Тоа се приоритети. Да не те боли патка за хаосот. Со мали деца не може да биде средено, а и не треба. Ако има деца дома и постојано е средено значи дека нешто не е во ред. Децата треба и мора да бидат слободни да праат хаос, да истражуваат, осознаваат, учат, растат безгрижно. Како би ти дошла на палачинки да знаеш колку сакам. Бебули заспа, другите двајца фатија креветите. Шубав денов беше денеска. Ќерка ми се враќа во градинка после летен распуст, од Септември син ми почнува. Не сум спремна психички за сите вируси што ќе почнеме да си ги подаваме од скоро.
Повели има уште 2 Не се замарав ич до пред да се роди бебево ама сеа дека мало сакам да е почисто бидејќи и многу нежна кожа има многу бубулички и се прават. Ама овие 3 дена ни желба ни енергија имам. Главоболка, вртоглавица и жештини ме фаќаат дали времето дека променливо дали ми се дешава нешто или од психа ми е не знам...
Абе раастурено е едно ама нечисто е друго. Во нечисто не се живее, мора да се исчисти.Сега коса како што ми паѓа, како кокошка се митарам. А ја видам стегнати рачињата таа влакно држи... Еден час во денот кога сме заедно со сопругот средуваме и тоа е тоа, да се усиса све ( дури купив такво за влакна да поминам, секој чаршав е со влакна) , да се среди кујна, тоалет да се исчисти. За викенд е поголемо чистење еден ден. Сака домот чистење. Сигурно е тешко со 3деца, сама кога сум со неа само шишиња успевам да измијам и да пуштам една машина, толку. Ручек е луксуз за сега. Све друго мм кога ќе дојде. Купивме планер за финансии, хаха со дете слабо останува како сами кога бевме. И сегаа планеров вика да се испланираат ручеци и да пазариш само тоа што треба. Хаха тешко ни иде. Викам кажи доручек вика пиши фрижидер, што ќе се најде ќе се јаде.
Таман работа да е нечисто. Ама па и патолошка педантерија да е се цакум пакум си е посебна дијагноза, секој психолог ќе рече. Во животот треба да се балансира, а секогаш средена куќа е пропуштање многу уживање во денот. Несредено, мех… Имаат нивна соба, цел ден е хаос, навечер пред спиење само мора да се собере се и врати на свое место. Не знам дали е толку тешко. Искрено па и не можам да се пожалам. Логистика си сака. На фрижидер ми стои што ќе се јаде цела недела унапред, покрај главни оброци, вклучително и ужинки. Со плус заменски опции во случај нешто да не се погоди. Секогаш готвам повеќе и ако може еден дел да се зготви од претходната вечер уште поубаво. Некои оброци и за по 2 дена и плус замрзнувам барем два оброка за децата, за кога ќе бидам куса со план, битно ми е тие да имаат нормален оброк, а ние ќе поминеме со било што. План однапред што ќе носи ќерка ми за градинка за цела недела. Обавезно ми стојат спремни алишта за излагање и плус по 2 пара екстра за децава, оти дур го спремам последното едното може да се покапе и со воздух баш пред врата. А во некои ситуации и сите три. Планер за финансии немам, имам фамилијарен планер во ходник на ѕид, кај што покрај термини за децава си додавам и планови за денот, двор ли, супермаркет ли, парк ли, мол ли, возење точаци, се ми стои запишано. Полесно ми е. За косата ич не збори. Моментално сум во најалармантната фаза.
Абе не е тоа не знам ти колку нечисто. Требаше да сменам постелнина и да пуштам правосмукалка и за пеглање бебешките алишта. Остана за утре,утре веќе ќе се мора. Косата уште не паѓа толку или не може оти цел ден е пунџа не може да дише не па да паѓа За мт браво ,мојов вика сеа ли најде правосмукалка да пушташ ја плашиш или нека стане ќе пуштиш или не знам ти шо. Си има обврски он пример ѓубре немам фрлено 2 г може Ама за правосмукалка ќе се потепаме кај да е ,пошо не знам како си замислува кога треба да пуштам кај да ја однесам бебушка... Затоа да не го слушам усисувам додека е на работа
Денес плачки и плачки во градинка, учителката проба да го земе он ме тегле за блуза и плаче на цел глас, морав прстињата да му ги тргам едно по едно. Излегов од таму и јас де убив од плачење…кажете ми дека сите биле такви на момент, дека не сум лоша мајка што го оставам детето да плаче по мене…
Тешко е мами, ама ќе се навикне... сите минуваме исто , навикнати се со нас ама не се секирај, ќе се заигра.
