Супер си приметила. Телото твое точно знае кога бебето е болно. Кога бебето е болно, тоа праќа сигнал преку ретрограден проток на сопствената плунка, при што се зголемува дијаметарот на каналчињата на брадавицата, што создава простор со негативен притисок. Така се овозможува оралните течности на бебето да стасаат до млечните жлезди. Со тоа се провоцира продукција на специфични заштитно - имуни фактори според болеста на бебето. На тој начин, мајчиното млеко се менува и прилагодува за да одговори на бебешката инфекција, прилагодувајки ја количината на одбранбените ќелии. Затоа се вели дека мајчиното млеко е храна, лек и комуникација. Мајчиното млеко е првата интелигентна супер храна и нејзиниот природен патерн е варијацијата. Варира од колострумот, преку зрело млеко, потоа до млекото кога дете веќе има оброци и на крај при одвикнувањето. Варира во истата мајка, во истото доење, во истата града. Варира според времето во денот, месецот и годината. Исто така варира и според полот на бебето, при што на машките бебиња им овозможува 25% повеќе калории во зависност од нивната тенденција на растење. Мајчиното млеко е волшебно. И не е избор на мајката, туку право на бебето да го добие. (Сем во специфични ситуации). ———————— Хелоу мамстерс Се прибравме и ние. Ја прошетавме Европа со дете, тодлер и бебе и можам да кажам дека сум genuinely преморена. Помина цел месец и се вративме назад со 4 месечно бебе кое се лигави како ротфајлер, гризе агресивно како чивава без заби и е со отечени долни непца. Чак и пливаше дури два пати. На тодлерсаурусот му прославивме 3 роденден по пат, а најголемата во некој свој филм ко мал тинејџер. Лу ди ло! Мислев дека распрденоста од последниве месеци поради вниманието што го добиваа ќе ми се мавне од глава кога ќе се вратиме, ама гледам дека запамтиле каква песна се пее иначе по дома. Маж вика нежново родителство малку по малку сите родители ќе ги претвори во Гестапо еден ден, оти ова оставање да си ги презентираат чувствата слободно (во слободен превод ова значи константно вриштење) е терор за цело маало. Многу се смеам со неговите досетки, иако ич не е смешно кога вриштат ама и тоа се надраснува. Од 40 степени, дојдовме на 15. Денеска кафе пиев под ќебе и во права есенска атмосфера. Не е ни чудо што ги извадиле тиквите насекаде. Шетајте луѓе. Со децата и бебињата. Секое слободно време. Напорно и уморно е и можеби нема да се сеќаваат, ама сите искуства, дури и најраните им го обликуваат карактерот. А вие кога еден ден ќе се потсетувате, нема ништо да ви значи колку и дали сте биле уморни, туку дека сте биле заедно. Времето заедно е бесценето.
Исто и мене Посебно со доењето,па ептен...и двете уште ги дојам (14м) некако како да не сум спремна да ги одбијам,а тие уживаат ептен. Добивам разни коментари, големи се веќе доста им е, многу е напорно две се одбиј ги,млекото не е веќе хранливо џабе цицаат ....значи сваштаааа. Јас си терам свој филм, кој ги рецка таквите коментари. Фала ти за постот за доењето, значи не сум будала што уште дојам близнаци
Не е лоша идејата, ќе си го апдејтирам иг со поширок спектар на изработки. Тенкју ✨ @Lady Miami Беба наполни годинка и почнаа налик тамтрумите. Не очекував волку скоро да почнат. Бевме да гледаме точаче и она врескаше и седеше на плочки зошо сакаше едно пластично од 900 денари. Прцле мало. Беба наполни годинка и одма, ајде доста ја доиш не е тоа веќе хранливо. Човече остајте ме да живеам... Мораш да и дадеш нешто навечер доста се буди толку па и на цицка ти спие. ...Нека спие аман, една година ќе го жртвувам моето спиење. Ајде коа ќе почнеш да работиш, како може со една плата да живеете. Мора детето да има СЀ.
