Секако тоа. Добри сме ние не ни возев брзо во рикверц се залепив. Се нервирам што ја удрив на место кај што сто пати сум излагала пред врата што се вика, од брзање од ништо друго.
Какви side eyes сум добила во маркет. Одиме со ќерка да испазариме леб, млеко, ситници. И на каса дете кое е во фазон мое (од Х) решава да се буни зошто млекото и го даваме на тетката. И нормално со цимолеље Е тука превртување очи од продавачката. Во меѓувреме јас мултитаскинг објаснувам на дете да не цимоли оти треба да платиме за да ни го дадат млекото, пакувам производи, давам пари нели да не правиме застој. Сето тоа проследено со превртување очи од продавачката. Не е должна да го трпи моето дете што е нормално ама кога се трудам се да помине по брзо и без многу драма, па и не мора до толку. @Carolin. вие да сте добро со баткото
Кај да се најдеме да се напиеме од мака? Не знам како издржувам веќе ама кај нас е само ревење, мрнкање, катастрофа спиење. Помош немам, маж на работа. Ако ти е за утеха еднаш во животот имам ударено кола и тоа на излез од сопствена гаража во куќата кај што 30год живеев Срам ми беше да кажам, во 6 сабајле ја паркирав пред автолакер. На места кај што илјадници пати минеме сме најнемарливи.
Синоќа во таа цела мака, баш го запазував времето кога стануваше. Заспа во 7 ипол. Прво кенкање 8 ипол, второ малку пред 10, трето 12, четврто 1, петто 2 ипол, шесто 4, седмо 5 . На крај ококорен во 6 ипол и спремен за акција. И сега еве вака кога се читам, не знам ни јас како издржувам веќе толку време. Па и денеска нешто многу е кенкав од сабајле а јас сама. Со душа чекам да помине ова, многу тешко, премногу. Некако наоѓам сила преку денот ама навечер и насабајле ми е најтешко. Тоа е. Сѐ надевам кога ќе ни помини и 5ти скок ќе ми се врати бебето од 3 месеци што беше. Постов ми е кукање, ама ми олеснува барем хаха.
Tuka ste poupateni. Sakam da kupam anti choke device, ste videle sigurno po videava kako so vakum se i ako se zadavi so nesto da mu go izvadis. Kaj nas nema. Vo Grcija ima li? Kade da baram? Za sekoj slucaj sakam da si imam.
Гајле ти е. Барем имало некаков секс Јас на една таква неебена, да ми простат неебените и кажав Ако толку ти смета, земи помогни ми пошо не сум октопод Ама јас немам срам да укажам на некој дека според мене се однесува несоодветно. А прва сум да и кажам на Софија дека не треба така да се понаша. И покрај сето мое објаснување спрема детево некој да ми превртува очи ко мачката да сум и ја убила, фала ама нече мочи.
Најјака си Јас многу сакам да можам да кажувам така, ама ќе трпам и нема да кажам. Мутава сум многу, а после ми е криво што не сум изреагирала. Кога те прочитав со кенкањево како јас да се прочитав.. цица секогаш кога ќе стане? Јас почнав да не и давам да цица на секое станување по препорака на @Feniksgirl и почна да се буди само шо два три пати. Уште испробувам ама ми се чини дека делува. Има и лоши ноќи уште ама е далеку подобро од тоа што беше. Да не се урочам
И јас сум исто мутава, во глава цел муабет ќе го направам, ама во живо најкултурно и најнежно што може, и исто после се каам. Еве на пример сеа во кампов, имаме едни комшии што радиото до 2 сабајле им свири, и тоа некако сме наместени што буквално на глава кај што спиеме. 4 години ништо не им кажуваме, трпиме. Сеа дека со бебе и знам дека ќе станам во 7 ради неа и ќе сум нервозна се решив. Отидов абееее како јас нешто да сум згрешила, Знаете, ве молам, хаха хихи. Таква анксиозност ме удри, рацете препотени, ми се тресеа дури. Го исклучија радиото, уште 40 минути не можев да заспијам од возбуда од ситуацијата. Тукуууу ми влеваш надеж дека ќе се научиме да спиеме, само да излеземе од 5тиов скок, сакам одма да се пробам
Пробувај, јас уште пробувам.. и да не спиеш неколку дена по ред издржи, јас се плашев да пробам ама еве кај мене вроди со плод
А ме интересира, зошто знам рече во Охрид сте сега значи не дома, како спиете таму? Работата е што ние само што ќе излеземе од 5 скок и ќе наполниме 6, ќе се вратиме дома. 2 недели сме дома и спиеме јас на спална она на залепено креветче до мене (од 5 сабајле натака двете сме на спална). После тие 2 недели, пак ќе одиме 3 недели на камп, ама во камп спиеме заедно цело време. Кога почнавме така да спиеме кога бевме на камп на почеток на 4 скок, не знам дали ради скокот или ради спиењето почна да се буди почесто, и од 5 до 8 едвај можам да ја тргнам од цице. Муабетот ми е дали да се мачам за тие 2 недели ако пак ми се врати на старо во наредните 3, или да си почекам да се вратиме скроз дома и тогаш да пробам
На спална со мене спие, дома спиеме исто на залепено креветче до мене. Реално не ни има разлика зашто оддалечено од неа спијам, она не гледа разлика дали е креветче или спална хаха