Пратете ги и камерите на граница и гужвата на мапс е прилично точна. Имаме чекано 8 саати на граница со бебе и да не ве плашам, ама НЕ Е ЗАБАВНО
Многу е гужва, често одиме зошто сме кампери па тоа кажувам дека нема веќе правила. сега кога одевме последниот пат, ви викам во сабота во 1 по најжешкото, ај што за одење беше преполно, за враќање имаше колони скоро до патарина. Според мене најубаво ноќе касно, во ниедно време. Да, можда ќе му се изремети малце на бебе (ако спие во седиште супер ви е), ама дефинитивно е најмалку чекање.
Ние секогаш ноќе патуваме.Ако не друго барем е посвежо.Пред 4 недели бевме на одмор,гужва ич ама тргнавме кај 2 после полноќ.
Дојдов само да кажам фазата која бебушите те шлапаат со раката по лицето додека пијат млеко/цицаат ми е п-р-е-с-л-а-т-к-а . Добро ме драска со ноктињата во меѓу време, косата знае да ми ја закачи или па знае ептен силно да ме шлапне ама нема везе, слатко е.
Чекај уште малце кога ќе добиваш нозе во глава хХаххаха Сонувам пред некој ден, како некој ме држи за врат позади и се будам и гледам ќере со нозете на врат. Е кога ќе и текне да ги дигне и спушти …
На 2,5 години и нозе во грб, и бубрези и по некоја шлаканица на сред спиење. И ич не ми е веќе слатко, нозе на врат кога ќе сетам
Со доење од старт има такви нежности , на почеток грепка со едното раче на половина па после се повеќе и повеќе допири и смешкања.
Само ради гужвиве не ми се оди пак... а баш мислевме уште една недела да истераме август Сега викендов сигурно ќе е весело... Јас рекорд 5ипол ч чекав пред 2г. Од кола кога ќе излезевме мирисаше на стопена пластика.. дека така прилично жешко беше Делеа и шишиња води по коли од граница... Гужвата почнуваше уште од пред првата бензиска Навечер не сме оделе... Кое време стигате така во смештаи? Ние утре славиме ПРВ роденден на третото детенце... Неможам да поверувам дека бев трудна, ја родив и еве ја полни 1г Времево како лета....
Најсреќна да е. Нешто ко да ми се врти во глава дека делевте роденден или грешка сум? Инаку јас никогаш не сум сакала некој да ме чепка при заспивање, следствено на тоа и од ќерка колку и да е слатко ми смета. Ама нормално си го трпам. Инаку и во креветче да заспие, доближани се со спалната, успана се влечка по кревет и ќе дојде до мене. Е тогаш веќе вријам како можеше ваква лепенка да се погоди
Моево заспива со неговите раце кај мене на лице.. трае 5мин максимум ама мене ми се чини век, на почеток ми беше слатко ама летово се потам дури капки ми течат
Мене ми е именден утре Инаку на муабет да се надоврзам... јас со третово од лошото најлошото ама трпам и си викам нема ова да е вечно, ќе издржам. Заспива со цицање... се буди ноќе и не презаспива никако (мора со цице). Единствено заспива и во количка, само ако е надвор и во движење количката (не клацкање напред назад) Едно време чат џпт го прашував како да успијам дете, а да не е со цице Ќе легнам до неа, и ставам раце на лице, во коса, викам што сакаш прави ми.. најди друг начин да заспиеш Купив демек и од оние меките како парче кебе со мече, џабе... Се надевам понатаму ќе најде начин сама да заспива Другиве две деца прелесни беа за тоа... првото на мекото на увце ме фаќаше или сам си се фаќаше и цуцла во уста.. второто само цуцла и меко кебе си гушкаше. Третото мораше да наплати
Кај мене двете се погодија така веќе немам сили да издржам 2.5 години,си викам како можеа и двајцата да се исти. За трето нема ни да помислам да имам пошто ова не можам ни псхички ни физички да издржам.
Како за утеха мајка, големата беше така, еве сега и близнаците се уште заспиваат со цице и двете, се будат се уште и двете, некогаш и по два пати и презаспиваат со цице. Значи станувам 4 пати во ноќта. Ептен е напорно физички. Така да те гушкам.Се' ќе помине знаеш и самата.