Петок е Ќере сабајле - Ќе ги земуваме ранчињата во петоооооок. А ќе одам кај баба? Петок е Изгледа претерав со носење на детево петоци кај баба и а? @DELFINA81 @Tea SK Шо е на мени за викендов?
Од сексилави работи : порачав од Тему мн убав црвен долен веш, се надевам паметно ќе го искористам Де,ма прати ја пааа
На моето мени е бело вино и повикување на маж после 10 на гарнитура во дневна. Е сега дали сите предуслови ќе бидат испонети за да се реализира менито (читај: да не заспиеме со децата) ќе видиме. Да се пожалам, моите се месец дена надвор од МК, луѓе ја и маж не знаеме кај тераме веќе, доаѓам на работа да се одморам, неиздржливо е веќе ова. Дефинитивно брка работа, што ќе ја зема големата чат пат. Јас не знам како чувате деца сми во странство, ние побудалевме.
Паметот отиде низ врата одамна Мојава 2 недели ако не е кај моите, накриво се гледаме по дома. Мајка ми вчера ми вика Оваа сабота сум на работа ама нареден петок ќе ја земам и му вика на маж ми Глеј да не се истепаат до наредна недела Овие сексови ми беа најомилени едно време
Зошто да е забавно слободен ден дома кога може да е напето. Големо дете со кашлица и нос чешма крв, мало со 38.5 температура. Изем ти слободен ден. Ќе ги носам после дремка на доктор, втора смена е омилената докторка.
не е исто каши и кикиритки. Не сум од тие што осудуваат мајки/немајки секој си знае за своето дете ама такви апетисани јаткасти ствари често се збори дека не се даваат на деца под 3 години. Среќа не прочитав за случката јер сум со слабо срце. Се сложувам со коментарот на @AngelOfArh што е под твојот коментар. и јас сум од застарен тип како тебе. Мислам некои работи не се баш нормални.
Петок е зарем? Да спемаме забава Бебо е добар, полека се спремаме за роденден, закажав игротека и торта, се прерачунавме со луѓе и ја не знам од кај ми излегоа 40души Без памперс сме официјално, уште знае негде да се измоча ама не секој ден само ако ептен се заигра иначе кажува "мамо иде диме мочкаа" а од сабајле ми е најинтересен "ајде тани идемо тољата" Фаќаме врски за градинка и за тоа врски требало во оваа наша држава за во школо што се прави не знам Ве читам за хранењево јас од кај 5ипол почнав со вкусови до кај 7 давав каши и после пасирано. До кај година и мешто месо јадеше во блендер, после почнав да му го сецкам на ситно и да го мешам со варен зеленчук, од тогаш навака така го јаде и манџа да има он си јаде попара со сецкано мевце. Не сум дала бонбони,карамели уште помалку кикирики,лешници цели не ни имам намера, јаде мелени во овесна каша или путери. Ме осудуваат многу мајки по паркот зошо не давам бонбона, ај кажете ми што фајде од бонбона? Пез или оние во портокалово кутивче? Јас не гледам ни потреба ни фајде од нив, а уште помалку планирам стрес да си правам додека он јаде бонбони и слично. Знае дека од тоа и газирани сокови боли пупето и ги кара децата низ парк да не пијат болело пупето им вика Имајте убав и активен викеенд
Така. Немаме време за сексови многу, оти навечер глава ни чади. Па и ако ти се погоди маж до 6пм на работа, а тодлерот дома ршум на долго и широко, се мислиш од кој балкон да зе џитнеш. Дома не ни е средено нормално, колку да не фатиме бактерии само. И затоа по цел ден надвор кога има услови. Ама мир цена нема Само што испративме свекрви, беа на гости две недели, јас болна, дома никогаш не било порастурено. Ужас е мал збор. Отиде маж да ги однесе, заспав малото и еден саат кафе пијам наместо да чистам . Да си присоберам психата, па ќе чистам оти во недела прајме забава. Целодневна. Па тоа веган, па ти вегетаријанци, па сештојади па не не знам колку торти треба да направам за на малата да се одбележи роденденот. Тоа што мене синуси на најако ме пукаат, не слушам, и без ибопрофен не живеам во последните три недели, кашлам и не можам да дишам друго дваесет е. Ама решив ќе се кренам. И ќе се кренам. Само не знам од кај да почнам попрво .
Абе и мене ми е мир сами си живееме. Ама се дешава моите да ја земат големава на спиење или попладне да ја носат на сладолед, викенд зоолошка, хиподром. Ова сега шок, нема одмор 3 саати. Стани сабајле во 6, деца во градинка, ние на работа, прибирај се сите заедно во 4 ипол дома, среди деца, јади набрзина, искачај во 6 надвор. Прибери се дома во 8 ипол, бањај деца, успивај деца, дур заспала големата 10 дошло, јас пред нејзе сум заспала. Перпетуммобиле
Синоќа оваа мајка излезе на свирка со другарки. Колку ми фалеше рокче и играње. Русти новово ме бендиса. Осеќам чести гости ќе сме со мм и бебево сега летно време. Заврши се', затвори кафичот. Ама женски како женски, дрн дрн стоејќи на булевар - кога ќе видам 2 по полноќ. Па такси нема, не појдов со кола дека пиев бајаги. Па другарка го разбуди дечко и да дојде и да ме однесат дома. Си викам што ќе си каже човекот, мајкава шлакната кај тера во 2 сабајле. Денес како завеана сум цел ден. Среќа бебево е како да ја нема по дома, бубаче. Луѓе ама ми се собра некако неделава, ме затера хаха. Понеделникот - на куќа кај другари бевме. Јас возев на враќање дека помалку испив. На влечки. Бебо дуфа, гајле нема. Вторник другари на гости до кај 12 ни неа, пак пиев. Среда излеговме со другари во Сидро, пак пиев. Вчера со другарките убаво се напив. Утре ќе одиме на свадба во Битола, прва свадба ќе биде на бебето наше. Нема на кој да ја оставиме, сите блиски ни се на свадба некаде. Белким добро ќе поминеме. Се нервирам за градинка. Од никаде не сме добиле одговор - Центар, Карпош, Ѓорче аплициравме. Ми е страв да не се пополнат и приватниве, каде ќе фатиме дури тогаш. Што бедна држава ќе бевме, за градинка 100 перипетии. И така - постов каша попара.
Аа шипки. Кажав јас страв ми е на глас да кажам. Синоќа будна од 1ипол до 5 и кусур. Легнав во 6, ме разбуди во 7. Психички ќе колабирам од неа наскоро.