Sto ne i ja zatvoris ustata ednas zasekogas ? Citajki te niz temive mnogu mesanje i pritisok imas od svekrva ti. Aj nadupi go ti mt pred nea da se otselite i deka nejkes da ja gledas. Lelee si zamisluvam mm da mi prigovori nesto ima da go zgazam i da go pustam kaj mamicka , sreka pa sveki ne se mesa za nisto ni pa ar javuva da dosaga a mm ne e majkin do tolku
Добро бе мајки јас психички скренав, според некои ќе бодам нај немајка ама гајле ми е. Па до кога трае овој период што е лепенка за мене? Почна веќе 2 месеци не знам што влијаеше ама не можам да мрднам. Јас на балкон тој таму, јас во вц тој се нацртал. Капак на се е кога ќе ми се плетка меѓу нозе, сабајле ќе ми паднеше тепсијата со мусака врз него бидејќи отворам фурна тој низ нозе ми се пика, преѓе чинии плакнам па тој зел перница и меѓу моите нозе се плетка. Не знам како се спаси не падна нешто врз негова глава. Дури почна кога ќе седам да ми ја врти главата накај него ако за миг сум погледнала на др страна. Утешете ме дека ќе помине, дали јас згрешив некаде ама буквално не можам ништо да сработам од него. Психички опаднав, нема кој да го чува абе 10 мин да бе можам за мене во денот да искористам. Ако продолжи вака психолог ќе побарам, денес му се развикав 2-3 пати и тоа мн па еднаш и го удрив по нозете и не не се осеќам крива воопшто. Па сами живееме се на мене се чека не можи секој ден да оставам нечисто не дека врви ова ситуација полошо станува...
Не знам за колкаво бебе станува збор ама можеш штом е така да си го ставаш во хранилка или креветче додека отвараш рерна, кафето исто вон дофат ставај го, малку е напорно кога ќе станат подвижни и тешко е да пазиш цело време. Некои работи што можеш прави ги додека е буден, нешто што не бива остај за кога ќе заспие. Навикнувај се дека нема да е сѐ под конец, јбг.. За удирањето, само поголема штета правиш така.
Прилично големко е 1.5 год а купив 1 куп играчки демек да се занимава не бе брате ако не сум јас долу седната со него не ни игра. Ако седам со него со саати игра седи. Надвор седи со др деца нема проблем и да не сум јас ама внатре....се надевам е некој период. Кога ќе заспие што попрво не знам од пон до петок работам од дома не можам поручек ништо а навечер толку капнувам ијас за сон. Господ нека ми е на помош само.
Периоди се, ке му помине. Гледај вади го почесто надвир ако имаш можност да се плетка со други деца да свати дека треба да игра и само. И моето беше залепено за мене ама како расте така се осамостојува и се трга од тебе. Претходно не одеше никаде без мама мамаа, сега знае да се излаже по нешто/по некого најчесто вујко му и да си оди со него да прошета. Тој период мислам најтежок е најмногу залепено е за тебе, јас сакав тогаш во градинка да го пуштам од што ми беше преку глава ми пишаа баш членките никако, баш поминуваат низ некој период до кај 2 години и после ке се смири. Гледај вклучувај го во твоите работи ем ке се занимава, ем нема да ти се плетка ваму таму.
Се надевам период дека е иначе вака јас ќе спобудалам, мн деца ми поминале низ раце ама вака не сум видела досега. Ма од што го занимавам почна веќе да знае како се готви јајце и машината за алишта сам ја полни па зема ленор да стави хахах. Не да е паметен ама вака што е лепенка тоа е тешко. Со татко му излегува ама и тој сега тежок период на работа врви па нема мн време и цел ден е со мене. Ќе седне дури и тв му пуштам абе 2 мин гледа дека не сум и одма трча да ме најде. Стварно мн мн тежок период е.
Епа работа од дома со дете е невозможна мисија да си знаеш (може и од детето зависи). Јас сум работела од дома со него кога е болен инаку во градинка оди или баба го чува. Знам дека не ти е утеха ама моето е 2.5 па пак си бара многу внимание. Минатата недела беше болен, јас работам, тој вика: мамичкаааа дојди да си играш БЕ. Па во скут ми седи и само прашува а што е ова? А што пишува тука? А која е оваа тетка? Така што сега уште два дена баба ќе го чува па во градинка за да можам да работам, инаку не бива.
Иста возраст ни се децата, ќе ти кажам ништо не си згрешила. Сепарациска анкциозност имаат, го осетив тоа и со првото дете иако не до тој степен како сега. Нормална фаза им е. Син ми не само по мене, него и по татко му плаче. Ако јас одам да шетам куче, стои пред врата и се дере мама мама мама додека не се вратам. Ако татко му влезе во веце, или не дај боже има состанок онлајн па му затвори врата од работната соба, тогаш таму кај него се фрла на земја и почнува тати тати татииии... Се заигрува сам и ако не ме види дека ќе искочам, мува не го лази. Сум го оставала со баба, снаа, јатрва, никаков проблем, ама да се скријам кога ќе искочам низ врата. Надвор рака не дава за шетање и кога ќе тргне да оди што понапред. Ама дома да може мислам дека ќе се врати кај што искочил од мене Со првото дете идев на работа, секој ден ме гледаше дека излегувам и за некој месец се навикна. Сега јас сум дома, маж ми работи од дома, којзнае до кога ќе биде ваков.
