Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.457
    Допаѓања:
    183.542
    Пол:
    Женски
    Го знам јас тоа многу добро се купено и се пробано, ама има огромна разлика од тоа до пробување без откажување. Знам колку е непријатно да се слуша првото бебе како плаче и како 3 секунди ни се чинат вечност и колку брзо се откажуваме од се само нив да не им е неудобно. Бин дер дан дет. Сите ние. Ќе видиш со второ како тоа магично ќе седи секако. :)
    Седнување бебе пред самото да е способно да седне не се става, особено со поддршка од перничиња или било што, без разлика дали е бајче или не. Напорно е многу додека се поминат сите оние први фази што рече некој погоре ама тоа е, мора да се издржи за нивни бенефит. :)

    Јас знам дека парчиња не се даваат пред бебето да е способно самостојно да седи без поддршка и не би дала ако не е цврсто кога е седнато. А за грешење… кој не греши денеска. Сите негде сме згрешиле и ќе згрешиме, работата е само ептен да не ја оплескаме. :)
     
    На Anchita, Spidy и MariaBouli им се допаѓа ова.
  2. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    7.303
    Допаѓања:
    11.962
    Пол:
    Женски
    Ама 8 месеци јас не се откажувам, плаче со зајдување, значи не е солзичка. Не мислам дека треба да ја оставам да зајдува. 8 месеци нема промена во тоа што не сака на меше.
     
    На Lady Miami, Aschenputtel и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  3. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.515
    Допаѓања:
    7.277
    Пол:
    Женски
    Гледам на YouTube едно семејство со 3 деца, 4то на пат. Најмалото е околу 10тина месеци. Како се почнати со цврста храна на бебево му се нудат парчиња и тоа пица, палачинки, торта буквално се што јадат возрасните и поголемите деца, ова само на ептен ситно пресечено.
    Ни воведување вкусови, ни ништо.
    Дали се такви препораките во Уса, дали е за гледаност не знам ама се прашувам на секое изгледано видео.

    За мој стандард претерано, како е таму по светот, не знам.
     
    На КаринаТ, ALISA0000, Ladyme и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Женски
    И кога ја држиш во раце и на тебе потпрена и тоа е tummy time.И легната на рака како авионче и тоа е.Ако дете зајдува зошто би му правела стрес.Водена подлога пробај,или на пешкирче она а напред вода во нешто плитко со играчки
    Може ќе сака да прска во вода
     
    На Lady Miami му/ѝ се допаѓа ова.
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.787
    Допаѓања:
    109.638
    Пол:
    Женски
    Тами тајм се почнува од прв месец, од сам старт, ако си почнала подоцна нормално е да не сака. И не се почнува со одма оставање бебе 10мин, се почнува со минута, две, со анимации, провери да не има некоја мака со вратчето, да не и е тешко... Големото не сум го оставала, до ден денес е потромав од малиот, малиот е како ластик, многу подвижен, многу поиздржлив. Сега и тами тајм ти нема ефект, сега она треба веќе на стомаче да има активности, да почнува да лази и слично, сега веќе гледај да вежбате седнување, од седнување легнување и слично. Има многу врска вежбањето со понатамошниот раст и развој, не велам дека грешиш, туку можеби некој не те информирал па ти кажувам тоа мене што ми кажуваа, сите вежбички на земја влијаат колку на физикусот толку и на прихичкиот развој, развивање на мозочето и вештините, фина и груба моторика. Најди на ју тјуб вежби за бебиња на под, нема да сака, ќе и биде мачење, ама ќе се уклопи брзо. Исто зборни со матичниот дали мисли дека и треба можеби дури и физијатриски вежби, кога одев со малото на редовни месечни контроли од ординација излезе мајка со плачење и додека чекаше упат на мажот на телефон објаснуваше дека матичниот и рекол дека треба на физијатар за да и се раздвижат мускулите, дека се згрчени, излезе и матичниот, ја смируваше дека не е ништо страшно, едноставно е потромаво детенце и слично, дека не е тоа некаква болест како што си имала она сфатено. Јас лично сум била бебе кое лежело повеќето од времето, значи лежење лежење, ни седење, ни ништо, кај ме оставала мајка ми таму ме наоѓала, второ дете, башка во време кога се перело на рака, се чистело до изнемоштување и мајка ми немала време за мене и сум била цело време легната, до ден денес некои мускули ми се закржлавени, не можам да си ги допрам прстите со исправени нозе, не можам да се истегнам, осеќам затегнување во задна ложа. Мислам дека ме разбираш, а ако се ова си направила и едноставно детето си е такво, нормално дека на крај памет нема да ти биде да оставиш дете да се пренамага за ти да ја држиш на меше или да ја вежбаш, едноставно не сака, не осеќа сигурност, безбедност, не и е убаво.
     
