Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    7.337
    Допаѓања:
    40.749
    Пол:
    Женски
    Трпение. Твое
    Бебе ќе ја заборави набрзина , ветувам.
    :hug:
     
    На Fenix05 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Fenix05

    Fenix05 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.905
    Допаѓања:
    9.866
    Пол:
    Женски
    Ден 2.
    Како што се плашев од ноќта - ок помина. Се препелкаше тешко презаспиваше ама без многу плачки.


    Денес цел пат до Охрид го издржавме, обично со цуцла е мирен ама сега ееептен се бунеше па пуштав на некое време песни и со паузи некако стигнавме.
    Цел ден супер побара 2 пати ама му викам докторот ја зема готово и заборава.


    Денско успивање - хорор
    Вриштење неутешно 45мин.

    Ноќното е полесно, си заспа бањат најаден, темно, се надевам ќе си спие.

    Стискајте палци (fingers)
     
    На Kitanova77, Aleks.mar, Simon4e0507 и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    5.396
    Пол:
    Женски
    Мислам овде го прочитав муабетот па ќе пишам овде. Зборевте за децата на игралиште и како некои мајки очекуваат да им ги чуваш децата додека они прават муабет.

    Епа, во некоја слична ситуација се најдов и јас.


    Имено, бидејќи е моето мало уште, одам цело време по него. Имаше една мајка која не знаеше ниту збор германски и со детето на арапски збореше. Се подзаиграа со моево и ок, јас си го чувам мојот, таа другото бебе во количка, седната на клупа а поголемото со моево. И не знам, некако ми падна жал, си викам ќе припазам и на ова, нека одмори.
    Играм со детево мое кое е поткачено на едно како колиба да речам, па со синџири влечеш песок нагоре демек. На три нивоа е, моето на едното, другото дете на другото. И наместо да си го пазам моево, будалетина што никогаш нема да си простам, ја глупачка се вртам на другото му покажувам демек пази, имаш праг ќе паднеш. Во моментот, дел на секундата моето дете паѓа, на страна, исплеткан во синџирите, но среќа на песок и најверојатно на рамо, не знам. Само го слушнав звукот кога почнаа синџирите да се отплеткуваат, и во дел на секундата го видов како оди надолу со телото.
    Веднаш го зедов, среќа не се повредил, само почна да плаче, најверојатно од мојата реакција.
    Го земав во раце и одма прекина, што ми сигнализираше дека не е повреден, но мене веќе свеста почна да ми се губи. Се преплашив. Среќа и маж ми беше тука, па ме потсмири малку.
    Жената само ѕиркаше што се случи, не дојде да види или да праша што се деси. Да, не знае јазик ама гестикулирај бе, дали е добро? После си викам, јас гледајќи за твоето, ќе со го отепав моето, а ти не сакаш ни да прашаш дали е добро? Па после кога виде дека само на моето му обраќам внимание, а нејзиното трчаше по лулашки ваму таму, почна да трча таа по него.

    Во секундата се изнервирав од самата себе што постапив така. Се осетив као да си го изневерив синот за таму некое дете.

    Напрајте ме себична, нека, ама никогаш повеќе нема да пазам туѓо дете на сметка на моето. Цел ден и еве веќе и ноќта изминува, јас не можам да се смирам. Телово ми се тресе буквално. Си викам а што ќе беше да се десеше нешто сериозно?

    Никогаш немаше да си простам. Никогаш и нема да си го простам ова.
    Се осеќам како да не сум доволно добра мајка што дозволив вакво нешто да ми се случи. Мал е се уште, не разбира, но не сакам да порасне и да мисли дека мајка му става други луѓе пред него. Не знам, не сакам да замислам да го повредам.

    Фала му на Бога што ми го чуваше, што не му е ништо, отсега 4 очи ќе отворам, само да не се повтори.


    Морав да се искажам, ми тежеше..
     
    На Amellie, Coco31, MeowMeow и 16 други им се допаѓа ова.
  4. Carolin.

