Дојдов да се пофалам.Бебуш од 3м се врти од грб на стомак али не и обратно.Мајка се мачи го учи го вежба секој ден али не,никакви знаци нит па желба покажа.Денес на подлога си лежи и отидов млеко да му направам,си се сврте на меше он го гледам ок.По некое време слушам туп,кога го гледам се свртел конечно од меше на грб и тоа од цеееела подлога огромна што ми го еба изгледот на дневна,он на ламинат се бутнал.Така да ...кога најмалце очекуваш ќе биде
Скроз истото ни се деси сабајле, отидов да мочам, и само слушнав „ТУП“ проследено со плачење. А мојата мислам дека знае да се сврти, се има свртено неколку пати. Ама толку обожава да е на меше невозможно е дури, и затоа до сеа 5 пати дали се има свртено
И мојов обожава на меше и цело време се врти и толку се мачам да го учам како од меше на грб абе не знам веќе што не праам.Денес од сите места подлоги ќебиња мораше на ламинат да лупне.
сум слушала за тоа метиленското. Јас носам од генвигел или генги гел ли се викаше... спреј за фати ранички... ги земав кога големиот имаше сипаници матичната ми го препорача. Устата партал му беше. Помага и за афтички а не пече толку колку прополисот. истото сум и јас. Ама тоа е. Се си викам абе блазеси им на мајките кои се си сфаќаат како нормално и си тераат без проблем. земи проафтол, со прополис е и некои природни состојки. Ама пече многу тоа. Е сега јас ќе барав нешто за изгореници од сонце вчера едвај ред фативме дека касно тргнавме неделата па уморни па не знаеш кога ти се спие кога ти се јаде и кога побрзо на плажа... денес втор пат бевме на плажа ама си викам аман бе мајкуму... кога стигна големиот да почне да се жали на грбот... носам од санденс афтер Сан и се само со тоа мачкаме. Носам и пантенол гел ваљда можам и со тоа.
Ми доцни 5 дена. Си реков ај ке пишам. Штом кажам некому ми доаѓа обично. Откако престанав да дојам добивам ептен точно на време 3 пати до сега. Може е од жешкото време. Не ми се прави тест, детево ми е со ивф. Ем би било супер, ем не ми се надева... не ми е плански, ама ке се растажам ако видам милионити пат 1 цртка. Стискајте палци да не добијам . Каша попара. Којзнае дали е за тука овој коментар.
Здраво мајки херојки! (И да е утната темава, ќе пукнам ама ќе се исповедам тука) Ќе почнам со едно прашање кон вас: Дали си ги гледате очите променети? Погледот поинаков, поостарен? Знам дека ќе изгледам чудак, ама стварно почнувам да забележувам некои нијансирани промени. Точно, стареам, не младеам, ама па не сум во средно доба сѐ уште. Знам дека со мајчинството мајка се исцрпува, ама па да почнам да стареам вака. Проблемот ми е погледот, очите ми се како вдлабнати во тоа дупките, знаете, како на старите луѓе. Не ми е капакот убаво обликуван туку окото како во дупка да клапнува. Немам некои страшни брчки, освен оние при смеење, ама самиот поглед ми е почуден. Порано не ми беа такви шмрц. Дали од неспиење, дали од нервози или од тоа што сум послаба. Ако се здебелам, можеби ќе делувам посвежо. Како да се здебелам убаво? И кога ќе се нашминкам, не ми се доловуваат очите. Тоа трепките ко трски прави кратки, па и не дека имам вешта рака за шминкање, ама не сум ни букуз. А можда и до шминките е, отупени се. Сѐ на сѐ изгледам како некоја временска старска верзија од себеси. Имам проблем со прифаќање на промени, тоа ми е внатрешен конфликт и тоа голем. Кај вас старо-ново?
Мене коса ми обеле со месеци на подлога, сите ме форсираа дека мора, дека мора и мора, и ја отупев вежбајќи ја да се сврте, бебево абер немаше, за на крај кога се откажав сама се сврте и тоа се сврте на 5 и пол месеци и ден денес не практикува нешто да се врти, мрази на меше, значи мрази не знам како да ти опишам, со урлање и крокодилски солзи во истата секунда. Е навечер се врти ко вртимушка низ цела спална. Не се врти уште од меше на грб, не сака нит па ја форсирам. Ама затоа од 3 месеци се натега да седи и еве ја седи стабилно, душа нејзина да седи.
