Решив вчера да и пуштам видеа на ќерка од неа кога беше бебе. Кај оскудни, скоро ич не го снимавме детето, па и тие неколку видеа дете ги доживеа трауматично, јас се пресмеав. - Видео 1. Ќерка околу 3 месеци, игра со мека играчка. И паѓа играчката на главче. На видеото бебе не реагира си продолжува ко ништо да не било. Ќерка го гледа тоа и почнува со плачење... Бебетоооо се чукна на главчето Ама ти си викам тоа бебе. Уште појаки плачки, Х го чукна главчето.... Видео 2- кај што пробува да се исправа и качува по кревети. Повторно цимолење - бебетоооо не може да се качииии И така забавно за мене
MKangalov Photography е на инстаграм, а јас немам инстаграм Ќе ти пишам лп да му се претставиш по препорака
Не сме се разбрале, 65е во Кастело, во Арменистис нема под 100е. Иначе мене од Хепи кампинг ми рекоа за Арменистис да им пишам во октомври, не сум пробала, скапо ми е мене тоа.
Резервациите ги пуштат во јануари. Порано не можеш да резервираш. Се наоѓа место. Имам пишувано во темата. глупав им е системот и мораш да пратиш неколку пати меил.
Годинава им пишав во март, немаше ништо. Хепи кампинг во Кастело сега кога бевме на плажа ми рекоа да им пишам одма после сезоната, имале кампови и во Арменистис. Мене Кастело многу ми се бендиса бидејќи е мал камп, нема многу пространства. Убав е и Талата, ама некако мислам дека ова поише ми се свиѓа. Многу беше чисто. Искрено за 100е најдов на Кариди на сама плажа апартман, пре би таму, камп е супер, ама немаш баш баш мир во камп, деца скокаат играат до доцна и камп е, не можеш да се буниш којзнае колку, таа е културата во камп, тој е начинот на функционирање.
Не се чувствув гужвата во Арманистис воопшто. секој си има свој балкон и мини дворче. Да не ја полниме темата оффтопици. Место се наоѓа. Само треба поупорно. На плажа си. Децата секако си наоѓаат друштво. Лани бевме два пати со бебе. Тивко е.
Преку Дојран мислам не, ние во Јуни бевме во Грција и тргнавме од таму. Јуни месец, а чекавме доста... Ако тргате рано, најдобро ептен рано да е.. па и да поминете порано, ќе си отидете до Лидл ќе протепате време... Или ќе седнете некаде да јадете, пиете кафе. Поубаво да чекаш смештај во кафич, него да се скувате на граница. Ние пред 2г, на граница бевме накај 7ипол 8 сабајле (сабота беше) и 5ипол часа чекавме Или да одите па попладне. Мислам овие викендашите што спојуваат викенд, од петок ќе тргаат... петок ќе е пострашна гужва... Следи камерите деновиве и види кој период од денот е полабаво. Среќен пат, брзо да поминете граница
Претходниот викенд тргнавме во 1 по најтоплото. На камера на нашата граница немаше коли веќе 50 мин. Нашата ја поминавме за 5 минути. Грчката имаше 8 колони скоро до нашата. Искрено се изнапикав зошто тргнавме во време кога бебе требаше да заспие а не заспа и беше нервозна па се на се не фати околу 1 саат. Ама муабетот ми е дека беше многу гужва...
Со пикање фати еден саат. Да си поштен сигурно многу повеќе иначе ова зборам за Богородица. Еве синоќа пак за назад, тргнавме во 10 по грчко, бебе вриштење по пат, спиеше кај татко и во раце цел пат (јас возам), за на крај пак да чекаме 40 мин, што не е многу ама работата беше да е празно, ама не бе, 5 ленти грчка, 4 македонска.... за жал веќе цело време е гужва...