Леле те читам и ми се плаче За месец ќе треба да ја пуштам на адаптација 9 месеци ќе биде. Кажете како да се издржи, јас сериозно мислам ќе паднам во депресија
На 9 месеци абер немаше мојава кај се наоѓа, одеше кај секого така да насмеана од уво до уво ја оставав. Подоцна и со плачки, и насмеана одела. И има утра кај што и се спие и баш не сака да стане за да ја однесам. А најчесто може да остане и дома ама не сакам да се учи на тоа дека ако рече не градинка, може секогаш кога сака да си седи тоа. Еден ден ќе ми се одбие тоа од глава, па сакала или не, одиме. @1209 , не знам уште колку време ќе сте тука. Сметај дека е и поголемо дете и навикнато со вас дома. Дали за кратко време се смирува таму? Имало периоди кај што ја оставав со плачки, па за 5-10 минути ќе ми прати слика воспитувачката кај што си игра смирена и без плачки. Само стресовите јас што ги собирам.
Моите и двете плачеа кога ги остававме посебно машкото. Исто едно по едно прстињата му ги тргав да го дадам,со солзи и натажен мамаа,мамаа.... Но тоа беше само краток период. Ќе се навикнат дека мора така и тоа е тоа. Не си лоша ич, не му ја мисли сите сме поминале така.Со голрмата плачев и јас ама со близнаците не сум ич. Ќе се навикне уживај мами.
Сите скоро се такви, голем процент се такви, се е тоа ново за нив. Пополека ќе се смири, и не си лоша мајка.
Не знам колку ќе сме, повеќе од пола год сигурно, затоа и го пуштив не беше само за 1м работата, мислев ако не се навикне ок ќе напуштам од работа, ама ако свикне ќе продолжам да работам. Наводно се смирувал, имам братучетка таму и ми кажува инфо, ама кога го земам е расплачан, па не знам дали само да не се сеќира ми вели така…
Не си лоша мајка,сите плачеле во некој момент а и ние со нив. Од 1.5 оди сеа е 5 ,после секоја подолга пауза ,одмор или настинка ги имаме овие сцени. И после толку време јас пак се нервирам или плачам зависи од денот Помали полесно се навикнуваат иако го знам ова пак ми е тешко за второто ,далеку сме февруари онаму ќе треба да ја оставам ама се повеќе размислувам за неплатен.
На 9 месеци ќерка не знаеше кај се наоѓа и кај ја оставаш. Јас ја оставив на точно 9 и ден денес оди со трчање. Има денови кај шо ќенкала, ама ништо критично. @1209 Бројче, тоа е шо е. Ќе се навикне. Поголем е и му доаѓа промена зашо си има друг ред направено дома. Градинка е скроз различно. Гледај да не се збори негативно за градинката, охрабрувај го зашо и повеќе разбира Нека си бира сам облека шо ќе носи тој ден, кои патики, не знам ако носите ранче секој ден - нека го носи он. Може ќе упали нешто.
Скоро секој ден кога го оставам за на работа е оваа песна. И тоа замисли не е тргнат во градинка го оставам со ТАТКО МУ.
Те читам и ме врати назад во 2008год Едното- 9месеци неполни другото -4години и 9 месеци На оставање корнеа од плачење они,а јас одев пеш на работа и по пат рикав ко магарица ,сите бродови ми беа потонати дури сакав да откажам од работа и да ги отпишам од градинка Малата плачеше 3 недели големиот 3 месеци После со песна одеа во градинка Ова ти го пишувам да те охрабрам да не потклекнуваш да издржиш и за кратко време се ке биде ок
Ко ја да се читам. Што е најтрагично јас не одам на работа одам основи работи да завршам за кои максимум 2 саати ми требааат. Ми вика мм само што ке заминеш со кола се смирува не си стасана до главниот пат он не плаче. Ама пред мене драми се, знаете каква логистика правиме да избегам од дома од сопственото дете да не ме сети..
Истово ме чека со син ми од Септември. Немам никаква надеж дека ќе биде лесно со него, ама ќе мора да се навикне. За ќерка ми најголема казна е да не оди во градинка. Еднаш не плачела на утро на носење. Дури неколку пати ме има извадено од памет, ќе ја донесе маж ми дома, таа липта ли липта не може да збори, во тие минути милион филмови си правам во главата што и се десило, за на крај кога ќе се смири да каже дека сакала уште малце да поседи во градинка а татко и ја зел. Ова второво како можев да го родам вакво нежно и емотивно, а сестра му жива сила не е*е. И како можеа да се толку различни не знам. Ќе има плачки, тој ќе плаче, јас ќе плачам, ако ти е утеха, ќерка ми не плачеше, јас пак плачев. Ќе се навикне да не се секираш. Во најтаман години го пушташ, сега веќе му треба социјализација од деца. Се ќе биде во ред за некоја недела. Стисни заби пред него, плачи после и ќе помине времето.
Исто и мојов правеше на почетокот кога тргнав на работа и остануваше со мм, ама и он ми велеше дека само штом ќе излезам инстантно престанува да плаче. И сега кога го зедов ми рекоа дека брзо се смрил и си играл и јадел дури. Знам дека ќе навикне ама месецов ќе биде тежок, најтежок.
Јас што наслушнав некои коментари не можам да се носам со нив, алал да ви е што не ве допира… Не сме сите со дебели кожи колку и да се трудиме…