Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. arwen93

    arwen93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    693
    Пол:
    Женски
    Вакви коментари добивам по 100 на ден, сите ме осудуваат што сум ја “научила” да спие врз мене, да сака во раце. Ама не се замарам за коментарите. Ми викаат па кога ќе тргне во школо пак вака ли ќе спие? Викам да.
     
    На Autumn05, Autumn Love, Mumoftwo30 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    1.856
    Допаѓања:
    3.748
    Пол:
    Женски
    Да :inlove:
     
  3. Fenix05

    Fenix05 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.832
    Допаѓања:
    9.685
    Пол:
    Женски
    Џабе што сакаш прати на такви усијани глави застанати во минатото со 0 едукација и пристап до истата - нема да им повлијаеш. Само терај си свое ти си најдобра мама за твоето дете :inlove:


    Здраво,
    Овде една мама што е 3ти ден на одмор со 1.5г детуле што сака да влезе во вода на 4мин за да фрли 1 камче, не сака да седне да игра ,не сака да се бања ама сака да стои во вода, не сака да го држиш за рака на улица сака сам да трча, а е со дупнати колена од паѓање.
    остатокот од денот е лепенка за мене, дојде ли татко му вришти и бега:d: :rock:

    За некое чудо преморена ама убав замор :l:
     
    Последна измена: 21 јули 2025
    На Ouravanture, Lady Miami, Carolin. и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.312
    Допаѓања:
    2.793
    Пол:
    Женски
    Да ,еве мојава и гаќите ги направи црнила некни отидоа со тетка и и татко и демек во ресторан еден ама немало место и ај во друго едно со игралиште со земја е ѕверка моја со фустанче беше веројатно седела на земја црнила и беа и гаќите...
    Башка не ја пуштам в градинка дека малово ми е страв да не му донеси нешто читам има стомачни вируси па зима од новите фустанчиња се со флека е ...
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Kejt362

    Kejt362 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2021
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    646
    Пол:
    Женски
    Покрај овој коментар, кај мене е зачестено штом ја држе свекрва ми и малово почнува да плаче а не може да ја смири вика: сигурно си гладна баба, не те донараниле…

    така да според неа јас девојчето гладно си го држам. Па не плаче само од глад детево…
     
    На Noemi, Mumoftwo30, Baby warrior и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    4.431
    Пол:
    Женски
    Еве секојдневно учиме нови работи, си ги читам за мојот ум прво да осознае дека тоа дете од мене зависи... јас да прифатам кога ми е тешко и сака во раце.. мајками ми се чуди кога се нервирам.. ми вика двете во рака ми израснавте.. сестрами посебно дека прва. Ме доела 3 години мене, сестрами година сама се одбила. Незнам нешто да ни фали брзо не научила на нокшир вика така ми кажале и брзо сме прооделе двете пред година. Така да се изгради психички здраво дете, треба родителска нега. И така не ме дирнуваат коментари од други.. со мн малку имам контакт, намалив скроз, стринки вујни свекрва итн... само за празник роденден итн.
     
    На pamelche, Baby warrior, dummy и 2 други им се допаѓа ова.
  7. defocus

    defocus Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2023
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Женски
    Ништо не јаде детево. Година ипол е. Не е болно, беше се подоправи, не стои дека ќе се разболува. Има денови на бискоти и цицање живее. Пред заспивање само цица, ќе гледам да го откажам да не е до тоа.

    Давав и сега пак ќе земам витамини ама не мислам дека ќе решат магично.
    5 избори на храна ќе има се трчкаме, гледаме и со цртани уште на раце не стоиме.
    Ни во градинка јаде. Активно премногу.

    Зошто си го доживувам како личен неуспех ова и ми е претешко е друга тема.
     
  8. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    1.856
    Допаѓања:
    3.748
    Пол:
    Женски
    Рачињата во уста ги пика… гладна е.. слабо цицала :drunk::drunk: Или млекото ти е слабо ако цица долго :headbang::headbang::headbang:

    Цело време читам за деца, бременост, семејство, емоционална сигурност последнава година и мајка ми на крај ми вика… многу дека читаш… што сме знаеле ние кога ве гледавме вас … викам па да бе … затоа пола население на мои години е или со анксиозност и панични напади или несигурни или исфрустрирани и јаки а празни… дека супер сте не изгледале на око соблечени облечени чисти ама емоционално … :hai:
     
