Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    1.855
    Допаѓања:
    3.745
    Пол:
    Женски
    За изгледов, вчера бевме на доктор на контрола и тоа ми се моменти кога можам и нејзе и ја да се дотерам … маж ми ми искоментира аман бе што направи 15мин се шминкаш додека ја држеше пред да излеземе - не си помина добро после тоа / му објаснив дека за мене го правам тоа не за одењето негде :?: па рече ок. Иначе лицето ми сјаеше во бременост и првиов месец, за сега спиеме навечер да не се подречам ама преку ден е цело време на раце или на мене клапната цела или цица така да немам воопшто време :( сама сум пола ден и кога ќе дојде маж ми што попрво. Ептен ќе беше полесно бебка да спие во креветче ама ајде да не се жалам, знам дека има потешки варијанти што ме чекаат |( и се радувам битно нејзе каква убавинка е, ќе се врати време кога и ја пак ќе бидам дотерана и убава. Инсче во овој еден месец породена, птидов еднаш на педикир и еднаш на фенирање(fingers) не е лошо. А генерално во животов мој одев барем еднаш неделно на фенирање, еднаш два пати месечно козметичар, еднаш месечно масажа … (waiting) се надевам да вратам се тоа во живот од нареден месец, еднаш два псти неделно да оставам бебе на маж по еден саат приквечер/попладне да земам малце здив
     
    На naturally, kozuf, Калатеа и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.112
    Допаѓања:
    4.429
    Пол:
    Женски
    Тоа е тој изглед хаха и јас биркенсток, широки шорцеви и широка маица. Хаха ако се сретнеме да се поздравиме. Идам во аптека да земам млеко и оп другарка од средно и ми вика си се збуцкала... и викам се породив пред три месеци. Сега види на висината моја 9 кила не се мн ама изгледа во стомак, бутки и лице е отидено. Најсмешно она три пати од тоа од средно ама нема везе. Јас не коментирам си се збуцкала или си ослабела или такви муабети, глупи ми се може ќе навредат некоко, ни на жени ни на мажи. И сега на мм секој ден му викам сум се збуцкала еее сум се збуцкала :bug:(heidy)
     
    На КаринаТ, Carolin., Калатеа и 4 други им се допаѓа ова.
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.235
    Допаѓања:
    111.528
    Пол:
    Женски
    Апсолутно не се срамам од мајка ми, преубава жена е, ама не внимава на себе и тоа се гледа итекако на нејзиното лице. Ниту внимава на лице, ниту на заби, ниту на облека. Никогаш не сум се срамела од мајка ми, ниту кога на нејзини 40 години изгледаше како да има 60, ниту пак сум и кажала. Сега нејзе и смета па ја подновувам редовно со колагени, креми, витамини и слично зошто ја гледам дека не и е убаво. Ама децата се пресурови, особено новиве генерации, ќе ти го залепат па до таму да е и твоето ќе се разочара и ќе се повлече. Мене големиот ме има прашано дали уште имам бебе во мешето зошто другарче му кажало Мајка ти трудна е? Уште има стомак! Друго детенце има кажано за баба на другарка од училиште дека личи на машко, зошто жената стварно мажествено изгледа, висока, со кратка коса, држење такво, ама начинот бил стварно лош С твојата баба повеќе на дедо личи!

    Да се разбереме, мене секоја жена ми има убавина, ама не е на одмет бар да се исчешла, да измие лице и да намачка некое кремче, да издепилира влакна на лице и да има чиста облека, нели? Јас сум од место каде што има многу жени работнички, не внимаваат нит на себе нит на лице нит на тело нит на облека, изгледаат по 10 години по стари. Кај нас жена која се шминка е жена која оди да се швалерисува, оној синдром на мали места, Види ја, стаила ботокс/филер, гарант има швалер. Мајка ми секогаш викала дека и било срам и кармин да стави на уста, да не ја збореле, да не и ваделе муабети...
     
  4. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.112
    Допаѓања:
    4.429
    Пол:
    Женски
    Бабами, неписмена жена со 3то одделение и толку дошле бугарите запалиле школо и немала време овци чувала итн. Викаше сега сине јас немам време ни живци на 80 години ама не сум се оставала, коса со трајна, кремче, нови алишта нон стоп кај шнајдерка да и шие.И така си умре средена за нејзините години. Мајками е таква покрај све тешка раб и све секогаш ставала шминка, се облакала.. па како пораснавме, никогаш не е запуштена, самохран родител е од 36 години, таткоми е починат... сега кога сум мајка викам ух колку и било тешко, како го чекам мм да дојде од раб да ме замени да не мислам, да не е цел товар на мене. Она немала помош, останала сама со две деца едно три едно 4 години. Никогаш не се премажила. Тоа е жртва за своите деца. Сега е Госпоѓа - Дама, секогаш облечена, средена, нашетана од нас двете. Сметка не плаќа све со сестра ми покриваме:makeup: само да ужива.
     
