Јас сум Хитлер за спиење И не ја шетам навечер кога е во градинка преку лето Зимо/лето, до 8 ако не е заспана лудача невидена е Станува рано ама па така функционира, јбг. Сама си го створи редот. Не дека не сакам да се шеткарам и јас навечер ама тоа ќе биде вриштење, а не шетање. И ако спие минута помалку од 12 саати, имаме наебано фамилијарно. Ѕрцките ќе ни ги извади.
Јас мислам дека и сите со ред што сме сигурно не е дека летно време сакаме стриктно во 7 да ни спијат. Еве јас ќе се земам за пример, имаше периоди кога заспиваше како бебе на почетокот 9-10 и сама помести на 7. Имало многу денови кога сум пробувала да поместам, некогаш успеваше кога имаше 4 дремки па да заспие во 8-8 ипол ама сега веќе со 3 дремки нема теорија. Испаѓа како на сила да ги легнуваме во 7 ама кога веќе така е навикано не ни останува ништо друго освен да се водиме по тоа. Не секое бебе може надвор да заспие па да се префрли во креветче еве моето не е такво. Шетаме наутро и кога е посвежо шетаме поручек до 6 и 45 и тоа е. Имам и јас сестра со 3 деца која е тотална спротивност во мајчинството од мене така да имам од кој искуство и пример да земам ама секое семејство и секое бебе си е различно. Верувам дека ниту една од членките што им заспиваат рано бебињата не ги држат дома затворени по цел ден.
Za spienje na bebe cel juli sum doma i spie do 09.30 sabajle a zaspiva kaj 23.30 navecer vo tek na den edna dremka samo od 3, 3ipol casa momentalno top mi e zasto dojdov do cel mesec odmor pa i da pospijam sabajle i da go prosetam navecer. Koga sum na rabota vo 07.30 stanuva go nosam kaj sveki a navecer kaj 21.30 zaspiva, ke si se vrati vo red brzo koga ke pocne vo 07.30 da stanuva. By the way vcera grmese kaj nas , ama se iseksavme vcera like a teenage ages.
Ете тоа е викенд. Минатиот беше таков кај нас. Откако престанав да дојам, се враќам со хормоните назад. А и килажта полека. Немам време за теретана, вака, со сексови планирам.
Синко денес после цел месец пак ќе го пуштам во градинка. Маж ми беше 3ипол недели на одмор, па после синко беше неколку дена кај баба и дедо дека се во куќа, се изнаигра нејќеше да се врати дома. Ама сите со работни обврски, а јас сама со двајцата тешко да додржам па затоа ќе си оди пак во градинка. Се надевам ќе се уморува и дека ќе станува порано, па ќе легнува и навечер порано. Вчера пак 11 фати. Станав порано да спремам ранец и да се напијам кафе да сум свежа и спремна за драми Еј ама сами 5 дена само со бебе беше рај, рај! Нема кој да ти рипа на глава, да се треска нејќам ова сакам она и да трчаш цел ден иако ми фалеше многу само си го зборевме.
За чистење прозорци, ние на прв спрат во зграда живееме, маж ми со тоа машината за кола миење под притисок, ги мие прозорците од како сме преселени јас прозорци немам гибнато
Р од ред немаме, нема што не пробав, едноставно децата си се такви и тоа е тоа. Се помирив и удрив бригу на весеље Звуци, нишкања, темна соба… уште sleeping fairly фали во соба и пак ништо. Не сакаат да заспиваат порано, и со дремки и без дремки и следење прозори на будност, ништо немаше ефект. Пред 23h не паметам да заспале. И ако имаме среќа ќе продолжат до сабајле, ако не можат и да се разбудат накај 02 И тоа е, помирена сум, ние се прилагодуваме на нив не тие на нас. Јас си викам барем во 22 да заспијат, не мора порано. А тоа дека збеснуваат дома е точно, 7 месеци се два дена да не ги прошетаме збеснуваат. Бога ми и јас со нив
Гледам за рутина се зборува. Јас доцнам, на одморов немам време да "одморам" на телефон. Јас гости примам, на гости одиме. И да е доцна, јас или маж ми ја заспиваме во спална. Гостите си се во дневна, си продолжуваме да си седеме а бебе си спие. Вечерно време и да заспие во количка надвор - ништо страшно. Мрежата ја ставам, дома префрлам во кревет. Гледам само да е со запазен распоред за храна (да не испушти јадење) и ако сме надвор да и сменам пелена ако заспива, за после само да ја префрлам. Јас сум човек кој не може да седи дома. Ако ја легнам во 8-9 летово, бел ден нема да видиме ни бебево ни ние. Она е пресреќна во количка кога ќе ја ставиме и дури се возиме во лифт да излеземе, знае дека ќе шетка. Не е убаво ни за бебето дома само. Му треба воздух, па и малку сонце, со луѓе да се измеша. Сакам да уживам, шетам, правам нешто со бебе и маж ми максимално. Бебево е полудено по луѓе, се смее на сите, писка на секој кој ќе го види. Ниту плаче, ниту се плаши од било што и во било какво опкружување. Само да има луѓе, не и требаме ни јас ни маж ми. Јас баш таква и сакам да биде. Затоа и воопшто не правиме рестрикции за гости или излегување надвор. Единствено да не се пуши ни е услов. Сега на одморов, до 8 сме на плажа. Дури си одиме, се средиме 9 не наоѓа и излегуваме на вечера. Она кога ќе и се преспие, ја заспивам и си спие во количка. Си одиме, ја префрлам и со маж ми седиме до кај 2 сабајле, си пиеме. Сабајле она не буди. Си ја спие цела вечер. Ама секој си има право на сопствен избор со децата сепак.
