Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.313
    Допаѓања:
    2.796
    Пол:
    Женски
    @Carolin.
    Ако не ви е второ во план за скоро зборувај му кажи му дека нема да имате бебе наскоро ,дека си само негова и сл.
    Го пука љубомора и ноќе може ради тоа да е таков...
    Иако ќерка ми околу 3 г кога беше ист момент имаше и баш се сеќавам зошто свекрва ми го убедуваше мм дека од него се плаши па да сме ја носеле на баење напињаше.


    Дали сите со второто се ,,просветлувате " во смисла ,,луда сум била што сум го слушала овој совет "
    ,,зошто се плашев толку за ова " и сл ?
     
    На Snowflake92 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.405
    Допаѓања:
    19.785
    Пол:
    Женски

    Не, никаков план немаме за второ. Јас му зборам ама некако од тогаш е таков љубоморен, му кажувам дека тоа бебе таму ке биде не кај нас. Дури и во креветчето негово тури мече синоќа и вика "мечето овде нана, не бебето" кој знае што му се завртело во тоа главчето негово.
     
    На Трагедијаупмм и Fenix05 им се допаѓа ова.
  3. Fenix05

    Fenix05 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.832
    Допаѓања:
    9.685
    Пол:
    Женски
    Диме бебе мама ;(:inlove::inlove: сонце мало се преплашил сигурно дека ќе те дели.. срцко


    Ваљда се терори инаку и моево вчера така викна во 1.40 да плаче од сон, солзи да се пика во мене преплашен од сè, па мм замрда он уште толку се извади од памет...1ч не се смируваше :worried:
    А вака личеше свесен може да беше кошмар не памтам која беше разликата меѓу двете, ваљда терор не се свесни за околината додека плачат. Во секој случај језиво беше..


    Си размислувам да ја спремиме полека собата на детуле па сакам низок кревет голем веќе, не сака во мало се буди дека нема простор. Сигурно и таму ќе спие со мене ама барем мм да легне на спална кичма искриви на гарнитурана..

    Каде прават убави кревети или пак готови а да сте задоволни?
     
    На firequeenn, kozuf, Carolin. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.678
    Допаѓања:
    8.975
    Од Мебел мак нарачавме, презадоволни. Ок цена, многу интересни модели, издржливи и убав дизајн.
    Имаат продавница во Ист Гејт, а се нарачува онлајн, го добивме за околу 25 дена со бесплатна монтажа.
     
    На kozuf и Fenix05 им се допаѓа ова.
  5. Зеленоокатаа

    Зеленоокатаа Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2019
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    171
    Пол:
    Женски
    На тема свекор, откако се породив почна многу контра да оди со моите ставови. Инаку фин човек е. Ретко ја носам на гости, но исто и кај моите ретко одиме. Најверојатно поради тоа е малку лут спрема мене. Дојдовме до темата за дубак. Ме праша дали сме и зеле и мојот одговор беше дека не планираме да и земеме, сме биле на ортопед пред некоја недела и препораката беше да не се користи дубак. И ставот негов беше дека нема да научи да оди, и со повисок тон ми рече- што си замислувате вие, остави ти докторот што кажал, многу знае тој.Вие како сте пораснале во дубак.
    И само реков добро, мое мислење е тоа, така сме одлучиле и човеков ме погледна само на криво.
    Исто и за исхраната, вика дајте и компирчиња да проба, и даваш таму некој работи што ни ти не би ги јадела. А и давам се домашно и пазам поради алергијата и егземата. Ми оди секогаш на нерви кога одам таму, затоа што секогаш не знам како да си го гледам детето и јас како мајка не знам што е најдобро за неа.
     
