1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.152
    Допаѓања:
    2.545
    Пол:
    Женски
    Вака беше препораката за големата од Видоевски само што она тогаш беше нецели 4 месеци ако убаво памтам педијатарот ми го зема извештајот не можам да видам дата.
     
  2. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    7.303
    Допаѓања:
    11.965
    Пол:
    Женски
    Мене ортопед на 5 месеци ми рече може на 60.
     
    На MariaBouli му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.221
    Допаѓања:
    91.825
    Пол:
    Женски
    Јас исто прашав ортопед за седење од кога, дали да го ставам, да го поткревам, како во количка и ми кажа кога ќе сака да седи само ќе си седне (facepalm) #господебоже
    За една недела правиме 6 месеци, не е стабилен за седење да ама и не лежи ако е потпрен полулегнат главата цело време му е поткрената и сака да се исправи (facepalm)
    Уште во транспортерот го возам, супер му одговара, како ќе се научиме на другиот дел од количката не знам :D ама ќе му е сигурно интересно полуседнат и свртен на напред да гледа
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  4. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    7.219
    Допаѓања:
    22.628
    Пол:
    Женски
    Отропедот убаво ти кажал. Ќе седне тогаш кога ќе биде спремно бебе.
    Мојава брзо го надрасна транспортерот, во корпа малце се возеше, дека и времето не беше баш за шетање тогаш. Третиот дел( спортски) , го користиме баш одамна. И на малце поткренато ја ставав, ама она и сама се дигаше за таа положба.
     
    На Maxima987, Viktorijaaa5 и Skyler им се допаѓа ова.
  5. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    4.061
    Ама тоа е вистина, дека бебе кога само ќе биде спремно, ќе седне. Некој претходно спомна за во странство, за од 4 месеци, искрено не знам каде ова, ама еве тука јас кај што сум, бебе во хранилка дури кога само ќе седи стабилно. Моево на 9 месеци седна во хранилка, до тогаш се хранат децата во скут кај родителот, што меѓудругото му дава поддршка од родителот, дека е тука за него. По правило, бебе треба прво да пролази, па само да седне на газе од лазечка положба. Затоа треба уште од мало да се става на стомаче, за да јакне мускули и да развива љубопитност. А тоа во хранилка под агол носи опасност од задавување.
     
    На Viktorijaaa5, Skyler и Spidy им се допаѓа ова.
  6. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    7.303
    Допаѓања:
    11.965
    Пол:
    Женски
    А тие деца што не лазат? Што препорачуваат тогаш?
     
  7. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    4.061
    Во нормални услови, секое дете што би се оставало од мало на стомаче да јакне мускули, би требало да пролази. Лазењето е битен дел од развојот.
     
    На КаринаТ, Ladyme и Skyler им се допаѓа ова.
  8. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.516
    Допаѓања:
    10.963
    Пол:
    Женски
    Во зегин попуст на биодерма мајки.(y)
     
    На Viktorijaaa5 и Калатеа им се допаѓа ова.
  9. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.646
    Допаѓања:
    9.969
    Внук ми прооди па пролази до 13месеци требаше да не го седнат ли :D Некои на 5 сами се седнуваат а никогаш не лазат скроз е индивидуално.
     
    На MeowMeow, Трагедијаупмм, Feniksgirl и 2 други им се допаѓа ова.
  10. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.516
    Допаѓања:
    10.963
    Пол:
    Женски
    Да, исто и внука ми од сестра. Никогаш не пролази иако од неполн месец беше на подлога доле цело време. Имаше обиди за лазење ама едноставно не успеа и крај. Се нервираше сестра ми многу. Лабаво еден ден на 14 месеци си стана и си прооде како да одела цел живот. :D Како прооде ќе ја фатеше мрза и ќе си клекнеше да лази после тоа.
    Здраво и право дете од прв ден.:)
    Јас ништо не форсирам и не терам. Моето не е цел ден на подлога, можеби пола-пола. Гледам будниот прозорец да го искористам и за шетање и други работи. Во хранилка почна со вкусови и во хранилка и давам сега доручек, прво на 45 па сега на 60 степени ручка. Мене ми е скроз погрешна идеја да давам на бебе да јаде во скут.
     
