за Амоа обавезно количка земите си,за тие што сте со помалечки бебиња/дечиња @Baby warrior @Noemi Има пешачење до плажата ако не сте сместени во хотелот, туку во вилите надвор од него.Ние лани бевме ова е собата а плажата е текккк таму доле
Ние тргнавме во 5 наутро, спиеше ама се разбуди дека во кола додека ја префрлиме веќе се подрасони. Беше будна некое време па заспа и до граница спиеше. Чекавме саат и 15 минути, за тоа време нешто се играше, малку во раце, пресоблекување и пак заспа штом почнавме да возиме. Моево одма му се приспива во кола кога се вози. Инаку имаше гужва реално кај обиколницата ама не толку од градежни работи колку од коли. Во Никити стигнавме 12 по грчко и искрено мене ми здосади веќе во кола збеснав Бебе издржа јуначки ама затоа првата ноќ го јадевме
Со џип сме и со затемнети стакла ваљда ок ќе и биде пошто позади е супер и низ град затемнето и ладничко, климата е доста јака. Плус од 10ти септ планираме да одиме, пефкохори со бебе некако штознам стално ми е прегужва… мислам дека овој прв однор со бебе сакам да сме во некој хотел на страна вака мирно штознам … ако имаш други предлози пуштај
Туку на муабетот за колички. До кога носите по одмори или патувања и користите со деца? Ние носевме годинава, ќерка 2,5 години ама ептен ни се најде. Ем сака да шета, ем и е мачно. Па попатно и знаеше да дремне во неа. Прво мислев да не е голема ама искрено додека сака да се вози, би носела.
Лани бевме.Убаво е мн,мирно.Добра е и плажата,имате и неколку базенти(чисти се).Доручек и вечера шведска маса, горе доле секој ден беше истото.Имаш пешкири на бич барот за на плажа.Земаш-враќаш секој ден.На плажа се што ке порачаш(вода,кафе,храна) се доплаќа вон цената на аранжманот.
Ќе се убацам на муабетов, ние ќе одиме од 8ми септември, 4месеци ќе имаме. Барав нешто слично како тебе, ресорт на страна со простор за шеткање зошто не планирам со бебето да шетам по гратчиња во гужва. Ќе одиме во Порто Карас (на 50% мислам е моментално), собите не се нови како во Амоа, ама е чисто, убава храна, пешкири на плажа земаш, паркинг и лежалки не се плаќаат (за разлика од Мелатрон Калитеа кој исто така ни беше во игра каде што се плаќаат лежалки). Има марина за шетање навечер што ми се свиѓа.
За Неос Мармарас што мислите? Ќе одиме почеток на септември, прв пат ќе одиме во Грција. По кој пат се проаѓа, дали тоа што спомнувате обиколници што се прават ќе фатиме? Ние мислевме кај 7-8 наутро да тргнеме. Со бебе прв пат на пат и не знам што е правилно. Хелп
Ние лани ептен убаво си поминавме. Година беше бебо, само пазете на смештајот ептен удолници узгорници е градот. Или најдете на градската плажа, или најдете во центар за шетање навечер да ви е блиску.
На втор крак е, поминувате од таму кај што збориме. Убаво градче е ама на брдо, ептен е стрмно. Смештај само доле барајте до море. Количка носам додека проодат убаво, после трчаат да заспијат убаво Секогаш гледам да резервирам хотел/апартман со голем двор, не ми е битно да е wow, битно ми е да е чисто, до плажа и голем двор.
За првото дете носевме само на првиот одмор, на 7 месеца. После тоа веќе не. Со второто не бев на одмор кога беше бебе, сега летово на година ипол исто не планирам да ја земам. Ако имаш ептен место во кола, ќе си има функција, ама мое искуство е дека на проодено дете скроз можам и без количка без проблем. Само смештајот секогаш ми бил на сама плажа. Значи преку ден не ми треба, а навечер за шетање знам дека ќе издржи пешки да оди.
За да не фатите гужва на обиколницата над солун ако имате можност да букирате одење и враќање недела тогаш не работат и брзо се мине. Ние кога одевме баш брзо миневме и се возеше супер, на другиот ден работен пријатели што дојдоа им требаше повеќе од 1час да ја поминат. Повеќе од 1-2ра брзина неможело 30-40 возеле. Или рано од сабајле да тргнете кај 1-2 ч ако сте некаде од Скопје. И ако можете на дојран одете помалку е гужва од Гевгелија. Веќе 6ч на Гевгелија е полно до фламинго казиното е колоната. Од каде и да поминете граница мој совет ви е ако можете до 5ч да сте на граница. Подобро да прошетате некој час низ гратчето каде што ќе сте сместени, кафе на некој шанк на плажа одколку 2часа на граница да стоите. Пример сега овие денови околу 11-12ч и на дојран знае колона да има до гранико или фук так плажата. Тие што биле дојран знаат која колона е.
Ќеркава моја што од кога беше проодена нејќеше да седи во количка, лани на 3 години седеше на одмор. Синко беше 3 месеци, он во количка ни заспиваше накај 8, она во летната седни ја и шетај низ градчето до 10. Дека на плажа цело време, се заморуваше и немаше сила да оди долго навечер и и се уарни во количката. Годинава планирам балансерот да и го земам или тротинетот. Ако имаш место во кола земи ја. Ние лани со 2 колички бевме
Поминавме еден одмор ние со количката макар што голема ми личи уште да се вози ама тераме. Реално и ако се решиме за некое шетање низ градови вака би си ја носела количката, па пак нека личи големо детето.
Одете преку Дојран. Ако одите викенд, гужвата не можеш да ја натемпираш. Може и да има, и да нема во било кој дел од денот. Ама на Дојран не се чека, како и да те фати. Никогаш не сме станувале рано за да бидеме рано сабајле на граница, освен ако траект не треба да фатиме. И летово два пати на одмор бевме со бебето, од Скопје тргнувавме околи 7-8 ч сабајле. На граница не чекавме повеќе од 10 мин. Ова ти кажувам како некој кој е пораснат близу граница со Грција, и никогаш не сум тргнала рано иако до гз ми беше.
Ние тргнавме рано, во 5, може и порано да беше, не чекавме многу и по пат не поминавме лошо. Некој праша за Неос Мармарас, јас не би со мали. Таа гужва, аууу паника, недајбоже да ти се изгуби дете отиде јабана. Многу беше гужва и невидени угорници и удолници. Преубав ми е, Али не за со дете. Ние бевме пред Мармарас, Трипотамос. Количка не носам, а ми треба ама не зимам. Дур оди оди, после у раце.
Најверојатно и преку Дојран ќе одиме, истово го размислував и јас. Инаку не тргаме за викенд, некој рандом ден беше вторник мислам. Ние секако рано не тргаме, она станува околу 7, додека ја средам со пелена и млеко фиксно ќе не фати 8 да излеземе од дома. Ама нема да тргаме од Скопје туку од друг град поблиску до граница.
На фб случајно видов каде сте, ако сакаш збор два каде бевте сместени во тие мобилните куќи или не. Многу имам желба за еден таков одмор (камперски) ама мж вели нема да ме зберало, не сум била јас за таква авантура