежбање да бидам редовна и да ми стане некоја навика, па ќе се фокусирам после и на храната. Двете заедно ако ги почнам ту мач ќе ми дојде и ќе баталам се.

    Криво ми е лани пред да останам бремена си обновив цела гардероба, сега ништо не ме собира и не ми стои, а не ми се купува ништо за после да не ми биде точно |(
     
  3. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.481
    Допаѓања:
    10.907
    Пол:
    Женски
    Јас ќе да сум смешана оти и мама и тато се слаби. Мама ме има родено со 65 кила, идење дома шланк 50. Висока е 175.:D
    Јас изродче, генетика од пратетка.
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Зеленоокатаа

    Зеленоокатаа Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2019
    Пораки:
    275
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Исто и јас. Полесно ми е и мене кога си има некој ред. За да дојдеме до тој ред, јас и мм сме биле тие што секоја вечер сме се воделе стрикно по правила. Утре никој нема да дојде да ни помогне и да не праша како ни е. А знам дека скоро цела фамилија се лутат што се водиме по некој правила и мора така само да биде. За хранењето на прозор пиленциња да гледала или на телевизор цртани и така ќе сака да јаде...нека не јаде ако не и се јаде.
     
    На MeowMeow, Carolin., Калатеа и 5 други им се допаѓа ова.
  5. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.662
    Допаѓања:
    9.584
    La Mer и Dallas Boutique House за овде ти ги препорачувам. За други не знам. Ама во глобала се куќи/мотели по 2-3 ката најмногу. Нема хотели, комплекси и сл во местово.
    Мене ми се допаѓа ептен. Водата е мирна и чиста, а целп време некое ветренце има што дува дискретно, ептен пријатно. Ние бебе не го носиме дома преку ден, на плажа сме од сабајле до вечер.
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  6. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    7.196
    Допаѓања:
    22.579
    Пол:
    Женски
    Јас да не сум сестра ти? :hai:
     
    На baguf4e и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  7. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.678
    Допаѓања:
    5.903
    Еден ден ќе си благодарна сама на себе што си си направила таков ред. Нема поголем благослов од дете што спие и јаде со ред. Гледам другарки, деца им легнуваат во 11, 12, некогаш 2, 3...па ако треба да терам со години така ќе цркнам бе, у 9 ако заспијат ми е касно и се осеќам како воз да ме прегазил. Гости може и 100 да имам, ако на деца им е време за спиење, деца легнуваат макс пола саат покасно од нивно нормално време. Превртување очи и коментари не ме допираат. Прифаќам дека за пуно работи сум била стегната и строга, од денешна перспектива за некои и сама на себе си се смејам, ама редот за јадење и спиење ми е најголем успех во мајчинство до сега :D
     
    На strelec231992, MeowMeow, Izzy_0504 и 17 други им се допаѓа ова.
  8. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.304
    Допаѓања:
    12.940
    Пол:
    Женски
    Знаев дека кај мене и овој пат доење и слабеење нема да одат. Едноставно ми се прави задршка на течности, немам добиено, па и да се откорнам вагава не мрда. А вратена сум на стар начин на живот. Единствено грешам што после доручек морам нешто благце малку, ама морам.
    Е мене и тироидава ме еба. Втор пат од хашимото и хипо, имам постпартален тироидитис, влагам на кратко во хипер, па ме треснува хипото од земја. И како на оваа флуктуација од хормони да е човек ок. Знам дека година ќе ми треба минимум за да се врати тироидава во нормала.

    Инаку сакав да кажам за фастингот. Терам фастинг повеќе од 2 години, начин на живот ми е. Во бременост го намалив прозореџот на 13-14 саати фаст, инаку 16-17 стандард терам. Не го гледајте фастингот како начин на слабеење, туку како начин на смирување на организмот, на враќање на хормоните во рамнотежа. Настрана инсулин и гинеколошки хормони, тироидата ја доведов ептен во ред. Јас сум со баш напреден хаши, околу 25% ми е функционална жлездата, па фастингот меѓу другото тотално ја смири. Е сега бременоста втор пат ми ја зезнува нехумано многу, па се борам со невидливи демони.
    Ама секако ако се ждере се што ќе дојде при рака во текот на денот ни 72 часа фаст не помагаат.

