Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.340
    Допаѓања:
    11.011
    Пол:
    Женски
    Те разбирам.
    Мојава се будеше од 4 месеци до 1 година на секој саат. Ќе цицне и ќе заспие и така константно. Значи немаш она 1 вечер така, па две спие. Секоја вечер истото. Мене ме фаќаше нервоза со агресија од што не бев спиена. Имам мавано боксови во душек во спална, од очај, од што бев хронично ненаспана.
    И сето ова не дека јас го заборавив, што викаат ќе помине ќе заборавиш, него кога се роди помалово, некако многу полабав пристап имав, као знаеш дека ќе помине и ваљда тоа ми дозволи повеќе да уживам. Тој спиеше врзан во марама на мене 4 месеци. И ден денес кога нема да ми спие некоја вечер, ај си викам ќе помине и не се нервирам.
    Со големава сфатив дека времето што го имав со нејзе 9 месеци во нервози го пројдов, и после тоа еве веќе 3 години и кусур секој ден учителката во градинка ја гледа повеќе од мене. Тоа ми беше switchот за брат и :).
     
    На Mother of 2boys, 1209, naturally и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    3.104
    Пол:
    Женски
    После година почна да спие? Само собирам искуства..
     
  3. Fenix05

    Fenix05 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.905
    Допаѓања:
    9.866
    Пол:
    Женски
    Еве да те утешам. До 1год цицаше на 1ч. Ко Теа и јас ужаас на работа едвај гледав. Го откажав, почна да се буди 1. За 2 месеци скроз престана,спие по 11 12ч ноќе.
     
    Последна измена: 11 август 2025
    На Dodo1 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.340
    Допаѓања:
    11.011
    Пол:
    Женски
    Ја одбив на 1 година и почна да спие. Кај некој нема врска доењето ама кај ќерка ми имаше, откако престана да цица, почна да спие. Синко од 3 месеци е на формула, има моменти коа вади заб или е во скок да се буди ама зборам за едно, две будења, со него не сум имала проблем за спиење.
     
    На Dodo1 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    3.104
    Пол:
    Женски
    Уххх ме тешите со ова, дај боже да е така и кај нас. Веќе има и вечера ама некако после цицање преку ден многу брзо ми огладнува, за саат ипол. Можно е да не ја држи веќе млекото дека е препреактивна преку ден? Да пробам со АД?
     
  6. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.890
    Допаѓања:
    10.573
    Уника. Кај мене сѐ покрива за бебе, дека и извадив кога имаше 3-4 месеци и нема никакви претходни болести и дијагнози. За бебево не ми затребало ни еднаш до сега, се надевам и нема. Јас еднаш го користев, ми рефундираа без проблем.
     
    На BellaBibi му/ѝ се допаѓа ова.
  7. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.965
    Допаѓања:
    36.253
    Пол:
    Женски
    Не ти е до млекото мајка.
    Еве ние сме на ад, навечер станува на 2/2.5ч после 4ти скок.
    А ќе речеш ад повеќе држи, тикви.
     
    На Aschenputtel, mariz и Dodo1 им се допаѓа ова.
  8. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.340
    Допаѓања:
    11.011
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не се буди од глад, туку од навика. Има и бебиња на формула, па се будат зашто навика им е со шише да презаспијат.
    Ако ти е на мисла, пробај една вечер, ако ти прифаќа ад. Ќерка ми никогаш не прифати, а почнав да нудам од 4 месеци. Сите формули и шишиња ги пробавме, не успеа.
     
    На mariz и Dodo1 им се допаѓа ова.
  9. Skyler

    Skyler Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    13.505
    Пол:
    Женски
    Моето е на ад од раѓање. Сега има 11 месеци, се буди секоја ноќ и презаспива со нишкање евентуално малку вода. Млеко ноќе не му давам. Не е од глад според моево бебе.
     
    На mariz и Dodo1 им се допаѓа ова.
  10. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    18.225
    Допаѓања:
    78.455
    Пол:
    Женски
    Не е глад... еден ден и тоа имам пробано, дека млеко не ми сака да пие и дадов малку гриз направен (100г) и после и цице во 22ч. Шипки, стана пак по 2ч и до сабајле на 1,2ч :?: Сега пробувам нешто, да не брзам ама 3 дена и имаме подобрување во спиењето... Ако успее, ќе частам (зошто добри 6м не спиеме) :rofl:
     
    На Dodo1 и Skyler им се допаѓа ова.
  11. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.965
    Допаѓања:
    36.253
    Пол:
    Женски
    Леле ако ви успее те молам кажи ни го методот , ќе те частам што сакаш хахах.
     
