Ако чуваш фискална врати ја, боље нарачај онлајн или прашај ги што е финтата зошто различна цена. Не верувам дека баш сега пуштиле попуст во последниов саат.
Во ред, ајде за тоа седнување на земја, кревет, дека треба сами да седнат, а не ние да ги седнеме, ќе разберам. Ама не разбирам како е подобро да јаде на 45 степени, зошто не требало да се седнува во хранилка на 90 пред само да седне на земја. Па луѓе, ние на 45 ли јадеме? Еве легнете вие на 45 и јадете и кажете ми како ќе ви биде. Колку се поголеми шансите да се засркне/задави ако јаде на 45?
Зашто ако не седи стабилно се клати напред назад во хранилката, така полошо може да се задави, или да се повреди со лажичката
И ова го разбирам, ама ако седи стабилно, ама не седнува само на земја, нели може да се става во хранилка на 90?
Моевп не лазеше, се влечеше војнички ама никогаш не пролазе и ден денес не земал да лази ептееен ако треба низ некој тунел по игротекиве да помине. Се вртеше од стомак на грб ептен рано после и обратно. Се креваше на нозе од 6-7 месеци не можам да барам сеа слики и видеа со тегнење за игралната. Почнав со вкусови на 5 месеци во релаксатор, реално тогаш не јаде дете пробува. Сам седнуваше стабилно кога ке паднеше од нозе на газ не се клатеше лево десно, па од 6-7 месеци седеше на 90 степени у хранилка. Не се сите деца исти не се развиваат исто.
Големава никогаш не седна од земја како што опишувате. На подлога вриштеше на стомак исто. Во количка или во раце се бореше да се исправа и на ортопед ми рече слободно ставај на 45 негде пред 4 м. Рече дека така ја вежбаат мускулатурата на стомакот не е дека рбетот не може да издржи седнување туку мускулите на стомакот. Седна такашто од 45 со раце се фаќаше на пречникот од количката и се исправаше... како седна така почна да станува. Лазење само од корист практикуваше пример да полази од масата до ветрината за да се исправи да се држи за ветрината и да оди... најпаметно е да се следи ритамот на самото дете ,не се сите како по книга
И влечењето по земја е лазење и многу битна фаза. Не мора да седне детето ама е многу битно да се врти од стомак на грб, да се тркала или лази или како и да е да дојде до посакувано место. Кога ќе се исправи да знае полека да се спушти и да седне безбедно на газе. Да се движи по мебел лево десно и тек проодува. Не дека нема да седне или прооди ако не е по книга ама овие фази се многу важни за правилно држење на телото, здрави стапала, да знае како да падне без да се повреди. Секое дете што скокнало фаза или било цело време во количка или дубак/џампер, едноставно невозможно е дете пораснато на под (како што е природно) да скокне фаза. Јас знам дека многу доктори различно кажуваат, како најголемата глупост да се проодува во обувки, а особено цицибанки ама само малку логички размислете и ќе знаете што е најдобро за детето. За хранење на 45 или 60, не се сеќавам која имаше пишано, се почнува на 45 зашто прво ретко кое дете седи самостојно, а храната е секако блендирана и течна. Затоа и со цврста храна се почнува само кога детето седи самостојно. Јас моја хранилка на повеќе од 45 ја немам ставено. Кога седнаа сами секако нонстоп беа исправени. И секако дека за ваше дете одлучувате вие, само дискутираме како е природно и подобро за детето.
Добро вечер од една прееегазена мајка На работа е страшен хаос притисоци 8ч тензија, доаѓам дома кај детуле динамитче бара енергија играње скокање и изгледа ми ја осеќа нервозата акумулирана па станува тензичен и тој. Низ бутик беснеше трчаше викаше 15мин а морав да завршам некоја замена рекламација и се одолговлечи а мм како теле се откажа за 2мин . Па после дома имаше 10мин вриштење со солзи со сè зошто не сакаше да го облечам и да сменам пелена за надвор Прво се изнервирав му викнав, па се соземав и само смирено го чекав да се смири, ме гушна и легна да смениме .. Ама дефинитивно ние мајките сме некои чуда на природата што се можеме да износиме на грб. Дојдов само да си се пожалам и да си легнам.
Да те прашам, мојава почнува да лази, застанува на колена се клацка напред назад и со едното раче се пушта ама со другото не знае да продолжи. Денес и вчера од позиција на лазење се крева со стапалцата и гледам дека сака да седне, на лево и на десно пробува да се намести. Прво треба да се пушти да лази па да седне или?
Секако, баш ме интересираше всушност дискусијата, затоа што јас планирам да следам блв, односно да јаде цврста храна уште од старт, каде што број 1 предуслов е детето да седи самостојно со минимална поддршка, ама тоа да го прави во хранилка што овозможува седење на 90 степени. Генерално се препорачува тоа да се прави после 6ти месец, па затоа ме интересираше како се поврзани сите работи, затоа што да седне самостојно е многу подоцна, а верувам дека порано ќе е способно бебето да седи со минимална поддршка на 90 степени
А ние ќе те гушнеме и ќе ти кажеме добра ноќ, не си сама. Ние жените сме посилниот пол во секоја смисла.Крај.Точка.
