Мислам дека никој не иде контра за совет туку баш самиот момент колку мајки пишаа кажува колку секое си е различно.Можеш и 20 деца да родиш и да речеш искуството ми вика вака ама пак прирачник за бебиња и деца кој одговара на сите не постои.Патем до 10 вчера не се дишеше кој црн воздух го има во Скопјево бар.
Исти сме, 5 месеци имаме. 3 дремки има и последната му завршува кај 4:15 или 4 ипол најдоцна и џабе, дојде ли 6/6 ипол максимум почнува да плаче за да се бањаме и да спиеме. Не издржува повеќе. Пробав неколку пати барем да можам 7 ипол да го бањам, за да легнува кај 8. И дремката последна пробав да му ја подместам ама не. Тоа беше врескање страшно. Не сака и тоа е. Ама како што кажа Биба, деца и ќе менуваат допрва. Моментално сега вака му одговара, па се водиме според него нормално.
Факт е дека сите се различни. Ќерка е од тие што јадат и мене ми е несфатливо цел час да седам на маса и да се молиме. Кај нас оброк е просек 10 минути еве максимум 15 нека се. За друг нормално е цел час седење. Минатото лето заспиваше околу 20:00, се нервирав оти не можеме да излеземе и ништо да направиме. Годинава тоа е во 22:00, повторно се нервирам оти кај нас е цел час успивањето и после немам сили за ништо. Е како ќе се променува тоа понатаму, ќе видиме. 300 промени сме претрпеле последните неколку месеци. Инаку кога е дома, ако не можеме подалеку да одиме, си има на балкони оспособени места за игра, во двор исто така да барем летово добар дел од времето е надвор. И во градинка барем по 1-1,5 час меѓу појадок и ручек се надвор што баш ми е ќеф да не се затворени цело време.
Мислам дека за помали деца и бебиња беше муабетот.. и ние лани не се задржуваме до касно зашто го фаќаше криза за спиење ама сега сме надвор до покасно. Друго е тодлер веќе со многу енергија што сака да се изнаигра. Мојот секако околу 9:30 ќе заспие, и дома да сме и да излеземе, вака надвор поинтересно е и поубаво кога ќе не фати воздух малку.
@AngelOfArh И јас еве две деца раснам, не зборам од памет. Накај 6 ипол години фаќа големото, се можно поминавме со неа. И не збори никој дека се затворени само во 4 ѕида, туку нема поента во менување ред само затоа што е лето. Насабајле саат два надвор е исто одлично време за прошетка, дури мноооогу попријатно и поладно од сабајле. Навечер пола саат, саат, а деновиве е толку пекол што и во 22 не се диши. Не се напаѓаме, кажуваме мислења. Мојот став е дека деге најкасно во 21 треба да е во кревет, мало бебе и порано. И се држам до тоа.
Мојов и во 5 да стане нема да преспие и пак ќе дреме до 100 саатот навечер. Не знам како издржува, мене глава ми паѓа. Ретко ептен ретко да преспие денски. Во градинка не памтам последно кога спиел. Така да некогаш и да сакаш не можеш некој ред да воведеш. До пред пола година заспиваше најдоцна до 9 и беше топ имав време да средам или да одморам, со маж ми да си погледаме некое филмче да си вечераме ко луѓе.
И мојот став е дека дете треба до 9 да е во кревет верувај ми ама детево мое е немоѓуче. Уште на глава да стоиме за да се убедиме за спиење. А ако му се згреши и преспие денски, охооо 11-12 фаќа. Инаку и јас мислам дека нема поента менување рутина дека е лето, можда макс пола саат. Ќе пораснат децата нема вечно да се мали ќе шетате сите. Сега е важно да растат здраво.
Ве читам за рутиниве и ви се дивам мн сакам вака и јас… мојата е 3ипол недели гледам 9ипол/10 да почнеме со заспивање последно и најчесто тоа е терминот за успивање па тераме до сабајле со будење нс 2ипол/3 саати за цицање. Од кога воведовте рутини стсндардни знам дека е мала и педијатарот ми рече новороденчиња до 11 пролонгираат успивање ама како да фатам ред ете како почнсвте вие и кога?
