Да е живо и здраво! Едвај чекам тетка да станам, кој знае која радост е таа. Ама брат ми абер нема уште. Бебево мое спиеше уште вториот ден на градинка, трет ден седеше од 8 до 15:30, и четвртиот ден исто. Мислам дека и оди адаптацијата супер. Носето почна да и тече уште вториот ден, ама сега за сега нема друго ништо. Среќна сум што таа е среќна. Тажна сум што помалку време ја гледам во денот.
И јас да се надоврзам. Преморена сум. Сега пак беше настинат со висока температура, стварно сум преморена и физички и од мозокот. Ама срценце мало се подобрави и пак не застанува. И си викам и нека е активен, така снужден во едно ќоше ич не можам да го гледам. Секаде пипа се сака да фати. Жив и здрав да ми е. Јас не знам од каде наоѓам сила.
@1209 Живо и здраво да е Јас ( со сите напраени адети за против уроци ) да ви кажам дека стана полесно И ова со страв го пишувам од трауми Веќе имам мало разбрано инаетливо ( тоа е од татко ѝ ) девојче. Уста не затвара по цел ден, ме смее до солзи, има "друг" татко што не знаеме како се вика ама бил кај нас дома Маж ми од вчера нешто накриво ме гледа Многу е интересна и забавна. Заспива сама, заврши сагата со немање живот. До 20:30 макс е заспана, со доаѓање по дневна катаљон пати ама си се враќа назад. Собата и се спрема, креветчето порачано, ситници за во соба порачани. Нејзините желби исполнети и многу е возбудена Ахх.. да земам да работам а Убав и секси викенд да си имате женски
За една година, а надежно помалку сакам да пишам пост како на @LiquidLuna . Дефинитивно барем со моево дете после 2,5 години е полесно, сеуште си има куп бубачки, смислува милион работи кои за секунда ми креваат нерви до плафон ама спрема пред неколку месеци е каде, каде полесно. Реално од 1,5-2,5 години значително тежок ми беше периодот ама надежно ќе станува подобро. Меѓудругото на моменти се чувствувам и покрај сите активности како ништо да не правам со детево, а правам многу од друга страна.
Ај да се гушнеме... И мене со вторите далечно ми изгледа, ама барем знам што ме чека и како да реагирам ааа аа предничам малку а?
Еден ден сум: треба да живееме во моментот, да не чекаме само да помине периодот, дете е ке порасне ќе ни фали ова. Следен ден: престимулирана, измавана во стомак кај што уште ме боли, изгребана, изштипана, сама со неа, не јаде, не спие, ме гриза кога цица, а заби УШТЕ НЕМА. Заспива, се исплачувам од престимулираност. Многу е тешко, некои денови посакувам само да ја земе некој еден ден да одморам. Ама станува и продужуваме. Да е жив и здрав маж ми една недела сме сами без него и немам време да мочам искрено. Дали е период или ќе продужи така, она нонстоп мора да ме допира и да сум на максимум метар, иначе е плачење, врескање, трескање.
Мојот е на одмор и јас сум на одмор хахаха све он прави, да ми е здрав и жив му викам колку сум среќна што си на одмор, ако нигде не одиме.
Иста сум во ппследно време. Додади на ова и уште едно дете кое е најдоброто и најразбраното на свет, ама сепак му треба внимание и готово, колапс. Си викам ќе помине, мало е, ќе ми фалат (можеби) овие моменти. Ама сега еве додека трети пат пробувам да ја презаспијам затоа што спие во скоков како зајак, големата ме чека да играме како жалче од страна. И си чека, и се јас време немам и срце ми се крши. И викам сега ајде ќе одиме во парк со точак, убаво е времето. А она прашува дали мора и бебето да дојде, само ќе вришти и ќе мора побрзо да си одиме. Мора бе дете мое. Ах колку ми фали времето со неа поминато, сами ние две. Синоќа заспа малово па пуштивме анимиран филм, па се смеевме, се објаснувавме. А како ќе се оди на работа? Ене кај е ноември.
