А мојот што има секој ден (освен недела) аларм во 6ипол Само прва смена работи. Па кај не спиеме и онака по цела ноќ со 2-6 станувања од бебе, уште па и рано будни сме.. незнам како сум нормална овие 6м со 2,3ч сон (може и не сум) Оно со 2 поголеми школски деца и онака цела учебна година станувавме рано, имаме ред и нема да ни е мака од септември Мене ноќеска во 2 ме фати инат, ја оставив да поплаче 10мин во креветче и не бе брате, какво успивање и смирување сама. Почна да дава нагони за да повраќа и си ја земав во кревет кај мене... Сеа на ум ми е мечето што диши да го купам Само нешто пробувам... Денес грав и воведувам, се надевам дека нема да и смета и сега. Во доење премногу и сметаше до кај 9,10м...
Не сум од Скопје, ние на 6км од град сме. Има кучиња ама летово децата џагорат. Посебно за викенд кога ке се вратат од искачање, афтер прават Ама не знам дали би живеела во стан пак, дворов не би го менувала за ништо, детево порасна надвор и лето и зима буквално.
Леле драма и јас ја оставив пред некоја вечер, демек читав 'остави ја сама, гали ја, ќе се смири'..како да не, кога почна да вришти, зајде, се засркна, се закашла абе хаос невиден
Единствено позитивно од тоа што се изнаплака е што кога ја земав заспа без да цица... Само се пикаше во мене и се успа. Па си викам и мечето да го земам со нас, па после да и го шмугнувам кога ќе се буди за да не ми бара цице До сабајле она секако си стана уште 2,3 пати (веќе ко робот сум не се и сеќавам, автоматски цице вадам) Како да ми доаѓа у глава дека сум видела инстаграм страна со такви мечиња, нешто на Ш ли беше. Ајде хелп, сиг ќе се најде некој што ја знае страната
Oние шумишите ги сакаш? Или некој други се. Мене ми купи мајка ми лисица од кај нив, ама до кај 6-7 месеци шуштеше и после почна да ме нервира и го дигнав
Ти со три деца + маж си ми идол јас кога го добив првово, 2 недели плачев и не ми се веруваше дека вака изгледа да растеш дете А три како тебе е капитал
Не, не само шушти 4 вида на шуштења има. Ме нервираа на почеток ептен и не престанаа да ме нервираа ама бебе спиеше убаво на нив па ги трпев некако.
Со првото е најтешко, дека е шок после слобода и грижа само за себе.. да се грижиш дупло повеќе и за друго чоече После веќе се прилагодуваш и навикнуваш... ама си треба живци. Јас сум дечарка и нерви јаки имам од секогаш, плус смиреност во секакви ситуации (бар така блискиве околу викаат) @Carolin. Значи тие што мрдаат со мешето баш ко да дишат и ги нема кај нас... Мене такво нешто ми треба. За шуштење, ќе пуштам од тел, лаптоп да и шушти и мечиња/зајчиња 100 имам дома од другиве деца, ќе и дадам едно Ламба имам преубава со 3 разни слики, врти свети цела соба со разни животинки и бои по ѕидовите.. плус преубави песнички. Таа не ни пали ичч... тоа врти, таа во мене гледа и си плаче
Штом јас со првото се помирив дека сум му единствена утеха за спиење ти со трето не знам зош се трудиш шала на страна и јас се пробував ама на крај сватив дека ако сакам да сме наспани сите тројца ке спие кај нас на спална и еве не година дена така тераме. Ма да сега почнува да изразува желба за спиење во креветче и оди да спие ама на пола ноќ се враќа кај нас. Јас се надевам дека ке почне да преспива во креветчето ама само бега зошо му е жешко на зима пак ке се прибере до нас, знам
Тоа што ти го пратив мрда со мешето нагоре надоле Шумишот нас ни помага повеќе зашто звуците се прилагодени за заспивање, белиот звук и е асоцијација за заспивање и му свети мешето ако сакаш. Ама од прв ден и го пуштам може и за тоа. На овие другите звуците се понападни, приспивни песнички се и нагло сопира. Шумишот си е баш бел звук во различни варијанти 30мин свири од 25мин постепено се намалува до гасење. Ама над 3000 се ако не ти врши работа џабе фрлени пари.
