Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.255
    Допаѓања:
    7.993
    Пол:
    Женски
    Мајки, имате ли искуство со импетиго? Веројатно е тоа. Во градинка е нормално децата да одат цели крастосани, сега и моево фати. Освен антибиотска крема, ништо друго не ни препишуваат. Имаше на едно место, сега на друго. Ми е страв дали ќе се шири и понатака. По три пати на ден мачкам со бетадине, па крема, па ставам газа. Крастите веднаш ги снемува, ама кожата е како изгорена после тоа. Вчера шлок ме мавна. Ми се жали детево, нешто го боли рамото, кога ја тргнав маицата, поодвратно нешто не сум видела. Рана колку скоро цело рамо. Дополнително, не знам што створења имаат во градинка, се пикаат по треви, нозете цели искасани. Па ги чеша и веројатно така си ја шири инфекцијата. Купив и гел за ублажување на симптоми од убоди и за превенција. А намерно беше облечено во долги ракави, не знам што им прават на децата, ги соблакаат ли, ама кога се врати, цела нога позади парче.

    Ќе помине ли со кремата или да идам да се тепам на доктор да ми дадат орални антибиотици?

    Не сакам и ние да префатиме, а не може да не пипкам каде што е инфицирано, морам да мачкам.

    Не знам веќе што да правам, недела дена се заебавам. На доктор се жалам, викам почнува да се шири, што да правам, цело тело ли да го утопам во антибиотска крема, ми вика, да.:headbang: Сакам да ги сменам, ама ај тоа друга тема.

    Поминува ли лесно или сепак да им досаѓам на телефон да ми препишат?
     
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.235
    Допаѓања:
    111.523
    Пол:
    Женски
    Никад досега не сум имала тоа мака, не ни знам како изгледа. Немаш опција да седи дома додека се смири? Не знам искрено дали си во Мк или странство. Да не е нешто многу заразно, пријавете во институт за јавно здравје, тука знаат на големи зарази да направат дезинфекција. Реагирајте во дирекција на градинка, не е решение ти да лечиш а тоа да се шири.

    Сега отворив на гугле, ова прегадно изгледа. Јадно дете.
     
    На ArabellaStarfall му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.255
    Допаѓања:
    7.993
    Пол:
    Женски
    Не сум во МК и тука тоа е сосема нормално. Втор пат се јавува во градинка, само известување има, ама децата си одат најнормално. Некако не придаваат големо значење. Првиот пат, не фати, ама вториот пат, гледам ми праќаат слика, седнати едно до друго со омиленото другарче, а тоа цело лице партал. Ми стана јасно, дека и ние ќе го јадеме за кратко. Заразно е, некое дете ќе ја има бактеријата, ќе пипа играчки, после друго ќе фаќа, или ќе се гушкаат, доволно е мала рана да има и добре дојде и правиш.
    Хард кор се тука, нема болно, неболно, сите одат. А и ние што дека ќе седиме дома, кога си циркулира извесно време, веројатно додека не фатат сите, па ја снемува.

    Муабетот ми беше дали некоја има искуство и дали само со крема се покажало ефикасно. Ако не во понеделник ќе се јавам и ќе се расправам, краен случај ќе ги сменам. Ако нешто од МК ми фали, се антибиотици. Иако до сега кога сме имале температура и други симптоми, препишувале кога имало потреба, ама за кожа изгледа малку потешко. А и наставничката ми кажа, нека пие антибиотик и викам три пати се јавувам, три пати ми викаат само маст да користам. Како до мене да е. Имам за мене во фиока, ама за дете никогаш на своја рака не би дала нешто непрепишано. Се надевам ќе помине, што е до мене, по цел ден само мачкам, лепам, дезинфицирам.
     
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.235
    Допаѓања:
    111.523
    Пол:
    Женски
    Ама ова не ми личи дека е за антибиотик орален, што знам...
     
    На ArabellaStarfall му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    290
    Пол:
    Женски
    Местенца низ Скопје за со бебуш?Да има сенка да не се набутани масите едни во други,и паркинг секако.
     
  6. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    2.157
    Пол:
    Женски
    Јасно ми е дека антибиотици не препишуваат лесно, меѓутоа кога е зафатена поголема површина од кожата протоколарно е да се прима орален антибиотик. Јас би им досаѓала да препишат.
     
    На ArabellaStarfall му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lady Miami

    Lady Miami Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    3.451
    Пол:
    Женски
    Те молам да задржиме коректно ниво на комуникација. Не знам што си по вокација, но не е потребно да држиш предавања. Препрочитај што сум пишала. Сосема јасно пишав.
    Не зборувам за никаков вид на лазење. Без активности на стомак значи. Влечење на газето кога дете е исправено во седечка позиција. Самото тоа така да избира да се движи. Лазењето е мнг корисна фаза, но Е можно да се прескокне и нема причина за загриженост доколку детето покажува знаци на заинтересираност за околината и движење.
    Не е мој личен став, став на ортопеди и педијатри. Секојдневно имам комуникација и со едни и со други.
    Сите совети се гледа дека ти се добронамерни, но те молам земи во предвид дека и другите учесници во дискусијата се едуцираат и информираат на темава.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.545
    Допаѓања:
    184.449
    Пол:
    Женски
    Чил женска на форум сме. Не знам оти ме доживуваш така ама другите членови се информираа, само ти увиде проблем, па може до тебе е. :angel: Апсолутно е се коректно. Никаде не реков дека е моја теорија, став или измишљотина, туку токму тоа - пренесен став од експерти од лично солидно искуство и со кој и лично се согласувам. :) Ти споделуваш друг став, оке е. Секој има право да прочита и одбере кој став ќе го земе за релевантен. Гледам не се разбираме, терај како си мислиш. Ти не се сложуваш со моето, ок, јас во твоето комон сенс и логика не наоѓам и тоа е тоа. Let’s agree to disagree. :)
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lady Miami