Тоа е тоа, пробува да пролази на четири, претпоставувам досега се влечела. Еве моево трето најчесто се влече како војник, знае да лази правилно ама со влечење е побрз и така практикува. А ова другото што кажуваш баш е пробување да седне, сега не и е јасно како треба. Ќе почне за брзо да ја наседнува едната нога и така ќе седнува, само тогаш многу пазење треба пошо кога ќе ја вади ногата од под газот ќе паѓа назад. Внимавај секогаш да не има нешто остро позади неа. Јас на моиве перничиња им фрлав позади ако работев нешто низ дома. Инаку, не мора да лази за да седне, по моите мислам дека лазењето го усовршуваат откако ќе седнат. Ама рачунај дека кога ќе седне, за многу брзо ќе почне да се исправа и збогум слободно време Моево е 10 месеци, сега е таа фаза исправање секаде, движење по мебел, нонстоп сум до него зашто малку е трапавко и лошо паѓа. Досега 3 пати крв од устата му течеше и тоа го фаќам да не падне полошо. Стварно многу пазење треба. Мене блв методата многу ми се свиѓа само што некако мене 6 месеци ми е многу мало бебе и почнував со блендирана, а веќе од 8 месеци почнував постепено со парчиња. Има деца и порано седнуваат, еве првото дете ми е живца, почна да седи сам и да лази на 6 месеци, да се исправа на 7 и веќе на 10+ се пушти прв пат. И јас мислев дека тоа е нормално и после второто дете (кое седна на 9 месеци) го носев по доктори зашто мислев дека касни во развој. Така да, ќе видиш кај вас како ќе биде, ќе процениш дали е спремно. Ако не е тогаш почни со блендирана додека пробува вкусови и кога ќе седне стабилно ќе почнеш со парчиња.
Мојава уште нема 7 месеци а веќе душата ми ја вади. Само што ќе ја ставам на земја не запира ова мое дете, толку е жилава едвај ја додржувам да не мавне со главата негде. Гледам што ме чека за брзо кога ќе тргне у поход
Се сеќавате дека ве прашав дали е паметно да ја држам големата дома недела, две да не оди во градинка? Е убаво кажавте дека не им правите паузи, ама јас најпаметна. Една недела седеше и супер издржавме, викендот почна да збеснува и понеделникот поанирав да ја пратам ама ја фати ворус, па несакајќи продолжи две недели дома. Дали од седењето, дали од вирусот НЕ ПОД НОС ЛИ ВО е! Среќа денес веќе и помина, нема никакви симптоми на вирус, ама о леле мајко е лигава и напорна. Дали и јас толку многу и здосадив, и во спална не сака да спие веќе, синоќе со татко и спиеше во детска, денес избра во дневна да спијат. Ни добра ноќ не ми кажува, не па да прифати да спијам со нејзе. Заклучок, седењето дома имаше спрротивен резултат од очекуваното наместо да не зближи, не оддалечи Сега уште две недели ќе се дружиме, една кај бабите, друга покрај езеро со баба Бебе денес прва вакцина, греотичка. На пладне и потече ногата, се утепа од вриштење додека да делува облогата. Мислев дека имам лепенки дома, а сум немала, па и дадов една доза далерон да се смири. Од сирупот се одспа, после ја фатија грчеви од ротата најверојатно, зашто грчеви не сме имале до сега, а не и дадов порано пробиотик, викам пред спиење за да не се мачи ноќеска. Исто, вритштење не може ни цице да фати ни ништо. Едвај се смири пак, се нацица изаспа. Ја разбудив за пробиотити се надевам ќе спие ноќеска мирно. Утре имам мишн импосибл, со двете дома да средам и исчистам цел стан. Планирам следен викенд кога ќе се вратам да ми биде се цакум пакум. Убаво било вака сам да се шириш на спална, мм се искриви во дневна и детска, ама шо да му правам. Од кога влегов во 9ти големата се премести во спална и до сега бев згмечена во средина, конечно да се раширам и јас Добра ноќ
Јас почнав со блв на 6.5м, пред тоа не јадење храна само млеко, моето дете почна да седнува на 5м некаде, ама почна да се врти тек на 7, бев малце загрижена за тоа, почна и да лази на 7 и лазеше до 1г, кога прооди и само што прооди веднаш трчаше, беше престабилен, втор ден одење мислиш детето оди со недели. Го хранев директ во храналка под 90, ама искрено он главата ја држеше цврсто многу рано, имам видео од 2.5м како се подига и врти со главата лево десно и стои така нешто помалце од минута, така да не ми беше страв кога почнав со храна. Мора да е цврст во седењето за да почнеш со блв, друг начин нема. Ќе почнеш со пасирано ако не седи, па кога ќе почне да седи ќе почнеш со блв, инаку може кратко додека јаде да се става потпрено да седе, се мисли константно да не се форсира да седи со потпирачки кога не е спремно да седи. Оваа мајка омилен дел од ноќта и е кога ќе пушти аудио книга и ќе седне да црта, а детето спие топ до неа, си турив и винце, кад је бал…
Подобро е така. Живо дете, жилаво е многу поснаодливо во простор, се пазат повеќе. Еве првото стварно ми ја извади душата, ме направи манекенка кога проодуваше послаба у живот не сум била. И еве го 5год има и си остана таков, стално трча прави нешто, цел е мускули, цврст. Средново да му дадеш да ручка нешто додека си го драпа стомакот и пресреќен е. Не сака ич физички активности и на секое трчање паѓа, цел е лузни. Третово нешто измеѓу е, пргав и тој ама трапав во нозете Исто се растени трите, доле на под. И од трите сфатив дека дефинитивно е најдобро жилаво дете од мало, ти ја вади душата ама после не мораш да трчаш по него.