Јас да ви кажам од мое искуство. Детево заспиваше 8-8ипол најкасно и јас ајде лето е да поместиме барем еден час зошо нема поента да го вадам во 7 надвор, кога ке игра кога ке се бањаме кога ке спие. Епа се на нос ми излезе. Еден ден станува во 9 еден ден станува во 7 последниве две недели хаос сме со станувања, а пред 22:00 не е заспан. Ем презаинтересиран е за се, ем преморен е. Буквално се мислам да почнувам да го будам во 7 и да си се вратиме на стариот ред пошо ова мене хаос ми е, а и него. Плус сеа го фаќа регресија ноќеска имаше подкаст и он од 3 до 4ипол. И ептен се пушта со зборењето, се на се налет. Ако имате ред не мењајте.
Полека, полека ке фатите ритам. Сеуште е мало. Гледај последното цицање пред заспивање некој ритуал да имаш, туширање, бањање, газе перење, преоблекување.. па во темна просторија доење (ако доиш) и секое наредно будење после доење да го вратиш на спиење. Нема секогаш да ти успева и тоа е нирмално. Ке има ноќи ке се држите во раце и на града цела ноќ, ама така е тоа на почеток. Има бебиња во старт фаќаат ред има се им е наопаку. Ама движи се накај тој ритам што ти одг и ке најдете заеднички ритам. Со лесно мајка, и уживај колку можеш.
Јас на околу 6 недели и се запнав и тогаш почнав да ја заспивам за ноќта околу 8, 8ипол и теравме така доста време. пред 1 месец зошто бевме кај моите, па за Грција малце и се измести се, сега уште повеќе затоа што сега втората дремка и е мин два саати до кај 5, и после се бориме да дремне малце во 7 за во 9 да си легне. ама саатите во денот вака така си ги отспива битно
Сите си имаат своја семејна динамика. Секое дете е своја индивидуа и во самото семејство очигледни се разликите и потребите меѓу децата. Третово како и второто самото си кенка за легнување уште пред 7. Со таа разлика што второто се будеше на 2-3 саати, а третово еднаш во 4-5 сабајле некогаш и ниеднаш. Со првото беше борба за спиење. Заспиваше доцна и секој успех да заспие претходно беше само дремка и многу често се будеше ноќе. Иако од оваа перспектива после 3 деца се прашувам дали поради неискуство не знаев да ги прочитам знаците со првото, или можеби и навистина такво си беше детето. Никогаш со никое не се понашав војнички и не наметнував строги редови, секогаш тврдам дека бебето не знае да ги игнорира своите потреби и треба само да се следи. Сега бебе заспива до 7 ипол најдоцна, другите двајца до 8ипол, ни на крај памет не ми паѓа нешто да менувам. Шетаме секое утро оти сите се ранобудни и до 7 и доручек е поминат, на овие горештини пред 8 навечер не би излегла од дома, а тогаш кое спие кое е во фаза на заспивање и топ ми е. Никогаш по наспана не сум била. Моментално сме во Грција и овде е еден саат понапред автоматски, па сега така и заспиваат малку подоцна, ама тоа не го сметам за проблем ниту ми смета што нема да имам класичен одмор. Одење и јадење по таверни и коктели ноќе надвор ќе почека за понатака. Шетаме на утро, плажирање на утро, приквечерините се за тераса и спиење уште пред сонцето да зајде. Прилагодување кон нивните потреби. Лани кога бевме овде, еден ден изгубивме осет за време и завршивме во таверна со друштвото, во време кога обично спиеја. Кога се рассрдија двајцата, кога почнаа да плачат, да не знаеме што им е.. Еднаш таква грешка се прави.