    На Change. му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    7.303
    Допаѓања:
    11.962
    Пол:
    Женски
    Ама не ме прочита изгледа, ја ставам ја 8 месеци, не сака и не сака. Не сум почнала касно, од 2 месеци глава држи, сака да седнува од 3. Едноставно не сака ни секунда на меше.
     
    На Lady Miami и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.787
    Допаѓања:
    109.638
    Пол:
    Женски
    Ако држи сама глава немаш мака мислам. На крај краева па не се сите бебиња исти. Оставај ја да седи и ставај и играчки да посегнува по нив, нас така ни кажа докторката очна, зошто некако и се виде дека фокусот му е мрзлив, да се учи на сите страни да гледа. И тоа е вежба меѓу другото.
     
    На Lady Miami и Feniksgirl им се допаѓа ова.
  8. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    657
    Допаѓања:
    882
    Јас ќере ја седнував на 90 во хранилка за блв од 6 и нешто месеци, веќе се вртеше и беше доста стабилна главата, и беше спремна според сите критериуми за блв, и според педијатар. Ама да седне од лежечка положба сама, се случи на 8 месеци.
    Не сметам дека згрешив, мислам дека препораките никако да не седи на 90 се малце преувеличена форма за да влеат страв и да избегнуваат родителите децата да им седат така по цел ден, затоа што обично така се помирни, имаат нова поинтересна перспектива на светот, баш како што пишува @Feniksgirl дека моментално им се случува. И според нашиот ортопед тоа прерано и предолго седнување е причина зошто некои деца не лазат, или го влечат газот од седечка положба (потскокува со газе). Времето на подлога што треба да биде за вежбање мускули го поминуваат седнати.
    Ама да јаде дете подлегнато мене ми изгледа многу пострашно, какви и да биле течни кашички, макар и само вода да пие.
    Седеше само за оброци, значи на 6 месеци едно 10 минути во денот, па полека понатака зголемувавме спрема потребата за храна.
    Инаку и јас како @1209 и покрај блв сега сум со пребирлив јадач, ама воопшто не ми е криво за целиот труд вложен со блв (а не беше мал труд да се разбереме) поради сите други придобивки.


    Таа возраст пред пролазувањето е баш напорна. Фрустрација зошто сака нешто, а не може физички. Кај нас успеваше да седам долу до неа, да зборам, пеам, се глупирам, си игравме едноставно и пробував да ја охрабрувам да лази. Полека полека дојдовме до некој педиод на играње сама, за да можам да измијам садови и сл. Кога почна да стои и земавме монтесори столче па ми прави друштво за се во кујна. Сега има скоро 2 години и се уште не обожава да си игра сама, ќе поигра па бара друштво мама тато да седне до неа. Според старите е грешка што не ја оставав да плаче и да седи сама како бебе кога била како твоето. Според интернетот е нормално, па јас на второто одбирам да верувам :D

    А се врти сама од грбче на меше?
     
    На Noemi, Трагедијаупмм, Marge и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    4.061
    Тука нека ме поправи некој ако грешам, ама јас како што знам, блв методата не е само парчиња да се јадат, туку бебињата сами да го водат процесот на јадење. Значи тука спаѓаат и блендирани каши, ама бебе треба само да пробува да јаде. Евентуално да пробаш на почеток со каши, па после кога ќе седне скроз стабилно - на столче под агол од 90 степени, парчиња да дадеш. Јас со моево немав конкретно блв начин на исхрана, ама само првиот (6тиот месец) давав блендирано. Од следниот веќе почнав вечерата (кај нас е обратен редоследот, прво е ручек, па вечера) да ја давам со житарици како ние што јадеме, па и ручекот почнав со парчиња. Кога се воведува доручекот, веќе е фамилјарен доручек, значи палачинки, вафли, што ние, тоа и бебе. Тоа беше некаде околу 9ти месец доручекот, седеше скроз стабилно сам. Почна и до ден денес користи трипптрапп столче, без никаков наслон, седнуван е директно со нас на маса и никаков проблем не сме имале. Можеш и така да пробаш, некој таков начин на исхрана.
     
    На Lady Miami, Noemi, Skyler и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.787
    Допаѓања:
    109.638
    Пол:
    Женски
    Така е, се почнува со каши ама и даваш со лажиче она сама да си става во уста, пример. Потоа специјални лажички има демек, малку поголеми и со дупчиња се некои, зошто не знам искрено. Јас не би имала за тоа нерви, па после 8м дадов парчиња директ, ќофтенца, компири печени, моркови печени, општо печен зеленчук.
     