    На Skyler и mariz им се допаѓа ова.
  12. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    18.225
    Допаѓања:
    78.455
    Пол:
    Женски
    Уште ова го немав пробано, а не сакав ама од мака морав. Тргам на работа септ и со 3 деца, работа и неспиење ќе завршам во Бардовци.
    Ја оставам во креветче да си поплаче на првото станување и не и давам да цица (дишам, голтам, тахикардија ме фаќа тие 5мин),па ја зимам... Ако пак и кај мене плаче и бара да цица, пак ја враќам назад во креветче да си поплаче 2,3мин и веќе тука пак кога ќе ја земам, ќути лежи до мене (работава жено само не ме враќај во креветче). Заспива тогаш сама, без да цица, без да ме чепка и да се качува по мене, цуце не фати, буквално со ништо.. баш лежи ќути и си заспива. Втората и третава ноќ истото го теравме (на прво станување плачки), со тоа што тоа и беше станувањето... наредното и е тек 6,7 :nod: Најверојатно се буди, гледа дека сум тука и си презаспива сама. Битно научи да се успива сама, а после ќе ни следи трансформација спиење во креветче постепено. Битно нека не станува на секое со плачки за цице, а кај сака нека спие :D
     
    Последна измена: 11 август 2025
    На Mother of 2boys, QweenSM и Dodo1 им се допаѓа ова.
  13. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    3.104
    Пол:
    Женски
    Леле би го пробала и ова искрено, ама она не лежи туку станува и шета. Одма во секунда е свртена на сите 4ри и се движи. Ја враќам да легне пак станува. Како да ја научам да лежи еве не знам..
    А кога ќе ја земеш кај тебе како ја смируваш, ја нишкаш станата или?
     
  14. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    18.225
    Допаѓања:
    78.455
    Пол:
    Женски
    Исто си лежеше, шеташе, се качуваше на мене, седнуваше, стануваше на нозе, уште на глава што не застана:D Нишкавме, клатевме со маж ми, живци искинавме. Или цице или клатење до бескрај мораше за да заспие.... Сега ако почне пак да шета, станува и плаче си ја враќам во креветче, плаче плаче плаче, ја зимам... пак ако не лежи, пак ќе ја враќам. Ама пали еве 3 пати од прва. На второто зимање од креветче, легнува до мене и ќути за да не ја вратам назад :rofl: Ама 12м е веќе, почна да подразбира и може затоа ми успева.. Од креветче неможе да излезе, ни падне, доста е ниско спуштено (а висока оградата). Вака може ќе и направам да го мрази креветчето, ама немам друга опција веќе. Ќе пробам ако почне повеќе да се успива, да ја ставам во креветче... ама се со ред..
     
    На Dodo1 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    3.104
    Пол:
    Женски
    Да поголеми сте вие повеќе разбира. Мислам дека мојава уште толку ќе ја разбеснам ако ја оставам така
     
  16. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    18.225
    Допаѓања:
    78.455
    Пол:
    Женски
    Јас имав пробувано (дали 2,3 пати, кратко да ја оставам). Дури и скоро имав (баш пишав тука), вриштеше толку што и нагони за повраќање почна да има :( А сега апла вештачки се дере на почетокот (без солзи), не и се плаче ама пробува да се расплаче и и успева (facepalm)
     
    На Dodo1 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.128
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки,
    дали некоја после пораѓај правела операција на жолчката? Како направивте со доење дали престанавте или продолживте после операција?
     
  18. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.653
    Допаѓања:
    3.061
    Пол:
    Женски
    Во животот се немам осетено како поголем неуспех од моментов што се осеќам.

    Се сеќавате кога ви се жалев дека мотор ја разбуди бебка пред некоја вечер? Епа не можевме да ја презаспиеме, и ја оставивме будна, од 11 до 12ипол нешто така беше. Од тогаш она секоја вечер се буди од 11 до 12ипол. Да ја нишкаш во раце миже, ама само да пробаш да ја спуштиш е будна, што значи не спие. И не знам веќе што да направам за да спие.

    Пишувам тука цело време позитивно, ама уствари сум таква по природа, а кога ќе размислам ништо не е како што треба.

    Качува во килажа цело време на минимална граница, и се кривам себе зошто и кога почна да цица никогаш не фати цицка асално со се ареола, а Јасна ја викнав само еднаш да не види, и мислам дека до ден денес нема добар трансфер затоа и слабо напредува.