    Последна измена: 16 јули 2025
    На mila89, Mother of 2boys, Carolin. и 11 други им се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.277
    Допаѓања:
    67.893
    Пол:
    Женски
    Види, те читам одамна, знам како размислуваш за физички изглед, колку му даваш на значење, колку се срамиш од себе и не се сакаш кога ќе ставиш некое кило... И сѐ погоре што си напишала, подоцна го негираш. Викаш мајка ти е убава жена, АМА, секоја жена ти има убавина, АМА... И сето напишано ти паѓа во вода. Децата не се раѓаат со вакви размислувања, со срам. Тоа им се пренесува. Го зборуваат тоа за изгледот зашто го слушнале од некаде. И погрешно е.
    „Мене големиот ме има прашано дали уште имам бебе во мешето зошто другарче му кажало Мајка ти трудна е? Уште има стомак!“
    Еве ти пример. Да не рекла така женава, на детето ни на крај памет не би му паднало вакво нешто. Децата не се сурови, такви возрасните ги прават, зашто возрасните се сурови. Можда помалку зборување за туѓиот изглед би имал бенефит за сите. И наместо ти да се трудиш да немаш стомак за детето да не се срами од тебе, треба да му кажеш на детето дека не е убаво така да се зборува и не е во ред коментарот од другарчето.
     
    На gjoker4e, An-na, Amelia. и 4 други им се допаѓа ова.
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.235
    Допаѓања:
    111.528
    Пол:
    Женски
    Зошто да не се трудам да немам стомак? Здраво е да имаш стомак и да имаш вишок килограми? Не! Да, точно дека децата слушаат од дома и знам многу убаво како и што е направен муабетот зошто ја знам мама и другарките на мама, али децата слушнале муабет и не се срамат да кажаат ниту пак да прашаат. Не е дека негирам, само објаснувам што сум мислела зошто во претходниот пост не сум кажала тоа што сум мислела. Можеби требало во првичниот пост да објаснам, ете.
     
    На Трагедијаупмм и Baby warrior им се допаѓа ова.
  7. Autumn05

    Autumn05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2024
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    445
    Пол:
    Женски
    Јас си купив четка за фенирање онаква ротирачка и едвај чекам да дојде мм од работа или свекрва ми или мајка ми да го причуваат за да се потсредам, пола саат после тоа пак иде косата во пунџа ама тој self care момент ептен ми значи. И пред да го шетаме знам да си ставам коректор и течно руменило, макар тоа било и со бебево во една рака, ептен ми менува расположение. Нормално не успевам секој ден ама во денови кога ќе успеам ептен сум среќна. За месец ипол еднаш отидов на маникир и еднаш на депилација, ама си го фаќам редот веќе, следна недела ќе си закажам шишање и педикир, маникир исто си имам закажано пак, среќа имам се во близина па за 1 саат наоѓам некој да го причува или да си поседи со мм. Пред бременост ептен се средував и се надевам колку толку ќе успевам и со бебуле, друг човек сум кога ќе успеам да се потсредам барем малку :)
     
    На Katie90, Ladyme, Noemi и 2 други им се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.277
    Допаѓања:
    67.893
    Пол:
    Женски
    Ах... Ти за себе прави како сакаш. Ама, да нормализираме дека е во ред жени да се срамат од себеси поради тоа што не им пречи ако имаат стомак... Не. Ваквите размислувања и постапки водат кон тоа децата да се исмеваат натаму со туѓ физички изглед. Место да одиме напред и да си ја гледаме својата работа, да си ги учиме децата што не е во ред, ние ќе се срамиме од самите себе, ќе фрламе срам на тоа како другите жени изгледале. Интернализирана мизогинија до крај.
    Тоа е.
     
    На Noemi, Miss_S и Autumn05 им се допаѓа ова.
  9. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    7.813
    Допаѓања:
    12.726
    Пол:
    Женски
    Кај мене е Биркенсток и фустани широки:rofl:
     
    На Ladyme и Baby warrior им се допаѓа ова.
  10. Autumn05

    Autumn05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2024
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    445
    Пол:
    Женски
    И јас вака :D и големи наочари јер подочњаци прв пат во живот 8)
     
    На Трагедијаупмм, Baby warrior и Feniksgirl им се допаѓа ова.
  11. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    1.855
    Допаѓања:
    3.745
    Пол:
    Женски
    Вчера додека шетав бебе у еден маалски бутик се улетсв онакс да прогубсм време док спие и купив еден фустан за 800ден долг онака летен шарен, без да го пробам … доаѓам дома го пробувам … лепота за низ маало 8) мајка стил комплитед
     
    На Izzy_0504, Peperutce6, Carolin. и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Зеленоокатаа

    Зеленоокатаа Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2019
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    171
    Пол:
    Женски
    Јас ептен станав не средена. Кога шетам со бебе сум како избркана од дома. (facepalm) Но оваа мајка реши да се средува по малце. Дали некоја го има стерилизаторов за коса или да ми препорачате нешто за брзинско средување.
     