  11. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    493
    Допаѓања:
    702
    Пол:
    Женски
    Да да, баш така како што кажа, воопшто не муабетот да се даваат парчиња, туку се даваат и каши, грчки јогурт и сл. ама работата е дека бебе само треба да ја фати лажицата и да ја стави во уста. Затоа е битно да седи исправено. Како и да е секако нема да почнувам уште некоја недела, немаме ни 6 уште, а за некоја недела свашта може д асе деси во поглед на нејзиното седење :)
    Не е дека се почнува со каши, можеш и со парчиња на почнеш, како си сакаш како мајка и како си спремна, ама баш тоа е работата - бебе да си јаде само :) лажичките со дупки е муабетот дека во нив се глави храната, зошто не знае бебе дека треба исправено да ја држи лажичката да не му падне храната :)
     
  12. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    4.061
    Да, тие лажичките ги земав и јас и беа џабе фрлени пари, а не беа евтини. Барем кај нас, никаква корист од нив. Јас ако добро памтам, имав секогаш неколку лажички до мене и од една јадеше, уствари се шлапаше, друга му полнев и оставав сам да ја земе. Така некако требаше да се прави мислам. За чистењето, подобро да не почнувам, ќе почнам да плачам :x:D
     
    На LiquidLuna и MariaBouli им се допаѓа ова.
  13. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    7.303
    Допаѓања:
    11.962
    Пол:
    Женски
    Даа, дури и посегнува по играчки напред, си се држи со рацете на страна ако се заниша, она си игра сама ако седи,
    Да се врти уште од 5 месеци дури и на страма спие од што не сака ни на грб. Она игра сама кога е седната.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.787
    Допаѓања:
    109.638
    Пол:
    Женски
    Тогаш немаш никаква потреба да се грижиш, јас сфатив дека имате мака и затоа бараш чаре. Едноставно нема смисла, и да не пролази, ќе прооди и самото посегнување е еден вид вежба.
     
    На Lady Miami и Feniksgirl им се допаѓа ова.
  15. Besbes24

    Besbes24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2022
    Пораки:
    2.060
    Допаѓања:
    1.804
    Пол:
    Женски
    Да скоро сите така, имам повеќе роднини од мали ги учат да јадат се што јадеме ние тука спаѓаат и благи и јагнешко парче големо до коска за да излиже ова со свои очи имам видено бебе од 9.5 месеци. Исто др роднина од 8 месеци се погоди лето кога бев таму и даваше вода до мраз значи буквално со коцки мраз што јас не би можела да пијам. Па кога ќе ми текне сега овие деца се околу 16-17 и големи спортисти таму. Не знам ништо не ги снашло ниту тежина имаат ниту некој проблем. Мислам дека ние овде премногу се грижиме. Додуша и јас се водев да речам според нив 1.5 год се јаде освен заби кога вади е тогаш ми е смрт. Сум давала и сладоледи и чоколада и торти секако само да проба ама ете не е некаков мераклија. Цел на мене се погоди мн сака тесто а не сака овошја.
     
    На MariaBouli, Miss_S и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  16. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.646
    Допаѓања:
    9.969
    По ниеден метод на хранење нема сол и шеќер пред 1 година барем, ова си е по избор на родителите, а не по педијатар или педијатриски нутриционист. По блв се советува минимално сол да се користи ако сакаш да споделиш од семејната храна.
     
    На MariaBouli му/ѝ се допаѓа ова.
  17. arwen93

    arwen93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    498
    Допаѓања:
    672
    Пол:
    Женски
    Хелоу мајки,
    бебето ми е родено со angel kiss и stork bite. Дали некоја имала ваков случај и кога исчезнало црвенилото?
     
  18. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    7.303
    Допаѓања:
    11.962
    Пол:
    Женски
    Сите бебиња имаат, исчезнува понатака како растат.
     
    На Lady Miami му/ѝ се допаѓа ова.
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.787
    Допаѓања:
    109.638
    Пол:
    Женски
    И јас давам ладна вода, сок, млеко... Во Санте плус на големиот му даваа млеко во шише, дури наросено шишето од ладно, во фрижидер чувано. И малото исто сум давала, млеко во шише ладно, со грло мака сум немала ни малото ни големото.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.890
    Допаѓања:
    14.573
    Пол:
    Женски
    16 месеца има, на челото и очите сосема е исчезнато, на тилот сеуште го има. Првото дете имаше само на тилот кога се роди, сега го нема, 6 години има, ама не сум забележала кога исчезнало зошто има долга коса од бебе.
     
    На happygirl и arwen93 им се допаѓа ова.