Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    17.711
    Како се справувате психички кога детето е болно, а нема како да му помогнете?
    Втор пат вака со стомачен, страшно е.
    Дека навикнати на живо и активно дете, вака кога лежи и нема енергија за ништо срце ми плаче :(
    Првиот пат кога фати пострашен беше, тогаш ја исплакавме со мм. Сега не е толку страшен веќе се смири, само болки има во мешето и нема апетит.
    Ама не можам по цели денови со двете дома попуштив психички.
    Па и свеки ми се јави сабајле да земела 2 дена слободни, да одиме кај неа она да ја чува големата. Па ептен ми ги спои уште толку, индиректено ме направи неспособна да си ги чувам децата. После уште 2 пати се јави дачи јадела, дали е подобро. Разбирам и грижа и сѐ, ама преку таквото од објаснување и правдање зашо ова сум дала, па требало ова, требало она.

    Сабајле планирам и малото да го носам на прва вакцина, се надевам само ќе нема никаква реакција зашто ќе полудам дефинитивно тогаш.
     
  2. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.677
    Допаѓања:
    8.973
    Нема да ти помогнам, ама никако. Не си сама.
    Ја оставив дома пошто и кај нас има стомачен во градинка и психички не сум спремна за тоа.
    Нон стоп сум на готовс да трчам по лекари, станав хипохондрик и нон стоп ја прашувам дали нешто ја боли иако се си е океј.:sweat:
    Дома имам купишта ОТЦ лекови, немам само антибиотик, кога станувам навечер ги проверувам да не имаат температура. Инхалаторот ми е при рака, исто и Носко…

    Утеха е да знаеш дека имаме кај да ги однесеме на итна, дека кога веќе поминува една болест се надеваш наредниот пат ќе ја одмине или полесно ќе пројде и така… сите ќејфови и ги правам, цртани на најјако, нездрави глупости ако смее да јаде, играчки, сликовници… и се тешам дека барем малку и помага тоа и сама да се справи и да не се плаши.
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.106
    Допаѓања:
    4.418
    Пол:
    Женски
    Мајки некој го има кенгуров, да каже искуство?
     

    Прикачени фајлови:

  4. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    1.847
    Допаѓања:
    3.741
    Пол:
    Женски
    Ја дојдов да се пофалам доста се жалиме само во темава :D:D бебка фати без силиконска сабајлево прв пат :party::party::party: викендов правиме месец! Мноооогу се израдував :sun: не дека ми беше мака со силиконскиве ама цело време ми беше на памет дека педијатриве викаат повеќе воздух внесуваат така и грчевите се поизразени. Плус да не гриза пластики :rofl: цице си е цице - директ :rofl:
     
    На .baby.love., Miss666, Mother of 2boys и 22 други им се допаѓа ова.
  5. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.230
    Допаѓања:
    13.244
    Пол:
    Женски
    Сакав само да ве поздравам и да ви кажам, it gets better. Ова ви го кажува мајка која не спиеше мирно поради грижа, секојдневно со истите мисли, со огромна доза на страв, паника, милион прашања во глава. Контактирав психолози, го анализирав неговото однесување, мислејќи дека моето дете е поразлично од другите, зашто ми делуваше дека не може да се вклопи во заедница, има потешкотии при социјализација, избегнуваше групи на луѓе, дури и за разлика од другите деца, послабо се изразуваше и често не сакаше да зборува. Многу работа, многу разговори, колку со него, уште толку повеќе сама со себе, и конечно мислам дека можам да здивнам малку. Се ближи големата 4ка. Детево комуницира, вози велосипед, сака да вежба, да се развива, решава разни активности и задачи, обожава приказни и песнички, сака да си игра со други деца, има разбирање за многу нешта, веќе дури спие и во свој кревет (по сопствена желба). Бебето мое порасна во среќно, активно детенце со многу желби и интереси. И мама е среќна.
     
    На Mumoftwo30, Miss666, Meddy и 35 други им се допаѓа ова.
  6. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.507
    Допаѓања:
    35.183
    Пол:
    Женски
    Моето бебе не сака и не сака количка .
    Ајде да не е од скокот. Еве и 4ти скок помина, не и не. Само што испаднавме да го шетам за 10 минути вресна.
    Среќа со мене носев кенгур.
    Го ставив у кенгурот, господинов гуга, прета, пишти, се смее. :D
    Надвор обожава, ама ете количката никако да ја засака.
    Помислив и летна количка да земам, ама не знам што би сменило.
    Само кенгурот кога ќе го пораснеме не знам што ќе се прави. Неможеме во раце цело време дефинитивно.
    Некој предлог/совет? :wasntme:
     
  7. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    7.813
    Допаѓања:
    12.726
    Пол:
    Женски
    Сврти го напред да гледа со количката. Пробај така, може сака да разгледува.
     
    На Трагедијаупмм и QweenSM им се допаѓа ова.
  8. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.894
    Допаѓања:
    183.147
    Да биде поисправен у количка?
    Можда неќе да леже
    И да ,да гледа напред
     
    На QweenSM му/ѝ се допаѓа ова.
  9. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.526
    Допаѓања:
    33.138
    Пол:
    Женски
    Фалиш на темиве женска :inlove:
    Како си?
     