Дневник за одвикнување од цуцла Ден 1. Ја земав и скрив уште од доктор и не ја побара. Ама дојде време да спие, заспива со цуцла. 1ч бараше по спална, стани легни седни, на крај ми ја зема дланката пред носе дише во неа и кома.. Ме плаши ноќва како ќе презаспива обично ќе ја земе цуцне 1мин па заспива, амааа сега не смее никако цуцла, докторката забрани.. Спремна сум дека ќе дежураме и плаче додека си најде друго за смирување ама вака бар приморани ќе ја тргмеме. Трикови некои имате? 19месеци е, кога викам докторката ја зема прееска, се смирува ама до кога не знам.
Лош ден, купени патики од кеги кога дојдов дома забележав од долу можеби фабричка мана 1 линија како скинати бев да ги вратам немаше други таму таков модел па дури т.ц бисер имало. Не ми вратија пари демек ако има било каде бр не враќаат пари абе глупости. Кај да одам на 40 степени сама трудна со мало дете хаос па морав др модел иако бели ми требаа за на свадба. Порачани фустани од тему уште не се стигнати. Недела свадба имаме фустан никаде не најдов соодветен. Абе една глава што ме фати да ме боли...ај нека поминат овие 2-3 дена.
Кеги не се тоа што беа порано. Поквалитетни и подобри се K&K. Тоа едно беше, ама браќа братучеди незнам што се, се скарале поделиле... бар таков муабет сум чула.. Дека порано само Кеги постоеше. Познаничка ми се жалеше од Кеги, крш. Конци насекаде, лепенките брзо се расипале, бебе непроодено, а се направиле хаос. К&К и полични се, на око се гледа дури дека поубаво изработени се.. Колкаво беше малото твое? Фустанче ако сакаш бело за свадба имам, ќе ти го подарам (носено е само од малово мое кај сестра ми на свадба).
Трикот секогаш и за секоја ваква или слична ситуација е - правилото од 3 дена. Секое одвикнување има најтешки први 3 дена, за кои треба да стиснеш заби и да не потклекнеш и после е веќе полесно. А може и да оди полесно од што се надеваш. 3 дена. Стави му вода. Во шише или чаша до него. Ќерка ми и ден денеска си чува вода. До нејзиното креветче стоеше фиокар и таму и стоеше магичната чаша оти шише никогаш не користевме. Знаеше да си стане сред ноќ да пие вода и да си легне пак. Можеби ако му понудиш друга опција како демек заменска, а што е прифатлива за тебе ќе му биде полесно.
Будна од 6 наутро, да знам и јас зошто. И така во мир додека дете спие, заклучив дека ми треба промена. Е да не биде да го менувам мажот пример , заклучив дека поевтино и полесно е теписи да сменам низ куќа. И така причина плус денес да се шетам по продавници, по жешково. Одамна не сум барала домаќински работи, може од цените и шок да ме мавни и да не сменам ништо. Меѓудругото и есенски декорации куп си бендисав така да ќе ја чекаме есента. Со ќерка не дека ќе остане некоја декорација на место туку да се пробаме.
Хелоу, хелоу! Додека бебе спие, мама да искористи да шкртни нешто тука. Се пофалив дека почна да ми ја сака количката. Не дека дозволува да го возам со часеви хаха далеку од тоа, ама се возиме барем 1ч секое сабајле и ми е преубаво. Пред тоа не дозволуваше ни 10 мин да го повозам без да се расплачи господинов. Ама сега дали дека веќе на 90 степени го седнав, разбира веќе сѐ, па му стана интересно. Секое сабајле си одиме по лебчето и некои други работи што требаат за дома, си вртиме кругчиња и дома за прва дремка. Арно што почна да ја сака количката, дека веќе во раце не се носи, во кенгур па ич. Пред некој ден со мм го меревме, 8200гр е. Вака ако продолжи, кичмата ќе ми знае само. Најбитно да ми е жив, здрав, весел и секогаш насмеан. За ручек планирам посно денес, турлитава. Или ѓувеч, секаде различно го викаат. Мм сака да е со мефце, ама нема денеска месо. Јас не сум многу обожавател на месо, а мм секој ден би го јадел. Значи да го обожава е мал збор. Ама овој пат со пиперки, ориз, компир, модар патлиџан, тиквичка, бамја - убавини. Неделава што доаѓа сме на вакцини. Не знаете колку ми е жал кога ги боцкаат малите бебиња и дечиња. Знам дека е за нивно добро ама жалчиња ми се. Сѐ надевам ќе поминеме без проблем. Одам да земам пратка за бебе, мама почна со есенската гардероба. Не дека немаше до сега амаа, оди воздржи се, да те видам. Имајте ми убав дееен!