Zlato ili pari , za tricikl epten ako si odberat sami moze sakaat poeftin moze na rasklopuvanje . Znaci mene najubav podarok mi se pari , koga ke mu ja opremuvam detskata soba ke gi iskoristam.
Кога сме кај кај подароци, за првото дете правевме посебно крштевка, посебно прв роденден и двете беа со гости во кафана. Подароци многу добивме, но генерално се поклопуваа и реално ништо не се искористи како што треба. Сега за второто имаме се од првото, исто е девојче и сезонски се еден месец разлика, значи ништо не ми треба, плус и за мекици добивме многу подароци, а исто посебно ќе правиме. Што мислите за поканата за крштевка да пишам поклон во плик?
Мене ми е ептен глупо поклон во плик, со други зборови просење. Извини, знам дека ти е преку глава од непотребни партали, ама немој. Јас за малово добив едно чудо алишта што му беа многу големи, 2ипол има, уште од мекици алиштата не ни се ни испрани.
Јас би кажала подарок во плик на оние кои ќе ме прашаат (најчесто поблиските). Ние правевме мекици со 120 луѓе и добив премногу работи кои нема да ги искористам, би рекла и над 60% од подароците. Ќе пробам да ги преподарам или во краен случај донирам. Многу покорисно ќе беше да ни дадеа пари наместо нив, па и по 400-500 денари што ги потрошиле на подарокот ама мене ми е глупо да кажувам подарок во плик на подалечни гости..
Пливит не се маслени капки, водени се, вигантол се маслени. @arwen93 ние користиме пливит и се ок. Во ортоплус ни ги препорачаа, а ни ги препишува матичниот и на рецепта се 20тина денари.
Ова маслен да не мислиш на Вигантол? Други маслени се Солдевит и овие ампуливе со омег и к1 што се. @arwen93 воден раствор се и треба на 20 дена да се менуваат. Бргу менувааат вкус.
пливид д има и маслен спреј и капки затоа сум се измешала, ама и водени капки да се не е проблем, тие гледам се на рецепта, малку е поголема апсорпција од маслените капки.
Крст сакав бидејќи е крштевка, ја примаат верата нели..Јасимам крст од баба ми и апсолутно ниту еднаш го немам ставено ама ми е драг подарок оти е од неа, плус не старее. Инаку не обожавам златен накит ама ценам кога некој ќе ми подари оти е класика... супер ти се идеиве ама какво бејби спа, познавајќи ги родителите никогаш нема да ги однесат на такво нешто, малку се простички, затоа сакав и злато или точаци, нешто покласика. Секако фала ви на сите на идеите, ќе погледнам и за инвестициско злато, секако ќе биде нешто од понудените работи.
Ќерка од блиски доби и обетки златни, со ги носи нив и белегзии и сл. Сите се убави, преубави и имаат каква таква вредност. Проблемот е што е мала да ги пази, лесно може да и испадне во градинка, на игралиште, случајно или намерно да и земе некој. Од практични причини не и ставам додека не е доволно возрасна да знае да ги цени тие работи. Инаку обработеното злато, тоа од златара де, губи повеќе на вредност. Пример ти ако ги купиш крстовите како нови, да речеме по 4000 денари еден, за некој ден да сакаат да ги продадат или заменат, во златара ќе им ги пресметаат по многу помала вредност.
Денеска денов помина, нешто кај мајка, средуваме менуваме паркет и цел ден со внуката и бебчеги чував, аух викам лудо и незаборавно со две деца. Секоја чест на сите мајки мајки ипол со две три деца. Дојдовме бебе по пат заспа, ја префрливме во кревет и спие више сат време. Денеска бебче ми се насмеа прв пат брзо беше не ми се веруваше некако долго чекав. Се надевам ќе почне почесто ми го стопи срцето Добра ноќ на сите.
Леле ама нема поубаво од првата насмевка, моево пред некој ден прв пат ми се насмеа и мислам ми се продолжи животот од тогаш си се смее редовно и се топам сеееекој пат, он се смее јас се расплакувам како мрдната некоја од што ќе ми пукне срцето колку го сакам ова малечко човечулче
И јас на бејби спа никогаш не би однела бебе, не сум простичка ама ми е тотална перална за пари и скроз неприродна поза за бебето со тоа гумата околу глава. Плус бебе во базен Пливит д3 се горчливи, подобро на лепче да се капнуваат или нешто друго согласно возраста. Вигантол ако имате кој да ви носи најдобри се, 500ие има една капка, траат долго, а коштаат 2-3 евра.
Ова ради нас македонците сигурно Не сум го прашала маж ми одамна за цена, а и залихи правиме и не сум приметила. Ама пак се исплати, сите други кај нас освен пливит се изгор.
Леле мојата се смее веќе некое време нема поубаво. Првата насмевка беше за вујко и … никогаш нема да заборавам ја зема во раце брат ми и така нежно убаво ми се насмеа спомен за цел живот. Он целиот пресреќен на сите испораскажа … а наутро откако ќе се нацицаме обавезно ми се смешка и е расположена додека и зборувам некоја минутка нема поубав почеток на денот, љубов најубава
Кога сме кај насмевките мојата прв пат ми се насмеа втор ден откако се роди, во болница кога ми ја донесоа од сабајле. И реков добро утро, прво во сон се насмеа после ги отвори очите и насмевката уште поширока Одма почнав да плачам од среќа зошто првата насмевка не ја очекував толку рано… мислев некаде после месец ќе почне. Од тогаш сме насмеани и гугаме, само кога не боли меше кенкаме Ама дефинитивно посебен момент за секоја мајка е првата насмевка