Ја дојдов со страв да се пофалам нешто за спиењето ама ќе си поќутам. Иако мислам дека до времето е, и нејзе и влијае. Хаос сме. Со сѐ. Чекаме пасошот нејзин да е готов а утре патуваме (под знак прашалник). Ни сум да се спремам ниту не. Бараме стан. Нов, стар, сакаме нов, многу голем кредит ни треба. Ќе го чекаме 3 години како ништо. Стар, подалеку локациски и треба да се реновира од корен. Еден ден едно сакаме, друг ден друго. Не знам што ќе се одлучиме. Градинка, работа, боледување, одмор, ништо не ми е решено како ќе се тера и функционира. Буквално на сите полиња сме status quo и преку глава ми е веќе. Кај сум физички преморена, психички уште толку...
Еј женски ние се спремаме за крштевка и за прв бејби трип на еден саат од Скопје на неколку дена до Маврово превозбудена сум и за двете ствари бебка полека поминува втор скок и се смируваат шоковите со нецицање и врискање од ништо и така … забавен викенд посакувам! Мене ќе ми биде преполн со активности
Добар ден, девојки Како што може да забележите, нова на форумот, накратко да се претставам: Мама Кара, драго ми е. Моето секојдневие е веројатно како и Вашите - пелени, марамчиња, бескрајно многу алишта за перење/пеглање, играчки, сладок хаос низ куќа, потоа повторно ред, кој трае максимално половина час, прошетки, паркови, понекогаш базен, неизмерна радост кога успевам да отспијам 6 часа без прекин... Ве следам 2 седмици активно, многу ми се допаѓа Вашата енергија тука, па одлучив да Ви се придружам. До следно читање, поздрав и убав ден
Еј многу сакав, ама маж ми нејќе да сме се траскале до Охрид па некако се убедивме за до Маврово Во втора половина на септември здравје фаќам за Грчка меркам хотели сега
Вчера ми се деси многу немила случка со свекрвата. Го удари мали пред мене и тоа не еднаш туку два пати. По газот, значи маваше он со метла, престимулиран беше, изморен, гладен, му е тешко од градинка, тешко му е го нема татко му, нова рутина има, мене не ме гледа, болен беше и очекувано деновиве е многу бесен, лут… Значи јас правам вечера он игра нешто со метлата, свекрвата нагло сака да му ја земе на што тој реагира со удирање, на тоа она му ја грабнува од рака го удира по газ, он почнува да плаче и оваа го фаќа за рака и го удира уште еднаш, јас не успеав одма да дојдам до него, го земам во рака и почнав да и се дерам. Ми се споија жичките. Значи до сега на неа и немам вратено, глас повишено ништо. И реков дека мое дете ќотек нема да јаде од било кој. И она на тоа ми враќа не го отпасев, само да сфане дека не треба да удара он е доволно голем да се плеска воспитно. Јас и реков извини со тепање го учиш да не тепа, тоа е апсурдно и неефективно. И она место да рече извини она продужува да ми вика епа јас не се согласувам. Велам во ред не мора да се согласуваш, ти си ги воспитача твоите како знаеш јас ќе го воспитувам моето. Рака на него веќе не сакам да се крене. И она вика е добро нека ни се качува на сите на глава и нека не тепа. Реков не го чувајте веќе и нема да ви се качува на глава. Детето не тепа, може последниов период фрла играчки и покажува бес ама очекувано е според ситуацијата во која сме и пробам на смирен и убав начин да се разбирам со него и 99% од времето ми успева. Се тресев. Му кажав на мм, он ми пиша што и рекол, поточно рекол дека не го занима што мисли она за воспитување на дете, дека ако уште еднаш дигне рака веќе нема да го види…и она пак на него се правда дека јас не сум кажала зошто го удирила. Значи жено не е битно зошто, нема удирање и крај. Уште се нервирам кога зборам. Претпоставувам дека она и предходно го има ударено. Скроз сум во небрано оти треба да го чува саботи она…и не знам што да правам. Иако рекла дека веќе нема да го удира не верувам и не знам што да правам. Да напоменам дека досега само онака го гледале, ако сме у иста куќа ретко го чува и тоа било некој саат по потреба. Секогаш се однесувала ок со нас со него, ова ми дојде како тотален шок, а и нејзе зошто не очекуваше од мене да и дигнам глас или да се карам. Оти секогаш за се сум преќутувала, мислам не да ќутам да ме гази ама не сум влегувала у конфликт, ќе речам ок и тоа е тоа.