    На Tea SK и DELFINA81 им се допаѓа ова.
  10. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.677
    Допаѓања:
    8.973
    И мојот не сака спрема мене свртен, видов не видов го свртев напред иако е мал… подисправив накај 45/50 степени и гледа и ќути.:D
     
    На QweenSM му/ѝ се допаѓа ова.
  11. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.507
    Допаѓања:
    35.183
    Пол:
    Женски
    Фала женски, ќе го свртам напред и малку повеќе ќе му го подигнам седиштето, дека ми беше на 45 степени ставено.
    Ај и тоа ќе го пробаме дали ќе сака.
     
  12. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    7.813
    Допаѓања:
    12.726
    Пол:
    Женски
    Ако има 5, веќе можеш и на 60 да го ставиш.
     
  13. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    519
    Пол:
    Женски
    Колкав е? Мојава е 3м и некој ден и почна да станува од лежење да седи за зјапа и педијатарот ми рече можам обратно да ја свртам и да е на 45-50 степени но некако уште ми е рано да не ја гледам па почнав само со поткренато седиште сега за сега па ќе видиме
     
  14. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.771
    Допаѓања:
    10.460
    Кај нас 20 до 25мин трае мирот после се вадат играчки од ранец, па муабет, па мајмуни изиграваме. Баш пиши свртен напред дали ќе е подобро, ма да она и вака си разгледува шо и сметаме ние во сликата:rofl:
     
    На MariaBouli му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lady Miami

    Lady Miami Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    1.680
    Допаѓања:
    3.446
    Пол:
    Женски
    Се запишавме во градинка. Се спрема роденден. На работа фрчи од обврски, ама не ја носам дома за разлика од порано. Таман еден ред ке фатиш друг предизвик ке дојде, така и ми кажа една другарка. Значи лабаво нема, само едно по едно средуваш.
    Кога ке завршам со работа, едвај чекам да го видам. Мнг сака да ме фати за сукња или шорц и да се исправи до мене. Колку и да сум во гужва во кујната, пак гледам да му обрнам внимание. А тој ме држи и се смее. Дете бе, дете.
    Сега секое дете сега поинаку го гледам. Да се здрави и живи и да растат и се развиваат здраво.
    Ама и мама и тато да се здрави и живи, гледаме да функционираме адаптирано на бебето, ама и наши кефови да правиме. Тој е хипнотизиран кога не гледа како си правиме муабет и кога е позитивен тонот и тој се смее. Не знам што ми е денеска, сакам да го изнаиграм, и сакам да си има и сестриче или евентуално братче :lol:.
    Ништо практично од мојов коментар, само така да си пишам.
     
    На Mother of 2boys, WhiteCat33, merriel0 и 11 други им се допаѓа ова.
  16. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.930
    Допаѓања:
    11.892
    Пол:
    Женски
    :hug::hug::hug: Ептен ми е мило за Вас мајка.
    Среќно дете,среќна мајка.:l:
     
    На kozuf и sani99 им се допаѓа ова.
  17. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.507
    Допаѓања:
    35.183
    Пол:
    Женски
    5+ сме веќе да, ќе го ставам на 60 и ќе пишам. :D
    Не бре, кај нас ни играчки не помагаат, ни цуцла, ни ништо. Директ сака да го земеш и во истата секунда прекинува со плачење и почнува да прета, гуга, радоси ептен. :drunk:
    Баш ќе го свртам после и ќе го ставам на 60, да го видеме и тоа и ќе ти кажам. Мада не ми е многу верно, ама ајде, да речеме дека имам надеж. :sweat:
     
  18. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.786
    Пол:
    Женски
    Пресреќна сум денес ,бебето одлично ми напредува на доење.
    Тешко ми е секогаш достапна треба да и сум ама па има многу благодети.
    И покрај сите предизвици и цвилење како ќе биде со двете деца и исплашеноста првата ноќ супер се.
    Вчера срце ми се наполна купила големата со баба и машмало и дојде ми донесе едно ми вика да има за бебето цице :inlove:.
    Се плашев искрено како ќе ја прифати ама супер е.
    Само мене ми е тешко што поради сето ова поминува премногу време со баба и и присвојува многу глупости од неа...
     
    На WhiteCat33, merriel0, arwen93 и 9 други им се допаѓа ова.
  19. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.031
    Допаѓања:
    13.261
    Пол:
    Женски
    Не ги ставајте на 60 степени (освен за јадење) ако не седат самостојно. Така ‘рбетот ќе им биде свиткан неправилно, плус на најмало камче можат да удрат напред во пречникот. Не се стабилни се уште на 5 месеци. Ставајте ги на 45 без каишите преку рамења и сами ќе пробуваат да се исправат, ќе ги ујачуваат стомачните мускули така.
     
    На merriel0, Tiny Love, AngelOfArh и 2 други им се допаѓа ова.
  20. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    693
    Допаѓања:
    1.028
    Пол:
    Женски
    Многу разни препораки има за ова, еве во понеделникот ортопед ми рече можам на 60, ама ова што го пишуваш ти да го практикувам за на 90. Во странство пак гледам уште на 4 месеци ги „вежбаат“ да седат. Веќе човек памет да нема што и како да направи искрено :) На крај - што му е на бебето убаво - тоа, ама сепак соодветно на возраста :)
     
    Последна измена: 10 јули 2025