    Lady Miami Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    3.451
    Пол:
    Женски
    Знам дека имаш мало бебе и хормоните го прават своето. Погрешно ме читаш најверојатно.
    Секое добро од мене
     
  10. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.545
    Допаѓања:
    184.449
    Пол:
    Женски
    Ај така нека ти биде. :D Поздрав :hai:
     
  11. Marijanche33

    Marijanche33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2025
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Не знам дали е за во темава, ама некој ако има собирано поени од Baby Center, да знаете дека мора да се искористат до крајот на месецов.
     
    На Veci@123 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Aleks.mar

    Aleks.mar Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2025
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    Добровечер женички. Кај мене повторно панични во најава. :sweat: треба за саатипол да тргаме за на одмор,јас цела аптека со мене. Од антипиретици до лекови за алергии и сл и уште се думам нешто да не сум заборавила (facepalm) само антибиотик не земав тоа не давам без рецепт ос лекар. Малото пред некој ден фати афта ама тоа гадна, не само како бело крукче флекиче туку вдлабнато како раничка. Големиот имаше такво пред неколку месеци матичната не прати на стоматолог да го премачкајте пошто било баш инфицирано. Добро само јас ли олку имам страв кога деца ми се болни? Поготово малово пошто еднаш имаше грчеви. Уште со првото си бев цврст карактер и спремна и знаев дека деца така растат тоа е нормално така стекнуваат имунитет но откако тој со тт39 почна да блада една вечер да станува да кажува нешто веќе од тогаш стравот ми е вкоски. А не сакам да бидам ваква. Ама па голема е разликата од ние ко сме биле деца и сега. Порано се знаело што е ќе бапнат 5 инекции пеницилин/кристал и веќе во наредните 5 години си здрав. Ова сега не е нормално. ;(
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.110
    Допаѓања:
    4.422
    Пол:
    Женски
    Метиленско сино, плаво е за премачкување такво ама добар антисептик за афти можеш да си купиш во аптека. Пробиотик, и орс електролити ти се добра опција да носиш за ако има промени на столица или температура.
    Секако е стресно, ама ајде со позитивна мисла :wasntme: ќе поминете убаво(poolparty). Јас сум миле паника станата а сестрами е постабилна од мене, обратно беше порано сега сум станала ваква.:sun:
     
    На Aleks.mar и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  14. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.789
    Пол:
    Женски
    @Ladyme ова метиленско може ли за доилки и јас имам една афта пробав со хидроген ама не поминува никако...
     
  15. lala15

    lala15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2014
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    424
    Пол:
    Женски
    Мајки хелп. Ми требаат идеи за поклони за прв роденден и крштевка за ептен блиски близначиња, внуци на мм од сестра, машко и женско. До околу 8 илјади макс. Сакав нешто златно на пример мали крстиња, ама не знам дали ќе најдам за до таа цена, златото е 5000/грам, планирам низ чаршија да разгледам. Исто една опција ми се трицикли/точачиња, дали се океј подарок со тоа што децата уште не се проодени, а не ни лазат воопшто, т.е. не знам дали ќе ги користат. Секој совет е добредојден
     
  16. arwen93

    arwen93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    693
    Пол:
    Женски
    Мислење за пливит д3?
     
  17. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    1.849
    Допаѓања:
    3.742
    Пол:
    Женски
    Најискрено злато подарок ич не сакам лично, ај што на мое бебе нема да го ставам крстот секако … па и колку е скапо златото во моментот …
    Купи им на децата нешто што ќе го користат, трицикли се супер идеја, исто и овие точачињата за буткање со ноџиња без педали за почеток ептен има штосни. Плус ваучери за бејби спа или нешто интересно да им остане во спомен :l:
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  18. OneMiss

    OneMiss Активен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2025
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    69
    Пол:
    Женски
    Super se , vo ortoplus tie ni gi dadoa celo vreme gi pie tie e nekoj zemaat i vigantol mislam ama gi nema kaj nas
     
    На arwen93 и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  19. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.723
    Допаѓања:
    7.726
    Пол:
    Женски
    Доколку немаат може и трицикли.

    Од аспект на подароци или купување, кога ќе видам колку малку сме ги искористиле работите за ќерка, некои ради ред и чест сме ги почнале, гардероба се смалила за 2-3 недели баш и ми е криво што во нешто повредно не сум и вложувала.

    Имаше некој низ темите пишувано за инвестициско злато. И тоа ми е веќе како опција кога е за повреден подарок или за детево да и остане за во иднина.
     
    На lala15, Stone и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  20. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    290
    Пол:
    Женски
    Брат ми кога се роди бебушов мој му купи инвестициско злато.Посебно за вака ептен блиски мислам дека е преубав значаен подарок.Исто и некое не знам какво виски зошто не се разбирам преретко знам само дека е кое што ќе се чува долго здравје 18ти роденден заедно ќе го отворат.Мене вакви подароци со симболика ми се преубави.
     
    На lala15, Yowannty, Hygge-girl и 3 други им се допаѓа ова.