Абе и мм не е мајкин ама се плашевме и двајцата реално дека така малата а она го користеше тоа за да влијае,ова беше со првото сега со второто не може да се меша воопшто. Ама да мм и ступоти еднаш двапати па да престане,сеа други маки имаме со неа ама тоа само лекар може да го среди. Сеа ми иде и мене да се учукам за некои работи што сум послушала ама јбг исплашена како шо кажав. А за заминување 5 г го терам никако да го натерам... од една страна го разбирам дека имаме вложено доста ама ионака нема со кој да дели тука па некоја година не знам што му менува.
@baguf4e @Feniksgirl Женски, дајте седете. Вие најблиски сте ми по бебево, дружина. Ич нека не ве тангираат коментарите. Ќе ми фалите ако ве снема од форумов. Сигурно и мене некој ме осудува дека со 2 ипол месечно бебе тргнав на работа, маж на породилно остана. Кој знае колку имаат кажано - оваа кариера ја интересира, не бебе. Неславно ни заврши приказната со доењето. Ич не ми дремка што зборуваат. Јас знам што е најдобро за мене и моето бебе. Си порасна бебево со двајцата родители дома цело време (со јас периодично на работа кога одев), најсреќно и најумно бебенце е, 9 месеци (да чукнам во дрво) никогаш се нема ни подразболено а не е изолирано воопшто... Така да не се замарајте. Гушнете си ги бебињата и кој што сака нека тресе зелени. Битно е да ни се живи и здрави бебињата, да се среќни и безгрижни. Покрај нив така, и ние полетуваме од среќа.
Се слагам со се што пиша. Јас може не ги читам сите коментари. Можам да ти кажам, ич да не ти ч**. Темава ми е најслатка дека за викенд некој секс паѓа. немам намера заради ограничени умови тоа да си го кратам. Немој ни ти, ни @baguf4e
@Feniksgirl , @baguf4e , каде бре? Ајде враќајте се ваму. Па од коментари ли одјави ќе правите. Па што фини теми во петок имаме, вие ќе се одјавувате. Секоја од нас го прави најдоброто за своето дете. Дали цицало или е на АД , не менува ништо. Сакав да дојам, премногу сакав, ама неупешна приказна имавме. Осуди за машала имав, али не ми чуе за ниту еден коментар, муабет , што ми беа упатени. За моите цицки и причината зошто не доев, на изволте не сум дала објаснување зошто и немам намера, детално да се објаснувам. Немајка и себична , е само онаа која пие, се дрогира и детето и е 10 то, на листа на приоритети.
Ај да не се вреѓаме и да не ишкаме муви ама и јас многу пијам Ова е она Кога ќе кажеш нешто и секогаш некој ќе се најде навреден *Не го пратам многу муабетот, да не се вреџаме сега
Али не си пијаница, која сите пари ги дава за алкохол , а дома дете да ти трпи за леб. За пијуцкање, си пијуцкаме ние сите, ама дете подмирено, изиграно, се комплет.
Знаев еден ваков, веќе не го знам, среќа Ми дојде другарка шо се разведува, па славевме со вино и еве не знам кај се наоѓам
Од викенд активности, бевме на мекици кај блиски луѓе ама далеку ни живеат па се дог јас да возам натака, мажот накај дома. Не можев повеќе од 3 пелинкквца да испијам, маж се нервираше дека можел барем он да се напие. Душичка. Бебе веселко вчера не седна. Јас се убив од перење и пеглање. И една партија секс падна Нека е добар старт на неделата
Тешко е мами, и малата е лепенка за мене по цел ден..1 год и 1 месец е каде сум и она одма доаѓа по мене, нит да игра нит ништо... тоа е , ќе издржиме овој период а за 5 дена бегаме на одмор, имам и син на кој му требам ( стално му викам чекај да завршам со малата, чекај да доцица... ) пренапорно е ептен, со син ми немав таков проблем, сакаше и он кај мене стално ама не правеше проблем да си игра сам и да си игра со моите итн.. се надевам дека ќе помине и ќе почнат да седнат да играат инаку неможеме ништо да направиме.
Другите деца се туѓи, ова е твое. Ти си му сè на него. Се осеќа најсигурно најбезбедно најсакано. Плус си 90% од времето ти со него затоа е така приврзан, тешко е. Моево 19месеци е исто ко што збориш. Мочаме заедно, готвиме,миеме садови, пружаме алишта, усисуваме, полниме машина мора да е до мене. Само "Мамеее мамеее". Одморот 10 дена да не ми даде да отидам ни чекор од него, мора со мене... Ваљда кога ќе се осамостојат повеќе накај 3 4 би се приврзале повеќе со поинтересниот родител, за сега ќе си стиснеме заби.. Ако добро памтам ти си бремена со второ па може и тоа ако му зборат баба татко за другото бебе на мама да е уште толку вознемирен.. моево височко личи поголемко дека е ама кога ќе го прашам кој си ти што си ти на мама? Вика бебе и кога ќе размислам вистина се бебиња бре.. мали се уште ништо не разбираат Не се форсирај чисти само тоа што е најосновно другите околу тебе малце да се ангажираат физички да помогнат а не само да дрдорат