    На Noemi му/ѝ се допаѓа ова.
  11. cocopuff

    cocopuff Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    1.086
    Пол:
    Женски
    Еве моево прво лазеше ко ранет војник, се влечеше. Тоа не е правилно лазење и од таква положба не може да седне па не знам што да е. Не сите деца лазат па така никогаш нема ни да седнат пред да проодат.
    А за во хранилка под агол дете од 4 месеци за мене е големо не.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    4.061
    Ќе пишам пак за едно 8 месеци од сега, ако ме побие второто бебе :rofl: Првото ми се развиваше баш по тој редослед :nod:
     
    На Viktorijaaa5 и cocopuff им се допаѓа ова.
  13. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    1.340
    Допаѓања:
    5.996
    Пол:
    Женски
    Не мора да лази, ама од лежека, се превртува на меше, па со раце се крева, се врти на газе и седнува.
    Е тогаш е спремно. Се друго е форсирање. Убаво кажува ортопедот.

    Редење перници околу, не е препорачливо.
     
    На pamelche, Pocahontas.93, Трагедијаупмм и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    7.303
    Допаѓања:
    11.965
    Пол:
    Женски
    Јас не сум лазела, директ сум проодела. Па затоа не ми е јасен моментот дека мора да лази и дека е битен момент за развојот, кога не е. Нас ортопедот ни рече од 4ри на 45, на 5 на 60 и од 6 веќе на 90 можеше да ја ставаме. Никој не би ставал своеволно.
     
    На Трагедијаупмм, baguf4e и MariaBouli им се допаѓа ова.
  15. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    7.303
    Допаѓања:
    11.965
    Пол:
    Женски
    Од кога, сега бев немаше на мојата…. Без попуст ја земав.
     
  16. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.890
    Допаѓања:
    14.573
    Пол:
    Женски
    Бебе не седи ако возрасен го седне на газ и го потпре со перници или на столче. Правилно седење се смета за совладано кога од лежење на грб, бебе ќе се сврти на стомак, ќе се потпре на колк, со рацете ќе се избутка нагоре и ќе седне на газ стабилно без да се придржува со раце. И тоа логично може да го направи откако ќе се развие мускулатура на стомак и грб, обично и после лазење. Дури и да не пролази никогаш, пак временски било исто, на околу 8-9 месеца.
    На двете деца почнав со дохрана на 4 месеца, на 45 степена хранилката, и двете седнаа (како описот погоре) на неполни 9 месеца. Првото лазеше по книга, второто се влечеше ко војник. Двете проодеа на 10-11 месеца. Значи процесот лежење-вртење-лазење-седење сепак беше запазен кај двете. Има деца што лазат наназад, или лазат со влечење на газот по земја, ама се е тоа лазење. Не дека пред тоа официјално седење не може да ги седнете, ама бидејки вие ги седнувате, тоа не треба да биде над 60 степена. Кога бебе самостојно ќе седне, тогаш се става на 90 степена без разлика кога се почнува со дохрана. Затоа и хранилките доагаат со опција да се стави на 45 и 60 степена пред сосема да се исправат на 90.
     
    На Ladyme, happygirl, Skyler и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.592
    Допаѓања:
    8.537
    Ни мојата не лазеше. Се влечеше ко војник.
    А и ортопедиве преидилично го кажуваат тоа “само на подлога”.
    Да, ќе го остаам 10 минути, 11тата веќе заоѓа. После нареден пат знае веќе и почнува одма да вришти. Џабе играчки и све, ваљда моево нема да се развие добро.:D
     
    На Трагедијаупмм, baguf4e и Feniksgirl им се допаѓа ова.
  18. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    7.303
    Допаѓања:
    11.965
    Пол:
    Женски
    Исто и мојата, не сака со очи да ја види подлогата сега ќе прави 8 и прееска педијатарот ми рече дека веќе кај и да е ќе седи, според тоа што ја провери, премногу е стабилна. А еве и ден денес на меше не сака да седи и не сака, вришти мислиш ја колеш. Јас во хранилка ја седнав на 6+ од тогаш почнавме со дохрана.
     
    На Трагедијаупмм и Калатеа им се допаѓа ова.
  19. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.516
    Допаѓања:
    10.963
    Пол:
    Женски
  20. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    7.303
    Допаѓања:
    11.965
    Пол:
    Женски