Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    7.384
    Допаѓања:
    23.052
    Пол:
    Женски
    Почетокот е тежок.
    После се ти е полесно.
     
    На naturally и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  2. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.281
    Допаѓања:
    91.966
    Пол:
    Женски
    Искрено и јас исто мислам... уште два месеца и мора да почнам на работа абе од сега само тоа ми се врти во глава, стартно ќе го чува маж ми т. е планираме да сме контра смена ама сакам и во градинка да го носам.
    Од глава не ми излегува како ќе го оставам, си поплакав што ве прочитав сега а не пак кога ќе дојде време...
    Сите поминале исто се навикнале ама дур помине ;( јас многу сум плачела по мајка ми а сестра ми брзо се навикнала.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Besbes24

    Besbes24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2022
    Пораки:
    2.071
    Допаѓања:
    1.813
    Пол:
    Женски
    Леле аман не отворајте вакви теми, и јас планирам од септември градинка. Се изнаплакав од вашите пораки. Некогаш посакувам барем до кај 3 год да си седеше дома.
     
  4. defocus

    defocus Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2023
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    232
    Пол:
    Женски

    Се навикнуваш на коментарите? Па дури и злобни? Зошто? За мир во куќа? И живееш со тоа секој ден?
     
  5. Fenix05

    Fenix05 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.787
    Допаѓања:
    9.612
    Пол:
    Женски
    Ни 3 минути не поминуваат се смирува, знае уште 2 3 мин да трча по вц соби да вика маме маме и си заборава, ама нас како мајки ни се трауматични тие тегнења солзи губење...а се е ваљда нормално, јас се осеќам најлошо на свет секое сабајле, дека тој е со скршено срцрнце зошто го оставам без чао а јас си одам криејќи се да не види :?:


    За градинка страв ме фаќа уште сега, сакав на пролет сега викам ај следен септември :D
     
    На 1209, Carolin. и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  6. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.633
    Допаѓања:
    7.542
    Пол:
    Женски
    Дома кога е не прави гужви и никогаш не правела јас ако излезам во главно тоа.
    Градинка како што пишав од крајност во крајност имаме во овие скоро 2 години што оди.

    Е пример утрово, така облачно, ветровито, дете полу успано. Ја кревам и ја носам в раце за да влеземе во градинка и само добивам
    Мама одиме нашата дома...

    Си се објаснивме дека мајките работата, децата си играат во градинка.
    Искрено овие зборови ме погодуваат повеќе, не дека и е лошо во градинка, напротив, туку што имаме премалку време за се останато. Таа можеби може и некој ден да седи дома и јас ретко тоа да земам ден одмор и да го поминеме дома. Ама долгорочно не можам да останам без работа.
     
    На 1209, Fenix05 и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  7. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    2.738
    Пол:
    Женски
    Зависи од кој се зависи за што се...
    Нормално не е сеедно ,некогаш ќе вратам некогаш ќе премолчам зошто ако зборнам ќе се заколиме и така...
    А дека еве 5 г скоро е големата и од такт уште знае да ме извади свекрва ми да нема да лажам може.
    А чудна работа за малава ич не се замара :o тетки стринки од улица зависи од расположението ,порано кога ќе викаа кога второ велев рано ни е :D и толку ,сега цица ли јас одма нормално (и да беше на ад ист одговор ќе добиеја ,шо к има комшивката да знае дали цица или е на ад ) колку помалку се објаснуваш толку помалку простор за прашања имаат почни од блиски заврши на рандом луѓе по улица.8)
     
  8. Надеж♥️

    Надеж♥️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2024
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    572
    Пол:
    Женски
    Мајкии ајде малку помоош од тие што не сте од Скопје а се имате таму породено. Како оди процес на пријавување на бебе и вадење прв извод? Каде треба да се отиде, што документи требаат, треба ли двајцата со мм да одиме, колку време се чека? Ништоо не знам а треба да се пријави и извади тоа си минат деновите
     
  9. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.405
    Допаѓања:
    4.111
    Прво, ти кажаа во болница дали тие ги пријавуваат во МВР? Ако да, само во матично нека оди сопругот нема потреба од двајцата да одите. Сподели во која болница се породи да ти кажат членките што се поупатени.
    Мислам дека и отпусното писмо од болница го носеше маж ми, не се сеќавам точно.
     
  10. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    2.738
    Пол:
    Женски
    Подрачно одделение Скопје
    Ул. Кеј Димитар Влахов бб
    работно време: понеделник – петок од 07:30 часот до 15:30 часот.