    Carolin. Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.800
    Допаѓања:
    20.813
    Пол:
    Женски
    Бебето ми наполни 2! Како вчера дома да донесовме една шака бебе, се гледавме и се смеевме ко блесави со мм, сега е повеќе од пола мене, па и кажува што сака и што не сака.
    Не сакам ништо повеќе освен да си жив, здрав, среќен и помалку палав :l:

    Форумски тетки повелете на тортаа:^:
     
    На WhiteCat33, Iva.T, merriel0 и 26 други им се допаѓа ова.
  5. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    18.225
    Допаѓања:
    78.455
    Пол:
    Женски
    Многууу брзо растат :l: Нека е жив, здрав и најсреќен :hug:
     
    На Miss666 и Carolin. им се допаѓа ова.
  6. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.450
    Допаѓања:
    9.215
    Пол:
    Женски
    Среќен да е :party:

    Секогаш кога сме имале тешки моменти грчеви, заби, неспиење итн сум викала едвај чекам да порасне.
    Сега пред некој ден вадам есенски алишта да спремам полека да ми бидат испрани. И размислувам како вчера да пеглав алишта за 3 месеци, а сега веќе скоро сите за 3+ години и се.
    Со лесно, со тешко, некако брзо ми помина времето.
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  7. LeL15

    LeL15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2022
    Пораки:
    759
    Допаѓања:
    499
    Пол:
    Женски
    Истеравме прв одмор од кога е прооден :party: баш журка ни беше, се откорна од спиење преку ден дел на плажа дел во смештај, ама затоа секое сабајле во 6 и кусур буден :( Ко да знаеше дека што порано стане тоа порано ќе оди да се бања, се изнаигра во море и на плажа, се осеќам ко маратон да сме истрчале, и 3ки плус извади и мака со јадење, освен шмукалчиња нејќеше ништо плус само со лажги се раневме. Одвај чекам пак :inlove: се прерадува на морето, многу поразлично од лани кога имаше 6-7 месеци
     
    На Izzy_0504, Noemi, Carolin. и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Fenix05

    Fenix05 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.905
    Допаѓања:
    9.866
    Пол:
    Женски
    Ден 3

    2 тантруми за цуце ама брзо некако поминаа го заигравме со друго.
    Денско заспивање - малце полесно од првиве два денови. Ноќно лесно заспа ама затоа се разбуди во 3 и беше биден до 4.40.


    Ајде ќе кажам дека правило од 3 дена вистина функционира па ваљда ќе ја биде работава.




    @Carolin. Мила да е жив и здрав баткото |(
     
    На 1209, Carolin., Mother of 2boys и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.301
    Допаѓања:
    15.525
    Пол:
    Женски
    И да не е 3, ќе биде 5 или 10. Во секој случај ќе има крај. И го правиш најдоброто за него, затоа вреди да се издржи. Само мала поддршка :)
     
    На Fenix05, kozuf и Carolin. им се допаѓа ова.
  10. Aleks.mar

    Aleks.mar Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2025
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    1.940
    Пол:
    Женски
    Добар ден женички. Ближи роденденот на малото. Епа после роденденот веќе нема да е мало :rofl: од 1ви септември ќе е прваче. Како ми се погодиле двата родендени од децава да паѓаат во пости па морам внимателно со менито.

    Сакав да начнам една тема, се нислев дали овде или во темата воспитивање на деца,пред некоја година се случи ама мене ми текна пред некој ден.

    *дали сте самокритични спрема вашите деца или ако направат нешто ја обвинувате другара страна а вашето дете го покривање дека не е виновно?