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.235
    Допаѓања:
    111.528
    Пол:
    Женски
    Јас сега го купив и сум презадоволна. Фенот сам по себе е доволно јак, многу убаво витка, фенира, преубав е. За 10мин сабајле сум готова пред работа.
     
    На sani99, Baby warrior, Зеленоокатаа и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.791
    Пол:
    Женски
    Интересна дискусија.
    Јас се пронајдов во несредените ,ама не е ова постпородилно сеа туку постпородилно од првото уствари и пред тоа... не можам да се нашминкам за на работа која не ме исполнува. Или секојдневно имам тетка станува праи кафе се шминка накар да не мрдне од дома секогаш е дотерана. Мајка ми иста како на Ангел мајка и ,веројатно од неа гледајќи не сум научила... имав период во кој се сменив и бев посредена ама почнав да работам во локална продавница и толку :rofl:
    После сменив работа пак гледав да се средувам канцеларија нели и останав бремена не ми се трошеше на труднички алишта и како со униформа бев до крај. Сеа еве се породив сакам да се средам ама ко ќе се видам на огледало гз сплескан стомак огромен... не си сум убава џабе шминки.

    За коментарите со 3-4 жени што сум видена ,што родиле и знаат како иде ми се запнуваат за стомакот као ти останал :?: другари месец нема како сум породена кај да оди стомакот ај кажи |(
    Дали дека со првото ковид време па месеци поминаа пред да се видиме им се чинело побрзо симнав или стварно не знам ама мнпгу многу глуп муабет е да на родилка и се натнеш за стомакот особено во првите месеци.
    Исто гледам мајки со бебиња дечиња шетаат уживаат во секој момент. Јас само на негативности мислам ќе пукнам додека не излезам а ако излезам сакам дома ,не зборам за излегување во близина или на кафе туку пример негде подалеку со спиење.. Затоа и нема одмор годинава. Се борам некако кога сме оделе заради детево оти знам дека значи и за имунитет и за промена од секојдневието. Дури и на некои слики рандом што сликал мм на фаца ми се гледа дека не сум присутна во моментот и дека имам лоши мисли низ глава.
    Се изнажалив..

    Одење на маникир ,педикир ,депилација и сл работи што се за мене ако ги направам осеќам вина... мислам дека не ги заслужувам :(
     
    Последна измена: 16 јули 2025
    На Carolin., Aleks.mar, Baby warrior и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    290
    Пол:
    Женски
    Пф толку ме заболе како изгледам некои моменти па тоа страшно колку ми е небитно.Бањата небањата исчешлана покубана,немам 1 слика кај што личам на човек со детево,ама ако и тоа е спомен,а не глума.За косава нарачав од тему таква четка зашо не ми се даваа пари за дајсон.Стигна пред 1 месец уште чека болје денови.По цел ден со бебуш дома уште да се средувам,ако имам чиста маица ок.Сметам дека чим потпорасне и јас со него ќе растам и стабилизирам ,сега у новогодишни пижами и пунџа по дома.
     
    На КаринаТ, MariaBouli, Aleks.mar и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    290
    Пол:
    Женски
    Уште се смеам дека стерилизатор имаш пишано,колку пати во денот го пушташ:DСтилизатор стерилизатор то е то.
     
    На Peperutce6, Зеленоокатаа, dummy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.235
    Допаѓања:
    111.528
    Пол:
    Женски
    Мене ми има дојдено на гости дедо на мм, стар човек, пензионер од Германија, ме виде во најлошо можно издание, со млеко потечено по маица, флека на града нели, бушава у главата, подочњаци.. Човекот со сожалување ме гледаше, јас памет немав во глава од дете неспиено, ми вика Снајка а ти да си прилегнеш јас да се јавам на свекрва ти да го причува детево? Луѓе ми идеше да плачам. Од тогаш станувам, се облакам, се мијам, тип топ се и нечешлана не сум останала. Многу ми падна незгодно. А и исчешлана и измиена, преоблечена, некако пола ден ми е поубав автоматски. Дури и да седам дома. А не сум некоја што е пицајзла до толку. Сум одела и со 3 дена пунџа, ама залижана убаво косата, ако немам друго со лак само ќе ја залижам.
     
    На Carolin., pamelche, Aleks.mar и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Autumn05

    Autumn05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2024
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    445
    Пол:
    Женски
    И јас за истово се засмеав :D само стерилизатори ни се во глава :D btw најбескорисно нешто што купив за бебево после марамата за носење е стерилизаторот :?:
     
    На Зеленоокатаа, Stone и dummy им се допаѓа ова.
  19. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    1.855
    Допаѓања:
    3.745
    Пол:
    Женски
    Денес минстигна марамата, викаш нема да ја користам?! Хаха ја па си викам од утре ќе имам можда послободни раце ако заспие во неа
     
    На merriel0 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Autumn05

    Autumn05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2024
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    445
    Пол:
    Женски
    Јас ја утнав, дебела е некако и не е за жештиниве, топло ми е и мене и на бебево, и не се ни растегнува асално, едвај ја местам :sweat: од ананас нарачав јас некоја рандом од локо кроко, ти која ја зема?