    На WhiteCat33, Carolin. и kozuf им се допаѓа ова.
  6. angel4444

    angel4444 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2016
    Пораки:
    1.025
    Допаѓања:
    1.393
    Пол:
    Женски
    На темава за дубакот, една комшика постара што ептен вака си зима за право истово ми го збореше. Викам ти си имала дубак? Мајка ти? Баба ти? Ваљда на 4 не сте оделе, како се научивте да одите? И штама :rofl:
     
    На WhiteCat33, naturally, Noemi и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Зеленоокатаа

    Зеленоокатаа Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2019
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    171
    Пол:
    Женски
    Не ми текна ова да го прашам. :rofl:
     
    Последна измена: 23 јули 2025
    На Трагедијаупмм и angel4444 им се допаѓа ова.
  8. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    2.369
    Пол:
    Женски
    Маж ти реагира на ова? И моиве свекор и свекрва знаат да речат нешто некогаш ама секогаш на крај додаваат "ама вие си знаете најдобро". Не настојуваат на ништо а и да претераат некогаш маж ми одма ги сече, од него не смеат да писнат
     
    На Noemi му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Зеленоокатаа

    Зеленоокатаа Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2019
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    171
    Пол:
    Женски
    Секогаш против оди кога мм не е тука. Кога е он присутен не прави многу муабет или ќе каже чат пат по нешто. Мм секогаш ме поддржувал за сѐ и одлуките ни се заеднички. Кога оди он сам кај нив ми кажува дека секогаш се нешто му префрлаат за тоа како го гледаме детето. Но им кажал да не ни се мешаат.
    Чудно што кога сме сите заедно не се водат такви разговори.
     
  10. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    1.029
    Пол:
    Женски
    Свекрва ми мене ништо не ми збори, се на мм, па он ќе ми пренесе. Претходната недела беа со свекорот кај нас а мм беше на работа (инаку искрено преферирам да е дома и он, полесно ми е). Одма си најде шанса да ми збори, па дури и беше со "Тебе прв пат ти кажувам, јас само на Б му зборам." Абе се прават со план и намера.....
     
    На Зеленоокатаа и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  11. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.314
    Допаѓања:
    92.158
    Пол:
    Женски
    Мене свекрва ми ми направи сличен муабет пред некое време:D му вели на бебе: ај баба ќе ти купи дубак деновиве па ќе се шеташ. Каков дубак велам нема да користиме. И одговорот: нееее, аман бе ова не она не ние како користевме за вас.
    И јас не одговарам ништо, немам намера да објаснувам кога е џабе :D
     
    На Зеленоокатаа му/ѝ се допаѓа ова.
  12. cocopuff

    cocopuff Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    1.240
    Пол:
    Женски
    Сабајле си реков ај ќе искочам малку со бебе од кај 8 и нешто до 9, дур не е пекол. Чекав да излезат мм и син ми за градинка и таман 10 мин да се спремам и да излезам. Цицаше бебуш и заспа викам топ. Ја легнав во количка и дур се облечам и да врзам коса да заличам на човек се разбуди госпогицава. Па нејќе да лежи нигде ко за беља. А нема какано веќе 4 дена. Не е кенкава да се мачи нешто само сака во раце што е ок.
    Ама многу сакав да прошетам, таман реков лепче тазе ќе купам, банани и ќе си доручкувам после. Е сеа ни леб ни шетња ни доручкував.
    Некогаш ужасно се нервирам што мораш на 10 луѓе да им погодош прво да им е се цакум пакум па ти на крај АКО имаш среќа. Знам дека сум мајка и ок сум со ова 99% од времето ама ете некогаш сакам јас да сум прва.
    Маж ми па ми вика дека планираш па се нервираш. Човеку не планирав јас 2 недели дека денес баш ќе излезам. Сабајлево си реков ај шо, не шетавме сабајлечки од неделата зашо да не прошетам. Не е планирање ова само ми се јави желба да искочам.
     