    Ситуацијата е следна. Беше дојдено едно дете (14год) кај нас му вика на син ми да видам нешто на компјутер. Викам ок ама внимавајте на хард дискот нов е ќе ги избриши сите податоци а притоа и кочи. И на крај добив буквално бришење на сите слики :@ ни крштевки ни роденденот ни бебешки слики од првото дете. Од мајка му добив објаснување ами оти сте го пуштиле да седи на компјутер што не го избркавте. (facepalm) кратко кажано вие сте криви. А да му речев не може стани не чепкај оди си истата таа мајка со друго мислење ќе ми дојдеше на врата. А јас па секогаш кога нешто ќе се деси вината ја барам кај моето,се извинувам и го советувам и опоменувам кога сме сами. Никогаш не сум дозволила да го оправдувам моето кога е виновно. Замислете ако е тоа така и на 20 год детето ќе мисли дека и при грешка е во право и дека мамичка е тука да го оправда
     
  11. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    5.013
    Допаѓања:
    26.247
    Пол:
    Женски
    Секое дете различно . Син ми како првенец , немаше класично лазење , она буквално се влечеше по подот . Тогаш се смеевме со мм - да му купиме од оние шпикозните како крпа што се и да чисти по ламинатот :D ( секако дека не го мислевме тоа буквално ) , прооди на 2 години . Средната ќерка пак , лазеше " во рикверц " т.е со газето се гураше прво насекаде :rofl: , прооди на 1 г. и 4 м. . Тетово , лазеше класично и за разлика од овие две " нормално " , прооди на неполни 11 месеци :D .

    За цуце , искрено најтешко се одвикна средната . Освен криење и не спомнување , немам посебен трик . Памперс носеше до 3 години , потоа нокшир уште година ипол . Синко ја остави сам својата цуцла , на 2 години и 2 недели . Памперс си носеше до 3 години и 1 месец . Меѓутоа , нокшир нема ниту еден ден користено . Од памперс директ на школка . Нокшир за украс купивме :rofl: . Среќа за неговите дадилки добро ни дојде што го имавме :D. Третото пак , цуцлата ја фрли , ама буквално ја фрли низ прозорецот на 1 година и 3 месеци ми се чини :?: , не сум баш сигурна дали 2 или 3 месеци , ама повеќе од 1 годинка беше , и не ни побара нова веќе . Памперс носеше до свои 2 години , и ова малово ми е најнапредно и најитро дете од сите три .

    Ниту едно не сум присилила на ништо , педијатарот кој ги водеше од раѓање до пред два месеци ми велеше само полека не ги присилувај , кога ќе бидат спремни сами ќе исфрлат што им смета . И навистина така би .

    Денес , синко има 11 години и 5 месеци , средната мома има 9 години и 4 месеци а најмалата мома има 4 години и 10 месеци :D . Колку брзо пораснаа , не можам да верувам :o . Средната уште малку колку мене ќе биде во висина :o . Синко е со низок раст за сега , ама се ближи пубертет , не ја исклучува можноста да се извиши наеднаш . Малото , малото е како топче , бутче за штипење , образи исто , стомаче како дињиче :rofl: ја го викам мече :D .

    Едит : Сега го видов мислењето на членката погоре , па да се надоврзам . Не само кога се работи за децата , дури и јас кога ќе погрешам , секако се извинувам и се обидувам да ја исправам грешката . Никогаш не сум ги бранела кога се виновни за нешто , секогаш добивале совет да се извинат и да се обидат да ја поправат ситуацијата ( доколку постои можност ) .
     
    На Aleks.mar, LeNora, Carolin. и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.301
    Допаѓања:
    15.525
    Пол:
    Женски
    Јас ќе ти речам само дека туку така не се брише се од компјутер, освен ако комплетно не рикнал хард дискот. Значи детево или комплетно не е виновно, или апла намерно ти бришел. На 14 год треба доволно да разбира од компјутер за да биде свесен што прави. Да претпоставиме дека намерно бришел, ич не ми е битно мајка му што ќе рече, тоа дете не би сакала да е во близина на моето. Ништо паметно нема да научи од него.
     
    На Ladyme, Aleks.mar и 1209 им се допаѓа ова.
  13. Ena05

    Ena05 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2019
    Пораки:
    984
    Допаѓања:
    1.066
    Пол:
    Женски
    Колкаво е твоето и дали доктор ви препорача за да тргнете цуцлата?
     