    @baguf4e 6 години сум со таков ред. Мојава и ден денес е 8 ипол во кревет. Гости најкасно до 7. Сега со бебе гости најкасно до 5.
    И нема поубаво.
     
    На Калатеа, Viktorijaaa5, Carolin. и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    7.174
    Допаѓања:
    11.785
    Пол:
    Женски
    Си сменила профилна, не те познав. :rofl:
    Еве да те утешам кај мене нема проблем со тироидната, ама јас не слабеам со доење, слабеам со незастанување. Како слабеат од доење, нека дадат рецепт. Иначе и јас имав многу задршка на вода и од кога добив, мислам се преполовив. Сфатив дека сепак ми фалело добиено и нема ништо поубаво од кога ќе се прочисти телото.
     
    На merriel0, Spidy, baguf4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.304
    Допаѓања:
    12.940
    Пол:
    Женски
    После години ми текна да ја сменам :)
    Ако и сега добијам после 8 месеци ќе цркнам. Толку да ми фали не знам. Нешто почнаа по малку, ептен суптилно, периодов да наболуваат јајници и минимален исцедок да имам, па си викам ај може ќе биде. На гинеколог бев на 6 недели абер немаше. Сега закажав на 4 месеци, ама откажав јер дете имаше приредба во исти ден. Приоритети тоа е :)
    Па се потресував со тестови за бременост. Среќа негативни. Па сега си викам а што ако рано се направени, немам никаква ориентација, а јас да сум си трудна и да поминуваат деновите.
    Стварно не знам како ме трпи маж ми.
    После одмор здравје.
     
    На Feniksgirl и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  11. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.481
    Допаѓања:
    10.907
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно, редовна до ден ми е откако се породив, пред тоа ми варираше циклусот од 30-35 дена, а сега на 28 како швајцарски саат. Може ми е мачно од болки, ама кога ќе добијам после тоа ми е толку лесно и на организам и расположението ми се менува драстично.
    Јас грешка правам што не пијам доволно вода, не знам зошто не наоѓам време, се нешто низ дома правам и заборавам. Максимум 1 литар на ден освен ако вежбам тој ден повеќе да испијам. Дајте финта за да пијам повеќе. Телото ми прави задршка од што сум дехидрирана ваљда и не слабеам ко што треба.

    Инаку, од многу работи се имаме лишено со маж ми за да го имаме овој ред, бебе одлично го има прифатено и функционира. Сите сме генерално наспани и одморени. Еве лето е, претешко ми е што многу слабо шетаме ама ред и рутина не и менувам по ниедна цена, моето не е од тие бебиња што спијат во количка па ај ќе го преместам. Секој коментар е “па ти шетај она ќе си спие во количка и премести, ај па и ти уште со кокошките ја легнуваш”. Гледам овие денови околу 6 да ја изнесам со кола до мол или негде на кафе во длабока сенка, утре ќе ја однесам на планина малку и така ќе искомпензираме. Не е крај на светот. Минатиот викенд првпат ја оставивме бидејќи бевме на свадба за чување, мајка ми скроз истата рутина со саат и ја терала, се вративме со заспано бебе и си легнавме и ние (пијани ѓон:D).
     
    На QweenSM, Калатеа, Зеленоокатаа и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Ladyme

    Ladyme Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    1.751
    Допаѓања:
    3.732
    Пол:
    Женски
    Јас трет месец по царски и еве трет пат добивам.. пак ненормално обилно, пак 3-4дена порано. Туку вчера ја оставам во креветче по чудо ја заспав во нејзината соба и идам во дневна седнав на тел да допијам кафе и станувам осетив ладно кога ќе се видам ѓаќи, кратки пижами, тие за седење флекерите све направено. Побогу ми се поремети циклусот, прв ден капка сум имала па до вечерта малку така поинтензивно. Вториот циклус 8 дена и капки пиев егрометил, сега ми вика докторкава ај пробај калциум кесички да не земаш на секој циклус тоа. И ме обори денеска целосно омалаксана и топлово и мн крв тече... Раат бев 8 месеци (waiting)
     