Јас скроз исто би реагирала може и бетер, јас го немам плеснато не некој друг да го плесне очи ке му ископам најискрено. Ќотек никогаш не бил мерка за воспитување ама постариве се.. јас затоа сама го чувам. Јас правам, градам ред со месеци некој да ми го фрли тоа се во вода не не. 2 саати у денот или 3 ајде некако ама повеќе не би го оставила зошто знам на што луѓе ке го оставам па поарно не. Не е со удирање случкава ама со мајка ми шетаме низ мол и да го седнам бебо во количка он плаче не сака се бунтува и она таква го сменила тонот и го памтам пошо нас така ни викаше "немој да викаш, срамота, како не сакаш, ке седиш" и он уште толку почна да плаче. Го земав у раце и викам ти жено се слушаш се гледаш што правиш, 6-7 месеци имаше детево тогаш, што знае тоа дете. Не прозборе до дома. После се правдаше дома ја подбрал и татко ми ама што фајде, веќе биднало. Они мислат тоа нивното време е, ке те исплескаат и ке седиш у соба дур им текне на тебе.
Тешка ситуација. Посебно зашто зависиш од нејзе да го чува и она смета дека тогаш и се може да прави како што мисли дека треба. Јас мислам дека дефинитивно ќе си продолжи како што она мисли дека треба, освен ако стварно не и дадеш до знаење дека ако не те послуша ќе има последици, на пример, ќе си одите и нема ни на камера да го види. Едноставно вие сте родители и треба да ве послуша и тоа е тоа. Јас бев многу ригорозна по ова прашање, со моите зашто они не тепаа, им реков еднаш да кренат рака, еднаш само и толку од нашето гледање понатаму. Тоа превентивно им го реков зашто знам јас како пораснав, ама беа запрепастени како сум можела да помислам дека внуката ќе ја тепале, не било исто тоа.
Скроз реакција на место мајка, можам да замислам која анксиозност ја осеќаш сега за саботите. Верувам дека нема да повтори веќе кога е искарана од тебе и маж ти. На ист став сме за нетепање, мм пак уште стои на тоа дека кога ќе потпорасне на голема глупост треба да го "плеснеш за да не му текне пак таква глупост да прави" Јас во шок му реков да не помисли ама еве уште не сме дошле до такви глупости па се надевам нема да му се деси да го подшлапне. А за постариве генерации - за жал мислат дека така е правилно така треба, немаат појма за gentle parenting тоа го сметаат за разгалување. Пример свекрва ми често му вика аии баба не не плачеме, не не викаме ќе ти се смеат итн на што мноогу се нервирам зошто не сакам да си ги блокира емоциите или да стане ладен да собира зошто од мал тоа му се кажува. И јас сум потивка не коментирам зошто го чува она и за 90% стварно ми се допаѓа пристап воспитување па затоа кога мм истово му го кажа го направив лом и реков да не се повтори веќе таков коментар... Јас се лутам кога ќе му се развика мм а не па да ми го удри некој, колку и да личи "безбедно" по пелена не не не... Мали се не знаат да изразат емоции, колку пати се фаќам сама да викнам оххх а пред тоа 20пати мирно сум објаснила и после одма си викам аман нели рече без карање ама секунда на престимулираност е.. Менувам работа од понеделник веќе, не знам што осеќам и тага и среќа и возбуда и страв, си велам аман што ти требаше сега имаше слобода ваму за детево ама па со години стагнирам мислејќи на другите, си реков овој пат нема да ме води страв. Мали е 300 на саат Падна на заби, па падна на врата удри колено и цеваница омодр, па сега оток на раче од не знам што.. лепенка за мене, без цуцлата ноќе тешко е се врти бара заплакува, денски хорор успивање... прекапната сум ама морам напред, се што правам е за него се надевам само дека телово нема да ме предаде, ваљда ќе стане полесно мада како движиме накај 2год станува се побесен Се распишав а демек за кратко дојдов.