Само мене па изгледа ми трубат да дојам цело време. А ја кутрата одвај чекам да ја одбијам. Па ко за инат не прифаќа никакво адаптирано.
Ма ти си херој, ти имам кажано И јас си барав валидација по темиве пред некое време пошо ме погодуваат такви коментари. И ме потсетивте дека реално нккој има право да ни се меша во такви ствари. Наши деца, наше тело, наши гради, наша одлука. И апсолутно не е точно дека млекото е вода, меѓу другото што не е точно.
Истово сакав да го пишам и ние годинка, до сеа не сум добила коментар, изгледа сфатија дека не сум со сите на темиве поврзани со детево планирам уште 1 година да се гушкаме така Му скратив еден подој измеѓу доручек ручек дадовме ужинка сега овие 3-4 дена и супер си прифати. Цица 3 пати, наутро, пладне, вечер пред спиење и ужива, се смее на глас, ме гали по лице не би го заменила ова за ништо, одма си праам филмови за второ
Јас да си го доискажам напишаното, не доев. Имавме премногу пречки и не успеавме за жал. Бев поборник до тој степен што кога си дојдовме дома немав ни шише ни млеко па моравме да се враќаме во болницата да му дадат зашто плачеше 7 саати без престан оти не можеше да цица. АМА.... секогаш ќе се топам на вашите емоции за доење, ме допираат исто како јас да сум ги доживеала. И ви се дивам на сите кои уживате во тоа и доите дооолго, блазе се ви, нема поголема топлина за мене да видам мајка како си го дои чедото, безценето е
И мене ми се деси истото. Од болница ме испуштија со препорака дека имам млеко, само бебе што почесто на града макар и цел ден и да го будам. Таму ме стискаа, искачаа мали мрсни капки колострум, градиве топли, големи, цели набабрени. 6-7 часа он дома на празно влечел, не ми биле убаво отпушени каналите..исто така плачеше, дојде роднина што работи сестра на неонатологија, рече гладен е, тркна маж ми купи млеко..таа вечер никад нема да ја заборавам и тоа плачење. Он си испи млекце, заспа, на 2ч будевме дававме АД ..и утрето јас цела грутки колку ореви, модрила..фрливме кутијата и фатив да се молзам на 2ч.. беше на ексклузивно молзено 10 дена, па фати да цица. Морав да споделам, да не мисли некоја нова мајка што чита дека доењето е бајка и е најлесна и најпроста работа. Као најприродно, абе песна е, што да ти кажувам..После пораѓајот, најтешка работа е доењето деф. АМА вреди, премногу вреди
Јас ќе го одбивав, ама да се пријвам дека уште цица. Најчесто само ноќе, ама толку сака да ме гушне пред спиење и да се намести за цицање и кога ќе ми рече мама јас сакам цице, и кога ќе се насмее така слатко, уште немам срце да речам не може, а кога му зборам дека е голем ми вика, мама не сум голем ја сум мал уштеПа ќе му текне мама децата не цицат веќе, само пијат млекце, па ќе стане ќе испие млеко и пак ќе дојде да цица. Комедии сме Ама се согласувам се што пиша @Yowannty за доењето, треба да е право на секое дете, а не избор на мајката иако во последните години тоа се форсира. И не треба да осеќате грижа на совест ако не успеете, се случува и апсолутно нема да му биде ништо на детето ако пие формула, ама ако имате можност да доите, а бирате да не доите сметам дека е чин на себичност. Од друга страна моето ете стварно ништо не јаде, на 5 работи е, ама дали што цица уште има 17кг и вчера правев крвна слика и му е топ. Ќе го одбијам кога ќе биде спремен. Иако веќе никој не знае дека упте цица, незгодно ми е некако да кажам, знам дека ќе ме осудуваат, па ја одбегнувам темата. Инаку барав совети за детето и градинка, се мислев дали да го праќам дека и мм нема да е тука