    контакт: gojart.ademi@uvmk.gov.mk
    Мислам дека ова е контакт од таму ,јави се најточно ќе ти кажат
     
  11. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.703
    Допаѓања:
    9.750
    Леле денес бевме да гледаме градинки, од следна недела треба да тргне мојата, 8 ипол месеци е. Душата ме боли. :u: Солзи ми течат кај и да влезам, дури глупо ми паѓа. А ќере секаде браво им вика на тетките, се радува децата кога ги гледа. Ама па секаде ми рекоа дека од искуство најдобро е за адаптација уште вака кога се ептен мали. Си викам бар нејзе полесно ќе и биде и поприродно да оди на градинка понатака.
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  12. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    907
    Пол:
    Женски
    Каде планирате да ја праќате, сподели искуство. Нас ни е уште доста рано со оглед на тоа што ако здравје останам да работам каде што сум можам да ја чувам и јас дома, ама собирам веќе впечатоци :D Иако не ни сакам да мислам на тој период, многу сакам да оди на градинка, ама па 8 саати без да се дружиме ми се too much :(
     
  13. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.338
    Допаѓања:
    19.541
    Пол:
    Женски

    Бројче за градинкава, тетка ми работи во градинка и баш пред некој ден зборев како ке биде што со детево, знаеш што ми рече "нормално е да плачат, ние сме навикнати да плачат, не сме да не плачат во голобала 90% од децата плачат". И се ова до некоја мера каде што после внатре детето се смирува и продолжуваат сите со денот, не може ништо од денес за утре, ке се навикне.
    Многу ми е криво што во таа градинка она што работи мене ми е најдалеку и не можам да го пратам таму. Само упорност, повеќе од наша страна зошто први родителите се одкажуваат најчесто.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.020
    Допаѓања:
    110.656
    Пол:
    Женски
    На плоштад, кај Комерцијална.

    Не пријавуваат веќе од болница, тоа само во ковидот беше изгледа.
     
  15. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.703
    Допаѓања:
    9.750
    Ќе биде меѓу Пиколини, Амиџи и градинката на Јахја Ќемал. Сите имат предности свои некако. Пиколини најфлексибилно раб.време до 18:30 (еден ден од неделата имаме ние што ќе треба да ја земеме после 17 ч), ама најголеми групи. Во Амиџи внатре беше некако најчисто, најсредено ама пак најтесен простор и во просториите и надвор имаат мал двор. Во Јахја најмали се групите, и реновираат сѐ ново ќе биде од под до играчка. Ама пак најкратко време имаат за зимање. И стварно не знам што да правиме...
    Со цени сите се тука некаде +/- 500,1000 денари.
     
    На MariaBouli му/ѝ се допаѓа ова.
  16. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.988
    Допаѓања:
    45.749
    Пол:
    Женски
    Моето е во Амичи, ако се исти стандарди тука и Ск, да ти кажам само позитивни искуства слушнав.
     
  17. Ladyme

    Ladyme Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    1.922
    Допаѓања:
    4.096
    Пол:
    Женски
    Пријавуваат јас сега пред 4 месеци се породив, само извод на родени може онлајн све и после само да го подигнеш од општината во која живееш.
     
  18. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    7.384
    Допаѓања:
    23.052
    Пол:
    Женски
    Прости луѓе нема да смениш, нема да сменам.
    Ги игнорираш или реагираш во ист момент, не за два саати или две недели.
    Фала Богу, со мм сме сами.
    Ама најбитна работа е дека сме со исти размислувања и ние сме ние што носиме одлуки за дете и ние сме тие, што кажуваме што и како со детето. Од страна одлуки или да ми земат дете од раце, да ми објаснуваат што да облечам и слично, нема. А кога има, секударно добиваат одговор , од кој после следи молк и повлекување.
     
  19. defocus

    defocus Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2023
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    232
    Пол:
    Женски
    Без прашања и без објаснувања од чиста мира онака, добивам коментари, многу лоши спрема мене, за работи кои не можам да ги променам како јас да сум виновна за сенешто.

    Зар не е полошо ако вратиш? Не можам да вратам, срамота ми е да се расправам не знам, незгодно ми е.
     
  20. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    7.384
    Допаѓања:
    23.052
    Пол:
    Женски
    А не е срамота некој да те ,,гази”, а ти да ќутиш и да си трпиш?
    Враќам, кратко, јасно, понекогаш дрско и се вртам.
     
    На defocus му/ѝ се допаѓа ова.