    Спиењето... денските дремки никогаш не и биле како што треба. Ќе се помочав од среќа зошто ве читав дека после 5 скок се опоравувале. Станува на 20-30 мин. Ако успеам да ја презаспијам е премија, ама и тоа е стриктно во раце. Навечер имаше и подолги периоди кога си спиеше океј да кажам, легнување во 8, прво станување во 3 или 5 дури. Мислам дека моментално само бетер станува, наместо поасално.

    После 5 скок само кенка, плаче по мене постојано, а откако беше болна пред 1 недела само сака да е во раце. Татко ми ме откачи вчера зошто ми направи муабет дека "сум ја научила на раце". Демек јас сакам по цел ден да ја држам. Значи претходно со саати си лежеше на подлога, си играше, сега луѓе ме осеќа дека сакам да ја спуштам и одма почнува да вришти. Да не збориме колку вришти кога ја соблекувам.

    Единствената утеха моментално ми е што сака да јаде храна, за се друго со неа се осеќам како да потфрлувам.

    Згора на се преголема нервоза, особено од ужасното спиење, ми е фактот што тоа ми е единственото време да работам, а го немам зошто кој што прави, јас ја презаспивам. Мм многу ми помага во тоа, ама и он работи, и плус често и не сака со него.

    И така, плачам веќе 20 мин додека мм ја заспива зошто јас не можам, и морав некаде да се издувам, а каде ако не тука.

    Sorry for the long rant :|
     
    На strelec231992, merriel0, Yowannty и 12 други им се допаѓа ова.
  19. medena147

    medena147 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    1.300
    Допаѓања:
    1.934
    Пол:
    Женски
    Не си сама и јас сум исто така како тебе,само плус имам и 2 годишно дете кое и него го успивам и навечер знае да ме бараа и таа јас воопшто не спијам,нервозна сум до бескрај.
    И кај мене знаеш не качува на килажа пробав со храна не ја сака многу и секако само вкусови пробуваме ама еве 3 дена фати шише и пие адаптирано и плус давам нусри хев и нема грчеви повеќе немам страшни епизоди како предходно,но сеуште плаче за во раце се научи така по што со малата не можам ни секунда да го оставам само некаде морам да има некој.
    Вечерва ужас во 21 го заспав и малата ја имав пратено кај свекрва ми да го заспијам и после неа да ја земам,за жал не ја дочуваа и се качи само што го легнав немаше зацврсстено сон и тек сега успеав да го легнам,со теки маки се надевам ќе спие нема да се буди по што три пати го ставам во креветче три пати станува,а јас едвај стојам на нозе.
    Денес од умор заборавив и дека треба да одам на заболекар како ќе се јавам утре да презакажам незнам.
     
    На MariaBouli му/ѝ се допаѓа ова.
  20. cocopuff

    cocopuff Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.090
    Допаѓања:
    1.409
    Пол:
    Женски
    Мајче едно ќе ти кажам this too shall pass.
    Ме врати пред 3 год кога се осеќав ко го*но секој трет ден со првото дете. Дремките му беа ужасни, пто не правевм за да спие, сум го нишкала со саати раце да ти отпаднат. Првите месеци напредуваше по 500-600 грама па имаш муабети слабо ти е млекото. Па ќе се разболувало па не знам што. Се будеше навечер по 2-3 пати и секој ден беше буден помеѓу 4:30-5:30. Душава ми спиеше таа прва година и се гледаше ко да нема светло во тунелот. Си викав дај нека порасне не можам веќе.
    Камо да уживав со него како сега со второво. Криво ми е дури што толку посакував да порасне побрзо. Цело маже ми е сега. Не можам да го кренам од што ми е тежок да можам да си го понишкам како порано.

    Знам дека е претешко и некои денови си викаш дај да избегам негде сама да одморам од се. Јас имав тешки испади на депресија со плачење што некогсш траеја 2-3 дена. Немој да го правиш тоа те молам. Ако можеш побарај помош барем еден ден во неделата некој саат да дојде некој да го причува бебуш, а ти излези и ако треба седи на клупа пола саат и диши. Или со сопругот договорете се двајцата еднаш во неделата по 1-2 саати да си одвоите за себе. Мене ова ме препороди. Одев на вежбање или ќе отидев до маркет/дм ќе си се шеткав, жими се ко терапија ми е тоа.

    И не правиш ништо погрешно, секоја мајка е најдобра мајка за своето бебе. Само сме преуморни и се губиме понекогаш и ни треба некој да не освести дека се е во ред и дека сите ама баш сите поминуваме низ истото.
     
    На DELFINA81, Yowannty, happygirl и 11 други им се допаѓа ова.