    На Baby warrior и thinkerbell им се допаѓа ова.
  13. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.304
    Допаѓања:
    12.940
    Пол:
    Женски
    Исто, не менувам рутина никогаш. Сега е поголема па знае и да поседи некогаш покасно, настапиве што ги има се покасно исто некогаш, ама тоа се исклучоци.
    Кај бебе па нема теоретски шанси да менувам. И на одмор кога сме не менувам ништо.
    Исто ме нервира муабетот па стави ја во количка и шетајте. Не можам да им објаснам на луѓе дека овие 6 години не ми е баш ич гајле дали има ноќен живот одредено место. Гледам да е мирно за деца.
    Не е дека сме забаталени со маж ми дома цело време, ама вечерните излегувања ни се најчесто посебно. Некогаш, ретко, ангажираме родителиве за да излеземе како луѓе, па имаме душа и ние.
    Лани пред да останам трудна, оставивме дете кај моите и со брат ми и снаа ми правец Штип на журка. Се дрвосавме како тинејџери. Маж човек од принцип, не пиеше, не возеше додека рикавме како стоки на Полско цвеќе од Тоше. Па кога не виде мајка ми, па кога почна да не кара, да сме се засрамеле, што идиоти изгледала :)
    Па си земав дете од кај нив и ја разбудив од кикотење. Ама она си беше во 8ипол заспана.

    И тоа е се што можам да кажам колку ми е интересен животот. Бев на журка. Лани.
     
    На LiquidLuna, Giovanna, Baby warrior и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    7.174
    Допаѓања:
    11.785
    Пол:
    Женски
    Мене после 7 месеци ми дојде.
    Не знам, се одрав со сила вода да пијам… ми се повраќа значи од толку со сила.. и пак немам желба никако да пропијам.. ништо од течност не само вода. Иначе не менувам рутина, ама не се притресувам веќе толку, и да ти кажам абе сама бара да спие тој период, кенка не тегне да ја носиме за спиење.
     
    На baguf4e, Трагедијаупмм и thinkerbell им се допаѓа ова.
  15. angel4444

    angel4444 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2016
    Пораки:
    898
    Допаѓања:
    1.187
    Пол:
    Женски
    Омг, исто до збор особено последната реченица :D
    Уште од како е роден заспиваме 7ипол-8, ретко 8ипол се случило.
    На прсти на една рака се брои да станал у овие 11м отпосле - со исклучок на периодот со грчеви, кои и тие кратко траеја. Имам избркано не знам колку гости вклучувајќи ги и моите и неговите без око да ми трепне. И на почетокот сите се смееја со мене као денес така се погодило, утре којзнае кога ќе ти легне, па ќе порасне, ќе менува и слични глупости. Од самиот почеток на воведување храна најстрого запазивме ред без исклучок кај и да сме, доручек 9ипол 10, ручек 14, вечера 18ч. Измеѓу 4-5 подои.
    Тргнав и на работа, со воведениот распоред немаме никаква мака. Секогаш е најаден, мирен, спокоен.
    Исто денски има 1-2 дремки по саат просек. Ноќе спие 10-11ч без ниедно будење, раат сме сите тројца..Баш братучед му на маж ми живее под нас и цело време не зеза - Абе вие имате бебе или немате? :rofl: А сите што ме правеа будала, шетаа по гости по надвор по молови до 10-11 навечер, кога како им текне така даваа јадење дали доручек дали ручек дали утнале 2 саата па измеѓу експерименти ужинки, деца моментално заситени, но ненајадени, вечерта гладни и нервозни им се спие од умор..еве ги со месеци у колосек не можат да се стаат..Баш прееска се видовме со другарка, бебушите ни се разлика 2 месеци. Они живи ненаспани, утепани, дете дехидрирано, одбива и храна сега дека топло, ненаспан, нервозен, греота и они и он.. Дури сега на 9м им текна ред да воведуваат (waiting)
    И секако неуспешно. Малиот легнува во 11ипол-12, станува во 1, 3, 5, 7 секоја вечер...
    Ми вика за второто ќе знам, сега мислев дека ништо не разбира нема поента да воведувам ред уште од толку мало :handshake: важи сестро, терај :rofl:
     
    На le.soleil, flower55555, Baby warrior и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Kala22

