Абе не ме нервира толку моментот да си го кажат мислењето, ама ме швркна муабетот "Ќе ја дехидрирате". Леле иста ќе биде, без да го доживеам знам дека ќе биде така. И се трудам да се спремам од сега, ама некогаш ми се спојуваат жичките. После муабетот за вода, ми вика "Треба да ја научиш да заспива со некој друг не само со тебе". А она до сега заспива и со татко и (дури и почесто отколку со мене), и со другата баба, и со тетка и. Ама не смеам да и кажам зошто ќе се навреди плус ќе има коментари во стилот дека со нив заспива зошто повеќе ги гледа, а нема врска, едноставно не и умее. Не можат ни да ја смират кога кенка со свекорот, мора јас или мм да сме со нив. Што да направам јас кога не им умее. Да ја воспитам ќерка да не плаче со нив не можам, иако кажувам 3 молитви пред да дојдат да биде расположена, зошто "Она била психолог (има дипломирано пред 45 години и ни 1 минута не била психолог) и децата не требале да плачат зошто ќе станеле анксиозни". И така....
Леле ја ова, трудна 5-6 месец со на една комшика внука и месец дена разлика. Надвор ладно облечена во јакна ја среќавам пред маркет и женава ни едно ни две "Оооо кај ти е стомакот тебе? Имаш бебе?" Ја онемев не знаев што да кажам
@MariaBouli среќна си што не живеете заедно...па можете и да не и кажувате се. Ние сме заедно и колку и да сакам да не се нервирам боли. А она пошо знае дека боли намерно таму брца...
Бебуш спие на мене ја сесија на тему.Од кога се роди мислам дека секој ден ми е тему скролање и правење нарачки.До онлајн на зара и синсеј веќе куририве по име ги знам.Куќава ја наполнив со триста глупости.Таа втората детска соба ни е магацин за све што стига.И после се жалам хаос куќава кога ќе ја средам.Кога ја градевме најбитно ми беше да имам простор за се.Така и направивме со плакари за се да е на свое место.Но колку повеќе место толку повеќе глупости чувам а секогаш бев против премногу работи низ куќа се да е минималистички и средено.Уште немам срце балоните од мекици (читај пред 4 месеци) да ги фрлам.Кога ќе фатам еден ден да разџиткам се.
Да ти кажам 3,4 имав купено и некој месец немам зимано... а сега скоро бев во Кам и како да видов друга (исто посна), но исти беа зрнцата. Кам - Автокоманда
Да не сум гледала на др место тогаш Сигурна сум дека некаде видов посна тарана, се фатив и да земам ама дека нема да сме доста дома си реков ај не зимам... Ај да видам после ќе одам и Жито, па ќе ти кажам. Не блендирам, така ја јаде. И макарони веќе јаде така.. од вртените и сецкам на пола, а од тие најмалите свиткани лапка цели
Ама не е парченце, зрнце е. Почекај ако не, немој да ја блендираш. И не се плаши за парчиња, едно ќе ти кажам, поголем е проблемот што може да настане од блендирано до доцни месеци, отколку од давење од зрнце
Исто еве тераме дремка клапната на мене цела саат ипол, пошто се тепаше со мене во тек на доење ме фати нервата и се соблеков горе скроз гола пошто се препотив па сеа сме залепени цели она со боди на кратки спие на стомаче на гради на мене, ја скролам и планирам крштевка и ѕиркам тему
Немаш гајле со топченцата, ја нз колкава беше ама глутенот кога и го дадов тогаш и дадов и од овие. Не топче по топче, одма и дадов пола лажиче со топчиња (5,6 да речеме). Сеа веќе јаде парчиња све, џвака мислиш и позади има заби Оно напред има горе доле, ама тие за џвакање не вршат ништо раб.
Мене првото девојче на 11м ми извади заб, до 13м само со тој беше. А веќе од 1г јадеше неблендирано. Како проба неблендирано, грубо пасирано и парчиња, веќе со очи не сакаше да види каша. И мене ми е страв, ама со тврди парчиња.. и поголеми. Пример еве и лубеница и диња и давам, па сечам парче и го згмечувам малку со вилушка прво. Компирче печено исто, парче и малку гмечено. Мојава од ова ни еднаш не се задавила, а затоа вчера од сок со вода душа ни стресе на мене и пријателка. Толку се задави, што се мачеше да земе воздух, па ја удирав ја, па пријателкава... па врисна на крај алелуја зема воздух и се исповрати од напор... И цело време вака ми се дави со вода и сок, ама пилето пилето горе, ќе ја чукнам малку и готово.... А вчера како успеа толку да се задави незнам...
Ние имаме заби доле само од 7 месеци, сега сакам пасирано барем малку, ама ептен ми е страв, и вака со кашава ми е страв не па со тоа..