и бев во дилема, ама решив да го пратам. Вчера беше на адаптација прв пат, имаше плачки, ептен беше жален, ама мислам дека ќе се прилагоди, повеќе ради него реално решив да го запишам оти сметам дека му е време да се дружи со деца повеќе и да биде поактивен во учење и создавање навики. Ќе биде тешко, месецов ментално се спремам да го минеме, сигурна сум дека ќе биде најтешкиот месец до сега откако е роден, ама ќе успееме…се надевам дека ова и ќе биде единствена тешкотија во животот што ќе ја имаме. Пуштајте среќа за оваа мајка и ова дете да го пребродиме овој предизвикувачки период
Дете станато во 6и22, ми се мочкааа и не презаспа Јадеше, растури пола играчки и сеа ајде една пепа пиг да гледаме, а јас кафе да пијам, очи да отворам. Деновиве ни се исти што дури и досада ме фаќа, ке спобудалам махинално ги правам истите работи така во некој зачаран круг сме влезени, ко да не сме на светов со мм. Доењето никаков план немав, имав и шише купено дома за секој случај. 2 недели си беше и на АД и на цицање, ама лакомо бебе ме истегна за да цица, уште во болница ми рекоа дека е буце и дека е лаком сам си се избори за цицање, јас не знаев што правам буквално, се молзев вадев малку и мислев нема да имам млеко. Јас го одбив на 16 месеци зошто веќе беше не издржливо со висење на цицка по цели ноќи, секогаш велам да ми цицал само пред спиење и са спиел како што спие сега до 3години би го доела без мака. Убаво искуство во секој случај, некако само си дојде кај мене барем без мака. Кај сите да е така. Сте збореле за први насмевски, јас го имам фатено на видео не знаете колку му се израдував Такви мали убави, ушукани да ги изедеш Имајте убав викенд
Некако мислам дека секоја мајка емотивно го доживува моментот доење. Од мајки кои ете не доеле од х причини до мајки кои дојат 3 години. Сакав на твојот муабет да се надоврзам зошто тоа е нешто што ни јас не го знаев, ама бев мнг упорна. Таа идеја дека се породуваш и ти тече млеко од градите, во спротивно немаш, е таква глупост... ама се учиш. @merriel0 @DELFINA81 не ми се верува дека луѓето се мешаат во таква работа. Толку приватна и интимна. Мислам дека deep down секоја мајка знае што треба да направи за своето дете. Ние не се доиме веќе, но навечер млекото му го давам легнат во моите раце. Тоа е поза во која ме гали а јас млекце давам. Убаво ми е. И како станува човече мало, тој бесценет момент на гушкање пред заспување не го давам.
Мене ме стана во 6 за да ми каже дека на Мене ми се мочкало. Муабетов беше вака Мама, нели треба да станеме оти ти се мочка?
Од убави муабети пак ја донесовте темата до mom shaming и себични дека сме биле оти не сме доеле по наш избор. Оти само тоа ве прави најмајки, ние на ад што сме да ни се живи и здрави децава, со помалку љубов ги растеме, дека себични сме. Се одјавувам од фемина на неодредено време. Бидете поздравени.
Мојов коментар и мислење воопшто не се такви. Каде го пронајде mom shaming моментот? Од друга страна пак тие што доеле нели смеат да кажат дека дојат и уживаат во тоа? Си го сакаш и чуваш твоето дете како и секоја мајка, не го барај она што не е напишано. И ако не е согласно твое искуство, не значи дека е против тебе.
Не е за твојот коментар. Ама убаво е да кажеш дека доиш и уживаш, но во меѓувреме не треба да ги нарекуваш себични тие што не дојат, или тие што не уживаат во доењето но сепак дојат. Малку се расфрламе со зборот себични. Не треба доење по секоја цена да биде. Тоа не ја прави мајката себична. Се одјавувам и јас на некој период од форумов.