    Kala22 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    1.059
    Допаѓања:
    1.347
    Исто тераме и ние со рутината и доста сум строга во тој поглед зошто ми е многу полесно. Е единствената мака од рутината ја видовме на одмор сега кога бевме :D Бебе научено да заспива во креветче и во 7 и немаше шанси да шетаме навечер во количка па да ја префрлам. Денот ни завршуваше во 8 и тоа е тоа. Првиот ден од што и беше се ново и од пат не застануваше и никако не можев да ја заспијам и маж ми демек ај во количка надвор, она кога викна надвор леле враќај се назад во апартман и за 5 минути заспа :rofl: И си се помиривме дека таков ќе ни биде одморот годинава :D
     
    На Carolin., angel4444, QweenSM и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    9.906
    Гости уопште не примам :rofl: Шала на страна денот ми е прекраток, додека си дојде маж ми ручек последна дремка малку да прошетаме и време за спиење. Гости многу ретко имаме и ако знам дека треба да дојдат се договарам во термин кога ќе е будна. Среќа до сега сите разбрани биле. Кај свеки идеме ние на еден саат максимум еднаш неделно, доста и е :rofl: Моите ми се подалеку па си одам на викенд поседок.

    Од рутината не отстапувам каков сака настан да има, толку време се мачев да заспива рано сеа да фрлам се во вода за 2 месеца оти лето. Префрлања има особено од други родители чии деца во 22ипол се уште во кафичи дека сме се затвориле дома откако сме добиле дете. Не се објаснувам, само се насмевнувам, велам е да така е и толку.
    Сеа со забите 2 дена заспа покасно, еден во 22 еден во 21ипол јас бев преморена, ми требаат тие 2 саати за мене, да се средам нешто, туш, да се видам со маж.
     
    На Annath, Carolin., Зеленоокатаа и 4 други им се допаѓа ова.
  18. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.481
    Допаѓања:
    10.907
    Пол:
    Женски
    Знам, така ќе биде и кај нас. Ќерка досега максимум издржала да не заспие до 21, бевме на детски роденден па си дојдовме во 20:30 и по патот назад беше урлање и плачење за спиење, дома заспа за 10 секунди.
    Таа си е навикната во 20ч и се друго и е касно.
    5 скок малку ја ремети ама ајде уште оваа недела. Синоќа во 3 си се разбуди, ни правеше подкаст до 4:33 точно уста не затвори абабаба асаааа абабабаб кајкајкај се изназборе со ништо живо неќеше да заспие и наеднаш тупна глава на душек и се успа.
    Денес сум како пијана, секоја чест на мајки што цело време вака им се будат децата, многу е зафркнато.
    Инаку од сите мајки што ги познавам уште на почеток имав совет да не и правам ред до годинка, па тие ништо не разбирале, менувале цело време, не се држеле до распоред. Јас во ова не верувам, колку и да менува некои навики воведени од многу мало прават и нас и него да му е полесно.
     
    На Carolin., Spidy, Feniksgirl и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    9.906
    Ние раниот подкаст го фативме, првата епизода од 12ипол, ама повише беше треш метал концерт:rofl:
     
    На Feniksgirl и baguf4e им се допаѓа ова.
  20. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.389
    Допаѓања:
    34.994
    Пол:
    Женски
    И јас не отстапувам од рутина, без разлика зошто било лето.
    Заради тој ред и што ми заспива во 7, имам малку време за себе и за маж. Кој што сака нека збори, не му менувам рутина дека било лето или па дека сакал некој да го види.
    Не сме излезени од дома, нема кога. Пекол е. Може не ми беше сеедно на почетокот ама сега се помирив дека со мало бебе е такво, мораш по него да се орентираш.
    Па и големи тикви ако не сме шетале. Има време, здравје цел живот ќе се шеткаме. :)

    Искрено, јас не знам како го сакате летото и жештините. Јас мислам ќе цркнам ако не е климава.
    Да ви кажам едвај чекам есен/зима, барем ќе можеме и денски да се шеткаме на сонцето.

    На одмор ќе одеме крај на август, знам дека и тогаш рано ќе ми заврши денот и тоа е. Моето дете е многу лесен на сон, нема шанса да го преместам од количка во креветче а да не се разбуди. Додуша ќе го пробам еден ден кога ќе одеме ама тешко. Само ќе го расонам.

    Со мало дете неможеш да имаш сѐ, го сфатив тоа многу убаво.
    Секоја чест на бебињата што спијат цврсто и не сеќаваат ништо, верувам дека е по олеснително.
     
    На Carolin., le.soleil и Зеленоокатаа им се допаѓа ова.