да си здрава и жива. Да гледаш и слушаш без проблем. А за тоа какви се очите ич нека не ти е на мисла
Здраво мајки денес бебчо прв пат рече Мама се стопив со месеци нешто вика баба ,деде, дете, ајде ама денес кога кажа мама леле пре пре убавооо чувство. Но премногу е врзан со мене порано кај сите седеше сега не сака со никого ни со татко му дури. Дали и кај вашите е вака 12-13 месеци. Неможам ништо да пофатам по дома а се тргнам одма иде и плаче не седи ни кај татко му се корне по мене... кафе пијам у грклан ми застанува не може ни 5 мин да го зачува на раат да испијам .
Исто, како останав бремена обелев, свадба правевме во јуни лани и идев секој месец едно 6-7 месеци пред свадба на третманче на косата ( никогаш не сум идела на фризери, дома мајка ме шишала, сама сум се фарбала, сама сум се шминкала све сама, малку ми требало да се осеќам убава ама и младост хаха ) и како почнав пред свадба видов колку жени си идат на масажи на нокти на коса третмани.. и ќе испиев едно кафенце додека седам со маската и си викам о, моите два часа во месецот и мн убаво се чуствував, си бев си стаев и ботокс на глабела, значи незнам најубаво сум се осеќала и ајде после останав бремена лежи лежи и кога ми рекоа можам да движам идам на фризер и ме гледа вика леле девојче бела си, цела и стварно како останав бремена крварења чуда стресирај се.. обелев, пропаднав.. пак се вратив во кревет лежи, лежи, па во болница лежи. Кога дојдов дома сама, во стари алишта, небањата. И сум плачела незнам може два сати за све прво што дојдов сама, пиев апче да се смирам неможев да се гледам во огледало, некако ја немаше старата јас. Сега не сум стигнала да се видам, пак дома се фарбам, дома мајка ме шиша и така... Денеска си реков да идам да се боцнам пак, барем да не сум намуртена хахах бебе да ме гледа така. Ама морам да се посветам малку на сама себе, сакам пак некој третман на косата, масажа, да го вртам ставот на стоење, мн сум искривена и све ме боли. И така не ми текнува за друго дете, да ми е здрава и жива ќере.
Исто ми е. Стално му викам на маж ми ме унакази детево никогаш не сум изгледала полошо нит па сум била полошо.
Како дете на родител кој никако не прифаќал дека старее, тој цел живот викаше дека има 25 и нешто и беше вечно дете, многу ми е важно да почнам да прифаќам дека стареам. Не сакам да ме гледаат како некоја која страда по годините, иако еве искрено не се осеќам ни за моите 38, имам уште доста до тоа да речам стара сум. Мм често знае да каже духот ти е стар, се нешто те боли, ама тоа нема баш врска со старост старост, нажалост. Е сега што се однесува до ликот, јас имам спуштени капаци и да не ми е страв ќе одам утре да направам операција на капаците, ма ако треба и секои 3 месеци ќе ги правам, ич не ми е гајле. Ама многу ми е страв бидејќи ми рекоа дека е со локална анестезија а јас да слушам тоа нема шанси. Па затоа компензирам со убава и квалитетна шминка, како основна козметика за лице, така и за декоративна, не одбивам да се нашминкам во секоја пригода па така се шминкам и наутро за на работа, и попладне ако треба пак ќе се нашминкам, обожавам да се шминкам сега. Лицето го доведов до свежо, светло, мазно, убаво платно за таа шминка, што е најважно, користам серуми, креми, се според возраста и состојбата на лицето. Многу е битно да имаш листо и негувано лице за себе, за таа шминка да изгледа убаво и да изгледаш свежо. Јас користам витЦ на Гарниер пример, многу убаво ми одговара и од ДМ некои производи, пиши ми ако сакаш знаеш дека ќе ти објаснам се. Знам дека ти си по природното, анти конзумеризам и се тоа, ама едноставно мора да се направи се што може за да не бидеме како нашите родители на наши години, мислам дека откако памтам за себе мајка ми е стара, никогаш повеќе од павловичева на лице нема ставено а итекако е за креми против брчки стасана. Сакам да изгледам убаво за себе, ама и за децата, да не се срамат од мене. И се фарбам и се шатирам и внимавам на лице, пред се за мене, а потоа за децата, а најмалку за тоа што ќе рече народот. Ако ти си си убава со природно бушава коса и без сите тие работи кои прават да изгледаш убаво, никој не треба да ти влијае на тебе, ама бидејќи очигледно не си, мислам дека ќе мора малку да ги поминеш тие граници на природата. Пиши ми слободно пораче. За дебелеење не можам да ти зборувам многу зошто мене контра од тоа ме мачи, но сметам дека повеќе протеини, малку физичка активност ќе ти помогнат да качиш мускулна маса пред да се здебелиш.