    На Autumn05, Izzy_0504, Liza38 и 5 други им се допаѓа ова.
  9. LeNora

    LeNora Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2024
    Пораки:
    719
    Допаѓања:
    1.661
    Пол:
    Женски
    Бебка моја си расте. Како вчера да ја извадија од мене, како вчера да и ги исправ алишта и да се спремав за доаѓањето нејзино. А денес ги пакувам, порасна. Емотивна станав кога го зедов комплетчето што го облековме кога не испратија дома. Ми се врати сликата како си одиме од болница сестрата ни ја дава, не испраќа, ме гушка. Какво топче мало беше, колку брзо поминува времето и колку повеќе ја сакам со секој поминат ден :inlove:
     
    На Izzy_0504, Lady Miami, DELFINA81 и 6 други им се допаѓа ова.
  10. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.507
    Допаѓања:
    35.183
    Пол:
    Женски
    Туф туф како ќе сте ја држеле.
    Еве сега ние сме скоро 8кг па се држеме исто како и кога бевме 4кг. Ќе се држеме исто и на 10кг и на 13кг итн.
    Бебе е тоа, сака близина. Сакаат во раце. На моменти е стварно претешко, ама мноооогу брзо минува времето па гледам да уживам во секој миг.
    А свекрвица твоја ако не сака немора да ја држе.
    Цц срамота.
     
    На naturally, Калатеа, Marijanche33 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. EnaEnA30

    EnaEnA30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    568
    Пол:
    Женски
    Исто само што ми го кажа свекрвата, а бебе е толку спокојно, кај сите е мирно, таа штом го земе вришти пишти. Не можам со тие старомодни коментари, среќа ретко доаѓа па ретко ги слушам. И на почетокот кога го будев на 2.5 саати “да му јадеш газот немаш ли ти мајчин инстинкт по него да се водиш, по книга дете не се расте” ти зборувај и дека брзо може да западнат во хипогликемија таа воопшто не ме перцепира.
    Денес го вежбам на стомаче и се расплака ама го оставам минута две, таа му вика “ааах лоша мајка ти, многу лоша мајка ти” мало било за вратот да го исправа, ќе сум го повредела и зема од стомак како лежеше го зеде во раце, а јас прво на страна го легнувам со рака па на стомак и така и обратно го враќам на грб и среќа мм се вмеша и кажа како така го вртиш, нели гледаш како го вртиме.

    А ќе речеш образована жена, ама врска нема.
     
    На LiquidLuna, Mumoftwo30 и Baby warrior им се допаѓа ова.
  12. Veci@123

    Veci@123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2024
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    815
    Пол:
    Женски
    Само да знаете нашиве свекрви докторат имаат за чување деца се знаат .Мојата има забрана од ММ да ме прашува за бебе дали јадело ,зашто вака главата,зашто плаче.Затоа што многу прашуваше и паметна се правеше и му здосади на ММ.Може да се јави да го гледа на камера ,до душа и тоа намали да не ја викнеш да почува дете.Така да раат е моментално така и да остане:D.
     
    На Izzy_0504, Anaroz1, LiquidLuna и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    1.856
    Допаѓања:
    3.748
    Пол:
    Женски
    Многу ретко се гледаме и досаѓаат да дојдат да ја видат свекрва ми и свекор ми и на мм му рекле по телефон … го криете детето од нас … ќе си дојдеме ненајавени пошто неколку пати им вика ќе искочиме или не е баш расположена има грчеви … и мм на тоа им рекол … не примаме ненајавени гости со малечко бебенце 8) ај пријатно
     
    На Mother of 2boys, MariaBouli, LiquidLuna и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.773
    Допаѓања:
    10.462
    Јас на овие зборови би реагирала многу остро веднаш затоа што сега е бебе не разбира ама утре ќе е тодлер и ќе разбира. И уште којзнае што ќе се дрзне да каже. Не смее свекрва ми да кажува лоша мајка ти на моето дете. Барем за мене ова не е наивен коментар како што они си го сфаќаат.
    За вакви и слични коментари реагирајте на мажите одма, секое преќутување води кон дозвола за други коментари.
    Утре ќе е лоша мајка ти зашто не ти дава чоколадо на годинка што баба го купила итн.

    Особено вие што живеете сами освен ако не зависите од нив за чување поставете си граници со време. Да многу е тешко цело време сами, ама ако не ми ги почитува границите и правилата нема да има пристап на само со детето.

    Свекрва ми на другото внуче на една семејна собиранка му кажа ако ме сакаш ќе јадеш, за мене тоа е ужасен однос спрема храната и и кажав, утре со моето дете така ни под разно, храната не смее да се поврзува со љубовта или да се условува дете, ако е гладно ќе јаде тука ако не спакувај им за дома.
     