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.822
    Допаѓања:
    114.751
    Пол:
    Женски
    Извини ама до семеен компјутер деца нема што да имаат достап, секакви информации се тука, сметки, меилови, архива... Синко има компјутер за него, а кога немал едноставно немал достап до лап топот на кој стои се ова. Мое мислење е дека сепак да, вие сте виновни што сте ги пуштиле. Сега викајте компјутерџија да спаси нешто, ако може.
     
    На Aleks.mar и Katie90 им се допаѓа ова.
  15. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    18.225
    Допаѓања:
    78.455
    Пол:
    Женски
    Имаш програми кои враќаат слики, ако сакаш да вратиш нешто. Јас формат си направив на картица на апарат несакајќи и избришав слики и видеа сликани 2,3 години. Симнавме некој програм (сеа врска немам кој беше) и дел вративме..
    Јас не би дала така, неможе на лаптоп и крај. Не верувам дека за ова би ми пререкла пријателка (ако речам нејзино дете да не ми чепка лаптоп)...
     
    На Aleks.mar и Katie90 им се допаѓа ова.
  16. kozuf

    kozuf Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    786
    Допаѓања:
    1.084
    Среќен роденден мило детенце :l:
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  17. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    9.027
    Допаѓања:
    27.129
    Пол:
    Женски
    Мајки.
    Има некоја за вас приватно осигурување за дете вадено? Ама да покрива буквално се.
    И од кое сте задоволни?
     
  18. Fenix05

    Fenix05 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.905
    Допаѓања:
    9.866
    Пол:
    Женски
    19 месеци
    Доктор од друга причина - пад на предни заби па искористив прилика да ја баталиме почна да станува зависен и тоа само за успивање и ноќе си се презаспиваше а вака преку ден ке ја дававме ич. Но предните запчиња горе од старт му растеа чудно како малце нанадвор. Читав бил чест "проблем" но сепак не сакам да се искриват сите други убаво му растат. А плус па уште потешко мислам би ја тргнале како разбира повеќе.


    @Spidy фала мајка :hug:
     
    На Ena05 и Spidy им се допаѓа ова.
  19. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.340
    Допаѓања:
    11.011
    Пол:
    Женски
    Јас имам за двете деца, со целосно покритие за се. Врзани се со мојата полиса од Триглав. Сега за сега сум задоволна, за ништо ме немаат одбиено за рефундација.

    Ме нема одамна, немам време да живеам. Бубањ невиден, градинка, работа, надвор, па кревет сите.
    Неделава се спремаме за роденден на големата, 4 годинки. Не ми се верува, како вчера да се зачленив на форумов да прашувам зашто бебето на неполни 4 месеци, ми се буди во 4 сабајле и нејќе да презаспие, па да научам тука за скокови. Мислев дека крај на свет е, тоа 4 години си летнаа, не ги осетивме. Имам пишувано и претходно, единствено нешто што ми е криво што не уживав со нејзе како бебе како што уживав со брат и. Заробена бев во табели, дремки, скокови. Порасна во прекрасно паметно мало девојче, кое има свое друшто, свои интереси и свој став и мислење за се'.
    Брат и, да е жив и здрав, има 14 месеци ама како 4 години да има. Како мува без глава е, немирноќа невидена. Тој мислам дека ќе биде причината што ќе треба да почнам да се фарбам, стресови секој ден ми прави. Вчера се качи на трепезариската маса. Ај ќе порасне и он па можда овој период ќе го гледам како интересен.
    Следна недела одиме на одмор, дал ќе биде одмор или замор, stay tuned...
     
    На strelec231992, Mom's_life, Giiirl23 и 8 други им се допаѓа ова.
  20. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    3.104
    Пол:
    Женски
    Вака кога ќе те прочитам знам дека со прво дете еве и јас не уживам со малава. Многу ми е тешко и напорно, 5 месеци немам спиено навечер, си викам барем една ноќ да ме почасти. Од што сум толку уморна и ненаспана само си викам едвај чекам да порасне а знам дека ќе ми е криво што не уживам повеќе. Ама не можам да уживам кога сум на работ на нервен слом секој ден. И така, се вртам во круг..
     
    На QweenSM и Tea SK им се допаѓа ова.