Целосно те разбирам. Знаеш, си викам ај ќе сменам фризура ќе бидам нешто поосвежена. И се гледам во огледало, пак не се доживувам нешто свежо, младо. Потоа, ај кармин ќе купам, ее со овој крај, ќе се истакнам, пак ништо. Сега сакам да правам веѓи. Не ми се нешто баш убави, ко раштркани Сакам подебели потенцирани убаво, ама и тоа каде како... Па се лажам џоа косата ко ќе ја обојам ќе добијам друг лик. Јас всушност сакам некоја промена на себеси, ама тоа да потсетува на порано. Не се помирувам некогсш дека се менувам. И сега кога си гледам стари слики, си викам па арна си била, што ти фалело, а и тогаш бубачки имав, неисполнето се осеќав. Божем еве уште ова и сигурно ќе сум вау, а немало врска. Очиве кога си ги видов и направив споредба, баш ми дојде нокаут. Мислам од неспиењето ми беше. Вака ми станаа од второто кога ми се роди, не спиеше убаво, многу бев нервозна, неисполнета... Се осеќав ко за нив само да сум, како маж ми повеќе да излегува и дружи ради што одеше на работа, ме удираа филмови ете си ги гледа колешките средени наспани, јас сум гроги. Да ми потпорасне малку косава, шишки ќе правам.
Ти си жена со многу интресен лик, немој да мислиш дека не можеш нешто да направиш, али баш како што кажуваш, мала промена ќе ти годи. Некој прамен, боја, шишки, смени нешто стил, нешто направи ќе видиш разлика одма.
Сестрами ги правеше веѓите после бременост кај оваа татјана фи мастер, супер и се еве скоро година помина, и беа раштркани што викаш натажени хаха сега е повесела, и она има така спаднати капаци па како да и се отвори погледот. Најмногу мислам е замор, затоа сме пропаднати. Денеска сум спиела и пак глава ме боли никако не бива хаха бебе спиеше од 9 ипол до 6 сабајле хаха со мм се прашуваме дали некој станал, и после јадеше и презаспа до 9 ипол спиеше
Ти се срамиш од мајка ти како изгледа? Ако децата се срамат од родителите и нивниот изглед, тогаш родителите негде ептен ја утнале работата во воспитувањето, за жал.
Јас и мм гледаме слики, од 27 на 40 директ за 3 години. Јас порано си ручкав трици леле како идат нечешлани мајкиве, ама прц, еве ме со две деца станати од ниедно време, како був сум во главата. А и лицето е свенато, ама со 4-5 саати сон веќе 3 години не знам ни како би било добро и свежо. Ама не се замарам, сестра ми знае да искоментира среди се, ама сестра ми има 23 години и целото слободно време на светот. Спремам мастер, до ниедно време куцам извештаи, презентации, спијам ИЧ, и уше да се пеглам… ќе си почекам уште некое време па ваљда ко ќе тргнам на работа ќе се организирам некако. Сега сум фан на Биркенсток, широк шорц и комотен прслук. Amen И дебелеењето, мислам дека е комфор зона едноставно, јас и мм сме и јадачи и грицкачи, ама па ако се стегам една пијачка да не испијам навечер со него и пола чипс со филм, јебем ти живот.