Да спие и мојава вака убаво како твојава скроз исто и јас би правела.. Кај мене ако не и е погодена рутината и ако не заспие во тишина и темно ништо од бизнисот. Во количка да заспие надвор и да ја префрлам ми е научна фантастика, со ова мое бебе тоа нема да се деси никогаш. Спие како зајак секој шум ја буди. Се надевам второто ќе ми биде пофлексибилно
Исто, не е флексибилна воошто и си сака комоција, спиење на стомаче, тишина. Во неделата на планина во викендица кај пријатели отидовме. Тоа беше тортура, не прошетка. Излеговме од дома за време на втора дремка, демек да спие по пат. Око не склопи во седиште значи ни 5 минути не спиеше, пола пат го преплака од што и се спиеше, а не можеше да заспие. Стигнавме таму, таа веќе 4 саати будна, се мачев плус скоро саат да ја заспијам таму на спална. Кога конечно заспа, спиеше точно 35 минути и стана, презаспивање пробував и не успеа. Беше будна дур седевме, глава и паѓаше ама не! По пат накај дома не заспа и плачеше, повторно будна 3+ саати. Тек дома кога стигнавме кај 4 заспа на нашата спална и спиеше до 6 без презаспивање. Ни во седиште не спие, во количка па боже сачувај.
Не заспива и мојата секогаш во секакви услови. Синоќа пример од ресторан излегов со нејзе во раце и отидов во паркче од спроти да ја заспијам. Чекав цврсто да завлече и ја вратив во ресторан и количка. Пред недела дена бевме на роденден детски, не сакаше да заспие за жива глава. Главата и паѓаше, се клацкаше цела ама не спие, децата и беа интересни. Зедов антифоните, и го ставив и ја нишкав и така заспа. И спиеше со антифоните. Гледам што можам да сторам во моментот, and to make the best of it. Разни реквизити носам, каде и да одиме.
Мојава еднаш у 3 години има заспано надвор у количка и не успеав да ја префрлам у креветче без да се разбуди и мамето мамино ни го расплака цела ноќ. И од тогаш реков После 7 нема мрдање. Нејзе и треба многу време да се смири за да заспие така шо, полноќ ќе не фати а тоа не ми се свиѓа
Исто и ние вака. Мислев дека јас сум ја навикнала така, ама значи не е само она ваква. За спиење мора дома во тишина и во кревет да биде. За пиење млеко исто тишина и темно.
Да и јас добивам коментари дека е специфична, па дека јас така сум ја научила и слично. Не знам, може стварно сум ја научила, може такво е детево. Јас по мене се водам, шанса нема да заспијам ако не сум на кревет и да ми е комотно, темно, да сум малку покриена, да сум во пријатна атмосфера, тивко да е. Кога бев на апсолвентска екскурзија хронично ненаспана бев, не можев да се соземам во хотелите од спиење бидејќи во автобус една секунда око не склопив, во ниедна позиција не можев да заспијам. Да не верглам многу, тешкичко е кога дете не се прилагодува на ниедна атмосфера освен домашна. Шетаме и брзам да дојдам дома за да ја заспијам за дремка, не можам нигде да се задржам подолго. Порано спиеше врз мене на прошетки ако седнеме негде, сега и е топло плус е поголема и доста долго бебе, не и е удобно ни неа ни мене. Такво е.
Мојата има 3 години и вчера прв пат сама заспа на кревет гледајќи цртани. Ја сликавме и сликата ќе ја урамиме. Денес спиеше само 25 минути и го имавме Егзорцист дома во живо. Малиов е со исто таков потенцијал.
Ние немаме специфични деца, уникатни се. Уникат. Да си знаеш. Моево спиеше во количка дур го береше да спие, голем е сеа бре ке се искриви па како знае да стане у сред спиење може да падне со се количка, не го збира, ептен знае да заспие во количка ако е преморен ептеен иначе креветот пригушено светло и дур најде позиција се вртка ко татко му. И пак заспива со гзот во плафон
Кај мене и првата спиеше како бебе во гужви, со гости, по свадби, секаде. Како порасна, почна сама да си бара мир и тишина и се додека има некој нема шанси да спие. Бебево сега за сега спие во галама, нема гајле, ќе видиме дали ќе смени. За излегување, зиме-лето мора да бидеме излезени. За жал, дома немаме играчки нели. Кога е ладно нема никој надвор па одиме во игротека, мојата платичка мислам дека одеше само таму. Ама ако не ја изнесам да се искока, истрча да се измори поштено тоа е драми после ноќта. Јас ви се восхитувам како ви седат децата дома. Посакувам и јас такво дете на моменти Сега летно е подруго, пред зграда 10тина родители, пиво, сончоглед, деца еден куп па и не е лошо.