Не знам зашто ја го убив,ја и он работиме у куќава најмногу.Мојов е и со сушење и само мијам ставам секој ден.
Кажи баш како ќе се погоди, ако е добра ќе нарачам и таква јас замислував вака дека ќе си го носам по мене: https://www.instagram.com/reel/DJH-2T0Ttwt/?igsh=MTYxOTJ6a2lqNDNzZg== ама wishful thinking, скроз ја утнав
Незгодно зошто душава сум ја продала нс ѓаволот за бебево да заспие а ја скоро па ко ѓаволот и личам.Ма каки незгодно бе да не треба да глумам дека цветно ми е се а ја спиена 3 саати.Уште па гости да ми дојдат и ја кај сум нашла време да ги угостам да ми коментираат за изглед Абе може се осеќам подобро да се средам ама ни малце не ми е фактор тоа во овој момент тоа.Ниту па сум загледала некоја дали била нашминкана,толку небитни моменти во овој хаотичен период.
Исто и јас утнав работа со марамата од локо кроко. 3 пати ја искористив дур бебка беше помала и некако прекина да ја собира и држи топло
Ама не и ја ги мијам де ,не ги ставам така.Али секако ги стерилизирам не му давам само од миени.Шубе ми е уште е мал,кога ќе почне да лази ќе подразмислам
Еј ептен е топла некако, греота ми е на температуриве да го виткам, он и склетџија е некако и жалче ми е
Не се ни растега некако, мислев не знаеме со мм да ја наместиме како што треба. Последно пробав да ја ставам малава негде околу 2 месеци и цела стуткана не ја ни собра некако скроз неудобно и беше и ја баталив
Јас имам еден таков хаха од грчка хавајка стајл дреч боја го носам со влечкиве, ние низ мало стварно може да налетаме. Тој ми е само ништо не се познава широк.
Хаха баш, онака кога шетам низ населба неколку пати ми поминува низ глава еј можда ова е лејди кога ќе видам девојка со бебе во корпа или транспортер малечко инсче низ Влае како што има бројка на мајки со бебиња не знам дали во друга населба има сите по папучи, ја сум со ипанема со години ги носам по плажи по населба по молови СЕГДЕ не се кинат и не се кинат!
Хахаххахаххаха...После секое пиење млеко го пуштам стерилизаторот, можеш да замислиш колку пати на ден, веќе 8 месеци. Битно косата да е средена, дали со стерилизатор или со стилизатор.
Да да влае/ѓорче/хром не има доста сигурно се разминуваме додека шетаме сами вака друшто ќе си бидеме
Денес си имав закажано ден за мене. И појдов со салон, завршив со нокти. И се качувам за lash lift, и козметичаркава ми вика - Ама знаеш дека за бремени жени не се препорачува lash lift? И јас ваква И викам знам, ама не сум бремена. И оваа упорно ме гледа во стомакот, демек дали сум сигурна дека не сум бремена. Си облеков фустан памучен, позалепен и сега стомакот се оцртува фала Богу. Делот под папокот ми е нанапред, ама што да правам. Али далеку од тоа дека изгледа како труднички. Јас немам воопшто комплекси, нема сигурно да се кријам дома заради стомакот. Ама како ме изнервира козметичаркава... Од срам си продолжив, ама како сакав да си одам од таму... П.С. Ајде некоја дружба да направиме Влае-Ѓорче.
Значи не можам и не можам да се разберам со стариве за водата. Прво беше мајка ми пред месец два, сеа свекрвата. И мајка ми многу ме нервираше, ама она се водеше со муабетот како правеле они на времето, дека не било страшно по некоја лажичка да почнам и сл. Никогаш не ми кажа никаков коментар во смисла дека лошо му правам на детето. Свекрвата денес ми вика "Загрижена сум, ќе ја носите на море на 40 степена, ќе ја дехидрирате". Смирено и откачив да престане да ме прави немајка и да се прави дека само она мисли на детето а ние не. Значи не можам. (п.с. не јадеме храна уште, па затоа не давам уште вода)
Не е само за вода ,5 г како ја имам малата ,во очите на свекрва ми јас не ја гледам убаво и она ја сака повеќе од мене. Ден денес и е ладно и е гладна И тоа така шо викаш како јас лошо да и правам. Сум ја однела во црква затоа била болна ,сум ја однела на езеро затоа била болна итн.. Гладна беше дека ја учев да јаде сама над 2 г ,затоа сеа има 5 и ја хранам под присила
Мене пред некој ден една комшика ме праша каде ми е стомакот викам дома … вика па до вчера беше трудна како одма без стомак хахахаха викам дома го оставив стомакот со татко и без осет коментари имало и ќе има