Мали се тогаш, патот ќе го успие бебко ќе правите паузи на 2ч за ручкање вадење од седиште и супер ќе биде. Поголемки веќе прават проблеми кога разбираат.
Кома ќе биде. Синко го носевме лани на неполни 3 месеци, спиеше од дома до граница, на граница млеко пиеше, па спиеше од граница до смештај. Така мали кога се ги успива возење.
Се надевааам, се мислам само кога е најдобро да се тргне … пред изгрејсонце додека е уште успана ичи да стане да ја нацицам па да одиме зошто секско чек ин по хоѕеливе е после 2
Кај мојата не се деси ова никогаш. Најмногу има спиено 40 минути во кола и после е вриштење за да стане
Исто, само првиот месец-месец ипол спиеше во кола. После тоа толку беше. Многу е комплицирана за спиење. И да заспие во кола по некоја случајност тоа е макс 20-30 минути па колку и да и се спие. Мора да е плесната на стомак. Инаку ние ќе тргаме рано сабајле, ноќно време теорија нема да спие во кола и плус ќе стигнеме пред чек ин и тоа е равно на убиство. Подобро да кенка од сабајле отколку цела ноќ да плаче.
Ќе ве фати огромна гужва на граница.Еднаш тргнавме така и никогаш пак.Цели 3 часа на граница со бебе.Сега тргнуваме во 2 по полноќ.Во 6 сме веќе во Грција.На граница чекање ич.Подобро ке шетам покрај море,Солун малце,ке пијам кафе некаде на бензиска отколку на 40 степени во место да чекам.
Јоој ми се погодиле мене спијачи во кола двајцата. Големата е 4 години, значи дома не спие уопште преку ден, стај ја во кола, се гаси
Знам ама ќе одиме во септември ние, нема толку гужва тогаш. Лани исто тој период бевме на одмор како сега што ќе одиме и исто време тргнавме, чекавме околу пола саат вкупно на двете граници. Ноќе не тргам на пат во никој случај, нема да ми спие бебе ќе се мачиме сите тројца.
Кај нас така беше 4ти скок. 10 минутиииии и такви дремки имавме. И само во раце, не знам како не полудев, а може и полудев.
И во 1 сме тргале, еднаш пишав тука иронично се смееја сите. Годинава вечерта тргнавме кај 17-18h и спиевме во Солун, поминавме за 15мин на двете граници.
Да, навечер се чисти гужвата, плус гледај смештај после Терми зашто сабајлечки кога ќе тргнете таму се прави патот и има гужва. Исто и Солун стандард е затка кога тргаат сите за на работа. Јас морав вака зашто прво лето со 3 деца, малце стрес ми беше за на граница, а моите спијат само додека се движи колата
Јас прв пат ќе тргаме со бебе од 3месеци и баш сум загрижена како ќе биде … најмногу ми е страв од стоење на жешко на граница … мислам климата ќе работи у кола ама стоиш у место те тепа паника дека со бебе … плус ова обиколницсва околу Солун дека се прави си викам да фатиме накај Неи Пори или другава стрсна накај Неа Врасна за да избегнеме тој дел надоле према краците а најубав ми е некако не знам другиве места ми се онака / плус играничени сме сакам убав хотел со полу пансион и своја плажа — Amoa Luxury пред Никити ми беше опција што најмногу ми се свиѓа ама се двоумам ради обиколницата и градежните работи да не се испозаглавиме ептен па почнав да барам хотели на другиве страни
Тогаш или ноќе 1-2h или попладне ама ти викам Терми да го поминете. А што ќе плаќате ноќ во Солун, подобро доплатете плус еден ден таму кај што ќе бидете и кога ќе стигнете одма да си легнете. Мада со мало бебенце и ноќно време да идете не е страшно, ќе излезеш од кола ако плаче, ќе го шеташ, а преку ден по жештините никако. Инаку, нема некои гужви накај краците, можете комотно да идете натаму.
Истиот сме го пикирале и ние, евентуално Пефкохори има 2 солидни на плажа, не е до толку страшен сообраќајот во септември за до таму. За стоењето на граница, па и општо, ако немате фолии на задни стакла ставете си, легални се за задни стакла, многу пониска е температурата од нив и не го пече детето. Оние мрежичките ништо работа не вршат. Башка и за доење во кола се екстра.