    На MariaBouli, EnaEnA30 и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  15. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    4.431
    Пол:
    Женски
    Моите не идат бојкот хаха и само викаат да идеме со спиење. Го слушам вчера и рече мамо мала е уште ја навикнуваме на некој ред. Мм не е таков, никогаш не и викнал на мајкаму, и она си ги контролирала на свој начин, сега со жени и е потешко.. јас мн попуштав ама одкако се породив мн раб ми кажа и преќутувам ии сега на мм сум му кажала, несакам нервози кога сакаат нека дојдат кога ќе можеме ќе идеме ама коментари несакам, ќе им кажеш да размислат пред да зборат.
     
    На Baby warrior, Mumoftwo30 и Veci@123 им се допаѓа ова.
  16. EnaEnA30

    EnaEnA30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    568
    Пол:
    Женски
    Да апсолутно се согласувам и си во право и мене многу ме иритира. Уште повеќе ме боли моментот што татко ми докторираше психологија на бебе во овој месец, толку се интересира, чита, ми кажува и мене работи што ми се непознати, што и ние дома се трудиме да се едуцираме, ептен му почитуваат граници на бебето, секогаш прашуваат може ли да го подржам и го земаат му зборуваат, му пеат, корисни работи во овој период за него. Татко ми читал и за контрастните картички, не знаел дека имаме купено, му купил тоа и бајки за читање. Значи на 60 години се труди толку многу, таа доаѓа и го ремети бебето цел ден со глупости и кога ќе дојде детето е цел ден уплакано.

    Инаку проблемот е што и јас и сопругот сме многу неконфликтни луѓе, а и дека доаѓа во 1 месец втор пат и тоа зошто е на одмор, кога одеше на работа не дојде ич и си мислам дека не вредат нервите да се карам. А и што и да и кажам не ме перцепира. Значи го држи и главата му виси, викам фати го убаво кај вратот “ти ли мене ќе ме учиш две деца сум израснала” и сопругот откако си докде од работа ја виде како го држи и он беше малку подрзок па нервозна му го дава одма демек “на ви го детето”. Ама според мене и он е тој што треба да и каже и да си постави граници, а она 2 пати доаѓа додека е на работа, откако ќе си дојде не прави толку глупости, он ми вика да немам милост, детето да ми е приоритет да биде спокојно, да и кажам се што ми пречи зошто не треба неа да ја мислам ама јас ич не знам да се расправам. Неговата логика е дека ако не е дома кога ќе каже или направи нешто глупо е безвезе отпосле да и каже.
     
    На arwen93, le.soleil, MariaBouli и 3 други им се допаѓа ова.
  17. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    520
    Пол:
    Женски
    На тема свекрва за жал немам, почината е но ми фали многу, мислам ќе имав помош голема од неа како мајка ја сакав а она како ќерка ме гледаше душа од жена стварно…

    На друга тема скокови и регресии да се пожалам од 4тиов скок лудило, денскиве дремки се полоши и полоши… Веќе ни пола саат не успева да врзе :( има и по 5 минути, 10 минути, 15 минути…Прееска убаво заспана се буди нагло по 15 минути и се презаспивавме 5 пати по 2 минути :worried: Среќа навечер е ок, не знам како ќе функционирам ако почне и тогаш да не спие убаво…
     
  18. Lady Miami

    Lady Miami Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    3.454
    Пол:
    Женски
    Мајки, пешкирите од Стружанка 400 ден што им се шарени, имате купувано? Ок им се?
     
  19. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.405
    Допаѓања:
    19.785
    Пол:
    Женски
    Кофа кафе денов не ми го исправа :drunk:
    Втора вечер станува во 4ипол плаче и не брка, ноќеска само татко му ги бркаше "бегај бегај оди долу" иначе двајцата добиваме "бегај бегај" ама сонлив е и плаче со солзи. Сабајле у 5ипол го нишкав низ соба да заспие, легнавме и во раце ми спиел до 8. Терори ли се што ли е?

    Од друга страна пред некој ден золва ми му кажа дека е бремена, ке имала дада му бебе мало дома и му вика сега и тебе мама едно бебе да ти роди, леле луѓе кое плачење беше тоа "мама бебе не, никакоо нее, диме бебе мама" вие не знаете.. Оттогаш ко да се смени детево, само у раце ми седи, јас да го ранам, облакам, ништо сам не прави се јас и во мене спие, не дај боже некој друг да ме чепне, ке го натепа одма, дури лут и нервозен е :tmi:

    И така се вариме на 600степени по дома ни наспани сме ни ништо, не знам што со себе уште ова станувањево ми фалеше :tmi:
     
    На WhiteCat33, kozuf, DELFINA81 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.235
    Допаѓања:
    111.529
    Пол:
    Женски
    Не ги бива, брзо се излитија, ни 2г не потрајаа. Јас купив убави многу од Сара Фешн хоум и од Кам кога имаше акција
     
    На Lady Miami му/ѝ се допаѓа ова.