Во скут седи доста убаво јас ја потпирам она се исправува и сака да си седи, на хранилка уште е шашава, ама секако не планирам пред 6, плус и на одмор сме за 10 дена. Инаку тоа ми беше уствари муабетот, сигурно можеш да ги седнеш убаво да јадат како искуството со блв?
Мојава госпоѓица, откако научи да се врти од грб на меше, сакаш на глава стави ја она ќе си најде начин и ќе се заврти. ама обратно никако. и се тоа убаво, ме радува што знае и што сака, многу брзо се врти веќе ептен го има усовршено, плус по 40-50 мин си лежи на меше и си игра... амаааа... навечер во сон се врти, и наместо да си ја спушти главата да си легне (а убаво и е така да спие, некогаш кога заспива или кога ќе ја спуштам ќе се намести некако така и си спие, еве денес од 8ипол до 11ипол спиеше на меше) она одма се издигува и стануваааа... и се надевам дека кога ќе научи и од меше на грб ќе го смени тоа, и дека ќе е што побрзо, зашто веќе се има свртено неколку пати, ама не знам дали не сака, дали се плаши да не думне со глава, или едноставно е мрза и така, еве сме сега наместо да спијам веќе, морав да ја ставам на цицка зошто не сакаше и не сакаше да презаспие откако ја преместив во креветче и се сврти на меше и ја крена главата
Беше ок докај 12м, јадеше се без проблем. Некогаш давав и пасирано и каши надвор ако немав време да готвам, ама генерално беше ок. После 12м почна да пребира и денес 1.5г после јаде само 5 работи Така да блв или не, не направи разлика кај моево. На другарка ми до 12м јадеше само каши па сега си јаде се без проблем…така да не знам, бев многу за, сега сфаќам дека можеби се е маркетинг…не знам, барај од други искуство за ова
Детето мора прво да пролази за да може да се исправи и да прооди, ако не пролази не може да прооди. Тоа е факт и тие се фазите. Работата е што за лазење не се смета само класичното лазење колено-рака, што одма на сите ни текнува, туку лазење е секој обид на бебето да се извлече по земја од една до друга точка. Има неколку видови лазење, значи може да е војничко лазење, може да е на сите четири издигано стопала-раце, може да е на гзе влечење итн итн. Ама мора да пролази-седне-се исправи па прооди. И ќерка ми не пролази класично ама се влечеше по земја како војник и седна самостојно прилично рано(во тој период многу и не знаев околу ова). Значи нема такво нешто како “детето мое не пролази ама прооди”. За да може да се исправи едно бебе, мора да има сила прво да се извлече по земја од една до друга точка и тоа се смета за лазење. За да ги помине фазите на време мора да вежба мускули и да има тами тајм. Нема мрзливи бебиња има само недоволно стимулирани. Тами тајм е многу битен дел од нивниот развој оти сите фази понатака ќе ги завлекува и пролонгира. 2-3 минути, 5 минути, мора да се стимулира секојдневно од најрана возраст за да полесно и побрзо го прифати, оти ниедно бебе за воља на вистината не сака да седи на стомаче на почеток, не знае што да прави во таа позиција. Имаше едни картички кои беа одличен стимул бебе да развива љубопитност додека е на меше. Исто, во право е Скајлер, мора да седне само и во принцип додека самото не се зацврсти во една позиција не би требало да се поткрева на друга и никако да се седнува целосно додека не е самото доволно цврсто да седне самостојно. Значи мора прво неговите мускули да се развиени и уцврстени за позицијата во која се става. Вежбање мускули на стомаче е многу битен дел, оставете муабети дека секое дете проодело. Фазите се поврзани како домино, една фаза ќе ја завлече.. куп фази понатака ќе дојдат подоцна. Вклучително и голтање, џвакање, јадење, говор, развој на когнитивни и моторни вештини, оти бебињата се фокусираат на една вештина at a time, поретко на повеќе во исто време. Ќе има и такво кое иако немало доволно тами тајм да усовршува вештини на време, меѓутоа тоа не е правило и е исклучок. Секое доцнење со одредена вештина понатака си има влијание од самиот почеток и пролонгирање на фазите.