    На Giiirl23, Viktorijaaa5, LeNora и 8 други им се допаѓа ова.
  13. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.671
    Допаѓања:
    11.438
    Пол:
    Женски
    I feel you:hug:
    Ко јас да сум го пишала ова.
    Јас па обратно, темпирам бебе во буден прозорец зошто во количка и надвор не ми спие за жива глава, само дома. Кај и да одиме секогаш е со брзање до време за дремка, се е со план и 100 калкулации.
    Е ваква сум од кога родив секој ден за било што да завршам и организирам:
    IMG_8212.jpeg
     
    На WhiteCat33, kozuf, Carolin. и 11 други им се допаѓа ова.
  14. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    4.431
    Пол:
    Женски
    Здраво женски :wasntme: вчера сум била на вежбање во АТГ ај вежби за кичма нозе, од многу лежење цела бременост ако клекнам неможам да станам. И имав пробен час вежбање и уплатив месечна после тоа, сабајле во 4 станува бебе за храна и ајде ми поврати и станав ( бебе и храна мм ми носи во кревет, јас ја хранам и ја ставам во креветче кога заспива неможев да станам тело како еден тон ми беше и така правевме ) значи станувам да сменам маица ии така лесно станав, така нигде немав болка ни нозе ни кичма.и сабајле исто :o И многу сум среќна. Да се вратам во нормала. Пред тој ден неможев да спијам болки скоро на преку секоја ноќ земав бруфен, и мачкав магнезиум гел на нозете имав она Restless legs syndrome скоро секоја вечер. При вежбање боли само лево кај што завршува царски и конецот кај што беше, тука ме имаат лошо сошиено нешто фасцијата и држи како затегнато и кога правев некои вежби пржење мн јако и прекинавме. :$Нова Лејди имам нова занимација :bug: Беа дојдени свекрва и свекор и оставив бебе на мм и со нив да се занимава јас :muscle:.
     
    На kozuf, Carolin., Feniksgirl и 4 други им се допаѓа ова.
  15. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    520
    Пол:
    Женски
    Мене па калкулациите ми се да излеземе со количка дур е будна ама со првите симптоми на спиење за да ми заспие лесно на шетање
     
    На Carolin., baguf4e и Marijanche33 им се допаѓа ова.
  16. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.671
    Допаѓања:
    11.438
    Пол:
    Женски
    Тоа дека ти заспива во количка (имаш среќа). Моево не спие во количка и седиште, мора да е спружена на стомак со раширени раце и нозе.:D
     
  17. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.773
    Допаѓања:
    10.462
    Еее беше тоа едно време кога акав со количка она спие јас подкасти си слушам на слушалки, па кафе ќе си земам, па маркет. И дожд не врнело гајле немаше.

    Сеа нема шанси да заспие се е преинтересно, какво fomo ја мава, страшно. Затоа само што ќе стане 10мин брзинско спремање и преку врата. Фала богу уште седи мирна да испазарам во маркет.

    Сеа новото и е дека не сака во седиште, од раѓање е возена постојано, со прекини од некој ден ако не сме оделе негде, се надевам дека и е од скокот или што и да е пошо завчера се одра на 20мин возење од дома. И така, одмор не букирам до последен момент, може поскапо ќе ни искочи ама тоа е. Ако се смири после скоков да даде надеж може и ќе осетиме море.
     
    На Калатеа, EnaEnA30, baguf4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    520
    Пол:
    Женски
    Среќа заспива да. Прво нејќеше баш ама се навикна некако стекна рутина барем за прва дремка секој ден ни е така ама максимум пола саат и трае
     
  19. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    1.856
    Допаѓања:
    3.748
    Пол:
    Женски
    Исто за седењево во седиште ;( вчера во раце ја земав зошто се откорна од вриштење и се возевме во рака позади маж ми намали на 30 :whew:
    За одмор до Грчка не верувам да издржи да седи :( ќе не испоказнат а и не е сигурно на автопат да ја држам секако… не знам што ќе прајме.. до септември има фора да научи дека кога се возиме треба да лежи во транспортер :worried:
     
  20. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.773
    Допаѓања:
    10.462
    На 3 месеци до Грција и назад немаше гајле, ја немам вадено од седиште, ја занимавав со играчки и спиеше. На 5ипол друга приказна...Во раце не би ја држела, или ќе тргнеме ноќеска или една торба нови играчки. Попрво би дала екран отколку на раце на долг пат, многу ми е ризик на оваа возраст.