Не знам дали прочитавте за детенцево од 13месеци од Србија на плажа вчера што се задави од кикирика … срце ми се скаменува кога ќе и залетне млеко во цицање а кога ќе почне со вкусови и каши не знам како ќе се контролирам кога ќе се дешава многу ама мноооогу ми е страв од ова Кога прочитав за случкава од вчера цело време на тоа мислам престрашно и претажно
Ако е така треба цел живот да не му дадеш храна. Не можеш да мислиш на тоа. Детенцето се задавило бидејќи мајката и таткото зјапале во телефони и детето се гушело 5мин без да го забележат. Читав очевидци на интернет. Бебе од 13м не се остава без надзор ни 5 секунди а не па 5мин. Моето мало е 2ипол, вчера излегов да пуштам да се вади двор, со трчање се, трчај внатре надвор на 30сек, големиот до него и се ризично вон дофат.
Според докторот на поголемата кикиритки и општо се јаткасто над 3 г заради задавувањево баш. Вика алергиите не ми се толку страшни како давењето со тие производи бидејќи се мали а јаки и потешко се вадат. Ако верувате до 3 г јас кикиритка на маса не ставив ем ради ова ем ради алергија на блиска роднина иста возраст. И моево се дави на цице ,сестра и не правеше така. Ама па големата накај 10 м не сакаше каши само зинуваше ние кога јадевме и фатив почнав парчиња за да не е гладна. На се кашесто правеше бљак еве и ден денес не јаде ништо такво ,палента ,купечки пудинг ,овошен јогурт ништо. Никогаш не се задавила.
Да не си им во кожа леле, трагедија. Ова со телефоните ако е вистина .. е мн често, пред некој месец на автобуска едно малечко како истрча накај улица со коли а мајката скрола на тел … еден дедо среќа го фати / го видов моментот и ми се скамени срце , и дедото и рече, мајка стави го телефонот во ташна детенцето гледај си го
Баба ми ми има раскажувано чичко ми како од маса има земено тврда бонбона на гости и почнал да се дави … среќа го превртеле одма реагирале за некоја секунда излегла бонбоната ама вика за цел живот страв после
Абе тоа се секунди не дај Боже ,затоа треба внимание. Ама неможе заради наши стравови да ги уназадуваме... тоа е. А секогаш нешто ќе не плаши ,дали ќе е задавување ,проодување или кога ќе се качуваат на висина понатаму да останат кај наши подалеку на поседок,екскурзии чуда. Не смееме да ги спречуваме ,полошо ќе им правиме. Инаку јас трауми од сестра имам ,грав ,зелка и џамлија има пикнато во нос...
Бебињата со непца џвакаат, како што растат забите си ја преземаат улогата. Учи ја со време дека храната има текстура, потешко е понатака, нема да знае да џвака. Остај што зборат дека никој не останал да јаде блендирано, и тоа како значи да се почнува со пасирана, а не блендирана храна. Оти џвакањето од бебе се учи, не после година. Ќе има аверзија кон храна што потешко се џвака и ќе ја избегнува, а тоа носи последици како неправилен развој на вилици и мускулатура, лоша поставеност на забите и недоволно соџвакување на храната што има за последица проблеми со желудник. Пробај со тараната, немој да блендираш веќе, само со вилушка поминувај да нема крупни парчиња. И со помека храна, полека.
Потпис! И повеќе се засркнуваат со течна храна откако со парче, парче ќе застане а течна храна директ продолжува.
Свеки секогаш се пресоблекува пред мм, буквално во дневна и тоа нив им е нормално. Сестра му кога го доеше малиот со градите отворени си шеташе низ дневна, јас, мм, татко и, мајка ѝ и маж ѝ бевме сите тука. Не знам дали јас сум застарен тип, но некако тоа ми е too much. И кога ќе му речат на внукот од сестра му, кај ти е курето?? Или извади курето мочкај тука(на улица).
Леле да, со вода кога ќе се засркнат, срце в петици ми оди. Ама имам уплав и од тврди бонбони, малиов по Тик Так едно време беше залетан, како помал го лажев дека горчат. И со други тврди бонбони ги терам да ги џвакаат, да не ги лижат. Не ни купувам јас, ама деца во школо знаат да купат сами.
Бебињата имаат инстинкт да џвакаат, следи ги на почеток се гледа, прво кашата низ уста ја мљацкаат, колку побрзо дадеш парченце, толку е подобро.
Моето има 13 месеци, се' уште нема ни еден заб. Ако чекав така, цело време на блендирано ќе биде. Јас околу 9 месеци почнав пасирано, житарки не блендирани, кашички на ДМ био има за од 8 месеци со мали парченца, повеќе е каша, колку да му се развива инстинктот за џвакање. Почнав со банана, авокадо такви меки на почеток, сега јаде и месо, краставица, праска и сл., со непцата маф ги прави. И водата ја џвака дури Блендирам уште мешунки оти се ситни, а и ми е страв од лушпите што се прават, ама и тоа му го давам со лепче или тестенини, не сака мазно веќе. Лубеница му давам да гризе од поголемо парче, ако откине повеќе и не може да го џвака, сам го плука. Инстинкт е, почни со меки работи, брзо ќе му фати ред.
како да ви кажам дека шетаме по дождот. морав да излезам од дома. утре одиме на одмор а немам ништо спакувано. откако влеговме во петти скок на дневните дремки се буди секои 20 минути така што немам време ништо да фатам, а башка и на работа сум. аутсајде денови маж ми баш денес мораше да оди во канцеларија и плус и во кафана. ќе се пакувам до три сабајле тоа е.
трагичното е што утре прво кај моите ќе застанеме, ќе преспиеме. плус на забар треба да идам. ми се скрши долна 6ка, ми закача на јазик, парче ми е, не можам да зборувам. а и викам дека идеме на одмор, а уствари јас ќе работам
Бебе има заб. Освен тон лигушки и џиткање со нозе навечер не го осетивме. Второ, тоа е. Сега случајно на сонце ми заблешти. Душле е, се мачело сигурно, вчера па и вакцини ја избоцкаа... Храбрица една, а јас лошка ја викам. За една недела почнувам да и давам храна, безмалку 5 месеци ќе е. Кога летнаа? Знаете кога плачев тука? Спласнаа хормони и ги гледам двете како си се љубов една на друга и си мантрам се ќе биде добро. Големава ја бара беба на гушкање секое утро, на малово светот мислам му се осветлува кога ќе ја види сестра и. И така сега да барам идеи за колачиња. Запнала големава за самовили, сирени и ферари. Каква комбинација боженце.