Јас сум од мајките со строг ред од раѓање Мали некако од кога дојдовме дома заспиваше 7 макс ама зимско бебе па не ни одевме никаде навечер по загаденото. Летото јас уште на породилно тоа мало, фаќавме шеткање рано рано до 11 и после домче. Ретко навечер сме оделе на кафе, беба во корпа спиеше па префрлавме ама дали 2 3 пати така, се држев строго до тивко и темно. Е сега веќе 1.5г си покажува сам промена. Прекрасен ред има да не подречам со месеци ноќе спие цела вечер, заспива од 8до 9 преку сила (летово) и сабајле станува во 7-8. Ама ова ваљда си имаше ефект што до сега сме биле со ред па полека постепенко некако си го зголеми сам тој 1ч плус буден навечер. Шетаме од 6.45 до 8, доаѓаме брза вечера и бањање пижами и заспан е за 5мин. А може и ми се погоди не толку тешко бебе колку што зборев дека е За јадење кркач е пупу ручка макс 10мин и продолжува да трча. Викендов фативме Охрид. Пресреќен е си игра си шлапка вода,камчиња милина е Само уште да прозбори полесно да се разбираме Сега одам да допакувам и да бегаме, е само патување со него е хорор ич не сака да седи се нервира вика
Со првото дете и јас вака се удирав во гради дека му поставив ред од мал, се знаеше кога спие, кога се буди, кога јаде, се беше под саат. И така редот го држев строго како вас цело време, без разлика дали е лето/зима, важно неговите потреби беа задоволени цело време, а јас горда дека ред му ставив. Еве го, 6.5 години е, уште има 3 главни оброци и 2 ужинки со овошје, ноќе спие по 10ч, и преспиваше денски до 5.5 години. Значи, бебе и дете по книга. Ама малава сега, ништо не и се знае. На глава да застанам, се е џабе, нема никаков ред ниту пак можам нешто да сменам или да и наметнам. Едноставно, терам како таа сака, и како нејзе и одговара. Нема ред како што мислев дека сум поставила кај брат и, бебето си е такво и засега се водам по нејзините желби. Така што, се е убаво вака кога ќе ни се погоди едното дете и ќе држиме предавања како треба да јаде, кога треба да спие, кога да шета. Ама кога другото ќе испадне скроз различно, и потешко за гледање, тогаш сфаќате дека нема врска редот и желбата наша, туку секое дете си е различно и само си го ствара или не тој ред. Терајте си сите како ви одговара, нема потреба од препукување и во оваа тема. Да издржиме до вторник со пеколниве температури, од среда заладување најавуваат.
Да Ангел, шетање е многу битно, ама не заборавај дека не сите живеат во Скопје, некои (ние еве во лето) живеат на планина и децата им се 10 од 12 саати надвор и ако си легнуваат во 8 не значи дека не се нашетани. Како што и спомнаа некои мајки, некои деца може не идат во градинка па шетаат од сабајле. И факт е дека не сите деца се исти, кај некои еве и со труд и мака не се направил ред па тоа е, мора како родители да се адаптираме. Ама мислам дека е сосема погрешно да им го реметиме редот и рутината затоа што нас така ни одговара или пак да не се потрудиме да направиме ред зашто еве, плачеле, сакале уште малце да си поиграат, или ни одговара и нас да спиеме до 10, 11 сабајле.
Почни си од сега, иако е рано прај си секој ден исто, бебињата памтат многу и сакаат рутина. Ние од 9 недели имаме рутина и така е секој ден. Имаме и сабајле и навечер, веќе сме 8 месеци и она сама знае кога и е време за спиење. Кај и да е ќе почне да ја прифаќа рутината, ти битно прави си ја секој ден.
Збориме за бебиња кои не може да се надвор по цел ден. Нејсе, се изгуби контекстот на муабетот секако. На крајот од денот секој си прави како му одговара и апсолутно не замерам зошто не ни верувам дека некоја од вас ќе ме послуша. Мене ми е сулудо да го легнам во 7 за некаков си ред кога тогаш надвор тек се заладува, не знам, може јас така размислувам ете. Денес пример ќе излеземе во 6ипол и ќе се прибереме во 9ипол во најмала рака зошто големиот е на роденден во парк, а да го оставам малото дома ми е сулудо само за да не остане до 9 надвор, ќе го осудам на 4 ѕида кога може да се истрча надвор или да беше бебе да дише посвеж воздух. Секој различно си сфаќа, тоа е.
Таман си за да почнеш со рутина воведување, јас тогаш одприлика почнав можда некој ден порано. И мене првите недели ми заспиваше покасно па кога поместив бањање порано одма се навикна она и уствари само една дремка рипна. Сеа скроз се адаптираше така и од кај 6ипол е ќенкава и не издржува па до 8 макс е заспана
Ќе менува. Мојата еден период денски по 10-15 мин спиеше. Имаше и рекорд од 9 минути еднаш. Ама како растеше така менува. Сама си го прави редот, јас одам по неа.
има, мојата алал да им е на сите шо имаат ред, мојата заспива накај 11-12 и веќе сме навикнати така да фуниционираме и ние, голема е веќе, не успеав ни мала кога беше да фатам ред, се нервирав, пробував, се откажав. сега некад кога ќе заспие рано и ние не знаеме што со себе да праиме